Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, синоќа беше на терен „од врата до врата“ во Буњаковец, кадешто на центарци им го презентираше отчетот за сработеното во изминатите четири години, но и новата програма за работа која е направена на база на неговите темелни средби со сите граѓани, во секое маало, со секоја целна група – пензионери, млади, родители. Герасимовски, порачува дека од клучните проекти најважен е новиот ...
Кандидатот за втор градоначалнички мандат и актуелен градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, го посети пензионерот Благоја Јошевски, корисник на услугата „Итно копче“. Јошевски, кој живее сам, истакна дека токму оваа услуга му дава сигурност и мир, бидејќи секогаш може да побара помош со едно притискање на копче. Оваа бесплатна услуга, реализирана во соработка со Црвениот крст, во Центар ја користат 23 лица над 65 години, кои живеат ...
Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Општина Центар, вечерва на средбата со граѓани потенцираше дека отчетноста и транспарентноста остануваат темел на неговото работење. „Успесите се заеднички, а обврската за нив е најмногу моја и на мојот тим. И нашите резултати, и нашите обврски, и нашиот Отчет и нашата Програма се јавни, видливи, мерливи. Прецизни, проверени и остварливи. Ова е борба за достоинството, за работливите, за чесните, ...
На денешниот народен митинг во Зелениково во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што кажа дека политичките противници СДС ДУИ и Левица не извлекоа поука од поразот на минатите избори, се нереформирани и заробени во миантото и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата којашто е за развој и ...
Илинден заслужува да се гради, Илинден е пример за брз раст и развој, рече членот на Извршниот комитет Драган Ковачки пред присутните на митингот во општина Илинден. Ковачки порача дека во Илинден локалната власт е со населението, и тоа насекаде во маалата, во селата, во училиштата. „За големи работи потребно е партнерство, визија, лидерство и токму такво лидерство има Илинден во актуелниот и идниот градоначалник Александар Георгиевски. Илинден ...
ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец Велес-Тетово и обратно помеѓу клучките Волково и Кондово е целосно затворен поради изведба на градежни работи и истиот ќе се одвива двонасочно во должина од 300 метри во правецот Тетово-Велес. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од ...
Израел и Хамас се согласија за првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, договор за прекин на огнот и размена на заложници, што би можело да го отвори патот за крај на крвавата двегодишна војна на Блискиот Исток. Само еден ден по втората годишнина од нападот на милитантите на Хамас што го предизвика разорниот напад на Израел врз Газа, индиректните разговори во Египет резултираа со договор за почетната фаза од ...
Светските лидери го поздравија договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, објавен од американскиот претседател Доналд Трамп. Еве како реагираа: Велика Британија „Ова е момент на длабоко олеснување што ќе се почувствува низ целиот свет, но особено за заложниците, нивните семејства и цивилното население во Газа, кои издржаа незамисливо страдање во последните две години“, рече премиерот Кир Стармер, според Британската асоцијација за печат. ...
Израел и Хамас се согласија за првата фаза од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за Газа, договор за прекин на огнот и размена на заложници, што би можел да го отвори патот за крај на крвавата двегодишна војна на Блискиот Исток. Само еден ден по втората годишнина од нападот на милитантите на Хамас што го предизвика разорниот напад на Израел врз Газа, индиректните разговори во Египет резултираа со договор за почетната фаза од ...
По објавувањето на првата фаза од прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас, во Газа владееше огромно чувство на радост и олеснување, но две години немилосрдна војна оставија зад себе сцени на целосно уништување, изјави портпарол на УНИЦЕФ. Зборувајќи од енклавата, тој ја опиша сегашната атмосфера како ден на надеж за Палестинците, објави CNN. Во видео објавено на Инстаграм, Џејмс Елдер од агенцијата на ОН за деца ги сподели своите впечатоци. Кога ...
