Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Иранската амбасада во Кабул реагираше на пораката на американскиот претседател Доналд Трамп за одложување на нападот врз иранските нуклеарни постројки, наведувајќи дека се повлекол по „силна предупредувачка порака“ од Иран, пренесе Ал Џезира. Во соопштението дополнително се нагласува дека Трамп ја донел одлуката за одложување на нападот по заканата од Иран за одмазда, што е во согласност со нивниот став дека претходно предупредиле за можните ...
Американскиот претседател Донал Трамп соопшти дека со ирански претставници имале „многу добри и продуктивни разговори“ за целосно запирање на непријателствата на Блискиот Исток. Во објава на Трут социјал, тој напиша дека разговорите биле детални и конструктивни и дека ќе продолжат во текот на неделата. Трамп додаде дека, врз основа на досегашниот тек на преговорите, и наложил на администрацијата да ги одложи сите воени удари врз иранската ...
Гостиварец почина во болница откако со Брза помош бил пренесен на лекување. Вчера во 11:40 часот во ОВР Гостивар, од Итна медицинска помош Гостивар е пријавено дека во семејниот дом укажале помош на лицето А.Б.(38) од Гостивар, по што го пренеле во болницата во Гостивар, каде што во 14.40 часот починал. – Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насока на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, ...
По овој изминат продолжен викенд, наскоро уште еден. Следниот мини одмор ќе биде за големиот христијански празник – Велигден кога ќе се одмара четири дена. Неработен ден за правсолавните верници во земјава ќе биде 10 април – Велики Петок, додека 13 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, ќе биде неработен за сите граѓани. Во продолжение е целосниот календар на неработни денови за до крајот на 2026 година. За сите граѓани на ...
На 22.03.2026 околу 17:00 часот во СВР Куманово е пријавено дека на локален пат село Клечовце- село Шупљи Камен, на место викано „Кантон“, патничко моторно возило „даеву тико“ со кумановски регистарски, управувано од М.Д.(64) од Куманово, излетало од патот. -Притоа, лекар од Итна медицинска помош кај возачот М.Д. констатирал смрт, додека кај сопатничката Л.Д.(57) биле констатирани телесни повреди во Општа болница Куманово. Според изјавата на ...
Мерката на владата за намалување на Данокот на додадена вредност од 18 на 10 отсто не само што е задоцнета, туку нема да има никаков ефект, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Според него, поради непреземањето на мерки граѓаните до сега платиле 4,5 милиони евра поради повисоките цени на дериватите. Филипче тврди дека утре ќе поскапат и бензинот и дизелот. „Граѓаните нема да видат во тек од на утрешниот ден, следната недела, следниот период ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, по наместа влажни коловози, додека на Попова Шапка се бележат слаби врнежи со остатоци од кашест снег. Интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Од Авто-мото сојузот на Македонија апелираат возачите да ја прилагодат брзината на движење и да ја почитуваат ...
Едно разбојништво и два обиди за разбојништва во саботата во објекти на подрачје на Бит Пазар. Од МВР информираа дека во сабота околу 21:21 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, едно лице со закана со пиштол се обидело да го одземе дневниот промет, но откако не успеало во намерата, физички го нападнало сопственикот на објектот З.В.(61). Во 21:48 часот било пријавено дека во спортска ...
Англискиот актер Џордан Рајт е пронајден мртов во канал на Тајланд, а последните часови од неговиот живот остануваат мистерија. Животот на ријалити ѕвездата Џордан Рајт, познат по британските шоуа „The Only Way Is Essex“ и „Ex on the Beach“, трагично заврши на 33-годишна возраст, обвиткан со мистерија. Неговото безживотно тело било пронајдено во одводен канал на тајландскиот остров Пукет, каде што се преселил пред само неколку месеци во ...
Молотови коктели и огномет беа фрлени врз државните институции во Тирана, Албанија, за време на протестот на 22 март, организиран од опозициската Демократска партија. Албанската полиција употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите. Опозициската партија на поранешниот премиер Сали Бериша бара смена на актуелниот премиер Еди Рама и создавање на привремена влада. Политичките тензии во Албанија ескалираа откако во декември ...
