Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство Шведска – Северна Македонија на шведскиот Риксдаг, предводена од претседателката на Групата, Лота Џонсон Форнарве. На средбата присуствуваше шведскиот амбасадор во нашата земја, Ола Солстром, како и претседателката на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, Дафина Стојаноска. ...
Вчера (06.11.2025) во попладневните часови полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК и истражителите од Истражниот центар на ОЈО ГОКК лишија од слобода пет лица поради постоење на основано сомнение дека првоосомничениот Џ.Н.(77) сторил продолжено кривично дело „давање поткуп“ и кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“, додека три лица ...
Заменик претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, оствари средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерацијата во Република Северна Македонија, Н.Е. Кристоф Сомер. Потпретседателот на Владата, г. Фетаи, го информираше новиот амбасадор за работата на неговиот Кабинет, притоа посакувајќи му топло добредојде и изразувајќи желба за продолжување на соработката, истакнувајќи ја одличната соработка со досегашната ...
Како што соопшти полицијата во атар на селото Преглово, општина Пласница, полициски службеници од ОВР Македонски Брод лишија од слобода две лица на возраст од 27 и 64 години. Полициските службеници затекнале патничко возило „опел” без регистарски ознаки, управувано од 27 годишното лице, а сопатник бил 64 годишното лице, кое било натоварено со нежигосани огревни дрва, моторна пила и секири. Дрвната маса е предадена на шумска полиција за ...
СВР Охрид ја известува јавноста дека деновиве, повторно зачестија случаи кога, засега непознати лица, преку телефонски јавувања на нивните фиксни или мобилни телефони, се обидуваат да ги измамат граѓаните, претставувајќи се како полициски инспектори. Притоа, тие им кажуваат дека членови на нивните семејства направиле сообраќајни незгоди и дека треба итно да дадат пари за наводна помош при понатамошната постапка за членот на нивното семејство ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги прими лидерите на 5 централноазиски земји во Белата куќа. Американскиот лидер ги идентификуваше критичните ретки земни елементи како клучен приоритет и ги истакна напорите на неговата администрација за обезбедување синџири на снабдување преку нови глобални договори. На средбата со Доналд Трамп присуствуваа лидерите на Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан. ...
Во четвртокот вечерта, во еден турски ресторан во виенската населба Отакринг, дошло до крвава пресметка во која е убиен еден маж, а друг е тешко повреден и се бори за живот. Како што пренесува австрискиот весник „Кронен цајтунг“, по расправија меѓу неколку лица, еден од нив извадил пиштол и испукал неколку куршуми кон двајца мажи. Жртвите, двајца мажи со чеченско потекло, биле погодени од повеќе истрели – едниот починал на самото место, ...
Денеска, Центар одбележува 49 години од формирањето на општината. Градоначалникот Горан Герасимовски, упатува искрени честитки до сите центарци по повод 3 Ноември, Денот на општината. Тој, порачува дека овој ден е потсетник на историјата, на традицијата и на визијата која нѐ обединува во градење модерна, хумана и просперитетна заедница. „Горди сме што заедно со граѓаните го обликуваме развојот на Центар. Со заедничка посветеност реализираме ...
На 06.11.2025 година во 18.30 часот, при контрола на граничниот појас кај месноста „Спаски дол“ во близина на Дебар, полициски службеници од полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Блато“, пресретнала група од шест лица кои илегално ја преминале македонско-албанската државна граница и вршеле криумчарење на четири телиња кои ги воделе со нив. Кога ја забележале полициската патрола, лицата се разбегале назад кон албанската ...
Вчера (06.11.2025) во попладневните часови полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК и истражителите од Истражниот центар на ОЈО ГОКК лишија од слобода пет лица поради постоење на основано сомнение дека првоосомничениот Џ.Н.(77) сторил продолжено кривично дело „давање поткуп“ и кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“, додека три лица ...
