43-годишниот Далибор Демировиќ ја убил својата 36-годишна партнерка Катарина Глигоријевиќ во селото Печењевце во близина на Лесковац во јужна Србија, ноќта од понеделник кон вторник. Вишото јавно обвинителство во Лесковац соопшти дека осомничениот за убиството е во бегство. Телото на жртвата е пронајдено вчера во замрзнувач. Демираовиќ носел електронска нараквица бидејќи бил осуден на домашен притвор за спречување на службено лице во вршење ...

Нa 06.11.2025 во 18:00 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека на ул. „Деко Ковачев“ во Гевгелија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Ж.П.(68) од Гевгелија и мопед „кимко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Ѓ.Н.(22) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Медицински центар Гевгелија. ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на Украина ѝ е потребна меѓународна помош за да ја заштити својата енергетска инфраструктура од руски напади. Зеленски во видео порака рече дека системите за воздушна одбрана и заштитата на енергетската инфраструктура се „највисоки приоритети со оглед на руските напади“. „Всушност, нашите добавувачи на енергија, тимови за поправка и силите за цивилна одбрана се зафатени со обновување на ...

Бројот на жртви од катастрофалните поплави предизвикани од еден од најсилните тајфуни оваа година во централните Филипини се искачи на најмалку 114, потврдија властите во четврток. Тајфунот Калмаеги го погоди регионот, поплавувајќи цели градови и села, а островот Себу е најтешко погоден, објави Би-би-си. Себу, најнаселениот остров во регионот, регистрираше 71 смртен случај, 127 лица се водат како исчезнати и 82 повредени. Властите на Себу ...

Сопругата на градоначалникот кој беше брутално убиен за време на прославите на Денот на мртвите во мексиканската држава Мичоакан, која е погодена од насилство, ја презеде функцијата на својот сопруг, ветувајќи дека ќе продолжи со неговата борба против организираниот криминал, објави Ројтерс, цитиран од БТА. Гресија Кирос положи заклетва како градоначалник на Уруапан, познат како престолнина на авокадото во Мексико, откако државниот конгрес ...

Словачкиот претседател, Петер Пелегрини, ја поздрави можноста земјата да увезува гас преку Полска, како алтернатива на рускиот природен гас. По средбата со полскиот колега Карол Навроцки, Пелегрини истакна дека поврзувањето на гасните мрежи би овозможило диверзификација на енергетскиот увоз, доколку цените и транзитните такси бидат разумни. Навроцки најави дека Полска има план да стане регионален центар за снабдување со американски течен гас. ...

Црна Гора го доби својот најповолен извештај за напредокот во европската интеграција откако ги започна преговорите за пристапување со Европската Унија. Европската комисија, во документ презентиран во Брисел во вторник, изјави дека земјата постигнала значителен напредок и дека би можела да ги заврши преговорите до крајот на 2026 година ако го задржи сегашното темпо на реформи, објави ДВ. Шефицата за надворешна политика на Европската Унија и ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека алијансата го поништила долгогодишниот јаз со Русија во производството на муниција, нагласувајќи дека сојузниците сега произведуваат повеќе отколку што произведувале со децении. Зборувајќи на Индустрискиот форум на НАТО во Букурешт, Руте рече дека „до неодамна, Русија произведуваше повеќе муниција отколку сите сојузници на НАТО заедно“, но додаде дека тоа повеќе не е случај бидејќи ...

ЕУ се подготвува да престане да издава повеќекратни шенгенски визи за руските граѓани, а во повеќето случаи ќе им се издаваат само еднократни визи, изјавија тројца европски претставници за „Политико“. Новата политика, која се очекува да биде одобрена оваа недела, е најновата во серијата санкции против Москва поради нејзината војна во Украина. Исклучоци ќе бидат направени за хуманитарни случаи и за руски државјани кои имаат и државјанство на ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција на Европската Унија, без оглед каде ќе заврши подоцна. „Последното нешто што го сакаме е оружјето и муницијата произведени во нашата братска Србија да се користат против нашите војници. Тоа е последното нешто што сакаме да го видиме“, им рече Песков на новинарите кои го прашаа за изјавата на ...

