Почина Љупчо Грнчиштанов, долгогодишен инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување, кој беше меѓу обвинетите во главниот предмет за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени. Како што соопштија од Обвинителството, лицето починало откако му се слошило во домашни услови, а Основното јавно обвинителство Скопје ќе издаде наредба за обдукција со цел утврдување на причините за смртта. Грнчиштанов во ...

Стопанската комора бара повлекување на предложеното законско решение за игрите на среќа, предупредувајќи на последиците кои тоа ќе ги предизвика врз бизнис-секторот и економијата. На денешната јавна расправа за Предлог-законот за игрите на среќа и за забавните игри, претставничката на Стопанската комора, Даниела Михајловска Василевска, детално ги образложи аргументите на Kомората против предложениот закон и објасни зошто истиот треба во ...

Општина Ресен известува дека, утре, во терминот од 6 часот наутро до 12 часот напладне, во Претор на брегот на Преспанското Езеро, ќе има привремен сообраќаен режим поради организирање спортски настан, рекреативна трка. Од секторот за односи со јавност нагласуваат дека влезот преку селото Асамати кон Претор ќе биде отворен само за возила за итни случаеви и возила на тимот. Овој привремен режим на сообраќај ќе трае од 6 до 12 часот. – За ...

Јавното обвинителство бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени вчера во рамките на истражната постапка против 18 физички и осум правни лица за проневера на над 180 милиони денари во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Сите 12 лица, меѓу кои и поранешниот претседател ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, кои вчера се уапсени, се веќе изведени пред судија на претходна постапка пред Основниот кривичен суд во Скопје, каде што ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, со земјоделци од велешкото село Иванковци, разговараше за состојбите во земјоделството и проблемите со кои се соочуваат земјоделците производители на пченица и јачмен. Земјоделците посочија дека состојбата е катастрофална, се соочуваат со неизвесност, доцнење на субвенциите, а производствените трошоци кои се драстично зголемени. Дополнителен проблем е што од Министерството за земјоделство, кое треба ...

Врз основа на финализираните ранг-листи за првото пријавување на учениците за упис во средните училишта за учебната 2026/2027 година, кое беше спроведено преку електронско аплицирање од 12 до 15 јуни 2026 година, со доставување на потребната документација на 16 јуни и 17 јуни 2026, пријавени биле 15 075 ученици, од кои се запишале 13 397 ученици. Како што објави денеска МОН, 9813 ученици се запишани за настава на македонски јазик, 3357 ...

Англија ја победи Хрватска со 4:2 (полувреме 2:2) синоќа во својот прв натпревар од групната фаза на Светското фудбалско првенство 2026 година. Натпреварот се одржа на стадионот „AT&T“ во Арлингтон, САД. Хари Кејн постигна два гола за Англија. Тој реализираше пенал во вториот обид во 12. минута. Џуд Белингам и Маркус Рашфорд исто така постигнаа голови за Англија. Мартин Батурина и Петар Муса беа стрелци за Хрватска во натпреварот. Англија ...

Жена судија ќе го суди натпреварот Чешка – Јужна Африка. Тори Пенсо е назначена за главен судија на натпреварот од Светското првенство 2026 година помеѓу Чешка и Јужна Африка. Триесет и деветгодишната Американка ќе стане втората жена што ќе суди на натпревар од Светското првенство за мажи. Натпреварот ќе се игра денес (18 јуни) во Атланта со почеток во 18 часот по македонско време. Стефани Фрапар од Франција стана првата жена судија на еден ...

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) издаде официјален став по апсењето на уште еден поранешен претседател. Денес се појавија информациите за апсењето на Илчо Ѓорѓиоски поради финансиски малверзации во времето кога бил на чело на федерацијата. Од ФФМ го изнесоа својот став на темата. Тие не посочуваа имиња, меѓутоа нагласија дека веќе предале официјална документација до надлежните органи за прекршоци од 2015 до 2019 година. „Во врска со ...

Сочен, мирисен и богат со вкус – овој ориз со пилешко и зеленчук е совршен домашен ручек кој се подготвува лесно, а резултатот секогаш воодушевува. Комбинацијата од меко пилешко месо, ароматичен зеленчук и добро зготвен ориз создава јадење што е истовремено заситно и префинето. Потребни состојки: 2 главици црвен кромид 2 моркови 1/2 тиквичка 1 чаша (200 мл) свежа или замрзната брокула (на ситни цветчиња) 1 и 1/2 чаша (200 мл) ориз со долго ...

Дaвej Чејс, можеби најпозната по улогата на морничавата Самара во американската верзија на култната хорор-приказна „Прстен (The Ring)“ од 2002 година – почина на 35-годишна возраст. Тажната вест ја потврди нејзиното момче, Рој Хернандез. Станува збор за компликации од менингитис, што, по сепса, довело до оштетување на повеќе нејзини органи. Претходниве неколку недели, таа била згрижена и поради сериозна неухранетост. Чејс е позната и по ...

Британскиот принц Хари, помладиот син на кралот Чарлс Трети, следниот месец со своите деца ќе ка посети Велика Британија. Тоа ќе биде една од неговите ретките посети на татковината. Принцот, кој во 2020 година се пресели во САД заедно со својата сопруга Меган Маркл, во последните неколку години не ги носеше своите деца, принцот Арчи и принцезата Лилибет во Велика Британија. Според информациите од британските весници, семејството треба да ...

Истражувачите долго време разговараат дека како што некои мажи стареат, одредени клетки во нивните тела почнуваат да го губат „машкиот“ Ипсилон-хромозом, објави „Сајенс алерт (Science Alert)“. Како што некои мажи стареат, се вели, тие го губат Ипсилон-хромозомот во крвта, мозокот или клетките на имунолошкиот систем, а тоа може да има сериозни здравствени последици. Губењето на тој хромозом, според наводите, е изненадувачки поврзано со ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп синоќа го објави службениот текст на Меморандумот за разбирање помеѓу САД и Иран, кој е прв чекор кон мир на Блискиот Исток. За време на викендот Вашингтон и Техеран постигнаа рамковен договор за завршување на војната, што почна на 28 февруари со американско-израелскиот напад врз Иран. И двете страни тоа го прогласија за сопствена победа и упатија предупредувања во случај да не се ...

Рамковниот договор меѓу САД и Иран стапи во сила веднаш по неговото потпишување, изјави рано утринава пакистанскиот премиер Шахбас Шариф, чија земја посредуваше во постигнувањето на договорот. Шариф на социјалната мрежа „Икс“ објави дека Иран „веднаш повторно ќе го отвори“ Ормуската Теснина додека САД „веднаш“ ќе ја укинат поморската блокада на иранските пристаништа. Претходно, и Техеран и Вашингтон соопштија дека претседателите Доналд ТРамп ...

Густ чад и пламени јазици рано утринава се издигнаа над југоисточниот московски реон Капотња, пренесуваат агенциите изјави на очевидци. Првично не беше познато што е причината за пожарот. Во тој дел на руската престолнина се наоѓа Московската нафтена рафинерија. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека во текот на ноќта руската противвоздушна одбрана соборила повеќе од 30 беспилотни летала упатени кон градот. Подоцна тој ...

Намалувањето на американското учество во кризните сили на НАТО стапи во сила веднаш, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Марк Руте, додавајќи дека останатите сојузници веќе го зголемуваат своето учество за да ги пополнат празнините. „Вчера се постави прашањето: дали ова важи веднаш или не? Важи веднаш“, изјави Руте пред новинарите во Брисел, воочи денешниот состанок на министрите за одбрана на НАТО. Тој појасни дека станува ...

Унгарската опозициска партија „Фидес“ ја оцени како „сериозна грешка“ намерата на Владата на премиерот Петер Маѓар постепено да ги укине регулираните цени на горивата. Параментарната група на „Фидес“ преку соопштение посочува дека во услови на меѓународна несигурност нема гаранции дека цените на нафтата повторно нема нагло да пораснат, поради што сметаат дека постојниот ценовен плафон треба да остане во сила. Од „Фидес“ ја обвинија Владата ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, го поздрави „неутралниот“ став на кинескиот и на рускиот лидер, Шји Џјинпинг и Владимир Путин во текот на конфликтот со Иран, оценувајќи дека не ги попречиле напорите на Вашингтон за ограничување на нуклеарните амбиции на Техеран. Зборувајќи на прес-конференција за време на Самитот на групата Г-7 во Евиан, Трамп изрази благодарност кон двете земји за, како што рече, нивното воздржување од вмешување во ...

Два германски брода, миноловецот „Фулда“ и бродот за снабдување „Мозел“ пловат кон Ормуска Теснина, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус пред Самитот на НАТО, што се одржува во Брисел. Двата брода на германската воена морнарица досега беа стационирани во источниот дел на Медитеранот, чекајќи го мировен договор помеѓу САД и Иран. Воените бродови ќе бидат придружени од автономни системи, нуркачи за расчистување на мини и ...

Не постои простор за отстапување од основните принципи на европската регулатива, посочи портпаролката на Министерството за надворешни работи на Грција Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина во однос на ЕЕС системот и евентуалното исклучување на државјани на одредени трети земји од европската регулатива што предвидува биометриска регистрација. Зохиу објасни дека ...

Го поздравуваме договорот постигнат од далечина од претседателите на двете земји, Доналд Трамп и Масуд Пезешкијан, за прекин на воениот конфликт помеѓу САД и Иран. Ја забележуваме цврстата меѓусебна посветеност што ја покажаа Вашингтон и Техеран за строго почитување на условите од потпишаниот меморандум за разбирање. Ги поздравуваме енергичните и ефикасни напори на пакистанските и катарските медијатори за решавање на постојните разлики преку ...

Катар, кој посредуваше во мировните преговори меѓу САД и Иран, денеска соопшти дека потпишувањето на Меморандумот за разбирање меѓу двете земји претставува „цврста основа“ за следната фаза од преговорите. – Меморандумот претставува солидна основа за преминување во следната фаза од преговорите помеѓу американската и иранската страна, соопшти Министерството за надворешни работи на Катар пред почетокот на техничките дискусии, што треба да почнат ...

Пратениците во Европски парламент денеска усвоија резолуции за Куба, Белорусија, Буркина Фасо и Никарагва поради репресија, кршење на човековите права, потиснување на граѓанското општество и слободата на медиумите. Европратениците ја осудија систематската репресија што ја спроведува кубанскиот режим, повикаа на длабоки економски и политички промени во земјата и ја повикаа Европска Унија да воведе санкции кон одговорните за репресијата. ЕП ...

Вишиот суд во Белград ги осуди Владимир и Милјана Кецмановиќ, родителите на момчето кое уби девет врсници и чувар во училиштето и повреди уште шест други, во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај 2023 година, на повеќегодишни казни затвор. Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 години и шест месеци затвор за кривично дело занемарување и злоставување малолетно лице и тешко дело против општата безбедност, додека Милјана Кецмановиќ е ...

Премиерот на Бугарија, Румен Радев, денеска изјави дека нема да бидат дозволени санкции кон Русија кои негативно влијаат врз бугарската економија. Тој додаде дека денеска ќе се дознаа како ќе гласа Бугарија за предвидените санкции од Европската Унија за Русија. – Војната (во Украина) одамна ги надмина рововите и се прошири на економијата, енергетиката, спортот, културата, а сега почнува да ја опфаќа и религијата. Мислам дека времето за ...

Собранието денеска ќе одржи седница на чиј дневен ред се повеќе законски предлози, извештаи и одлуки. Пратениците ќе дискутираат за Извештајот за работата на Комисијата за хартии од вредност за 2025 година, финансиските извештаи на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2025 година, ревидирани од овластен ревизор, како и Извештајот за реализација на годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство за 2025 ...

На денешната собраниска седница, на дневен ред се и опозициските пратенички прашања. Според информациите од собраниската прес-служба, осум пратеници треба да постават прашања до претставниците на Владата. Прашањата ќе бидат упатени до вицепремиерите и министри за европски прашања и за транспорт, како и до министрите за надворешни работи, внатрешни работи и образование. МИА На денешната собраниска седница, на дневен ред се и опозициските ...

Колку ги чинеше граѓаните на Македонија прославата на Мицкоски и ВМРО во Струмица? 300.000 евра? 500.000 евра? Или многу повеќе? Превоз со автобуси, списоци од вработени по јавна администрација од цела Македонија, дневници? Колку ги чинеше тоа граѓаните? Како да го донеле Дејвид Гета? Додека народот се мачи да врзе крај со крај, додека цените незапирливо растат а сиромаштијата се зголемува, додека економијата тоне ВМРО со народни пари и ...

Се подготвуваат законски измени за регулирање на користењето електрични тротинети со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот – истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во Владата на презентацијата на националниот проект „Прекинување на циклусот на насилство – системска превенција на семејно и врсничко насилство преку образовниот систем“. Тој информира дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе достави предлог-измени на ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
1.61
48%
1014
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
73%
1013
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
1.11
61%
1015
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
0.16
56%
1014
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
2.38
65%
1013
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
0.11
77%
1016
weather icon

Атина

28ᴼ / 25ᴼ
1.34
49%
1010
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.53
46%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.0
51%
1013
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 22ᴼ
1.86
71%
1013
weather icon

Будимпешта

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
54%
1013
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
2.28
95%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Алуминиум

3.25

Родиум

274085.11

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Платина

56135.20

Бакар

13.51

Калај

56.46

Цинк

0.00

Злато

136962.18

Сребро

1994.05

Паладиум

43499.96