Претседателот на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина „ Се бориме за нашиот дом“, во Јегуновце, му порача на премиерот Христијан Мицкоски, дека никој не го мрази, туку сите го презираат. Филипче укажа дека Мицкоски зборува за омраза а самиот тој е извор на омраза, на деструктивна реторика која го дели народот и ја дестабилизира државата. „Мицкоски вчера вели СДСМ имал патолошка омраза кон ...

На 11/12.10.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(49), лице(30), лице(40), лице(34), лице(40), лице(23), лице(38), лице(32), лице(35), лице(30), сите од Скопје, лице(24) од с.Брњарци, скопско и лице(23) од Охрид, со престој во Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана, семки од марихуана и дробилка. По целосно документирање на случаите против ...

На новинарско прашање како го коментира најновиот скандал со директорот на Неврхирургија Кузмановски, за кој излезе видео како конзумира дрога, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче одговори: „Сметам дека треба да реагира лекарската комора во однос на тоа да се направи проценка дали и колку време наназад се случувало тоа, односно дали во една таква состојба доктор воопшто може да лекува пациенти. Така да, тоа е многу сериозно прашање, можеби ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарско прашање по написи во британските медиуми го повика министерот за надворешни работи Тимчо Муцински да одговори дали разговараат за носење мигранти во Македонија. „Го прочитав текстот, го видов во медиумите. тука многу сериозно владата треба да излезе и да каже разговараат или преговараат за таква работа. Со оглед на шпекулациите и написите во многу сериозни светски политички ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска, во чест на 11 Октомври – Денот на народното востание, одржа средба со претставници од Сојузот на борци на НОАВМ. Претседателот Филипче го честиташе големиот македонски празник, го исткана аманетот на борбата и го посочи значењето и придонесот на НОБ и на Сојузот на борци во поставувањето на темелите на нашата држава. На средбата беше истакнато дека ...

Партиска делегација на СДСМ, предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно со кандидатката за градоначалничка на Прилеп, Петра Лукаровска, членот на Извршниот одбор Филип Секуловски, како и пратеникот Миле Талески, оддадоа почит и положија свежо цвеќе на спомен обележјето на борците од НОБ во Прилеп, пред споменикот на Методија Андонов-Ченто, пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу и на Могилата на непобедените. ...

Денеска (11.10.2025), полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Б.Б., постапувајќи по објавеното видео кое беше објавено на социјалните мрежи на 09.10.2025 на кое се гледа како на бул.„Партизански одреди” управува службено возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, при што користи уреди за посебни светлосни знаци и преминува преку две полни линии. Против Б.Б. се преземени мерки по член 139 став 11 и 30 и став 5 од ...

Интегрален текст од денешната изјава за медиуми на Елена Радеска, Комисија за здравство на СДСМ: После нарко скандалот на директорот на Клиниката за неврологија, кој е снимен како конзумира дрога не е доволно повлекување и негово разрешување. Ова е мега скандал на власта и мора да има кривична одговорност, темелна истрага на целокупната негова работа, бидејќи за здравството се работи и за здравјето на чуѓето. Ако лице што управува со здравствена ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, денеска оддаде почит на загинатите борци од Народноослободителната борба и положи свежо цвеќе во Меморијалниот комплекс Партизански гробишта во Бутел. „Денешниот 11 Октомври не потсетува на храброста, солидарноста и непокорот на нашиот народ.Тој ден ја симболизира решеноста за слобода, праведност и достоинство – вредности што и денес треба ...

Кандидатот за втор градоначалнички мандат Горан Герасимовски, најави вложувања во реконструкција на улици, уредување на јавни простори и зголемување на безбедноста на сообраќајот. „Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците. Тоа е мојата визија, предвидена во новата програма. Приоритет ќе имаат пешаците и жителите, безбедноста е најважна, особено за семејства со деца, постари лица и велосипедисти“, рече ...

