Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, даде интервју за унгарскиот медиум „Партизан“. Меѓу другото, таа зборуваше за конфликтот во Украина. „Во јуни 2021 година, почувствував дека Путин повеќе не го сфаќа сериозно Минскиот договор и затоа сакав нов формат, тогаш заедно со претседателот Макрон, каде што ќе разговараме директно со Путин како Европска Унија“, рече Меркел. Сепак, таа тврди дека наишла на отпор. „Некои луѓе не го поддржаа. ...
Унгарија не треба да го усвои еврото затоа што Европската унија се распаѓа и Унгарија не треба поцврсто да ја врзува својата судбина за блокот, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан во интервју за бизнис-страницата EconomX. Унгарија, која ја модернизираше својата економија со милијарди евра од Брисел откако се приклучи пред две децении, во моментов не ги исполнува условите за усвојување на еврото. За разлика од Данска, Унгарија нема законско ...
Русија денес објави дека нејзините единици за воздушна одбрана собориле 251 украински дрон во текот на ноќта, додека украинската страна објави дека погодила складиште за нафта на привремено окупираниот Кримски полуостров. Според руското Министерство за одбрана на Телеграм, руските сили собориле поголем дел од украинските дронови над југозападниот регион на земјата, вклучувајќи 61 над Црното Море и еден што летал кон Москва. Министерството само ...
Индија и Кина планираат да ги обноват директните летови меѓу некои од нивните градови по петгодишна суспензија, бидејќи односите меѓу двете земји почнуваат да се стабилизираат, објавија индиските власти. Директните летови меѓу двете земји беа суспендирани за време на пандемијата на коронавирусот во 2020 година и не се обновени бидејќи Пекинг и Њу Делхи се впуштија во долготрајни гранични тензии. Летовите меѓу одредени градови ќе бидат обновени ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека се сомнева дека Русија стои зад серијата беспилотни летала видени над Германија во текот на викендот, вклучувајќи ги и оние што прекинаа десетици летови и оставија повеќе од 10.000 патници блокирани на аеродромот во Минхен. Мерц нагласи дека фреквенцијата на вакви упади во европскиот воздушен простор е без преседан, дури и во споредба со Студената војна. Тој додаде дека ниту едно од беспилотните ...
Како што пишуваат медиумите зграда во изградба се урна денес во срцето на Мадрид, лоцирана на број 6, Кале Гилерас. Првичните извештаи говорат дека најмалку тројца работници се повредени, а службите за итни случаи бараат уште двајца за кои се сомнева дека се заробени под урнатините, објавува Ел Паис. Медиумите уште информираат дека 11 екипи од градската противпожарна служба беа испратени на местото на несреќата. На тројца работници им беше ...
Новоизбраната градоначалничка на германскиот град Хердек, социјалдемократката Ирис Шталцер, е тешко повредена во напад со нож, објавија германските медиуми. Според полицијата, Шталцер претрпела повеќекратни убодни рани, а во градот во Северна Рајна-Вестфалија е во тек голема полициска операција, пишува германскиот „Шпигел“. Деталите за нападот и идентитетот на сторителот засега се непознати. Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази длабока ...
Во Бугарија и Романија на сила е црвен метео аларм поради обилни дождови. Обилните дождови продолжија да ја погодуваат Бугарија, што доведе до затворање на патишта, прогласување црвен метео аларм во неколку области, а 51 населено место останаа без електрична енергија поради бурата. Надлежните органи го интензивираат надзорот над сите мостови и инфраструктура што е потенцијално оштетена од поплавите, пишува денес „Новините“. Службениците ...
Делегација на Собранието на Република Северна Македонија учествува на Партнерството за отворена власт (ПОВ) Самитот и на Меѓународниот ден на Отворен парламент 2025, што се одржува во Виторија-Гастеиз, во организација на Баскискиот парламент, Конгресот на пратеници на Шпанија, Мрежата за отворени парламенти (OPeN) и ПОВ. Настанот ги обедини претставниците на парламентите и граѓанското општество од различни земји со цел размена на искуства и ...