Соопштение на СДСМ: Инфлацијата повторно расте и во октомври достигна 4,5 проценти, спротивно на владините уверувања дека ќе се намали и под 3%. Овој пораст е јасен показател дека економските политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ се целосно промашени и без никаков резултат. Инфлацијата го јаде стандардот на граѓаните, ги јаде платите кои не се покачуваат туку стагнираат, цените на храната и основните производи растат, сметките се повисоки, ...
Прес конференција на СДСМ, Александар Димитриевски, Комисија за земјоделство: Почитувани граѓани, почитувани медиуми, Директоот на Платежната агенција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ и човек поставен од министерот Цветан Трипуновски е фатен во скандал со мито. Ова е уште една потврда дека корупцијата во земјоделието цвета, дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството била дувлно на злоупотреби на парите за земјоделците од ИПАРД ...
Вчера во попладневните часови под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар на ОЈО ГОКК и полициски службеници од ОСОСК реализираа акција во која беа лишени од слобода пет лица. Поради постоење на основано сомнение дека првосомничениот сторил продолжено кривично дело Давање поткуп и кривично дело Давање награда за противзаконито влијание, додека три лица како посредници сториле кривично дело Примање ...
На 06.11.2025 во 11:54 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Лавчански пат”во Битола се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд”со битолски регистарски ознаки, управувано од П.Т.(53) од Битола и мотоцикл „бмв”, управуван од В.С.(45) од Битола. По несреќата, возачот на мотоциклот со возило на Итна медицинска помош Битола бил пренесен во Клиничка болница Битола, каде од страна на доктор констатирани му биле тешки телесни ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице (48) од селото Подмоље, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по чл.215 и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по чл.396 од Кривичниот законик. На 30.10.2025 при претрес во неговиот дом, извршен по ...
На 06.11.2025 во 09:20 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Н.С.(59) и неговиот син Р.С.(34) од Кавадарци, поради сомнение за сторено кривично дело „лихварство“ по член 260 од КЗ. Според пријавеното, во јуни 2023, 71-годишен маж од Неготино од нив позајмил околу 80.000 денари и се договориле да враќа по 20.000 денари неделно, но бидејќи не успеал да го врати земеното, постојано му пресметувале камата ...
На 06.11.2025 во 16:15 часот во Скопје на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода лице(32) од Скопје, по претходна пријава од вработен во угостителски објект дека околу 13:35 часот пријавениот извадил пиштол, го репетирал и им се заканувал на вработените, по што го напуштил објектот. При преглед кај уапсениот биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, таблети и пиштол на ...
Денеска (07.11.2025) во 09:00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на локалниот пат кон село Дреново, кавадаречко, трактор со кавадаречки регистерски ознаки, управуван од С.Д.(53) од село Дреново, излетал надвор од патот, при што С.Д. паднал и бил прегазен од тракторот. Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт. Увид извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци. По наредба на јавен обвинител, телото ...
На 06.11.2025 година во 19:45 часот во ПО Теарце, 54-годишен маж од с.Одри, заедно со неговиот 13-годишен малолетен син, пријавија дека истиот ден околу 18:45 часот, додека неговиот малолетен син бил заедно со неговите другари од селото и седеле во дворот на основното училиште во селото, непознато лице кон нив фрлило тврд предмет и му нанело телесни повреди на неговиот син, констатирани во Клиничка болница Тетово. Се преземаат мерки за ...
На 06.11.2025 година во 13:30 часот во ОВР Гостивар, 64-годишник од Гостивар, пријави дека истиот ден околу 11:30 часот на ул. ,,Мајор Чеде Филиповски“ пред угостителски објект бил измамен од две лица, кои му рекле дека се од Дубаи и побарале од него да видат како изгледаат локалните пари, а при тоа му дале наводно златна нараквица. Оштетениот им дал 150 евра и 3100 денари во разни апоени, по што лицата рекле дека ќе одат да му донесат два ...