Вечерва од граѓанската трибина во Ѓорче Петров, Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче зборуваше за лагите и големите ветувања на ДПМНЕ дека граѓаните и Македонија ќе бидат горди. „Само година и половина подоцна никој не е горд“, рече тој. „Зошто немаат слоган „Горда Македонија“? Затоа што никој не е горд на урнисаниот животен стандард, на измамите со пензиите, на дивеењето на цените и стагнацијата на платите. Помина речиси година и пол откако ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Ѓорче Петров, рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски немаат никакви резултати зад себе, па затоа се служат со лаги, спинови и напади врз опозицијата. „Го гледам Мицкоски, од уста не ме вади во оваа кампања. Човекот изгледа не може да сфати дека е на власт и дека треба да промовира што направил, а не да се занимава со опозицијата. Секој ден ...

Разрешениот директор на Клиниката за неврологија Игор Кузмановски, за кого на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како меша бела прашкаста материја, вчера на Фејсбук упати извинување и искажа длабоко каење за своите постапки. „Во врска со објавите на социјалните мрежи изразувам длабоко каење и се извинувам поради постапката која се има случено далеку пред моето превземање на менаџирање на Клиниката за неврологија. Тоа е ...

По неколку одлагања, од утре на премините на надворешни граници на Шенген зоната започнува постепената примена на новиот европски дигитален граничен Систем за влез/излез (ЕЕС), кој според очекувањата на Европската комисија би требало да го поедностави и забрза процесот на премин на граничните премини. Сепак, постои загриженост дека воведувањето на ЕЕС во пракса, барем во почетокот, ќе предизвика застои и поголеми гужви при пасошките контроли. Со ...

Во земјава денеска се одбележуваат 84 години од почетокот на народното востание кое почна во 1941 година во Прилеп и Куманово. Со ова започна востанието против фашизмот и борбата за ослободување на македонскиот народ. Празникот годинава ќе биде одбележан со свечена академија во Прилеп и доделување на истоимената награда во Скопје. Свечената академија под мотото „На вистинската патека, за татковина со иднина“ ќе се одржи во Центарот за култура ...

„Изминативе четири години, Општина Гази Баба тоне во мрак и хаос, како последица на неспособноста, неработата и лажниот популизам на локалната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Стефковски. Наместо развој, застој. Наместо ред, дива урбанизација. Наместо визија, шминка и предизборен маркетинг, порача од трибината во Гази Баба кандидатот за градоначалник Влатко Митовски. Тој потенцираше дека општината која заслужуваше чистота и ...

„Гази Баба отсекогаш знаела да препознае вистински луѓе, вистински вредности и вистинска борба. И денес сум дојден тука да побарам поддршка за овие прекрасни луѓе со мене, нашите кандидати за советници и нашиот неуморен кандидат за градоначалник, Влатко Митовски“, истакна престедателот на СДСМ Венко Филипче од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Гази Баба. Филипче порача дека на 19 октомври изборот во Гази Баба е лесен, бидејќи ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, им го честита 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, еден од најзначајните датуми во современата македонска историја. „11 Октомври е потсетник дека храброста и солидарноста се темелите врз кои ја градиме современата, демократска држава. Денес, нашата должност е да го чуваме тој дух преку секојдневна работа за пофер, похуман и послободен општествен живот. Аманетот ...

Честитка од претседателката Сиљановска – Давкова по повод 11 Октомври – Денот на народното востание: Почитувани сограѓани, Ви упатувам срдечни честитки по повод 11 Октомври – Денот на народното востание! На денешниов голем празник, уште еднаш им оддаваме почит на оние кои пред 84 години тргнаа во тежок и храбар востанички марш, жртвувајќи се за ослободувањето на татковината и создавањето македонска држава на рамноправни граѓани. Да потсетам: ...

САД испраќаат 200 војници кои веќе се стационирани на Блискиот Исток во Израел, каде што ќе формираат цивилно-воен координативен центар, објавија американските претставници. Центарот ќе се користи за следење на спроведувањето на прекинот на огнот и надгледување на хуманитарната помош, а покрај американските офицери, ќе учествуваат и претставници од Египет, Катар и Турција. Тие ќе го следат почитувањето на договорениот прекин на огнот и ќе ...

Кандидатот за градоначалник на Центар и актуелен татко на општината Горан Герасимовски, вечерва изјави дека и во вториот мандат продолжува поддршката кон ранливите граѓани и највозрасните. „Стануваме прва општина која има свој дом за стари лица. Стануваме општина во која ја зголемуваме двојно, на 5000 денари, поддршката за старите лица, покрај негата во домашни услови. Еднаквоста не смее да биде идеал, туку секојдневие! Воведуваме бесплатна ...