Денес, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари протоколарна средба со Н.Е. Ивета Хрицова, амбасадор на Словачката Република. Претседателот Гаши ѝ честиташе на амбасадорката Хрицова за започнувањето на нејзиниот дипломатски мандат во Република Северна Македонија и ѝ посака успешна и плодна работа. Тој изрази задоволство од пријателските и блиски билатерални односи меѓу двете земји, нагласувајќи ја ...
Бране Петрушевски, човекот кој граѓаните го паметат како борец против покачувањето на платите и непријател на работниците, очајно се обидува преку лаги да ја скрие вистината за Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ. А вистината е дека пола раководство води фирми во Бугарија и според информациите во медиумите така ја финансираат партијата. Затоа Бране Петрушевски и Мицкоски се надеваат дека со своите измислени приказни ќе го покријат срамот и ...
Министерството за јавна администрација денес го започна вториот циклус на генерички обуки за административните службеници во Полошкиот регион, со што продолжува реализацијата на реформската агенда за професионална, ефикасна и современа јавна администрација. На настанот присуствуваа претставници од институциите, административни службеници, како и експерти и обучувачи вклучени во обуката. Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, во своето ...
Русија изврши серија напади врз Украина во текот на ноќта, при што беа убиени и повредени неколку лица. Полска распореди борбени авиони поради опасноста по својот воздушен простор, јавуваат локалните медиуми. Украина објави дека во рускиот напад врз Запорожје едно лице било убиено, а шест други ранети, меѓу кои и 16-годишно девојче. Шефот на југоисточниот украински регион, Иван Федоров, објави дека во рускиот „комбиниран напад“ (напад со ракети ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, синоќа на митинг во општина Центар најави еден поинаков, пристап кон кампањата, во духот на солидарноста. Шукова и кандидатите за советници одлучиле да се откажат од градски изборен штаб и средствата да ги насочи таму каде што најмногу се потребни. „Јас како кандидат за градоначалник и кандидатите за советници во Град Скопје се откажавме од градски штаб. Сите средства за работа на ...
Сами Шин, ѕвездата на „Онли фанс“ и ќерка на Чарли Шин и Дениз Ричардс, тврди дека речиси станала жртва на трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација.. Таа рече дека била во ресторан со пријатели и дека било доста доцна. Кога го напуштиле, поминале пет минути на паркингот, каде што се фотографирале. „Од никаде еден човек ни пријде барајќи пари. Јас реков: „Жал ми е. Немам пари со мене“, рече таа. Додаде дека тој станал упорен. „Реков: ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на граѓанската трибина во општина Центар, го коментираше однесувањето на актуелната власт и посочи на негативната кампања која ја води против СДСМ. Според Филипче оваа кампања на ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден на власт е одраз на нивната немоќ и неспособност. „Сведоци сме на одвратна лажна и црна кампања против СДСМ која ја водат од првиот ден на власт. Оваа мизерна и ниска ...
,,Центар на овие избори повторно е повикан да застане на нозе и да испрати силна порака до Мицкоски и неговата банда на власт. Центар на овие избори прв ќе се разбуди и ќе му порача на ова лажно, арогантно и своеволно владеење на Мицкоски дека е доста, порача лидерот на СДСМ д-р Филипче на граѓанската трибина во Центар. Филипче побара поддршка за актуелниот градоначалник Герасимовски и листата на советници предводени од неговиот ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, на средба со граѓаните во Автокоманда, општина Гази Баба, најави неколку крупни инфраструктурни проекти што ќе го трансформираат главниот град во модерен, уреден и економски активен центар. „Скопје е град со дух, со историја, но и со огромен неискористен потенцијал. Нашата визија е Скопје да се развива паметно, плански и храбро, со јасни цели и вистински проекти што носат промени,“ ...
Владата и Министерството за дигитална трансформација реализираат уште едно предизвборно ветување. Министерството од почетокот на годината, формираше работна група помеѓу повеќе инстутции, меѓу кои Министерството за внатрешни работи, Управата за водење на матичните книги, Министерството за здравство-Управа за електронско здравство и соодветните јавни здравствени установи, за постигнување целосна автоматизација во издавањето на првиот извод од ...
