Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
На летот за Вашингтон од Израел и Египет, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите во авионот „Ер Форс Уан“. За време на неформалниот разговор, тој го нарече денот историски и истакна дека е постигнато нешто за кое никој не мислел дека е можно. Промотивно видео беше објавено и на официјалниот канал на Белата куќа. Зборувајќи за средбите на Блискиот Исток, Трамп рече дека бил импресиониран од глетката на шефовите на држави ...
Поранешните демократски претседатели Џо Бајден и Бил Клинтон го пофалија американскиот претседател Доналд Трамп за помошта во посредувањето за прекин на огнот во војната во Газа, редок пример за двопартиска поддршка за републикански лидер. „Ги пофалувам претседателот Трамп и неговиот тим за работата за постигнување обновен договор за прекин на огнот“, напиша Бајден, поранешен демократски претседател на САД, на платформата Икс. Тој додаде дека ...
Американскиот претседател Доналд Трамп успеа да ги донесе Израел и Хамас на преговарачка маса и да постигне прекин на огнот, но колку тоа ќе биде одржливо и трајно зависи од неколку клучни работи. Си-ен-ен наведува дека три прашања се клучни за понатамошниот развој на ситуацијата и спроведувањето на мировниот план на Трамп од 20 точки. Што ќе направи Хамас? Во претходниот договор за размена на заложници, во кој помогна да се договори, Хамас го ...
Повикот за мир кој во понеделникот го упати американскиот претседател Доналд Трамп до Иран е во спротивност со постапките на Соединетите Американски Држави кои го поддржаа бомбардирањето на иранските нуклеарни објекти, соопшти иранското Министерство за надворешни работи. Во говорот пред израелскиот парламент во понеделник, Трамп рече дека Соединетите Американски Држави се подготвени да склучат мир со Иран, истакнувајќи дека тоа би било „огромно ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес ѝ оддаде почит на италијанската премиерка Џорџија Мелони, велејќи дека таа може да биде „инспирација за сите“. „Џорџија Мелони, големата премиерка на Италија, напиша нова книга. Џорџија работи неверојатна работа за прекрасниот народ на Италија. Таа е инспирација за сите“, напиша американскиот милијардер на својата социјална мрежа Truth Social. Пораката на американскиот претседател беше илустрирана со ...
Бројни водечки американски медиуми, меѓу кои „Њујорк тајмс“, „Вашингтон пост“, „Атлантик“ и „Си-ен-ен“, одбија да ја прифатат новата политика на Пентагон, објави „ДПА“. Според изменетите правила, новинарите мора да добијат одобрение од службено лице пред да објават информации – дури и ако не се класифицирани. Здружението на новинари што известуваат од Пентагон соопшти дека правилата „се чини дека се дизајнирани да ја задушат слободата на ...
Грчките бродови останаа во пристаништето, а железничкиот сообраќај беше запрен откако работниците утрово ја напуштија работата во знак на протест против планираните реформи на трудовото право, кои вклучуваат продолжување на работното време на 13 часа во приватниот сектор. Штрајкот, втор овој месец од најголемите синдикати во јавниот и приватниот сектор во Грција, беше темпиран да се совпадне со парламентарната дебата и гласање оваа недела за ...
Хамас ги врати телата на уште четири израелски заложници, потврди израелската војска (ИДФ). Телата се идентификуваат, а останките беа собрани во ковчези од страна на членови на Црвениот крст и предадени на израелската армија вчера вечерта. Размената се случи откако Израел се закани дека ќе ја ограничи хуманитарната помош за Газа сè додека Хамас не ги врати телата на сите 28 заложници за кои се знае дека се убиени. Палестинската вооружена група ...
Членови на палестинската милитантна група Хамас убија 32 членови на наводна криминална група во Газа во понеделник. Канцеларијата на претседателството на Палестинската самоуправа ги осуди масовните, кратки егзекуции извршени од Хамас, кои беа документирани во Газа во текот на изминатиот ден. Во соопштението се наведува дека станува збор за грозоморни злосторства кои немаат оправдување, објавува „Тајмс оф Израел“. „Овие злосторства ја одразуваат ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во вторникот се закани дека ќе воведе царини за Шпанија поради нејзините ниски трошоци за одбрана, нарекувајќи го одбивањето на Мадрид да ги исполни критериумите на НАТО „неверојатно непочитување“. Овие критики доаѓаат во време на постојаните напори на Вашингтон европските сојузници да преземат поголема одговорност за сопствената безбедност и да станат помалку зависни од американската воена моќ, пишува ...
