Дневни информации (07.10.2025, 12:00ч) ВРЕМЕНА ИЗМЕНА НА СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец Велес-Тетово и обратно помеѓу клучките Волково и Кондово е целосно затворен поради изведба на градежни работи и истиот ќе се одвива двонасочно во должина од 300 метри во правецот Тетово-Велес. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.  ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај ...

На 05.10.2025 околу 06:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, над с.Попоец, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „нисан навара“ со струшки регистарски ознаки, управувано од лице(26) од с.Дрслајца, струшко и патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од лице(50) од с.Грешница, кичевско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „бмв“ лице(25) од ...

До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура. Прогноза за 08.10.2025 Минимална температура: 4°C до 11°C Максимална температура: 8°C до 17°C Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до ...

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Ч.(51) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид и против М.Ч.(58), Ш.Ч.(22), О.Ч.(23) и Б.М.(35), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за кривично дело „насилство“. На 06.08.2025 во Скопје, пријавените влегле во дворот на Д.Е.(58), каде биле и неговите синови О.Е.(26) и М.Е.(18) од Скопје, физички ги нападнале, при што првопријавениот од ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изјави дека обидите на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски да ја оправдаат својата неспособност со изговори дека „за некои работи биле потребни децении“, се доказ за нивната целосна безидејност. „ВМРО-ДПМНЕ немаат што да покажат, немаат сериозен проект и сега се вадат со празни зборови дека промените барале време. Но, граѓаните добро знаат што може да се направи кога постои волја и план“, рече Филипче. Тој ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција даде оценка за начинот на водење и динамиката на кампањата за локалните избори, потенцирајќи дека СДСМ води позитивна кампања и така ќе продолжи во следниот период. „ Социјалдемократскиот сојуз на македонија неговите кандидати водат на навистина позитивна кампања ги презентираме нашите проекти и предлози таму каде што сега немаме на ...

ВМРО-ДПМНЕ се фокусира на слислување спинови за опозијата, наместо да се зафати со решавање на проблемите на граѓаните кои се сѐ погласни. Ова го одговори претседателот на СДСМ Венко Филипче на поставено новинарско прашање на денешната прес конференција. „Премиерот и ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период како што кажав се во една цела безидејност и немаат што друго да направат. Немаат што да прикажат, немаат сериозен проект, се вадат и како алиби го ...

Интегрален текст од соопштение на СДСМ: Со ВМРО-ДПМНЕ и Трипуновски земјоделството повторно е на колена. Откупот на индустриската пиперка-ајварка е целосно застанат, земјоделците се оставени на цедило, со реколта што скапува на нивите. Владата на ВМРО-ДПМНЕ ветуваше договорена цена од 45 денари за килограм, а денес откупната цена изнесува понижувачки 20 денари. Половина од годинешната реколта стои на нивите без откуп. Производителите се очајни, ...

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје, Каја Шукова, денеска од Карпош истакна дека решавањето на проблемот со паркирањето и уредувањето на урбанизмот се врвни приоритети во нејзината програма. Таа најави решенија, како паметни паркинзи со дигитална наплата и информации во реално време, како и зони за паркирање на периферијата поврзани со јавен превоз. Една од мерките во програмата е субвенциониран паркинг преку стратегијата „Скопје за ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за груба злоупотреба на државните институции во текот на изборната кампања. Филипче потенцираше дека злопупотребата на институциите е најизразена од Министерството за внатрешни работи. „Во повеќе ситуации, во повеќе општини на состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ гледаме присутни началници од Министерството ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, изјави дека спиновите и лагите со кои се служи премиерот и ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период се резултат на целосна безидејност и обид да се сокрие неспособноста на власта да испорача резултати. „Спиновите и лагите со кои што се служи премиерот и ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период се резултат на една целосна безидејност што друго да направат. Немаат што да прикажат, немаат сериозен проект се вадат и како алиби го ...

Кога во 2021 година ја презема локалната власт во Аеродром, тогашниот градоначалник Тимчо Муцунски ветуваше дека во првата година од неговиот мандат ќе се направи парк именуван „Радост“ во реонскиот центар на Аеродром. Паркот беше предвиден на површина од 6.000 квадратни метри со ново зеленило, урбана опрема и детски реквизити. Но овој парк кој е финансиран и од Делегацијата на ЕУ во Скопје и од приватни компании наместо една, се гради цели ...