Во рамките на Еразмус+ проектот „Уметничко патување кон зелена иднина“ (Artistic Journey to Green Future), вчера Собранието на Република Северна Македонија го посетија професори од сите нивоа на образование од Хрватска, Турција, Малта и Шпанија. Посетата беше организирана во соработка со Фондацијата – Меморијален центар „Никола Кљусев“. Од страна на Нена Неновска – Ѓорѓиевска од Фондацијата, пратениците беа запознаени со активностите и целите ...

Царински службеници и мобилни царински тимови запленија 92 грама златни плочки и монети, „Ејпл“ уреди, 37.500 евра, цигари, парфеми и детска облека со потпис на заштитени трговски марки. • Златни плочки со тежина од 53 грама и 11 златни монети со тежина од 39 грама се пронајдени при контрола на багаж на турски државјанин на излез од државата, на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје. Проценетата вредност на златото изнесува 538 илјади ...

„Ова што го кажа и новиот градоначалник на Град Скопје е многу важно затоа што на тој начин ќе се растерети гужвата малку со користењето на ова превозно средство, но и она што е уште поважно е што ќе ја намалиме емисијата на штетни честички во воздухот, ова исто така има и еколошки позитивни ефекти, изјави премиерот Христијан Мицкоски денеска од Скопје. – Ние рековме кога станува збор за квалитетот на воздухот, чуда се невозможни, треба време ...

На 06.11.2025 во 14:45 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода лице(45) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени кокаин, предмети со остатоци од бела прашкаста материја и предмети со остатоци од растителна материја. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен ...

Министерот за здравство, Азир Алиу вчера оствари работна средба со италијанскиот амбасадор, Паоло Палминтери на која стана збор за актуелни теми од областа на здравството. -На денешната средба со амбасадорот Палминтери имавме пријателска и конструктивна дискусија, при што ги афирмиравме одличните билатерални односи меѓу нашите земји. На средбата стана збор и за вклучувањето експерт токму од Италија, кој ќе биде дел од меѓународната експертска ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера ги прими акредитивните писма на новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер. Соговорниците ја оценија тридецениската соработка како пријателска и плодна, изразувајќи решеност и подготвеност за нејзино проширување и продлабочување. Претседателката му се заблагодари на швајцарскиот амбасадор за континуираната поддршка на македонската евроинтеграција. Исто така, таа и ...

Претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, денес одржа работен состанок со ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопјe, проф. Беким Фетаји, како и со претседателот на Синдикатот на Универзитетот, проф. Авни Авдиу. За време на средбата, соговорниците разговараа за можностите за зајакнување на соработката меѓу Собранието и академските институции, со посебен фокус на подобрување на квалитетот на образованието и потребата од одржливи ...

Сопштение на СДСМ: Кога директор на државна институција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ е фатен со обележани банкноти за мито јасно е дека корупцијата во земјоделието цвета. Година и пол се зборува дека се бараат провизии, дека се задржуваат предмети, дека службеници трпат притисоци. Сега тоа доби потврда со раце фатени во криминал. Очигледно станува збор за систем на рекетирање во институција што треба да биде мотор на развојот. И тоа е ...

Европската Унија го поздрави потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија. На “Х” мрежата, претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта напиша дека изградбата на железницата е потик во регионалниот развој и зајакнување на регионалната безбедност. ” Го поздравувам потпишувањето на договорот за прекуграничниот тунел на Коридорот 8 меѓу Бугарија и ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 27.10.2025 до 31.10.2025 зема 201 примероци за физичко-хемиска и 201 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје. ...

