Ѕвездата на серијата „Пријатели“ (Friends), Метју Пери е пронајден мртов во џакузи во својот дом во Лос Анџелес. Веста ја соопшти полицијата. Пери имаше 54 години. Истрагата околу причините за смртта е во тек, и се уште не се знае поради што починал. Според повеќето калифорниски медиуми немало траги на насилство, ниту пак била пронајдена дрога. Се сомнева на срцев удар. Пери е син на актерот Џон Бенет Пери и Сузан Мари Лангфорд, некогашен ...

На 16 ноември 2023, во Мултимедијалниот центар Мала станица, со почеток во 19:30 часот, Ликовната колонија Галичник ќе ги претстави 33. и 34. сесија, најавува д-р Ана Франговска, куратор и претседател на здружението Визуелните дела создадени на 33. и 34. сесија на Ликовната колонија Галичник и овој пат се движат околу еколошки теми, како суштествени теми за кои СЕГА Е ВРЕМЕ гласно да се дискутира на сите возможни начини, бидејќи доколку не ...

На 77-годишна возраст денеска (16 ноември 2023 година) почина актерот Мето Јовановски. Жалната вест на социјалните мрежи ја пренесе неговиот помлад колега Драган Спасов – Дац. „Мето Јовановски се пресели во легендите. Нека му е вечна слава“, напиша Дац на Фејсбук. „Тетовирање“, „Опстанок“, „Среќна Нова 49-та“, „Трето полувреме“, „Најдолгиот пат“, „Опстанок“… се само дел од филмските проекти во кои Мето Јовановски играше главна улога. Мето ...

Утре вечер, 17.11.2023 (петок), со почеток во 18 часот, во Македонскиот Културен Центар во Истанбул, ќе биде отворена самостојната изложба на академскиот скулптор и професор на ФЛУ, Исмет Рамиќевиќ насловена „Деструкција/Оган“. Рамичевиќ е автор кој е неколку децении присутен на македонската и меѓународната ликовна сцена. Тој е препознатлив со своите скулпторски интердисциплинарно-интерактивни проекти, кои преку нагласената ангажираност имаат ...

Изложба на Ервин Ќатовиќ, ликовен уметник и професор од Србија, која ќе биде поставена во Мала станица од 17 ноември 2023, со официјално отворање во 19 часот. Самостојната изложба на ликовниот уметник Ервин Ќатовиќ, насловена „Градина“, во Националната галерија за првпат ни го открива неговиот импозантен творечки опус. Лирскиот апстракционизам во комбинирана техника, преку наплив на колоритен израз, ни го фокусира погледот во длабочината на ...

Објавена студијата „Психофилозофемите во повеќеслојните структури на романите Папокот на светот од Венко Андоновски и Еретички писма од Стефан Марковски“ на Верица Мукоска Деновиве од печат излезе книжевно-теориската студија „Психофилозофемите во повеќеслојните структури на романите Папокот на светот од Венко Андоновски и Еретички писма од Стефан Марковски (компаративна анализа)“ на авторката Верица Мукоска. Со употреба на компаративна ...

Излезе последниот број на ревијата „Стожер“ на Друштвото на писателите на Македонија за оваа година. Во бројот фокусот е даден на одбележувањето на јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, на Струшките вечери на поезијата 2023 и на чествувањето на 150-от број на ревијата со пригоден текст од главниот уредник Славчо Ковилоски. Посебен акцент е ставен и врз информацијата за зачленувањето на ДПМ во Европскиот писателски совет на ...

Денес е 13 ноември, ден на ослободувањето на Скопје, па можеби е и најсоодветно оваа колумна да му ја посветам токму на градот. Седиштето на Владата, на Парламентот, и претпоставувам на повеќе од 90 отсто од институциите во Македонија. Годинава која привршува е година во која се очекуваше да се донесе новиот ГУП (Генерален урбанистички план). До носење на новиот важечки и во сила е претходниот. ГУП кој зададе многу главоболки. Зошто? Затоа ...

Во сабота, (11.11.2023) во 19 часот, во Галерија Рудиќ ќе се отвори изложба на фотографии на Александрос Вретакос, под името “Вевчански бајки и кошмари“. Александрос Вретакос е грчки фотограф од Кожани, кој го снима карневалот во Вевчани во последните 8 години. Тој кажува за тоа што го инспирирало и мотивирало толку пати да се врати на истото место: “Барајќи на интернет пред осум години интересни фото дестинации на Балканот со карневалска ...

Она што го слушаме, гледаме и читаме поврзано со извештајот на европската комисија во врска со напредокот (или уназадувањето) на Македонија кон Европската унија, може само да се донесе со епопеја. Мало објаснување: Епопеја е низа настани што се опишуваат во епска песна и се однесуваат на голем, важен историски настан од особено значење за еден народ. (како мало објаснување за оние кои ги заборавиле одредени термини од основно). Извештајот од ...