Семејното насилство во Македонија повторно излезе на површина: Маж ја фрлил сопругата по скали На 21.03.2026 година во 15:00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријавила дека на 23.02.2026 година околу 11:30 часот во семејната куќа во Скопје била физички нападната од својот сопруг В.З. (51). При нападот, сопругот ја фрлил по скалите од вториот кон првиот кат на куќата. Жената добила медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка ...
Иако календарски пролетта веќе започна, метеоролошките мапи најавуваат остар пресврт. Популарниот метео-прогнозер Славчо Попоски предупредува дека од крајот на овој месец Балканот може да се соочи со сериозно заладување и снежни врнежи. Според неговите анализи на прогностичките модели, вистинската зима изгледа допрва ќе го покаже своето лице. „Од 26-ти март 2026 прогностичките модели цртаат сериозни снежни врнежи и снежен бран во поголем дел ...
Оваа недела планетите се распоредени така што парите ќе доаѓаат неочекувано, како гром од ведро небо. Три знаци ќе добијат непланирани пари до 29 март. БИК Вашата владетелка Венера се наоѓа токму во вашиот знак и прави прекрасен аспект со Јупитер. Ова е недела за џекпот! Очекувајте бонус на работа, враќање на стар долг или неочекуван подарок кој има голема вредност. Ако размислувавте за инвестиција во недвижности или нешто долготрајно, сега е ...
По пронаоѓањето на женскиот труп во фаза на распаѓање во близина на кочанското село Зрновци полициските билтени во Скопје и Куманово бележат црна сабота со три смртни случаи кај кои била потребна интервенција на обвинителство и обдукција. Во текот на вчерашниот ден, екипите на Итната медицинска помош пронашле починати лица во нивните домови и дворови. Во Скопје, првиот случај бил пријавен во Центар, каде во семеен дом бил пронајден ...
Осумнаесетгодишен возач синоќа изгубил контрола над патничко моторно возило и излетал од коловоз на булеварот „Александар Македонски“, на влезот во Скопје, во близина на бензинската станица Лукоил. Според првичните информации, сообраќајната несреќа се случила околу 21 часот, кога автомобил марка „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Ј. (18), најпрво удрил во заштитната ограда покрај патот, а потоа продолжил со движење и удрил ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави конкретни мерки за ублажување на најавеното поскапување на горивата, по анализите кои покажуваат силен раст на цените на светските пазари. Според проценките, бензините од 95 и 98 октани би можеле да поскапат за околу 6,5 денари по литар, додека дизелот би достигнал зголемување од дури 10,5 денари. Тоа би значело дека бензините од сегашните 86,5–88,5 денари би се искачиле на 93–95 денари, а дизелот од 92 на ...
Полицијата во акција – уапсени повеќе лица На 20 и 21 март 2026 година, на различни локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода четворица лица: М.В. (21), Х.Д. (26) и Х.М. (33) од Скопје, како и М.Т. (32) од село Инџиково, скопско, поради пронајдена марихуана кај нив. По целосно документирање на случаите, против четворицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопшти полицијата. Полицијата во акција – уапсени ...
Ќе се прогласи кризна состојба поради растот на цените на бензините, дознава Плусинфо. Владата реагираше откако процени дека по најновите зголемувања на цените на светската нафтена берза, цената на дизелот би требало да се зголеми за дополнителни 10 денари по литар, додека безоловниот бензин би поскапел за 6 денари по литар. Се очекува Владата да интервенира со намалување на данокот и со дополнителни мерки за спречување на поскапување на ...
Четири хороскопски знаци до крајот на 2026 година ќе уживаат во изобилие, љубов и успех по неколкуте тешки години За 4 хороскопски знаци конечно започнува поубав период, па ќе заблескаат во полн сјај до крај на 2026. Имено, некои од нив ќе пронајдат сродна душа и конечно ќе уживаат во љубовта, други ќе постигнат голем напредок во кариерата. За биковите, лавовите, водолиите и скорпиите конечно завршуваат двете години полни со сериозни падови и ...
Младенци – празник на љубовта, новиот почеток и семејната хармонија Денеска се празнуваат Младенци, еден од најтоплите и најсимболични пролетни празници во православната традиција. Овој ден е посветен на младите брачни парови кои стапиле во брак во изминатата година, а воедно претставува симбол на нов почеток, љубов и стабилност. Празникот секогаш се одбележува на 22 март (9 март по стар календар) и е поврзан со споменот на Светите четириесет ...