Почетокот на октомври носи промена на времето низ цела Европа. По период на потопол, западен воздушен тек, воспоставувањето на блокирачки антициклон на северот од континентот го отвора патот за ладни воздушни маси од исток. Како резултат на тоа, поголемиот дел од Европа се подготвува за првиот значаен студен фронт на есента оваа недела, пишува Severe Weather Europe. Невообичаено силен студен продор се развива од средината на неделата, поттикнат ...
Градоначалникот и кандидат за нов мандат во Општина Центар, Горан Герасимовски, во разговор со Савка Тодоровска, борец за женски права и претседател на Националниот совет за родова рамноправност, истакна дека локалната самоуправа и во наредниот период активно ќе ги поддржува сите проекти посветени на родовата еднаквост и положбата на жените. Општина Центар, во соработка со Националниот совет за родова рамноправност, во изминативе години ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денес оствари средби со продавачи и купувачи на пазарот во Радишани. Во отворен разговор, жителите посочија конкретни потреби: почист и поорганизиран пазар, подобро осветлување, повеќе корпи за отпад, регулиран паркинг и редовна контрола на хигиената. „Енергијата и идеите на луѓето од Радишани се јасен сигнал што треба да се направи веднаш. Како градоначалничка ќе воспоставам јасен ...
Кандидатката за градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на денеска истакна дека во рамки на својата програма предвидува зелен развој и обновување на јавните површини низ сите скопски општини. „Локациите се веќе мапирани – дел ќе бидат нови зелени површини, а дел реконструкции на паркови што се во лоша состојба” -рече Шукова. Таа посочи дека покрај парковите, ќе бидат засадени и 10.000 нови дрвја, меѓу кои и овошни садници, како дел од ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска на прес-конференција зборуваше за проблемот со недостиг на вода во повеќе делови од Скопје, особено во повисоките зони. Таа посочи дека загубите на питка вода во системот се алармантни и дека потребен е сериозен, системски пристап. „Проценките се дека околу 60 проценти од питката вода се губи во системот за водоснабдување. Дел од загубите доаѓаат поради застарената ...
На денешната прес конференција претседателот на СДСМ Венко Филипче рече дека државата е во сериозна економска криза поради погрешните политики на власта. Тој зборувајќи за долговите рече дека странските инвестиции исчезнуваат. „И додека долговите се трупаат, странските инвестиции моторот на секоја здрава економија исчезнуваат. Во 2024 година, Владата што ја предводеше СДСМ остави повеќе од една милијарда евра странски директни инвестиции. А што ...
ПРЕС НА ВМРО ДПМНЕ: Почитувани, Во медиумите излегоа аудио снимки од кои се слуша како Фатмир Дехари наместо да биде градоначалник и да ја користи општина Кичево за добробит на граѓаните, тој сексуално ги малтретира и се изживува врз вработените. Овие снимки се скандалозни, а односот на Дехари на нив понижувачки за секоја жена. Ова не е само навреда кон жените во општина Кичево, туку и кон сите жени во Македонија – без разлика дали се Албанки, ...
На 14.10.2025 во 12:10 часот во Полициското одделение Петровец, 37-годишна жена од населено место во општина Илинден пријави дека на 15.09.2025 после 00:30 часот едно лице – такси возач не ја однел до неjзиниот дом, по што ја допирал по телото, а откако му се спротивставила, прекинал и ја однел до домот, објави МВР. Како што е пријавено, таа настанот го пријавила и во правното лице-такси компанија и лицето-возач бил отпуштен од работа. Се работи ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска на прес-конференција истакна дека Бутел и граѓаните на Скопје одамна чекаат вистинска промена. „Во срцето на Скопје, Бутел одамна чека на вистинска промена. Нови улици, чисти паркови, поврзани населби и пред сè, општина што ги слуша граѓаните,“ изјави Шукова. Знам дека луѓето во Бутел се уморни од празни ветувања, истакна Шукова. Таа најави инвестиции во инфраструктурата, ...