Соопштение на СДСМ: Со месеци Скопје се давеше во ѓубре, скопјани секојдневно живееја во нечистотија од која изникнаа глодари а власта на ВМРО-ДПМНЕ не преземаше ништо. Наместо да организира чистење на градот, ДПМНЕ намерно го блокираше собирањето смет и не направи ништо, ниту преку ЗЕЛС, ниту преку Управниот одбор на Комунална хигиена, бувално ги остави скопјани да се дават во сметот. Синоќа скопјани видоа зошто било оставено ѓубрето, зошто ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Народна Република Кина, Џианг Сјаојен. Обете изразија задоволство од квалитетот на македонско-кинеските односи, втемелени на заемна почит и разбирање. За Сиљановска-Давкова, забрзаната интеграција во Европската Унија е македонски стратешки приоритет, а дијалогот – единствен начин за решавање на регионалните и глобалните проблеми и ...

Државниот секретар на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Сабриу учествуваше на Форум за социјални претприемачи организиран од страна на Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) во Скопје. Целта на настанот беше да се поттикне соработката за развој на социјалното претприемништво како поттик за вработување на младите, јакнење на заедницата и подобрување на регионалната соработка преку меѓукултурен ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Ана Стојаноска, уметничка директорка на МТФ „Војдан Чернодрински“, театролог, писателка и редовна професорка на Драмскиот факултет во Скопје. Директорката детално ја запозна со програмата на 60. јубилејно издание на фестивалот којшто ќе се одржи во јуни следната година под провокативното мото „Храбриот нов театар“. Импресионирана од иновативноста на програмската содржина, ...

Сотир Лукровски, кандидат на ВМРО ДПМНЕ со освоени 13.512 гласови го победи кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски кој пак освои 12.378 гласа. Лукровски синоќа се обрати во јавноста и пред карпошани: Во оваа кампања не се борев за функција, се борев за доверба. За секој човек кој веруваше дека чесноста, трудот и вистината повторно можат да победат. Денес не победувам јас, победува Карпош. Победуваат сите оние што не се откажаа од својот град. ...

Голема акција се случуваше денеска. Во Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој попладнево Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК истражители од истражниот центар на ОЈО ГОКК и единиците на МВР вршеа претреси на повеќе локации низ Македонија поради основано сомневање за сторени кривични дела од коруптивна природа Неофицијално е уапсен директор на јавна институција за земање поткуп. Подетални информации се ...

– Започна големата акција за чистење на Скопје, напиша градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски на фејсбук и објави фотографии како на почетокот на акцијата присуствува и премиерот Христијан Мицкоски. – За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне – уредено и достоинствено, токму како што доликува, напиша тој. фото фан страна ...

Под влијание на серија влажни воздушни бранови од денес во вечерните часови до понеделник (10.11.) следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Од вторник ќе има стабилизирање на времето. Прогноза за 08.11.2025 Минимална температура: 6°C до 12°C ...

До сега се отпуштени 371 работник од јавните претпријатија во Скопје, соопшти градоначалникот на град Скопје Орце Ѓоргиевски, за кои тврди дека со години примале плата без да се појавуваат на работа. „Тоа се луѓе кои сите ние, скопјани, ги плаќаме со години наназад, а не оделе на работа, а земале плата. Во минатото се правеа драми дека се постапува, дека некој се брка, но во суштина се правела само замена. Во овој систем, секој што врши ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.  ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
76%
1004
weather icon

Белград

11ᴼ / 9ᴼ
2.06
77%
1005
weather icon

Загреб

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
79%
1006
weather icon

Софија

9ᴼ / 5ᴼ
3.09
85%
1005
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.39
90%
1006
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
93%
1006
weather icon

Атина

20ᴼ / 18ᴼ
6.71
54%
1006
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
5.66
51%
1008
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
100%
1007
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 6ᴼ
4.12
87%
1004
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
76%
1004
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
72%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Рутениум

45750.51

Паладиум

546.56

Платина

67162.91

Калај

46.91

Кобалт

64.04

Злато

159231.39

Сребро

2460.50

Бакар

11.69

Родиум

336779.07

Алуминиум

3.03

Цинк

3.25

Иридиум

221848.72