Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Како што буџетот тоне, така очигледно дека и пензискиот фонд е ставен во ризик, откако дојде оваа власт дупката повторно се зголемува и сега надминува 40%, рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес конференција. Филипче посочи дека за време на владите предводени од СДСМ дефицитот во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување бил значително намален, додека сега повторно расте. „Кога владата на Социјалдемократскиот сојуз ...
Сите пензионери изгубија пари со линеарното покачување на ВМРО и Мицкоски, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конферениција. Филипче посочи дека со линеарното зголемување на пензиите што го спроведе ВМРО, им се нанесе директна финансиска штета на сите пензионери во државата, и дополнително им се уништи животниот стандард на пензионерите. Тој појасни дека доколку останеше методологијата воведена од Владата на ...
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција, нагласи дека Владата на СДСМ континуирано ги покачување платите дури и во услови на сериозни економски и енергетски кризи. Филипче ја повика власта да покаже иста посветеност кон работниците и да обезбеди значително зголемување на платите во клучните сектори. „Во нашиот мандат, Владата на СДСМ континуирано ги покачуваше платите, еве сега ...
Француската репрезентација ноќеска го победи Ирак со 3:0 во второто коло од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026 година. Натпреварот се одигра на „Линколн Фајненшл Филд“ во Филаделфија. Во 14. минута, францускиот капитен Килијан Мбапе го отвори резултатот. Неговиот гол беше единствениот во првото полувреме. По првото полувреме, беше издадена портокалова тревога за грмотевици на стадионот, па почетокот на второто полувреме беше ...
Атлетико Мадрид ќе поднесе тужба против Барселона во Спортскиот суд поради преговорите со напаѓачот Хулијан Алварез, објави шпанскиот весник „AS“. -Видовме како Барселона работеше во минатото (трансферот на Антоан Гризман). Тие ветија провизии на неговата сестра, неговото семејство и самиот играч… Сите знаат дека се нечесен клуб, но се соочуваат со клуб кој нема да им дозволи да избегаат од одговорност. Тој клуб е Атлетико Мадрид, цитиран е ...
Селекторот на португалската репрезентација Роберто Мартинез одговори на прашања поврзани со 41-годишниот капитен Кристијано Роналдо. На 17 јуни, Португалија ја започна групната фаза на Светското првенство во 2026 година со нерешен резултат 1:1 против ДР Конго. Роналдо го одигра целиот натпревар и не се покажа во најдобро издание,. – Тој е пример за углед, тој е капитен. Реагира како капитен со богато искуство. Можеме да го искористиме сето ...
Британскиот водител Џереми Кларксон проговори за тоа како дијагностицираниот рак на простатата целосно му го променил животот. По успешното лекување и ремисијата, тој вели дека го променил својот начин на живот, го забавил своето дневно темпо и се префрлил на исхрана заснована на растителни производи. Инаку, поранешната ѕвезда на автомобилистичкото шоу „Топ гир“, исто така, откри дека неодамна доживеал уште една здравствена компликација по ...
Ако барате брз и вкусен оброк со мексикански шмек, овие чили такоси се одличен избор. Комбинацијата од пикантно чили, свеж зеленчук и крцкави тортиљи создава совршен баланс на вкусови, подготвен за само неколку минути. Состојки: 1 пакување Chilli con carne 1 авокадо 50 грама слатка пченка маринирана 1 црвен кромид 5–6 чери домати рукола или друга зелена салата по избор 2 тортиљи Подготовка: Префрлете го чилито во сад и загрејте го според ...
Желбата да му помогнат на детето во секоја, па и најмала тешкотија, е длабоко вкоренета кај родителите. Некои го прават тоа свесно од љубов, а други целосно несвесно. Потреба за помош се јавува и кога ќе забележат дека детето се мачи да го пронајде вистинскиот збор, поради што често му ги довршуваат речениците. Ваквата постапка може да биде штетна, бидејќи повременото запирање во говорот е нормален дел од детскиот развој, предупредуваат ...
Возачот на Ферари, Луис Хамилтон, верува дека ФИА и шефовите на тркачките серии треба некако да се справат со ситуацијата и да ги направат трките во јуниорските серии поевтини. – Во последно време не обрнував многу внимание на ова прашање бидејќи ситуацијата во оваа област долго време се движи во погрешна насока. Луѓето одговорни за овие тимови и овие организации воопшто, кои го надгледуваат процесот, едноставно немаат чувство за одговорност. ...