Огромен пожар избувна во гасна фабрика на „Лукоил“ во јужна Русија по напад со беспилотни летала, објавија локалните власти и медиумите, пренесува „Киев Пост“. Руското Министерство за одбрана соопшти дека нејзината воздушна одбрана соборила 19 дронови, од кои девет биле над регионот Волгоград, кој е оддалечен околу 600 километри од украинската граница. Гувернерот на регионот Волгоград, Андреј Бочаров, рече дека нападот со беспилотни летала ...
Земјата беше прелетана од астероидот 2025 TF, а научниците го забележаа неколку дена подоцна. Астероидот, означен како 2025 TF, прелетал над Антарктикот во 00:47:26 UTC во среда, 1 октомври, на надморска височина од околу 428 километри (266 милји). Тоа е во рамките на орбитата на MSS, која се движи помеѓу 370 и 460 километри. Тоа е прилично блиску, но како што изјавија научниците, „не е најблиску што го знаеме“. „Очигледно е дека зборуваме за ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, на состанок на кабинетот во Белата куќа изјави дека синоќа на Блискиот Исток е постигнат „историски успех“. „Ја завршивме војната во Газа и всушност, во многу поголем обем, создадовме мир. Мислам дека тоа ќе биде траен мир, се надевам на вечен мир“, рече Трамп. „Заложниците ќе бидат ослободени на почетокот на следната недела“ Тој додаде дека преостанатите заложници треба да бидат ослободени „во понеделник или ...
Израелската влада одобри рамка за ослободување на сите заложници, објави рано денес канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Краткиот пост на X се фокусираше на ослободувањето на заложниците, но не спомена други делови од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Газа. „Владата штотуку одобри рамка за ослободување на сите заложници – живи и мртви“, се вели во постот. Потоа канцеларијата сподели ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче на граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Кавадарци истакна дека граѓаните чувствуваат како стандардот паѓа секој ден, платите стојат, цените растат, а власта зборува за „успеси“ додека постојано им наметнува нови трошоци. „Денес имаме нов „успех“. Замислете, владата решила да ги оданочува пратките од странство, оние до 20 евра. Она што луѓето можеа евтино да си го купат на интернет, веќе нема да ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче на вечерашната трибина „Се бориме за нашиот дом“ од Кавадарци потенцираше дека достоинството на земјоделците и лозарите е срушена поради неспособноста и погрешните политики на власта. „Тиквешијата страда од оваа власт. Ако има еден сектор кој беше срушен целосно во изминатата година, тоа е земјоделието. Неспособноста на Мицкоски и Трипуновски го сруши достоинството на земјоделците, но најмногу на лозарите. ...
На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Кавадарци, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, остро ја обвини власта за партизација на правдата и постави директни прашања кон премиерот зошто не се спроведени реформи во судството и од што се плаши. „Зошто не направи ништо? Зошто не ги реформираше судството и обвинителството? Зошто се плашиш, Мицкоски? Дали затоа што знаеш дека, ако судството стане навистина независно, половина твоја ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2025 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 06 Октомври 2025 ...
Следува период на претежно стабилно време со пораст на дневната температура. Денес и во сабота ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Прогноза за 11.10.2025 Минимална температура: 3°C до 11°C Максимална температура: 14°C до 21°C Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Прогноза за 12.10.2025 Минимална ...
Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Она што како партија изминативе години говоревме дека СДС местеше тендери со нивната омилена компанија Марковски, излезе на површина. Финансиската полиција по сомнение за местење на тендер, соодветно постапила и уапсен е Борче Марковски, човекот што ја води компанијата Марковски, кој е осомничен за испумпување на околу 100 милиони денари од Буџетот на државата. Инаку, за тоа колку била омилена компанијата Марковски, на ...
Изјава на Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош: Во последните денови сме сведоци на уште еден обид на ВМРО-ДПМНЕ да им продаде на граѓаните на Карпош мачка во вреќа. Наместо вистински соочувања и дебати со граѓаните, нивниот кандидат добил строга забрана да зборува. Не смее да се појави на трибини, не смее да одговара на прашања, не смее да зборува без дозвола. Наместо идеи – снима клипчиња со проекти кои јас одамна ги ...