Од Владата имаме директна подршка за општина Гостивар од некаде 540 милиони денари или над 9 милиони евра за улици во општината во рамки на двата повици, истакна потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Гостивар. Тој заедно со министерот за здравство Азир Алиу извршија увид во инфраструктурни проекти што се реализираат со подршка на Владата. “Драго ми е што проектот за подршка на локaлната самоуправа се ...
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека, согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2025 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија на 28 март 2025 година и објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година. Со ...
Денеска во Полициското одделение Шуто Оризари беше отворена новата канцеларија за управни работи на Министерството за внатрешни работи, на настан на кој присуствуваше помошник министерот за граѓански работи Јован Алтанџиев. Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 25 000 жители на Општина Шуто Оризари ќе можат во рамки на својата општина да поднесуваат барања и да ги подигнуваат готовите лични документи – лични карти, пасоши и возачки ...
„И во следниот мандат, граѓанскиот сектор ќе биде активно вклучен во работата и креирањето на политиките на Општината. Работиме транспарентно и инклузивно за Центар што го сакаме,“ истакна градоначалникот на Општина Центар и кандидат за нов мандат, Горан Герасимовски. Тој нагласи дека граѓанскиот сектор е стратешки партнер на Општината , од подготовка на буџетот до реализација на проекти и услуги за граѓаните. „Буџетот секоја година го носиме ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче на денешната прес конференција изнесе алармантни податоци за состојбата на буџетот. До крајот на 2025 година според статистичките бројки во буџетот ќе недостигаат 1,4 милијарди евра. „Се наоѓаме на само 75 дена пред крајот на 2025 година, а буџетската рамка, која е дефинирана од приходите и расходите во буџетот, покажува загрижувачка слика: Имено до денес, приходите се реализирани со 70,78% или 256,5 милијарди ...
Како што соопшти МВР, вчера во 19:05 часот на магистралниот пат Радовиш- Струмица, во близина на крстосница за село Воиславци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Радовиш го лишија од слобода лице(23) од Радовиш. МВР информира дека околу 18:40 часот на наведената локација, тој со патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во банкина покрај патот, а при преземање мерки полициските службеници ...
Кривична пријава за сторено кривично дело „царинска измама“ со увози на додатоци за исхрана е поднесена за увозник, шпедиции и лиценцирани застапници кои со ваквото дело го оштетиле Буџетот на државата за 622.492 денари. Станува збор за увози извршени во периодот од октомври 2022 година до мај 2023 година, за кои осомничените – шпедиции и лиценцирани застапници, во договор со увозникот, стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со ...
Како што соопшти полицијата вчера во 16:50 часот на патарина „Петровец“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода М.А.(28) од Босна и Херцеговина поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по член 268 од Кривичниот законик. Имено, тој на патарината поминал со товарно возило со босански национални ознаки и притоа платил со банкнота од 10 евра за која вработениот се посомневал дека е фалсификувана. Од МВР соопштијад ека ...
Две фотографии објавени на социјалните мрежи ја разбрануваа политичката сцена во Македонија, пишува Рацин.мк. Некогашната икона на СДСМ, Бранко Црвенковски во Охрид е фотографиран во друштво на видни вмровци и „знамовци“ на неколку дена пред првиот круг од локалните избори. На првата фотографија Црвенковски е фотографиран како на иста маса седи со актуелниот градоначалник Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, но и Саше Доневски пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, ...
Вчера, на 14.10.2025 година, со почеток во 17:30 часот, во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, се одржа втората седница на Универзитетското студентско собрание (УСС УКИМ), на која беше спроведен изборот за нов претседател на Универзитетското студентско собрание. За претседателка на УСС УКИМ е избрана Ангела Василевска, студентка на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), трета ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска – 15 октомври 2025 година, среда, во 16:30 часот ќе ја прими претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лaјен. Фон дер Лајен во Скопје ќе пристигне од Приштина, што е последната етапа од нејзината турнеја низ Западниот Балкан по посетата на Тирана, Тиват, Сараево и Белград. Брисел претходно најави дека претседателката на ЕК ја реализира посетата на регионот за да ја повтори својата ...