76-годишен маж од областа Виченца во Италија се преправал дека е целосно слеп повеќе од 50 години за да добие надомест за инвалидитет, измамувајќи ја државата за повеќе од еден милион евра. Измамата е откриена кога финансиската полиција го снимила како извршува секојдневни задачи без никакви проблеми, како што се градинарство и пазарување на пазарот, објавува „Кориере дел Венето“. На снимката објавена од финансиската полиција, човекот е снимен ...

Американска истражна агенција утврди дека подморницата „Титан“ на компанијата „Оушенгејт“, која имплодираше за време на нуркањето кај олупината на бродот „Титаник“ во јуни 2023 година, беше уништена поради низа сериозни недостатоци во дизајнот и тестирањето, објави Би-би-си. Во несреќата загинаа сите пет лица на бродот, вклучувајќи го и директорот на „Оушенгејт“, Стоктон Раш. Според извештајот на Националниот одбор за безбедност на сообраќајот ...

Доналд Трамп повторно се обидува да ги комбинира дипломатијата и политиката на моќ – овој пат помеѓу Москва и Киев. Само неколку часа пред планираната средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот претседател му се јави на Владимир Путин, што предизвика загриженост и сомнеж во Киев за американските намери. Трамп му рече на Путин дека наскоро ќе следи состанок на високи американски и руски претставници, по што ќе следи нова ...

Украинското воено разузнавање (ХУР) објави дека најмалку 1.076 кубански државјани се бореле или сè уште се борат на страната на Русија во Украина, објави „Киев Индепендент“. Од тој број, за 96 се знае дека загинале или исчезнале во акција. Бројките доаѓаат кратко откако САД објавија декласифициран меморандум за кубанската поддршка за руската инвазија, во кој се наведува дека „се проценува дека од 1.000 до 5.000 Кубанци се борат во Украина“. ...

„Имаме најдобри градинки, и не само новата градинка „Пролет“, туку и сите останати градинки се со најдобри услови. Скоро сите се реконструирани изминатите години. Цената е 1490 денари, имаме доволни капацитети, но планираме уште една нова градинка која веќе е вметната во новиот ДУП кај Клинички Центар и е ставена во новата програма“. Ова го потенцираше кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен татко на општината Горан Герасимовски ...

Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи вчера попладне на Јадранската магистрала во близина на Сењ. Патничко возило со загрепски регистарски таблички излета во морето кај населбата Буница, потврди тамошната полициска управа. Несреќата се случила кратко по 16:30 часот. Итни служби веднаш беа испратени на местото на настанот, а во потрагата беа вклучени и нуркачи од Хрватската планинска служба за спасување од Госпиќ. По ...

Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, беше гостин во емисијата ,,24 Анализа“ на телевизија 24. Лефков зборуваше на темата за претстојните локални избори во земјава, и истакна дека сега, локалните самоуправи имаат поддршка од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од претходно кога власта на СДС и ДУИ работеше на принципот ‘како до сега’, а според него, капиталните инвестиции се вадеа од ракав. Лефков ја наведе излезноста на локалните ...

Лишен од слобода турски државјанин на Граничен премин Табановце, кај него е пронајдена марихуана, следува соодветна пријава На 16.10.2025 во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода А.Х.(27) од Република Турција. При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка. Лицето е задржано во полициска ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонски грип. -Денес сум во мојот роден Гостивар, каде се вакцинирав и преку личен пример сакам да ја истакнам важноста од навремената вакцинација, како најефикасна превентивна мерка за заштита на здравјето. Апелирам граѓаните навреме да се заштитат од сезонскиот грип, посебно ги повикувам лицата, кои спаѓаат во ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ Горан Герасимовски, во гостувањето во емисијата „Клик Плус“ на телевизија 21 информираше дека сите зелени површини на територија на Центар се евидентирани во ГИС порталот, кадешто има над 10.000 садници. „Имаме ГИС портал кадешто во моментов се детектираат сите зелени површини во градот. Имаме над 10.000 садници коишто се со слика. Може да го отворите порталот, јавно достапен е, ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Чучер Сандево порача дека Саша Комненовиќ е еден од најуспешните градоначалници насекаде низ државата. „Чучер Сандево изминатите четири години, под раководство на Саша Комненовиќ, е доказ дека може општината да биде успешна приказна кога има визија, посветеност и кога се реализираат проекти. Го слушнавме предмалку другарот Саша со бројки и реализирани проекти и ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека САД го одложиле воведувањето санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за осум дена со цел, како што рече, „за да покажат почит кон Србија“. „Им благодарам, сакаа да покажат почит, да ни кажат дека нè слушаат и ја разбираат нашата позиција. Благодарам за тоа, но дали добивме нешто суштинско? За седум дена ќе го имаме истото прашање, а јас сè уште нема да го имам одговорот“, рече ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во поткастот „Проверитас“, истакна дека очекува убедлива историска победа на кандидатите за градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а бројката смета дека ќе биде меѓу 40-50 градоначалници и Град Скопје. „Очекувам убедлива победа повторно на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Очекувам минимум помеѓу 45-50 градоначалника плус главниот град Скопје. Сега имавме точно 42. ...

