Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата од ИПАРД програмата – инструментот на ЕУ за претпристапна помош за рурален развој, соопшти Министерството за финансии. Оттука објаснија дека одлука следи по актуелните случувања со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој. „За ваквата одлука истиот ден е известена Европската ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Н.А., вработен во Полициската станица од општа надлежност Аеродром при СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“, предвидено и казниво по член 236 став 4 во врска со став 1 точка 1 и член 22 „соизвршителство“ ...
Повеќе од 46 отсто од младите во Македонија не веруваат дека земјата ќе стане членка на Европската унија, покажува новиот извештај „Спавување со евроскептицизмот кај младите на Западен Балкан: Случајот на Северна Македонија“, подготвен од Институтот за добро владеење и евроатлантски перспективи (Institute for Good Governance and Euro-Atlantic Perspectives) во соработка со Фондацијата „Фридрих Науман за слобода“ (Friedrich Naumann Foundation ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ, како реакција на прес конференцијата на СДСМ: Љупчо Путер Николовски, кој во својата кариера остана запаметен по гломазно презентираната акција за заплена на стотина килограми путер, не е релевантен да зборува на ниту една тема, особено не на тема корупција. Сега, за разлика од времето на СДС одговорност има за секој сторен криминал. Одговорноста во случајот со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието е брза ...
Како што соопшти МВР, ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против В.Д.(48) од Кавадарци поради постоење на основано сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата” и „затајување”. Според МВР,пријавената В.Д., вработена како благајник во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци, во периодот од 22.09.2025 до 31.10.2025 одзела 568.684 денари од претпријатието. Полицијата ...
Осврнувајќи се на начинот на владеење на македонската влада и нејзините капацитети, професорот Љубомир Фрчковски во емисијата во Центар оцени дека за разлика од Македонија, Албанија е далеку повеќе посветена на евроинтеграцијата „Еди Рама е за нив академик во политиката. Има еден став, нека го земат последниот став, „ќе направиме се, да седнеме рамноправно на масата на ЕУ’“.Тоа е политика која Мицкоски треба да ја подели исто така заедно со ...
Невладиниот сектор е она што ги одржува „меурите“ на слободата и ним мора да им се помогне, оцени професорот Љубомир Фрчкоски во интервју во емисијата „Во центар“ „НВО секторот мора да биде жилав и да се обиде да се снајде сам, но тоа многу тешко да се направи. Тоа не е лесно, апсолутно херои се тие што го прават тоа што успеваат да се соживеат, респект мора да има. И не е лошо да им се помогне. Ова што ние зборуваме, со што се изложуваме на ...
Вчера, во Скопје се одржа петтиот Социо-еколошки форум во организација на Фондација Фридрих Еберт со канцеларија во Скопје и Прогрес Институт за социјална демократија. Форумот, почна со едукативна прошетка низ централното градско подрачје, каде што преку приказни, набљудување и заеднички дискусии се истражуваше јавниот простор. Преку оваа активност, граѓаните го искажуваа своето размислување. Тие велат дека сакаат простор што подеднакво им ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска оствари средба со Фаисал Гази Исмаил Хифзи, нерезидентен амбасадор на Кралството Саудиска Арабија за Република Северна Македонија. Претседателот Гаши потенцираше дека особено ја цени улогата на парламентарната дипломатија, клучен механизам за продлабочување на билатералните односи и затоа ја реафирмираше потребата од поблиска соработка меѓу Собранието на Република Северна Македонија и ...
Денес, Апелацискиот суд во Париз ќе го разгледа барањето на поранешниот француски претседател на таа земја, Николас Саркози, кој издржува затворска казна во затворот „Ла Санте“ во Париз, јавува телевизијата БФМ. Саркози ќе биде сослушан преку видеообраќање, а постои можност да биде застапуван од неговите адвокати, кои најавија дека ќе тврдат на суд дека седумте критериуми за неговото затворање може лесно да се исполнат ако биде ослободен под ...
Сирискиот претседател Ахмед ал-Шара денес ќе се сретне со Доналд Трамп во Белата куќа во историска прва официјална посета на сириски лидер откога земјата стекна независност во 1946 година. Се очекува тој да побара целосно укинување на преостанатите санкции воведени врз неговата земја, разурната од војна, објавува „Гардијан“. Ахмед ал-Шаара, чии исламистички бунтовнички сили го соборија долгогодишниот владетел Башар ал-Асад кон крајот на ...
Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, денес изјави дека не гледа никаква улога за Обединетите нации во решавањето на украинската криза. „Мислам дека одговорот е не“, рече Небензја како одговор на прашањето на РИА Новости дали ОН ќе игра каква било улога во украинското решение. Небензја рече дека генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и „неговите соработници во форма на портпароли и други службени ...
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на маргините на 30-тата Конференција на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP-30) во Бразил, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на извори од Брисел. Европската комисија објави дека состанокот не се одржал „поради причини поврзани со распоредот“, но лондонскиот весник наведе дека ...
Ефектите од климатските промени веќе принудија милиони луѓе ширум светот да ги напуштат своите домови, според податоците објавени од агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР) пред 30-тата годишна Конференција на ОН за климатски промени, која започнува денес во Бразил. „Во текот на изминатата деценија, катастрофите поврзани со временските услови внатрешно раселиле 250 милиони луѓе, или повеќе од 67.000 луѓе дневно“, се вели во извештајот на ...
Русија веќе е во војна со Европа и „далеку порафинирана од претходно“, вели полскиот премиер Доналд Туск. „Испраќањето мамки-дронови е исто така чин на непријателство, односно чин на агресија. Војната што Русија ја води против нас е многу пософистицирана од претходно. Виктор Орбан вели дека Туск сака војна, но таа војна веќе е во тек“, рече Туск во интервју за полскиот весник „Газета Виборча“. Тој предупреди дека руските напади во Европа ќе ...