Владата денеска напладне ќе одржи седница на која ќе се донесат мерки со кои ќе се ублажи ценовниот скок на горивата. -Цените на светските нафтени берзи растат, што се очекува дополнително да се одрази на домашната цена на горивата. Иако на бензинските станици во земјава има убедливо најевтини горива во споредба со регионот се очекува во понеделник да има дополнителен раст на цените на дизелот и на бензините. Заради тоа Владата денес во 12 ...
Како што соопшти полицијата вчера во 18:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на регионалниот Радовиш- Конче, на влез во с.Конче, патничко возило „тојота“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од лице(42) од Радовиш, удрило во осумгодишно дете од с.Конче, општина Конче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш. Како што соопшти ...
Од МВР информираат дека во болницата во Гостивар било донесено 18-годишно момче, кое било без знаци на живот. -На 20.03.2026 во 20:29 часот во ОВР Гостивар од Ургентен центар-Гостивар е пријавено дека кај нив без знаци на живот бил донесен М.Ѓ.(18) од Скопје, кој претходно имал здравствени проблеми. Лекар констатирал смрт, а по насока на јавен обвинител ќе биде извршена обдукција, информираат од МВР. Од МВР информираат дека во болницата во ...
Полицијата приведе вкупно 16 возачи поради безобѕирно управување со моторно возило во рамки на засилените контроли низ државата. Според информациите, дури 11 од приведените возачи управувале возило без положен возачки испит, што претставува сериозен прекршок и директна опасност за безбедноста во сообраќајот. Останатите биле санкционирани за различни прекршоци поврзани со безобѕирно возење, а против сите ќе бидат поднесени соодветни пријави. ...
Во април, астролошките влијанија носат силен пресврт кај четири хороскопски знаци. Планетарните движења отвораат нови финансиски можности, но и животни промени кои ќе ги изненадат дури и најскептичните. Овој месец нема да биде обичен – ќе донесе пресврт што се чувствува на сите полиња. Првиот знак што влегува во период на изобилство е Бик. По подолг период на стагнација, конечно доаѓа време кога вложениот труд почнува да се исплатува. Можно е ...
Во кочанското село Зрновци, во близина на Зрновска Река, беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање, кое било обезглавено и без други делови. Телото е пронајдено во местото викано Ѓошевски Орев, а засега нема информации за нејзината идентификација. Полицијата, пожарникарите и јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани денеска го пребараа поширокиот терен. Се истражува дали на телото влијаел човек или животни, а истрагата ...
Утрово во 10 часот и 40 минути во СВР Штип стигнала пријава дека било пронајдено безживотно тело, по што полицијата веднаш презела мерки за расчистување на случајот. Како што пишуваат повеќето медиуми, телото било проанјдено во кочанското село Зрновци, во близина на Зрновска река. Телото на жената било во распаѓање, а од Јавен обвинител наредена е обдукција. Идентитетот се уште не е утврден. Додека во јавноста се шпекулира со морбидни и ...
Почина Драги Гроздановски поранешен пратеник од Битола. Гроздановски е роден 1957 година во Битола. Завршил правен факултет, беше пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во првиот состав на парламентот, беше претседавач на Советот на Општина Битола и истовремено координатор на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Битола. Функцијата директор на Агенција за разузнавање ја извршуваше во два наврати во периодот од март 2000 година до февруари 2002 година и од мај ...
Рускиот претседател Владимир Путин ја честиташе иранската нова година, при што посочи дека Москва останува верен пријател и партнер на Техеран. „Владимир Путин му посакува на иранскиот народ достојно да ја преброди тешката ситуација и искушенија во овие времиња. Москва останува пријател на Техеран“, стои во соопштението. Русија смета дека американските и израелските напади ќе го турнат Блискиот Исток кон дното и ќе предизвикаат глобална ...
Цените на нафтата и утрово остануваат под силен притисок, при што Brent достигна околу 113,5 долари за барел, додека американската WTI нафта се приближува до границата од 100 долари, потврдувајќи го трендот на раст што трае веќе неколку дена. По наглиот скок на почетокот на неделата, пазарите и натаму реагираат нервозно, без јасни сигнали за смирување, додека инвеститорите внимателно го следат развојот на ситуацијата и можните последици врз ...