„Ние се доведовме до ситуација во 21 век да зборуваме за елементарни работи и навистина сето тоа делува помалку и комично, но кога некои работи треба да се направат, мора да се направат и како што кажа градоначалникот за време на изборната кампања тој вчера во исклучително рекордно време успеа да ги мобилизира сите капацитети. Но, исто така им благодарам и на општествено одговорни компании кои се вклучија во акцијата и мислам дека вчера беше ...
Соопштение на Левица: Последниот случај со апсење на Илија Стоилев, директор на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Свети Николе под сомнение за земање мито само ги потврдува гласините дека за добивање на средства од ИПАРД фондовите се бара поткуп. Стоилев е уапсен во акција што ја водеше Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Неофицијално, акцијата е ...
По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското чистење на главниот град и општината Чаир. Од партијата наведуваат дека акцијата не се однесува само на улиците, туку и на „целиот менталитет што го остави градот во хаос со години“. „Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, ...
Неколку лица се разболеле и биле однесени во болница откако сомнителен пакет со бел прав бил доставен до воздухопловната база „Ендрус“ во американската држава Мериленд, според официјални лица и извори запознаени со истрагата, пренесува CNN. Според соопштението од базата Ендрус, инцидентот се случил кога едно лице го отворило пакетот, што довело до евакуација на две згради и воспоставување безбедносен кордон, пренесува CNN. Тимовите за итна ...
Најновиот кинески носач на авиони „Фуџијан“ официјално е пуштен во служба, што претставува значаен чекор во напорите на Пекинг да ја достигне поморската моќ на САД, јави кинеската државна телевизија CCTV. На церемонијата на островот Хаинан присуствувал и претседателот Шји Џјинпинг, кој симболично го активирал катапултот на палубата. „Фуџијан“ е трет и технолошки најнапреден носач на авиони во кинеската флота, прв опремен со електромагнетни ...
Крадец заспал во стан во рускиот град Благовешченск откако го ограбил. Сопственичката го пронашла во таква состојба откако се вратила дома од работа, објави Одделот на Министерството за внатрешни работи на Амурскиот регион. Жената пријавила во полиција дека, по враќањето од ноќната смена, пронашла непознат маж во својот дом, пренесува РИА Новости. „Се покажа дека крадецот влегол во куќата низ прозорецот во текот на ноќта, со намера да изврши ...
Украина е во преговори за купување ракети „Томахавк“ и друго оружје, изјави украинската амбасадорка во САД, Олга Стефанишина. Нејзината изјава доаѓа во контекст на одбивањето на американскиот претседател Доналд Трамп да му ги предаде ракетите на Киев. Во интервју за Блумберг ТВ, Стефанишина истакна дека дискусиите сè уште се во тек, но украинската страна има повеќе делегации кои работат на обезбедување на потребните финансиски ресурси за ...
Унгарија ќе потпише договор со САД за соработка во областа на нуклеарната енергија вклучувајќи договор за купување американско нуклеарно гориво и американска технологија за складирање потрошено гориво во нуклеарна централа изградена од Русија, изјави денес унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто. Договорот ќе биде потпишан во време кога американскиот претседател Доналд Трамп денес треба да разговара со унгарскиот премиер ...
Неколку десетици лица се повредени и хоспитализирани по експлозија што се случила овој петок за време на молитва во џамија во образовен комплекс во индонезиската престолнина, соопшти полицијата. Властите ја истражуваат причината за експлозијата во Келапа Гадинг, во северниот дел на Џакарта, изјави шефот на полицијата, Асеп Еди Сухер. Во болница се примени 54 лица, пренесе Сухер, додавајќи дека повредите се со разна тежина – од полесни до ...
Дали би сакале да бидете погребани меѓу имиња како Џим Морисон, Оскар Вајлд и Едит Пјаф? На Парижаните им се нуди можност да освојат место за погреб во друштво на некои од легендарните уметници. Градот Париз започна лотарија за реставрација на надгробни споменици во преполните гробишта Пер Лашез, Монпарнас и Монмартр. Десет надгробни споменици на кои им е потребна поправка се нудат на овие гробишта за 4.000 евра по парче, под услов купувачите ...