Вечерва (9 ноември, четврток), со почеток во 19:30 часот, во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, ќе се отвори најновата изложба на авторот Томе Аџиевски, насловена ONCE UPON A TIME IN THE EAST. Томе Аџиевски е еден од исклучително важните уметници на средната генерација македонски современи уметници кои се појавуваат во 90-тите години (дипломира на Академијата за ликовни уметности во Загреб, во 1983 година). Со својот ...

За разлика од претходниот систем и моето детство, милам дека денес просечниот човек доста помалку чита, отколку порано. Можеби губи време на социјални мрежи и „фејк њуз“ сајтови, но дефинитивно многу помалку чита нешто што креира за него како личност додадена вредност. Истото би го рекол слободно за добар дел од политичарите. Добар ден од нив цел ден се во потрага по нешто црно и компромитирачко за противникот, ширењето на квази пропаганда и ...

Вечерва (среда, 1 ноември 2023) со почеток во 20 часот, ќе биде отворањето на „Годишна изложба“ на ДЛУМ, во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица. „Годишна изложба на ДЛУМ” претставува пресек на современата ликовна продукција на најголемиот број на членови на ДЛУМ. Изложбата е потполно хетерогена, со обединувачки карактер виден во мноштвото на различни ликовни дела. Значењето на оваа изложба е големо во ликовно – историски ...

Денес (24 октомври 2023) почина доајенот на македонската ликовна уметност Илија Аџиевски на 97 годишна возраст. Илија Аџиевски е роден во Струга во 1926 година. Академија за ликовна уметност завршил во Загреб во 1954 година, во класата на професорот Франо Кршиниќ. Автор е на голем број споменици, монументални керамички релјефи, парковски скулптури, портрети на познати личности од јавниот и културниот живот. Учесник е на значајни национални и ...

Како што гледам, дури и по 130 години, денешниве генерации не сфаќаат ништо. Не разбираат дека борбата се води со срце, со пожртвуваност и со идеали. Дека вистинскиот водач гине за своите идеали и за својата кауза. Дека е спремен да ризикува и кариера и семејство, само за да ја истера каузата. Дека не може да има милост и договор со продадени души, кодоши и арамии. Дека мора да владее ред и поредок, и дека на секој мора да му де знае местото. ...

Македонскиот писател Стефан Марковски реализира резиденцијален престој во Франција, во рамки на кој ќе оствари средби со претставници на книжевната и културна заедница. Резиденцијата се одржува во познатиот руиниран манастир Жумијеж во непосредна близина на градот Руен во Нормандија, кој е кандидат за Европска престолнина на културата за 2028 година и родно место на важни имиња во француската литература, како П. Корнеј, Г. Флобер, М. Леблан и ...

По оставките на 8-те члена на претседателството на Друштвото на писателите на Македонија и по реакцијата на повеќето членови на ДПМ за оставките, но и барање оставка на Христо Петрески, тој поднесе оставка од здравствени причини… Но тоа не е сѐ, оти веднаш по оставката на Христо Петрески, според Статутот на Друштвото на писателите на Македонија, претседателката на Собранието на Друштвото на писателите на Македонија, Кристина Николовска на 10. ...

Единаесет светски етаблирани состави од САД, Европа, Бразил и Македонија ќе ја претстават својата музика во Македонската опера и балет и во објектот на МКЦ во рамки на 42-то издание на Скопскиот џез фестивал, кој ќе се одржи од 19 до 22 октомври. Годинава публиката ќе може да ги следи концертни настани во согластност со мотото на Гард Нилсен Суперсоник Оркестра: „Ако слушаш внимателно, музиката ќе биде твоја!“. – Програмата, распоредена во ...

Утре, (среда) 17-ти октомври, во Националната институција центар за култура „Ацо Шопов“ во Штип директорот на Центарот Горан Трајков и генералната менаџерка на Меѓународниот универзитет за аудиовизуелни уметности Еуропа Прима, Весна Огненовска, ќе потпишат протокол за соработка. Со овој документ е предвидена размена на кадри и ресурси меѓу двете институции што ќе рече актери, режисери и други театарски дејци од Центарот за култура во Штип ќе ...

Македонските писатели за обединија за спас на Друштвото на писателите на Македонија. Веќе повеќе од една третина од членството на ДПМ застана зад реакцијата и јавниот повик упатени по последните настани во македонската писателска асоцијација. Во согласност со Статутот на ДПМ, и по барање на една третина од членството на ДПМ, Собранието мора да се одржи! Зад реакцијата и повикот веќе се близу сто македонски писатели. Веле Смилевски, Раде ...

Деновиве од печат излезе новото книжевно дело на единствениот и безвремен натуралист во македонската литература, Зоран Пејковски насловено како: „Фитилот догорува“ во 6 сцени со пролог и епилог. Издавач е ПНВ-Публикации од Скопје. „Фитилот догорува“ е драма во стих во 6 сцени со пролог и епилог, која е посветена на 130-годишнината од формирањето на ВМРО, 120-годишнината од Смилевскиот конгрес и 120-годишнината од Илинденското востание. Во ...