Овие избори се, всушност, токму тоа, да се одбере вистинската страна, да се направи вистинскиот избор кој ќе донесе ред, работа и проекти. Ова се избори за вашето маало, вашата улица, на кои се избира твојот човек, но и избори со кои се праќа порака до политичарите кои како сидро премногу долго ја влечеа надолу државата, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Гази Баба, во рамки на изборната кампањата ...

Министерството за внатрешни работи во пресрет на „Локални избори 2025“ континуирано презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. Согласно направените проценки и воспоставените планови на денот на изборите полициските службеници ќе бидат присутни во близина на локациите на избирачките места, како и на клучните сообраќајни точки, со цел зголемена ефикасност и навремено ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во четвртокот го прими грчкиот професор Јанис Армаколас, директор на Програмата за Југоисточна Европа во Грчката фондација за европска и надворешна политика (ЕЛИАМЕП) и на иницијативата „Тhink nea – Нови наративи за интеграција во ЕУ“. Професорот Армаколас ја запозна претседателката со нивната истражувачка работа којашто е фокусирана на проширувањето на Европската Унија. Сиљановска-Давкова и Армаколас ...

На 16.10.2025 година полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода лице(32) од с.Брест, скопско под сомнение за сторено кривично дело согласно член 278 од Кривичниот законик на Р.С.Македонија. Имено, при преглед на товарно моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки кое приведениот го управувал била констатирана поголема количина на прехранбени производи и филтри за цигари со неутврдена количина и без соодветна документација. ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во вечерашното гостување на Сител Телевизија рече дека верува дека е препознаен позитивниот и искрен пристап и квалитет на кандидатите за градоначалници и советници на СДСМ низ општините по што верува дека на 19 октомври граѓаните ќе го направат вистинскиот избор кој ќе донесе напредок во државата. „Мислам дека направивме една прилична, чесна, искрена кампања, собравме огромен број на граѓани. Верувам ...

„На овие избори изберете пред сè луѓе кои сакате да ве претставуваат. Изберете ги оние кои се докажани, чесни, кои ќе го исполнат ветеното и кои ќе ви служат пред сè вам, граѓаните,“ порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, од трибината во Бутел. Тој истакна дека најголемата сила на СДСМ на овие избори се луѓето што ги предлага, кандидати и кандидатки со интегритет и кредибилитет. „Јас знам дека Оливера за Бутел и Каја за Скопје се ...

Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со заменик министерот Јовица Андовски, денеска ја посетија Општата болница во Прилеп по повод промоција на нова медицинска опрема, во вредност над 50 милиони денари. – Со новата медицинска опрема се зајакнуваат капацитетите на оваа јавна здравствена установа. Поголем дел од опремата е наменет за одделението за гинекологија и акушерство и опфаќа современи апарати и нови гинеколошки столови, со што се ...

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги известува радиодифузерите дека изборната кампања за првиот круг од Локалните избори трае до 24:00 часот на 17 октомври 2025 година. Од 18 октомври заклучно со 19:00 часот на 19 октомври важат правилата за изборен молк. За време на молкот, медиумите продолжуваат да известуваат за изборниот процес, но престануваат сите облици на изборно медиумско претставување, на учесниците во изборната ...

Соопштение на Левица: Антифашистичкиот фронт на жени на Левица, АФЖ – Левица, остро реагира на алармантната состојба со која се соочуваат децата со ретки болести и хронични респираторни состојби, особено асматичарите, чии права системски се газат веќе три години. Сведочиме на крајно нечовечко и опасно практикување на социјалната и здравствена заштита: наместо лекарски комисии составени од педијатри, пулмолози и други стручни лица, одлуките за ...