Небулози, клевети и навреди се методите на Мицкоски со кои сака да се оправда за катастрофата која и ја нанесува на целата држава, порача експремиерот на Република Македонија Зоран Заев. – Неспособноста да испорача макар и еден единствен резултат во која било сфера од општеството и политиката, залиена со неговата самобендисаност и аздисаност ќе го турне во политичка провалија. Но, ќе мораме да внимаваме да не ни ја повлече и државата со себе во ...

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска на прес конференција зборуваше за животната средина. Нешто што, како што рекоа, е поважно од сите нас во Куманово. „Таа е заеднички дом за сите нас. Дишеме ист воздух, делиме ист простор и одговорни сме за истата иднина – затоа мораме заеднички да ја чуваме, нејзиното штитење е голем предизвик за сите нас. Предизвик кој сме должни да го надминеме и да го реализираме во целост“, рече кандидатот за ...

„ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го поддржува развојот на Општина Аеродром. За таа цел имајќи предвид дека општина Аеродром е општина во кои градинките се преполни со деца и ги надминуваат капацитетите за сместување, ветуваме во следниот четири годишен мандат изградба на 5 детски градинки, и тоа во населбите Долно Лисиче, населба Лисиче, Јане Сандански, Мичурин, како и Острово со капаците на вкупно 700 дечиња“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Со ова ќе го ...

Актуелната пратеничка од Левица и кандидат за Градоначалник на Струга, Јована Мојсоска, обвини дека власта води црна кампања против Левица, токму затоа што, како што вели, Левица бележи раст и сѐ поголема поддршка од граѓаните. „Токму преку Левица во изминатиот мандат беа поднесени бројни иницијативи до Советот на Општина Охрид. За жал, како што се случува и во Собранието поради теснопартиска суета, голем дел од нашите иницијативи беа одбиени и ...

Во обраќањето пред граѓаните на Делчево, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, го претстави кандидатот за градоначалник Дејан Глинџарски како човек кој ја продолжува политиката на дела, а не само на зборови, и кој носи визија за уште подобро, пофункционално и модерно Делчево. „Нашиот кандидат за градоначалник, Дејан Глинџарски, и тимот советници продолжуваат онаму каде што застана Горан Трајковски, за да го направат Делчево уште подобро, ...

„Со визија, со јасен план и со енергија, заеднички ќе продолжиме да градиме Делчево, град со кој сите се гордееме“ , порача кандидатот за градоначалник на Делчево од СДСМ, Дејан Глинџарски. Глинџарски, ја најави својата програма која се темели на современа инфраструктура, подобар живот и подобри можности за младите: „Дом за стари лица „Сигурна старост“, Централен плоштад, катна гаража, регулација на речното корито на Брегалница, изградба на ...

Руските сили ја нападнаа железничката станица во Сумската област на северот од Украина, а во нападот беше погоден и патнички воз, при што беа повредени десетици патници, објави регионалниот гувернер, Олег Григоров. – Непријателот целел цивилна инфраструктура, патнички воз на релација Шостка – Киев. Има повредени патници – изјави Григоров. Тој рече дека во тек е спасувачка операција, во која се ангажирани спасувачи, лекари и сите служби за итни ...

Американскиот претседател, Доналд Трамп, му нареди на Израел „веднаш“ да престане со бомбардирањето на Газа, откако Хамас делумно го прифати неговиот мировен план за ставање крај на речиси двегодишната војна. Хамас се согласи да ги ослободи сите заложници во замена за палестинските затвореници што се држат во израелските затвори, како и да се откаже од власта во Појасот Газа. Палестинската милитантна група побара понатамошни преговори за другите ...

Владата на САД планира да понуди 2.500 долари парична помош за тинејџерите мигранти кои доброволно ќе одлучат да се вратат во своите матични земји, јавува Си-Би-Ес њуз. Во известувањето испратено од Министерството за здравство и социјална заштита во петокот, се наведува дека Министерството за внатрешна безбедност на САД ќе обезбеди еднократна помош „заради реинтеграција“ на мигранти без придружба, постари од 14 години, кои ќе одлучат доброволно ...

Групата Г7+, која беше формирана за координација и мобилизирање помош за Украина, одржа итен состанок по иницијатива на Министерството за енергетика на Украина. Причина за состанокот беа најновите масовни напади на Русија врз украинската енергетска инфраструктура, што дополнително ги влоши условите во земјата. На состанокот присуствуваа повеќе од 100 претставници од земји и меѓународни организации, вклучувајќи ги САД, Канада, Германија, ...

