Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Летото во Македонија и на северната хемисфера на Земјата почнува денеска во 10 часот и 24 минути. Во истиот момент, на јужната полутопка ќе настапи зимата. Денеска е летниот солстициј – астрономски момент што го означува почетокот на најжешката годишна сезона и долгодневицата, кога денот е најдолг, а ноќта најкратка. Во Скопје, Сонцето изгреа во 4 часот и 58 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути. На ...
Две години од владеењето на Христијан Мицкоски, наместо ветениот подобар живот, граѓаните добија економски неуспех, намален животен стандард и секојдневна борба за егзистенција. Мицкоски ветуваше повисоки плати, подобар животен стандард и повеќе пари кај граѓаните. Наместо тоа, граѓаните добија маратон во сиромаштија. Македонија се соочува со сериозни економски проблеми после 2 години. Платите на македонските работници се најниски во Европа и ...
Учениците кои во првиот јунски рок не се запишаа во средно образование од учебната 2026/2027 ќе може да аплицираат на второто приојавување овој месец – во вторник, 23 јуни. Аплицирањето е електронски по што наредниот ден, 24 јуни, ќе се доставува потребната документација до училиштата. Според роковите од Конкурсот на МОН, ранг-листа со резултати од запишувањето треба да биде објавена на 25 јуни до 12 часот на јавно место во училиштето и/или ...
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти државното Јавно обвинителство, осомничениот 56-годишник подолг временски период психички и физички ја малтретирал сопругата и нивните две деца на возраст од 18 и 15 години. -Иако постојано манифестирал агресивно однесување, домашните од страв не ...
Две години Владата на Христијан Мицкоски, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска презентираше детална анализа од програмата „Платформа #1198“ која ги потврдува неиполнетите ветувања и покажува дека граѓаните не го добија ветениот подобар живот односно дека владата нема никаков резултат. „После две години граѓаните не добија ни повисок стандард, ни поквалитетен живот, ниту подобри услови за живот, ниту пак пофункционални институции. ...
Од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда, кои наместа ќе бидат 15 литри на квадратен метар. Како штп соопшти УХМР, процесите локално ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. МИА Од утре следува период на променливо облачно и нестабилно време со ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, рече дека едно од најголемите разочарувања по две години владеење на Христијан Мицкоски е целосниот неуспех да се испорача подобар животен стандард, и дебакл во борбата против корупцијата и реформите во правосудството, иако токму тоа беше едно од клучните ветувања пред изборите. Филипче потсети дека Мицкоски ветуваше одговорност, правда и искоренување на корупцијата во јавните набавки, но реалноста ...
Ако нема пари за граѓаните, ако нема развојни проекти, каде завршија 2,5 милијарди евра нови задолжувања, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, говорејќи за економските политики на Владата на ВМРО по две години од мандатот. Филипче посочи дека и покрај огромното зголемување на јавниот долг, граѓаните не гледаат никаков бенефит, ниту пак се реализираат значајни развојни проекти. „Се поставува ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, оцени дека по две години власт на Христијан Мицкоски, целосно пропаднале клучните економски ветувања со кои ВМРО ја доби довербата од граѓаните. Филипче потсети дека Мицкоски ветуваше повисок животен стандард, подобри услови за работниците, намалена инфлација, намален буџетски дефицит и зголемени домашни и странски инвестиции, но реалноста денес е сосема поинаква. „Што ветуваше Мицкоски за економијата ...
Репрезентацијата на Мароко ја постигна првата победа на Мундијалот откако ноќеска ја совлада Шкотска со 1:0. Со триумфот Мароко има четири бодови и оваа репрезентација е пред пласман во следната рунда. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 2.минута, а стрелец беше Исмаел Саибари. Селекцијата на Мароко беше и подобриот тим и упати повеќе удари кон противничкиот гол. Мароко во последното коло од групата Ц ќе игра против аутсајдерот ...