Телото на докторката што исчезна од болница во Унгарија пред една недела беше пронајдено утрово. Д-р Антонија Кет, истакнат оториноларинголог, исчезна неколку часа по операцијата на ‘рбетот, а болницата почна внатрешна истрага за да утврди како пациентот можел да го напушти одделението незабележано. Смртта на докторката ја шокира јавноста и иницира многубројни прашања за човековата одговорност, за системот и за неуспесите што можеа да доведат ...
Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, министерот Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски денеска (10 ноември) на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ се обратија пред новата класа од 31 питомец и 28 слушатели на курсот за офицери кои дадоа свечена заклетва, со што и официјално го започнаа своето воено образование. Претседателката Сиљановска – Давкова порача дека питомците стапуваат во ...
Судскиот систем страда заради одредени поединци, кои постојано уверуваат дека системот функционира, а ваквата приказна се споделуваат во јавноста 25 години, вели во својата колумна јавниот обвинител Мустафа Хајрулахи. Во својата колумна се осврнува за состојбите во судската власт, за што како што наведува се нотира во последниот извештај на Европската комисија, каде што се нотира поразителна состојба во борбата против корупцијата и лошата ...
Соопштение на СДСМ: Додека државата тоне во скандали, додека заради корупција се губат стотици милиони евра од ЕУ, а граѓаните имаат се помалку пари, ВМРО-ДПМНЕ измислува приказни за СДСМ. Само за да го одвлече вниманието од сопствените проблеми. Очигледно е дека кога во Владата владеат криминал и неспособност единственото што им останува е да зборуваат за Венко Филипче и за СДСМ. Ова се очајнички обиди на ВМРО-ДПМНЕ да го сокријат фактот ...
На денешната панел-дискусија во Стопанската комора на тема „Планот за раст за Западен Балкан и националната Реформска агенда – зошто се важни за бизнис секторот?“, Министерството за дигитална трансформација беше истакнато како институција што ја предводи реализацијата на клучните реформски чекори нотирани во годинешниот Европски извештај за напредокот на државата. Во своето обраќање, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ...
На 09.11.2025 во 23:40 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа лице(28) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 09.11.2025 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа лице (24) од Скопје, затоа што ...
– На денешната прес-конференција сакам да ја информирам јавноста дека информациите коишто ги споделив со вас за можната суспензија на ИПАРД 3 програмата се покажаа како точни, изјави Љупчо Николовски од СДСМ на прес кој го пренесуваме интегрално: Во петокот околу 16 часот, од страна на националниот координатор за авторизација преку механизмот за суспендирање на плаќања, е донесена и дистрибуирана до македонските власти одлука за суспендирање ...
– Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата на албански јазик на градоначалникот на Тетово, Билал Касами, со новинарите од медиумите на албански јазик. Наместо да се чувствува лошо што г-дин Касами зборува македонски како и албански, додека таа – и покрај тоа што живее во повеќејазична средина – не знае ниту еден збор на албански јазик, ...
На 09.11.2025 околу 15:10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на локалниот пат с.Гургурница-с.Стенче, тетовско, маж(48) од с.Челопек, тетовско, управувајќи четирицикл „поларис“ со швајцарски национални ознаки изгубил контрола и се превртел на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово. Оваа статија има 525 прегледи Оваа статија има ...
На 09.11.2025 во 12:30 часот во СВР Скопје, 38-годишна жена од Скопје пријави дека на 08.11.2025 околу 00:30 часот била физички нападната од нејзиниот 45-годишен партнер во неговиот дом во скопско, кој употребил и тврд предмет и ѝ се заканувал со огнено оружје. Исто така, во 15:50 часот во СВР Скопје, 45-годишниот маж пријави дека на 08.11.2025 во неговиот дом бил физички нападнат од неговата 38-годишна партнерка, којa фрлала разни предмети ...
ОВР Кратово поднесе кривична пријава против Е.М.(38) од Кратово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие”. На 03.10.2025 во Кратово, пријавената со дрвен предмет се обидела да нападне вработено лице во Јавна установа „Центар за социјални работи”- Кратово, а упатувала и закани кон други вработени во установата, додека извршувале работни задачи. Оваа статија има 330 ...
На 09.11.2025 во 18:15 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионалниот пат Струга-Дебар, кај место викано „Лабунишки ливади“, патничко возило „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ч.(76) од Струга, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Струга. Оваа статија има 329 ...
Науката во Македонија се актуелизира не само како тема за дискусија, туку и како поле на делување. Ова го потврдува и последниот извештај на Европската комисија за напредокот на државата во областа на науката, а претставува резултат на ефективни национални политики и на значително зголемениот буџет за поддршка на научно – истражувачката дејност. Од 380 милиони денари во 2024 година на 680 милиони денари во 2025 година, а за следната 2026 ...
Комисијата за историски прашања со РСМ е еден вид алиби за моментално многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, оценува Ангел Димитров, копретседател на Заедничката експертска комисија за историски прашања во изјава за бугарски медиуми. На прашањето до каде е дојдена комисијата, Димитров одговори: „Најкраткиот одговор е никаде, бидејќи по 8 години работа, 38 состаноци, сè уште сме на учебникот за 7-мо одделение, а ...
Денеска (10.11.2025 година) државниот секретар Сашо Петрушевски одржа работен состанок со г-ѓа Мелита Груевска – Грахам, специјалниот претставник на Меѓународниот центар за развој на миграциската политика – ИЦМПД за Западен Балкан. На состанокот присуствуваа и учествуваа претставници од надлежните служби на Министерството за внатрешни работи и други претставници на ИЦМПД. На средбата се дискутираше за тековните и идните можности за ...