Мицкоски и Орце Ѓорѓиевски да не чекаат избори и да го исчистат градот сега, после избори, ситуацијата со хигиената е алармантна, порача кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров од СДСМ, Костадин Ацевски, во гостување во Вистинска телевизија. – Самиот премиер излегува со Орце Ѓорѓиевски и вели дека ќе го исчистат Градот Скопје за 72 часа ако победи нивниот кандидат. Зошто сега не го исчистат за 72 часа? Кандидатот за градоначалник на ...

На 09/10.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода лице(23), лице(24),лице.(42), лице(33), лице(55) и лице.(29), сите од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 20:00 часот пред угостителски објект на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу лишените од слобода и неколку други лица од една страна и лице(40), лице (41) и лице(45) од друга страна. Сите тие претходно биле во ...

Утре времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен, а вдолж Повардарието и во источните делови засилен северен ветер. Во североисточните делови ќе има услови за локален слаб дожд. Потоа до вторник ќе биде стабилно со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Прогноза за 12.10.2025 Минимална температура: 3°C до 10°C Максимална температура: 15°C до 22°C Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Ѓорче Петров испрати порака дека во Ѓорче луѓето препознаваат кој е работник, а кој манипулатор и кој вистински ја сака општината, а кој е дојден за функција. „Ѓорчевци се посебни луѓе, луѓе кои ценат труд, работа и искрена грижа за општината. Прво, сакам да кажам нешто за Костадин Ацевски, за Коки. Го следам Коки како работи во кампањата, но го следев ...

Каја Шукова, кандидатка за Градоначалничка на Скопје од СДСМ, во интервју за ТВ 21 нагласи дека воведувањето систем за селекција на отпад на ниво на домаќинства е суштински чекор за справување со зголемените количини на отпад и за намалување на притисокот врз Вардариште и депонијата Дрисла. „Мора да почнеме со селекција на отпад уште од дома. Ако граѓаните добијат соодветни канти, контејнери и камиони што ќе го подигнуваат селектираниот отпад, ...

Патот до Струмица е нашата главна врска со еден од најважните економски центри во регионот, вели Петар Ружински, кандидат за градоначалник на општина Берово. „Со години тој пат е во лоша состојба, небезбеден и полн со дупки, што го отежнува патувањето и транспортот на стоки. Во соработка со Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како врвен приоритет ја поставуваме целосната рехабилитација на овој патен правец. Тоа значи темелна обнова на подлогата, ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Неготино, рече дека е време Неготино да добие вистински градоначалник, фер однос и чесна власт која го цени трудот, изразувајќи поддршка за кандидатот за градоначалник од СДСМ, Петар Мантев. „Петар е човек од народот. Човек што знае што значи да се работи, да се создава и да се води со разум, а не со ароганција. Со него, Неготино ќе добие ...

„Изминативе четири години, Неготино западна во очај поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ. Ветувања има безброј, но реализација речиси нема. Градскиот плоштад е искршен, улиците се полни со дупки, зеленилото се уништува, а сообраќајниот хаос во центарот се зголемува. Пустош направија и со сечењето на дрворедот на улицата Маршал Тито. Со таква власт не може да се гради иднина“, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ, Петар Мантев од трибината во ...

На 09.10.2025 во 12:34 часот во СВР Битола, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 27.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар во здравствена установа и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди и дека треба да плати за да ѝ биде направен операција. Според пријавеното, таа ги однела парите на договореното ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
86%
1031
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
0.0
84%
1029
weather icon

Загреб

6ᴼ / 1ᴼ
0.51
89%
1027
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1030
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
1.67
75%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.33
98%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.89
84%
1029
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1029
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
87%
1029
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
2.68
87%
1028
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
96%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 7ᴼ
0.0
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Бакар

10.93

Калај

42.35

Кобалт

58.42

Паладиум

52470.02

Сребро

2128.87

Цинк

3.03

Иридиум

145787.60

Родиум

258009.74

Алуминиум

2.90

Платина

61733.50

Злато

139470.53

Рутениум

29192.88