Дури 1.158 парчиња часовници со потпис на заштитени трговски марки „Ролекс“, „Бос“, „Армани“ и „Томи Хилфигер“ се запленети при контрола на стока пријавена за транзит на граничен премин Богородица. Случајот е откриен од мобилен царински тим, кој поради сомневање изврши детален преглед, при што се пронајдени часовници чија пријавена вредност согласно фактура издадена од фирма од Кина изнесува 60.852 денари. Поради основано сомневање за повреда на ...
Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска при посетата на општина Кисела Вода ја претстави програмата за справување со загадувањето на воздухот, со посебен фокус на решавање на проблемот со затоплувањето во домаќинствата. Таа истакна дека над 50% од загадувањето и понатаму потекнува од индивидуалните домаќинства кои се греат на дрва, јаглен или други цврсти горива. „Ако сакаме да го намалиме загадувањето на ...
На 06.10.2025 околу 11:30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на автопатот Куманово-Скопје, во атар на с.Романовце, кумановско, патничко возило „јагуар“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 20-годишната Е.А. од Куманово, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка А.А.(19) од Куманово, а со телесни повреди се здобила Е.А., констатирани во Општата болница Куманово. Извршен е ...
На 06.10.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, Б.Д.(61) од Скопје пријави дека на 05.10.2025 околу 02:30 часот на подрачјето на Центар, неколку малолетници физички нападнале еден малолетник, при што употребиле тврд предмет, а откако Б.Д. реагирал со цел да ги спречи, тие избегале. Според пријавеното, по кратко време и тој бил физички нападнат од двајца малолетници и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во здравствена установа. Се ...
Во предизборната кампања во 2021 година ВМРО-ДПМНЕ и нивниот кандидат за градоначалник на Аеродром Тимчо Муцунски пред граѓаните ветија изградба на шест нови кружни текови на неколку локации во општината. Еден требаше да се гради меѓу Мичурин и Стар Аеродром, потоа кај ОУ Љубен Лапе, на бул. 12 македонска бригада, кај детската градинка Буба Мара и еден на булевар Февруарски поход кај патот кон Рагуза 919. Но денес, од ветените шест кружни текови ...
„И во наредните години ја ставаме животната средина и грижата за хигиената на прво место. Со набавка на две современи цистерни и пет нови метларки, значително го зголемуваме капацитетот за одржување на хигиената на територијата на општината. Повеќе нема да зависиме од градот и јавното комунално претпријатие“. Ова вчера го најави кандидатот за градоначалник и актуелен татко на Општина Центар Горан Герасимовски на отворањето на промотивниот ...
На 05.10.2025 во 16:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Тодор Чангов“ и ул.„43“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од лице(38) од Скопје и патничко возило „фиат браво“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лице(56) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка ...
„Власт која ја губи довербата од народот измислува непријатели за да ја скрие вистината„. рече претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на граѓанскиот собир „Се бориме за нашиот дом“ во Карпош. Претседателот Филипче ја осуди црната кампања на ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека таа кампања е доказ за неспособност и страв од народот. „Власт која води негативна кампања кон опозицијата не е само неспособна власт, тоа е власт која не сака напредок, не ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче од вечерашнава граѓанска трибина во Центар порача дека ВМРО-ДПМНЕ зборува за загари и орли додека младите се селат. Филипче испрати порака дека жално е што зад црната кампања не се крие само неспособна власт, туку власт која не сака напредок, не сака дијалог и не сака компромиси. Тој исто така рече дека ВМРО-ДПМНЕ со ваквото владеење е непријател на државата. „Тоа е власт која се храни и одржува од внатрешни ...
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се обрати од денешниот народен митинг во Кичево, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, со слоган ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! ,,Сега мора да застанеме еден до друг, сите заедно еден до друг, без разлика на нашата етничка, партиска или верска припадност. Сложно, затоа што кичевчани, без разлика дали се тоа Македонци, Албанци или ...
Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со слаб до умерен северен ветер. Дневната температура ќе биде во пораст. Прогноза за 09.10.2025 Минимална температура: 4°C до 10°C Максимална температура: 14°C до 20°C Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Прогноза за 10.10.2025 Минимална температура: 2°C до 9°C Максимална температура: 16°C до 21°C ...