Соопштение на Левица: 750.000 евра ја чини општината плочникот позади „Капитол“, платен со унгарскиот кредит, за кој народот ќе плаќа плус и камати! Реалната вредност на проектот е најмалку три пати пониска! Ова не е инвестиција. Ова е мачкање очи на жителите и перење пари пред избори! Левица ќе стави крај на ваквите тендер шеми во Аеродром! По преземање на општината: Ќе направиме ревизија на сите тендери. Ќе следат кривични пријави за секој ...

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, во интервју за емисијата „360 степени“ истакна дека најголем приоритет во нејзината програма е воспоставувањето на БРТ-системот – брз и еколошки јавен превоз што ќе го реши сообраќајниот метеж и загадувањето во главниот град. „Скопје мора да има јавен превоз кој навистина функционира. Проектот за БРТ е подготвен, средствата се обезбедени и првата линија, од Ѓорче Петров до Аеродром, ...

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, синоќа се сретна со граѓаните на Шуто Оризари, каде што порача дека оваа општина е симбол на различност, но и на заедништво и солидарност. ,,Без разлика на вера, пол или националност сите сме еднакви и мора во овој град да има можности подеднакво за сите”. порача Шукова Таа нагласи дека визијата „Скопје за сите“ значи град без поделби и нееднаквости: „Сакаме Скопје во кое нема ...

„Во недела излезете масовно на гласање и осигурајте се дека иднината на општините, на државата, е сигурна, со луѓето што работат чесно, се грижат за секого и градат за сите и во секое населено место“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од трибината во општина Чучер Сандево. Тој истакна дека борбата на СДСМ е многу повеќе од политичка, тоа е борба за достоинство, правда и за враќање на државата во рацете на народот. „Тоа што вечерва сме ...

Шукова: Време е за резултати уреден Бутел, нови паркови, подобар превоз и вода за сите Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, вечерва одржа митинг во Бутел, каде пред жителите порача дека Скопје мора да се гради со дела, а не со празни зборови. „Вечерва не сум тука само како кандидатка за градоначалничка на Скопје. Тука сум, пред сè, како човек што верува во овој град и во луѓето што го прават Бутел дом,“ изјави ...

Претседателот на СДСМ Венко Филипче синоќа од граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ од Чучер Сандево испрати порака дека на изборите се враќа силата на народот, преку одлука која гарантира напредок и сигурна иднина, се враќа и СДСМ. „Ситно броиме до нова победа во Чучер Сандево! За три дена, обединети во борбата за нашиот дом, во надежта за подобра иднина и љубовта кон татковината да испратиме јасна порака: Се враќа силата на народот, ...

„Граѓаните пред 4 години поверуваа во лажниот маркетинг за подобар живот. Очекуваа подобар живот, а добија влада што живее во луксуз и во лажен маркетинг, далеку од народот. “, рече синоќа од Чучер Сандево претседателот на СДСМ Венко Филипче. Тој на граѓанската трибина „Се боиме за нашиот дом“ рече дека наместо граѓаните да имаат повисоки плати и повеќе удобности тие бројат денови до следната плата. „Пензионерите ги излажаа со формули и ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во „Тема на денот“, на телевизија Сител, посочи дека инструментите за ресет на било кој систем се во рацете на владата и на премиерот, а премиерот Мицкоски ништо нема да направено по тој основ. „Што направи премиерот за да го направи така наречениот ресет и што за него подразбира ресет во системот. Како и во секоја сфера? Има и чесни ...

Повик

2 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

2ᴼ / 0ᴼ
2.06
93%
1028
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
94%
1027
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
0.67
66%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
0.77
75%
1029
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
97%
1027
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.79
84%
1028
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1029
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
87%
1029
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
5.14
100%
1027
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 3ᴼ
0.45
95%
1027
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 6ᴼ
3.09
81%
1029
Currency

61.5517

Currency

52.5497

Currency

70.0141

Currency

34.7579

Currency

38.0952

Currency

65.9222

Currency

7.45972

Currency

0.65322

Currency

0.33776

Currency

0.52399

Currency

1.22957

Currency

0.57975

Родиум

258009.74

Паладиум

52470.02

Злато

139470.53

Сребро

2128.87

Алуминиум

2.90

Рутениум

29192.88

Калај

42.35

Платина

61733.50

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60

Бакар

10.93

Цинк

3.03