Кина испраќа разузнавачки податоци до Русија за Москва да може да врши попрецизни ракетни напади врз цели во Украина, изјави Олех Александров, функционер на Службата за надворешно разузнавање на Украина, за новинската агенција „Укринформ“. – Постојат докази за соработка меѓу Русија и Кина на високо ниво во спроведувањето сателитско набљудување на украинската територија со цел идентификување и понатамошно истражување на стратешки цели за гаѓање – ...

Турскиот парламент во наредните денови ќе започне разгледување на предлог-закон кој предлага построги казни за малолетници кои извршуваат тешки кривични дела, објавија локалните медиуми. Промените се разгледуваат од страна на парламентарната комисија за правда, која е составена од претставници на владејачката Партија на правдата и развојот, како и правни експерти. Според предложените измени во кривичниот закон, горната граница за должината на ...

Албанија го отвори петтиот од вкупно шест кластери во преговорите за пристапување во ЕУ. Ова е кластер 4, кој се однесува на зелената агенда и на одржливата поврзаност и вклучува четири поглавја од преговорите: транспорт (14), енергетика (15), трансевропски мрежи (21) и климатски промени (27). „Албанија врши импресивна работа. Доколку продолжи со ова темпо, ќе ги отвори сите кластери оваа година“, изјави комесарката за проширување на ЕУ, Марта ...

Во 2021 година Тимчо Муцунски кандидат за градоначалник на Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ, убедливо победи на локалните избори. Меѓу мноштвото од ветувања што ги даде беше и ветувањето за изградба на четири нови детски градинки во општината. Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ планираа градинки во населбите Острово, Лисиче, Мичурин и Долно Лисиче, како и проширување и реновирање на три други градинки. Но денес, по четири години ниту една од најавените градинки не е ...

Поминаа четири години откако ДПМНЕ е на власт, а освен празни ветувања, не добивме ништо. Четири години без ниту еден капитален проект, освен чадорите и кафезот во срцето на градскиот парк, кои ќе бидат дислоцирани веднаш по моето доаѓање, во првата недела, порача од трибината во Свети Николе кандидатот за градоначалник на СДСМ, Дејан Гичев. Тој ја побара поддршката од граѓаните и вети дека повторно ќе го врати сјајот на градот. „Време е за ...

Интегрален текст од соопштението на СДСМ: Кој ќе одржи прес конференција денеска во белата палата на ВМРО-ДПМНЕ да ги прогласи Мицкоски и Николовски за епски криминалци? Кога беа опозиција Мицкоски, Николовски и целиот врв на ВМРО-ДПМНЕ, со месеци држеа прес-конференции, обвинувајќи дека фирмата ИРД Инженеринг е „симбол на злоупотреби“, „сомнителна компанија“, „епски криминал“. Мицкоски и ДПМНЕ изјавуваа дека ќе го раскинат договорот, дека ќе ...

На вчерашниот митинг во Брвеница во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што потенцираше дека е убеден дека граѓаните во голем број ќе ја дадат довербата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и ќе гласаат за бројот 9 за да продолжи Македонија да се развива и гради. Понатаму Мицкоски ...

До среда ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а температурата ќе се задржи под просекот за овој период од годината. Од четврток времето ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура. Прогноза за 07.10.2025 Минимална температура: 3°C до 11°C Максимална температура: 7°C до 15°C Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до ...

Повик

3 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1031
weather icon

Белград

6ᴼ / 6ᴼ
2.06
88%
1029
weather icon

Загреб

4ᴼ / 0ᴼ
0.51
91%
1027
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1030
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
0.97
79%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
1.19
100%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
0.89
87%
1029
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
1029
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
2.24
96%
1029
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
1029
Currency

61.555

Currency

52.4113

Currency

70.088

Currency

34.7175

Currency

38.1068

Currency

66.0446

Currency

7.4565

Currency

0.65596

Currency

0.33717

Currency

0.52418

Currency

1.22927

Currency

0.58202

Злато

139298.91

Паладиум

53788.20

Родиум

258813.51

Рутениум

29192.88

Платина

62683.26

Калај

43.15

Кобалт

58.42

Сребро

2105.58

Иридиум

145787.60

Цинк

3.04

Алуминиум

2.92

Бакар

10.93