„Три нови драми“ од Венко Андоновски, „Бигор шарпланинецот“ од Ферид Мухиќ се двете нови дела од познатите македонски автори што деновиве ги објави Издавачкиот центар ТРИ. Венко Андоновски, кој штотуку се закити со високата Толстоева награда, во својот драмски опус вклучи три нови драми – „Мачкина глава“, „Кузман Капидан“ и „Изрешетани души“, тематски различни, но слични според универзалната порака што ја носат. Се работи за неизведувани ...

Ликовната изложба „Регенерација“ на авторките Ана Ивановска, Христина Зафировска и Маја Кировска ќе биде отворена на 18 октомври 2023 (среда), со почеток во 20 часот, во галеријата на Младинскиот културен центар во Скопје. Љубителите на уметноста ќе можат да ја посетат заклучно со 30 октомври. Преку своите дела трите авторки се осврнуваат на периодот полн со промени во начинот на живеење предизвикани од пандемијата Ковид 19, кој неизбежно се ...

Македонија и целиот Балкан тагуваат и се сеќаваат на Тоше Проески, кој на денешен ден пред 16 години (16 октомври 2007) трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб. Тодор (Тоше) Проески е роден на 25 јануари 1981 година. Својот музички талент го покажал уште како петтоодделенец на фестивалот „Златно славејче“ (1992) каде испеал песна на влашки јазик. Музичката кариера ја почна со победата на ...

Македонија е фасцинантна држава. Има официјално име, кое никој не го сака (освен оние кои наплатија од истото). Држава која има природни ресурси, а не ги користи. Држава во која секој се бори да добие нечиј туѓ пасош за да си ги зголеми можностите да си оди, и земја во која секој има интерес да биде се‘, само Македонец не, за да може да ги ужива придобивките на колективните мулти/култи права. Балканот, а посебно Македонија, е вистински ...

Почина познатиот македонски хуморист Војче Китаноски. Веста за неговата смрт на социјалните медиуми ја објавија неговите пријатели и познати личности. Хуморот беше и остана негов заштитен знак. Пет децении ја развеселуваше македонската публика со неговите шеги и незаборавни имитации и за себе велеше дека е првиот стенд ап комичар во поранешна Југославија. Војче е роден во 1955 година во селото Крапа, Македонски Брод. Завршил гимназија во ...

Многумина веруваат дека бројот 13 носи несреќа уште од библиските времиња. За Јуда, кој го предаде Исус Христос, тој тврдеше дека е 13-тиот гостин на последната вечер, па дури и сега се верува дека не е добро да се биде тринаесетти гостин на масата. Колку број 13 се смета за „баксузен“ говори и фактот што многу светски аеродроми немаат писти, излети, ниту седишта на авионот под тој број, па ако сте суеверни овие неколку работи би требало да ...

Вработените во културата се ставени пред свршен чин и на сила им се даваат изготвени поединечни акти/решенија со кои им се регулира правото на покачување на плата спротивно на нивната волја. Кажуваме спротивно на нивна волја бидејќи овие изготвени акти/ решенија се спротивни на одредбите за плата во Колективниот договор за култура и ОКД за јавен сектор. После овој пресс Министерството за култура веруваме ќе излезе со соопштение дека тие ...

Почина младиот и талентиран изведувач на народна музика Далибор Ѓошиќ (1982 – 2023). Далибор беше истакнат пејач од прв ред – солист на НУ Танец, и изведувач и автор на бројни современи македонски фолк песни. Од матичната куќа Танец напишаа: „Со длабока тага ја примивме веста дека денеска, по кусо и тешко боледување, на 41-годишна возраст не напушти нашиот колега Далибор Ѓошиќ, кој ќе остане запаметен по неговите врвни вокални интерпретации ...

„Прирачник за самоуништување“ беше работниот наслов на филмот „Самоуништување“, од почетоците на македонската независност, филмот со Чичко Кумплунг, но е и добар наслов за однесувањето на актуелната власт. По изборите во 2020 година, СДС со желба по секоја цена да остане на власт, влезе во концептот „Псе јо“ на ДУИ и буквално даде се за да опстане на власт. Ги даде сите економски ресори, ги даде сите инспекции, агенции, јавни претпријатија, и ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
76%
1009
weather icon

Белград

8ᴼ / 5ᴼ
5.66
67%
1005
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
4.12
92%
1000
weather icon

Софија

3ᴼ / 3ᴼ
5.14
81%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.51
90%
1014
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
97%
1000
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.14
76%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
3.6
39%
1002
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
77%
1001
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
3.13
86%
1015
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.63
97%
1006
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
66%
1016
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Кобалт

64.04

Бакар

12.10

Алуминиум

3.06

Рутениум

45750.51

Сребро

3663.67

Злато

159322.70

Паладиум

56617.46

Иридиум

221848.72

Цинк

3.37

Родиум

339190.38

Платина

83354.78

Калај

49.78