Директорката на компанијата за вештачка интелигенција Сигнал, Мередит Витакер, со својот став за четботовите ги предупреди корисниците дека не треба да се однесуваат со нив како со своите пријатели, а уште помалку да им бидат доверливи соговорници. Според неа, системите што бараат пристап до приватни податоци, како пораки, календари и платежни картички, постепено се претвораат во нова алатка за надзор. На прашањето за последиците врз ...
Туристичкиот комплекс Свети Стефан во Црна Гора повторно ќе биде отворен на 1 јули, по петгодишна пауза. Закупецот на комплексот соопшти дека сите подготовки за прифаќање на гостите се завршени, но отворањето е проследено со спор со локалното население поради поставената капија на Краличината плажа. „Од сите хотели од ланецот ’Аман‘ во светот, ’Аман Свети Стефан‘ моментално е на прво место според бројот на резервации“, наведуваат од ...
Со доаѓањето на потоплите денови и летните вечери, доаѓа добро познат проблем што го расипува уживањето на отворено – комарците. Пред да посегнете по спрејовите, природата нуди естетски попријатно, миризливо и целосно природно решение. Имено, одредени растенија, со своите интензивни мириси и есенцијални масла, дејствуваат како природни средства против комарци. Ако пак, тие „стратешки“ се распоредат на и околу терасата, ќе создадете невидлива ...
Девет пријави за семејно насилство биле евидентирани за 24 часа на територија на државата. Како што информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи, четири лица биле лишени од слобода, а со две е извршен службен разговор. Синоќа во 19:43 часот во СВР – Скопје, 37-годишна жена пријавила дека на подрачјето на Кисела Вода, нејзиниот сопруг Б.К., со кого биле во бракоразводна постапка, упатувал закани кон неа. Синоќа во 19:05 часот во ...
Во синоќешните украински напади со дронови врз Доњецк, територија под контрола на Русија, повредени се 18 луѓе, меѓу кои и еден тинејџер, изјави шефот на така наречената Доњецка народна република, Денис Пушилин. Според него, во градот Горловка, Калининскиот округ повредени се тројца мажи и 11 жени откако украински дрон погодил автобус. Пушилин посочи и дека додека се гаснел пожар предизвикан од украинскиот напад, повреден е вработен во ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп пред денешната посета на генералниот секретар на НАТО на Вашингтон, повторно ги обвини европските земји-членки на Алијансата дека не им помогнале на САД во војната со Иран. – Ние бевме одлична членка на НАТО, во многу погледи единствена вистинска членка, секако доминантна членка. Плативме трилиони долари, не милијарди, туку трилиони долари изминатите години, за да ја заштитиме Европа. Кога сакавме да знаеме ...
Премиерот на Чешка, Андреј Бабиш потврди дека владата поднела предлог-закон за забрана на употребата на мобилни телефони во училиштата од септември 2027 година, со цел да се ограничи времето што децата на училишна возраст го поминуваат пред екраните. Забраната ќе се однесува на употребата на телефоните во училниците, како и за време на паузите, со одредени исклучоци, како што се здравствени причини или образовни цели. Полска овој месец го ...
Светски признатиот психотерапевт Габор Мате, пред неколку месеци наполни осумдесет години. На прашањето како се чувствува во врска со оваа „информација“, гостувајќи кај подкастерот Ранган Чатерџи (британски доктор по општа медицина, пред да се посвети на здравствена едукација преку медиуми), одговара: „Во еден период од животот тоа ми изгледаше како невозможно геријатриска бројка. Сега е само бројка, речиси бесмислена”. И додава: „Не сосема ...
Холандскиот Кралски метеоролошки институт издаде портокалов метеоаларм поради екстремните високи температури на воздухот во сите покраини, со исклучок на Фризија, Дренте и Гронинген, каде во сила е жолт метеоаларм. Портокаловиот метеоаларм е воведен бидејќи се очекува температурата на воздухот да се искачи најмалку до 34 степени Целзиусови во следните три дена. Додека во Велика Британија е прогласен црвен метеоаларм на подрачјата од Лондон до ...