Репрезентацијата на Парагвај направи подвиг на Светското првенство откако утрово во дуелот од 2.коло од групата Д ја победија Турција со 1:0, а целото второ полувреме играа со игра десет играчи. Со трите бодови Парагвај добива шанса за пласман во следната рунда, додека Турција нема шанси за пласман во следната фаза. Парагвај поведе во 2.минута со голот на Матиас Галарза и предноста успешно ја чуваше, иако во 45+3 минута продолжи со играч ...
Прва победа на Мундијалот оствари репрезентацијата на Бразил со триумфот над Хаити од 3:0. Но, во таборот на „кариоките“ продолжува проблемот со повредите. По Нејмар, кој наверојатно ќе биде достапен дури за следната фаза, на дуелот со Хаити се повреди Рафиња. Во 40.минута селекторот Карло Анчелоти го извади од игра и на негово место влезе Рајан. Настапот на Рафиња беше неизвесен против Хаити, поради повредата од дуелот со Мароко. Почувствува ...
Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е приведен 19-годишниот возач кој вчера удри тригодишно девојче на велосипед и избега од местото. – Денеска (20.06.2026), полициски службеници од Одделението за увид на сообраќајни незгоди го пронајдоа возилото и го идентификуваа возачот. Станува збор за патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Џ.Б.(19) од скопското село Добрино. Над возилото ...
Едно лице е тешко повредено откако товарен воз падна од мост во Минхен, главниот град на германската покраина Баварија, јави ДПА. Два вагона излетале од шините од мостот, се одвоиле од возот и паднале околу пет метри, соопшти полицијата, додавајќи дека сè уште истражуваат што превезувал возот. Сепак, товарот, според властите, сигурно не претставува опасност за наслениот во околината. Инцидентот се случил на железничка линија што ја користат ...
Американскиот пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи се на пат кон Швајцарија за да ги продолжат мировните преговори, објави Аксиос. Иран и САД потпишаа рамковен договор во средата кој предвидува сеопфатен крај на воените конфликти во регионот. Првичната рунда разговори меѓу Иран и САД планирана за петок, чија цел беше унапредување на рамковниот договор, беше откажана во последен момент. Цитирајќи ...
Директорката на Националното разузнавање на САД, Тулси Габард, објави декласифицирани документи поврзани со потеклото на Ковид-19, тврдејќи дека содржат нови информации за врските помеѓу истражувањата финансирани од САД, Институтот за вирусологија во Вухан и постапките на поранешниот директор на Националниот институт за алергии и заразни болести и советник на претседателот, Ентони Фаучи. – Пандемијата на Ковид-19 предизвика огромни тешкотии и ...
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани ја откажа планираната посета на Соединетите Американски Држави, по дипломатскиот спор меѓу Вашингтон и Рим, предизвикан од изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека италијанската премиерка Џорџа Мелони го „молела“ заедно да се фотографираат за време на самитото на Г7 во Франција. – Грубите и навредливи зборови на претседателот Трамп упатени кон премиерката Џорџаа Мелони ...
Високо заразниот вирус на птичји грип H5N1 за прв пат е откриен во континентална Австралија, соопштија денска австралиските власти. Министерката за земјоделство Џули Колинс изјави дека кафеава скуа, вид морска птица преселница, пронајдена на оддалечена плажа јужно од Перт во Западна Австралија, била позитивна на болеста. Позитивниот резултат значи дека вирусот, кој инфицирал милиони птици низ целиот свет, сега се проширил на секој континент. ...
„Празна реторика и чиста глупост“ – изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко за обвинувањата од украинскиот претседател Володимир Зеленски дека Белорусија и помага на Русија да врши напади со беспилотни летала врз Украина и заканите дека Киев ќе преземе мерки против Минск ако за една недела не биде осттранета руската опрема. Лукашенко нагласи дека Белорусија не планира да ја нападне Украина. – Тоа никогаш нема да се случи. Никогаш. ...
Во два одвоени случаи, во североисточна Грција во регионот на Еврос, во близина на копнената граница со Турција, уапсени биле три лица, кои со патнички возила незаконски во земјата внеле вкупно 19 нелегални мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека во двата случаи, денеска и вчера, биле уапсени тројца странски државјани осомничени за криумчарење мигранти. Во првиот случај, вчера попладне, на регионален ...
Италијанската премиерка, Џорџа Мелони, со остар тон одговори на новите забелешки од американскиот претседател Доналд Трамп. упатени кон неа и кон Италија, пренесуваат италијанските медиуми. „Претседателе Трамп, овие континуирани и неосновани напади се бесмислени. Што се однесува до мојата популарност, тоа што сум твоја пријателка сигурно не и помага, но таа не зависи од моите односи со тебе. Мојата популарност зависи од мојата способност да ...
Топлотниот бран што зафати голем дел од Европа ги алармираше властите и службите во Франција и Германија, а им создаде проблеми и на туристите и жителите во Италија, додека температурите достигнуваат рекордни нивоа. Францускиот премиер, Себастијан Лекорну, за денеска свика кризен состанок откако националната метеоролошка служба „Метео Франс“ предупреди дека тропските температури ќе продолжат и следната недела, споредувајќи го актуелниот бран ...
Додека во земјата продолжуваат протестите против проектот, синоќа беше одржан 20. по ред, албанскиот премиер Еди Рама жестоко го брани контроверзниот проект за изградба на луксузно одморалиште, вреден 4 милијарди долари, во сопственост на инвеститорот Џаред Кушнер, зет на Доналд Трамп, и сега тврди зад протестите стојат иранските хакери. -Имаме еден непријател, единствениот непријател е Исламската Република Иран, а тие веќе три години ...
Минималните трошоци на четиричлено семејство во јуни се намалени за 88 денари во однос на мај, објави денеска Сојузот на синдикати на Македонија кој ја изработува синдикалната минимална кошница. Според податоците на ССМ, вредноста на синдикалната минимална кошница за јуни изнесува 68.654 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати 84.024 денари. За храна биле потребни 25.120 денари, а за режиски трошоци 6.379 денари. Околу 100 евра или поточно ...
Сончево и топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи за во текот на денов. Се очекува минимална температура во интервал од 8 до 18, а максимална од 30 до 35 Целзиусови степени. Според синоптичарите, во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти ...
Претседателот на Боливија Родриго Паз денеска прогласи вонредна состојба во земјата, поради ескалација на кризата предизвикана од 50-дневните антивладини протести што ја парализираа националната економија. Одлуката, објавена од шефот на државата во обраќањата до нацијата, отвора врата за мобилизација на воени сили низ целата земја во обид да се воспостави ред. Боливиските медиуми објавија дека Паз постигнал договор со водечкиот синдикат, ...
На граничните премини “Богородица” и ”Дојран” има зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата изнесува околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. АМСМ препорачува ...
Бројот на претплатници со пристап до интернет преку оптичка мрежа во четвртиот квартал лани во државава изнесувал 228.581 – раст од 2,57 проценти споредено со претходниот квартал, а од 14,24 проценти во однос на истиот квартал од 2024 година, покажуваат податоците на Агенцијата за електронски комуникации. Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилни мрежи (2G/3G/4G) во четвртиот квартал лани имале 1.654.137 претплатници, што ...
Додека граѓаните се соочуваат со економски колапс, поскапувања, зголемување на сиромаштијата, организираната криминална група ВМРО и ЗНАМ продолжуваат со театарска претстава наречена „реконструкција на Владата“. Денеска е закажана нова средба, меѓу ВМРО и ЗНАМ – непостоечко здружение, сателит на Мицкоски кое се распаѓа, и кои за себе велат дека нивните кадри „одлично работат“. Во исто време, Мицкоски на роденденската прослава на својата ...
Десет лица се повредени во сообраќајната несреќа меѓу комбе и камион што синоќа се случила на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Од Клиничката болница во Штип за МИА изјавија дека осум од повредените се задржани на Одделот за хирургија, а две лица се пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Дел од повредените се со полесни, а дел со потешки повреди. Од Противпожарната бригада во Свети Николе информираат дека ...