„Росоман е пример дека кога локалната власт работи со срце, резултатите се гледаат“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Росоман „Се бориме за нашиот дом“. Филипче нагласи дека градоначалникот Стојан Николов за овие години покажа што значи вистинско водење на општината во интерес на граѓаните: „Над 45 проекти се завршени комплетно, многу улици, плоштад, ново улично осветлување, детски игралишта, водоводи, ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Демир Капија, истакна дека со работа, визија и чесно управување, локалната власт предводена од градоначалникот Лазар Петров ја трансформира општината на подобро, во која секоја инвестиција е одговор на реална потреба на граѓаните. „Два мандати со Лазар Петров и дела што се гледаат. Сработеното зборува за трудот, посветеноста и љубовта што се ...
Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Илинден, во рамки на изборната кампања 2025 година, за претстојните локални избори, чиј слоган е ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! Твојата иднина!“. Мицкоски зборуваше на темата за судството во земјата при што посочи дека време е да се изгради држава на правда, слобода и грижа за секого, затоа што слободата не е само ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против осум физички и едно правно лице за продолжени кривични дела поврзани со јавни набавки во РЕК Битола. Со предистражните дејствија кои по наредба на јавниот обвинител ги преземаше Управата за финансиска полиција во изминатите неколку месеци, се обезбедија докази кои даваат основано сомнение дека петмина осомничени – службени лица во РЕК Битола, односно ...
Денеска( 9 октомври) министерот за одбрана, Владо Мисајловски присуствуваше на армискиот полигон ,,Криволак’’ каде беше извршено првото артилериското гаѓање со новите системи „Боран“, кои се дел од процесот на модернизацијата и опремување на македонската Армија, а беше презентирана и новата набавка на воено-теренска униформа за армиските припадници. На активноста на која што присуствуваа и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал мајор ...
Повеќе од 2.000 припадници на Националната гарда на САД моментално се распоредени во неколку градови во САД, најмногу во историјата. Претседателот Доналд Трамп го смета тоа за начин на борба против „криминалот и нередот“, а опозицијата го обвинува дека „ја претвора земјата во полициска држава“. Националната гарда е гранка на американската армија која може да извршува државни и федерални функции и главно се користи како одговор на вонредни ...
Во вчерашната дебата за визијата за Струга на ТВ 21 биле повикани само двајца кандидати за градоначалници за да гги изнесат своите ставови за решавање на урбанистичкиот хаос во градот. Кандидатката за градоначалник од Левица, Јована Мојсоска, преку социјалните мрежи реагираше на ваквата селективност, но и на искажаните „визии“ на кандидатите. „Едниот кандидат, (како сопственик на градежна компанија), ќе го ‘решавал’ урбанистичкиот хаос во ...
– Филипче трча на избори за да го спроведе планот и шемата на Заев со Бугарија, а не за граѓаните. Венко Филипче посвети цел предизборен и изборен период на една единствена работа подметнување на Тројанскиот коњ преку таканаречената заедничка Резолуција за да и даде нов бонбона бизнис на Бугарија, кој Заев го договорил, изјави Бране Петрушевски од ВМРО ДПМНЕ и уште додаде: – А што договорил Заев, тој првин добил куферче, а дал стик со материјали ...
По повеќемесечна предистражна постапка, во текот на вчерашниот ден во координација со предметен обвинител од ОЈО ГОКК, единиците на МВР спроведоа акција на повеќе локациии низ Градот Скопје. При претресите е пронајдена количина на наркотични дроги – кокаин и марихуана, а во домот на еден од осомничените се пронајдени и куршуми за пиштол, за чие набавување и поседување е потребно одобрение и дозвола за поседување. Постапувајќи по кривичната ...