Поројни дождови и бури погодија осум окрузи во Романија и предизвикаа штети на многу места, објави романскиот Оддел за вонредни ситуации. Во Крајова и Сибиу, улиците се поплавени. Десетици возачи беа заглавени во своите автомобили откако нивото на водата надмина половина метар. Во округот Арад, силни налети на ветер ги однесоа покривите на неколку куќи. „Пожарникарите интервенираа во 21 населба во осум окрузи во последните 24 часа. Последици ...
Нуклеарна централа во Франција го прекина работењето поради „еколошки ограничувања“ поврзани со топлотниот бран, изјави нејзиниот портпарол. Нуклеарната централа Голфеш, која се наоѓа на југозападот од земјата, има два реактори со вода под притисок од 1,3 гигавати и ги користи водите на реката Гарон за ладење на своите реактори. Еден реактор е исклучен после полноќ како превентивна мерка поради очекуваното зголемување на температурата на ...
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Украина напаѓа цивилни објекти на руска територија во обид да го дестабилизира општеството. Во обраќањето пред дипломците на воените и безбедносните институции, Путин рече дека не гледа основа за директни преговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски, имајќи ги предвид, како што наведе, нападите на Киев врз цивилни цели. МИА Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави ...
Неколку големи пожари избувнаа во различни делови на Далмација, а пожарникарите цел ден и ноќ се борат со огнената стихија која се шири поради високите температури и ветерот. На островот Хвар, во местото Света Недела, шумски пожар зафатил околу десет хектари борова шума и делови од лозја. Во гаснењето учествувале околу 50 пожарникари со 15 возила, а од воздух помагале и пет канадери. Огнот во еден момент се приближил до куќите, но ...
За 36,9 проценти се зголемиле приходите од туризмот во Грција во периодот од јануари до април годинава, а пораст има и на бројот на посетители, кои биле за 27,1 отсто повеќе споредбено со истиот период лани, покажуваат податоците од Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Приходите од туризмот за Грција за првите четири месеци од годинава достигнале 2,79 милијарди евра, пораст од речиси 37 проценти, што се должи како на ...
Турските обвинители издадоа налози за апсења на 241 осомничен за поврзаност со екстремистички групи, меѓу кои и Исламска држава. Во рациите на полицијата и жандармеријата во Анкара приведени се 209 лица. Апсењата се спроведени пред Самитот на НАТО, што на 7 и 8 јули треба да се одржи во главниот град на Турција, Анкара. Помеѓу приведените, 56 лица се осомничени за поврзаност со ИД, а уапсени се и 35 членови на ултралевичарската Револуционерно ...
Три лица се уапсени, а уште 105 се осомничени дека се дел од криминална организација, која со специјализирани манипулации на електрични броила крадела струја во повеќе делови на Грција, при што нанела штета што надминува девет милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција информираа дека од рано утрово во тек е акција во Солун во соработка со Операторот на дистрибутивната мрежа за електрична енергија (ДЕДДИЕ) за ...
Сојузот на синдикати на Албанија денеска одржа протест пред Министерството за финансии, презентирајќи низа прашања, при тоа ставајќи акцент главно на потребата од подобри плати, достоинствени услови за работа, стопирање на имиграција и оставка на премиерот Еди Рама. -Под итно бараме повеќе инвестиции во јавните услуги, повисоки плати и достоинствени услови за работа, заштита на работните места и синдикалните права, мерки за спречување на ...
Цените на нафтата продолжија да се намалуваат и денеска, откако инвеститорите видоа знаци за враќање на превозот низ Ормуската теснина и напредок во мировните преговори меѓу САД и Иран, пренесуваат светските агенции. Фјучерсите за суровата нафта од типот Брент поевтинија за 94 центи, или 1,22 проценти, на 77,7 долари за барел. Американската лесна сурова нафта поевтини за 77 центи, или 1,04 проценти, на 73,09 долари за барел. Двата главни ...
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април годинава изнесуваше 48.779 денари, а во однос на април минатата година е повисока за 7.3 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување за 27 проценти, Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, ...
Под влијание на циклонска активност од Турција, денеска се најавува нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе се движи во интервал од 11 до 19, а максималната од 28 до 36 степени. Во Скопје, претпладне сончево време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилна ...