Предлогот за разрешување и избор на нови членови на Владата официјално пристигна во законодавниот дом, со што и формално започнува собраниската процедура за големата владина реконструкција. Собранискиот спикер веќе ја закажа клучната седница за 13 јули (понеделник) со почеток во 11:00 часот, каде пратениците ќе треба да го изгласаат новиот кадровски пакет доставен од премиерот. Со оваа реконструкција, ресорите во Илинденска се целосно ...

Основното јавно обвинителство поднело нови кривични пријави во предметот поврзан со дискотеката „Пулс“, при што осум инспектори се осомничени дека во подолг временски период не спроведувале редовни контроли и инспекциски надзори, иако биле надлежни за следење на работата на објектот, со што, според истрагата, можеби се овозможило континуирано функционирање без соодветен надзор, јавуваат домашните медиуми. Според информациите од истражните ...

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина заработи 23,5 милиони долари од настапот на Светското првенство на кое беше елиминирана во шеснаесетфиналето, јавија денеска медиумите во Сараево. Рано утрово, БиХ загуби од домаќинот САД со 2:0 во шеснаесетфиналето со што го заврши настапот на мундијалскиот турнир кој локалните медиуми го опишаа како херојски. БиХ за пласман на Светското првенство инкасираше 12,5 милиони долари, од кои 2,5 ...

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис де ла Фуенте изјави денеска дека напаѓачот Ламин Јамал ќе биде целосно подготвен за претстојниот осминафинален натпревар на Светското првенство против Австрија. „Ламин може да игра колку што ќе побараме од него. Бевме многу внимателни со него, како и со останатите играчи за време на нивната рехабилитација, почитувајќи ги роковите и следејќи го развојот на натпреварите. Ламин сега се ...

Пилотите и членовите на екипажот на повеќе авиокомпании ги споделија најчестите грешки со кои се соочуваат патниците при патување со авион. „Сара, која работи за една од светските авиокомпании, во новиот поткаст на Мартин Луис, изјави дека најголемата грешка кај патниците е тоа што одат во тоалет без обувки“, пренесе Би-Би-Си. Патниците секогаш треба да носат обувки во тоалетот на авионот, со цел да се заштитат од потенцијално опасни болести ...

Пилотите и членовите на екипажот на повеќе авиокомпании ги споделија најчестите грешки со кои се соочуваат патниците при патување со авион. „Сара, која работи за една од светските авиокомпании, во новиот поткаст на Мартин Луис, изјави дека најголемата грешка кај патниците е тоа што одат во тоалет без обувки“, пренесе Би-Би-Си. – Патниците секогаш треба да носат обувки во тоалетот на авионот, со цел да се заштитат од потенцијално опасни ...

Пченкарниот ослич е вкусно и едноставно јадење со крцкава златна кора и сочно месо. Мариниран со кромид, лук и зачини, а потоа валкан во пченкарно брашно, добива богат вкус и пријатна крцкавост. Состојки: 2 ослича неколку лажици пченкарно брашно сол, вегета и црн бибер по вкус 3 чешниња лук 1 главица кромид масло за маринирање и пржење гранче рузмарин Подготовка: Доколку рибата е цела, исчистете ја, отстранете ги главата, опашката и ...

Никогаш во својата историја Русија не го прекинала гасот за Европа, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, коментирајќи ја изјавата на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која за време на посетата на Азербејџан изјави дека Русија „го прекинала гасот за Европа“ и дека ја користи енергијата како оружје. „Урсула е вистинска лажливка. Русија никогаш во својата историја ...

Првиот човек на иранската војска, началникот на Генералштабот Хатам ал-Анбија Али Абдолахи, денеска ги предупреди САД и Израел да не го напаѓаат Иран, додека земјата се подготвува за државниот погреб на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен во воздушни напади на првиот ден од војната. „Ги предупредуваме непријателите на Иран, особено САД и ционистичкиот режим (Израел), да избегнат каква било погрешна проценка и да размислат за ...

Холандската европратеничка Тинеке Стрик, која ја предводеше мисијата на ЕП за утврдување факти во Албанија, изјави дека албанското раководство „си игра со оган“ инсистирајќи на проект вреден 1,4 милијарди евра, кој, според неа, дека ќе го уништи недопрениот брег. Таа во интервју за „Гардијан“ изјави: „Ако премиерот Рама е навистина сериозен во врска со своите амбиции за влез во ЕУ, треба да се откаже од овој курс и да му каже на кланот Трамп: ...

Германскиот државен Институт Роберт Кох денеска соопшти дека од почетокот на годината до топлотниот бран од крајот на јуни, од последица на топлото време починале повеќе од 800 луѓе. – До 21 јуни, повеќе од 800 луѓе починаа од топлото време, од кои 500 од нив биле над 85 години. Во возрасната група помеѓу 75 и 84 години, регистрирани се 190 смртни случаи предизвикани од топлината, додека кај оние помлади од 65 години, починале околу 40, се ...

Во центарот на главниот град на Хрватска, Загреб денеска се судрија две блиндирани возила. Во сообраќајната несреќа нема повредени лица. Во едното блиндирано возило се превезуваше хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Инцидентот се случи кога блиндираното возило со кое се превезуваше хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се судри со друго возило од конвојот. Полицијата го истражува случајот. Пленковиќ користи луксузно „Ауди А8 Л Секјурити“, ...

ЕУ ќе ги пренасочи средствата за реформи на Западен Балкан кон предводниците Црна Гора, Албанија и Северна Македонија бидејќи другите земји се борат да ги исполнат роковите за реформи. Европската комисија е подготвена да прераспредели средства во рамките на алатката дизајнирана финансиски да ги стимулира земјите од Западен Балкан да ги спроведат реформите потребни за пристапување во ЕУ во корист на земјите предводници, изјавија двајца ...

Изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во одредени делови на Скопје – во Црешево се измерени 74 литри на метар квадратен, во Лисиче 63, додека во Гази Баба 44 литри на единица површина. До 08:00 часот утрово се измерени и 32 литра на метар квадратен во Куманово, 29 во Крива Паланка, 22 во Берово, 18 во Струмица и Скопје – Зајчев Рид, 16 на Попова Шапка, 13 во Скопје – Карпош, 12 во Претор, 11 во Скопје – Ѓорче Петров и Демир Капија, 10 во ...

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека за првпат преку пилот-проект реализиран во соработка со домашна компанија, воспоставува систем за рана детекција на шумски пожари со интелигентни камери поставени на стратешки локации. -Постигнавме значаен чекор кон модернизацијата на Центарот за управување со кризи и зајакнувањето на капацитетите за заштита на граѓаните и природата. За првпат, преку пилот-проект реализиран во соработка со ...

Официјално не е разговарано, ниту е донесена некаква конечна одлука за евентуално спроведување пензиски реформи, иако се размислува во таа насока. ММФ и Светка банка ќе прават анализи и ќе дадат одредени препораки, но во Вториот столб, секако, ќе се трансферира вкупниот предвиден износ од 19,6 милијарди денари, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Како што информира, препораките што ќе ги дадат ММФ и Светска ...

„СДСМ дополнително се зајакнува. Со задоволство ги информирам членовите дека Горан Герасимовски ќе го номинирам за нов потпретседател на #СДСМ. Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат. Убеден сум дека Горан, со своето ...

Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска објави јавен повик за прием на 200 редовни ученици, кои имаат интерес за запишување во Средното полициско училиште „7 Мај“ во Полициската академија. Како што информираат од МВР, кандидатите што имаат завршено прва и втора година средно училиште ќе може да се пријават на јавниот конкурс и, доколку ги исполнуваат предвидените услови, своето школување да го продолжат во Средното полициско ...

Алармираме за една исклучително сериозна ситуација која претставува директна закана по здравјето и безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал. После невремето во Скопје поплавена е Клиниката за онкологија, исклучени се апаратите за радиотерапија. Протекла вода и во просториите каде се прима терапија со радиоактивен јод. Не станува збор за обична дождовна вода туку на избиена канализација! Ова значи дека најранливата категорија на ...

По насилното укинување на техничката Влада и рушењето на политичкиот консензус, Христијан Мицкоски сега сака да протне и Изборен закон кој отвора простор за нов изборен грабеж. Сака шверцерскиот да се воведе електронско гласање на дијаспората без соодветни механизми за контрола, проверка и гаранција за тајноста на гласањето. Додека секој граѓанин кој гласа во татковината минува низ строга процедура – проверка на личен документ, потпис во ...

Со изведување материјални докази денеска продолжи судењето против деветтемина полициски службеници обвинети во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, додека испитувањето на сведоците беше одложено поради потребата од утврдување на статусот на повеќе класифицирани документи предложени како докази во постапката. На почетокот на рочиштето, Судот соопшти дека од Министерството за внатрешни работи е доставен извадок од Правилникот за ...

Повеќе пријави за поплави и нарушувања на инфраструктурата се регистрирани, според информациите добиени преку Единствениот број за итни повици 112 и надлежните институции, по невремето што го зафати Град Скопје и околината, а најголем број се однесуваат на поплавени станбени објекти, подруми, гаражи и сообраќајници, како и отежнато движење во делови од градот, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Како најкритични подрачја се ...

Кочоска зборува за јавниот долг и ги убедува граѓаните дека повеќе е помалку? Нема како да им објасни на дека за само две години Владата на Мицкоски ги задолжи граѓаните за над 2,5 милијарди евра па сега дека било тоа под планираното ниво. Ова е најава дека власта на Мицкоски нема да застане туку уште побезобразно ќе го задолжува народот и државата. Зошто Кочовска не кажува колку изнесуваат скриениените долгови што Владата ги трупа преку ...

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во 2025 година во седум предмети, против 39 физички и 20 правни лица, има поднесено барања за замрзнување на имот во вкупна вредност од 27 милиони евра, што споредено со претходната 2024 година, кога изнесува 5,7 милиони евра е поголемо за пет пати. Постапките за овие предмети, како што беше посочено на разгледувањето на Годишниот извештај за работата на ОЈО ГОКК пред ...

Франција рутински ја победи Шведска изминатата вечер со 3-0 и обезбеди осминафинален натпревар против Парагвај на Светското првенство. Мбапе беше двоен стрелец во 45 и 74 минута, а гол постигна и Баркола (53 минута), но францускиот селектор Дидие Дешан истакна оти победата можела да биде поубедлива бидејќи неговиот тим пропушти голем број добри шанси во првото полувреме. „Направивме што требаше, иако бевме малку воздржани во првите 15 ...

Мексико се пласираше во осминафиналето на Светското фудбалско првенство откако рано изутринава по средноевропско време го победи Еквадор со 2-0 пред своите гледачи во Мексико Сити. Мексиканците прв пат по 40 години успеаја да ја минат првата пречка во нокаут фазата. Последен пат тоа го сторија во 1986 година, кога стигнаа до четвртфиналето. Мексико одигра брилијантно во првото полувреме и поведе во 22. минута со прекрасен гол на Хулијан ...

Со натпреварите од воведното коло претпладнево официјално стартува турнирот М25 Скопје Macedonian Open 2026. На терените на ТК „Југ“ ќе се појават шест македонски тенисери. Калин Ивановски учеството го избори со пласманот, додека организаторот „вајлд карти“ им додели на Стефан Мицов, Амар Хусеиновиќ, Обрад Марковски и Кристијан Јанев. На оваа петорка им се приклучи и Горазд Србљак, кој извојува три победи во квалификациите и влезе на главниот ...

Најмалку две лица смртно настрадаа во Мексико Сити за време масовната прослава на пласманот на мексиканската фудбалска репрезентација во осминафиналето на Светското првенство, соопштија денеска градските власти. Според министерот за здравство на мексиканската престолнина, 19-годишна девојка и 44-годишен маж го загубиле животот како последица на задушување. Локалните медиуми известуваат и за трет смртен случај, иако властите сè уште не го ...

ФФМ во почеток на оваа година, во соработка со УЕФА, го започна процесот на изработка на новата стратегија за развој на македонскиот фудбал. Во рамки на процесот, беше реализирана работна средба меѓу претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, и претставниците на ФФМ вклучени во подготовката на новата стратегија, со претставниците на УЕФА – Илија Китиќ, Олександр Кучерјави, како и менторите Адам Вокер и Маркус Мекдоналд. Средбата беше посветена на ...

Освежителна, вкусна и лесна за подготовка, оваа ладна салата со тестенини е совршен избор за летен ручек, вечера или како оброк што лесно се носи на работа. Комбинацијата од пилешко месо, свеж зеленчук и пармезан создава богат вкус кој ќе го освои секој љубител на лесни и хранливи јадења. Потребни состојки за салатата: 250 грама фусили тестенини 120 грама шери домати 1 свежа краставица 150 грама пржен пилешки стек 2 лажици ситно сечкан свеж ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.04
42%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
2.68
69%
1012
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
1.19
50%
1013
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
0.93
46%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.27
58%
1012
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
0.93
78%
1015
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.34
47%
1010
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.33
44%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
2.98
49%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
1.34
62%
1012
weather icon

Будимпешта

30ᴼ / 27ᴼ
0.45
39%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
3.07
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Алуминиум

3.25

Паладиум

43499.96

Иридиум

252383.36

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Злато

136962.18

Родиум

274085.11

Бакар

13.51

Рутениум

53852.50

Калај

56.46

Платина

56135.20

Сребро

1994.05