Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Пред нас е период на претежно облачно, но исклучително спарно и топло време. Според најновите метеоролошки податоци за следните седум дена, температурите во поголемиот дел од седмицата ќе се задржат длабоко над триесеттиот степен, со пик на жештините во текот на претстојниот викенд. Благо ладење и поизразено освежување се очекува дури кон средината на следната недела. Топлотен бран и температури близу 40°C Вториот дел од работната недела носи ...
Во тешка несреќа што се случи попладнево на покраинскиот пат Неа Мудања – Никити на Халкидики, загинаа татко, мајка и бебе, додека другото тригодишно дете е тешко повредено и е пренесено во болница, пренесe Прототема. Според Противпожарната служба, Оперативниот центар примил повик околу 18:30 часот за тешка сообраќајна несреќа во која учествувале цистерна и патничко возило во кое патувале двајца родители со нивните две малолетни деца, а кое ...
Министерството за внатрешни работи објави нови информации за тешката сообраќајна несреќа што вчера предизвика голем застој на автопатот Тетово–Скопје, во близина на наплатната рампа кај Глумово. Според полициското соопштение, несреќата се случила околу 19:30 часот, при судир меѓу „Фолксваген Кеди“ со скопски регистарски таблички, управуван од 33-годишниот А.И. од Скопје, и „Фолксваген Голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од ...
Денеска преку Единствениот број за итни повици 112 беше примена пријава дека три лица, кои се капеле во реката Треска, биле однесени од надојдената вода предизвикана од зголемен испуст од браната „Матка“ за потребите на производство на електрична енергија, извести ЦУК. – Поради надојдената вода, од силниот воден тек беа однесени две малолетни лица на возраст од 15 години и едно 18-годишно лице. Едното малолетно лице веднаш беше извлечено од ...
Во попладневните часови во повеќе делови од државата е регистрирана поизразена атмосферска нестабилност. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), најинтензивни процеси има долж Повардарието и во западните планински предели, каде се забележани поројни врнежи од дожд, појава на ретки грмежи и повремено засилен ветер. Нестабилното време локално може да предизвика краткотрајни, но интензивни врнежи, како и нагло ...
Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во Кумановскиот регион се развива нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во моментов пороен дожд е регистриран и во подрачјата западно од Скопје. Од УХМР апелираат граѓаните да бидат внимателни при движење на отворено и да ги следат најновите временски информации, бидејќи локално е можно невремето да биде поинтензивно. Според информациите од ...
Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ и соопштува на македонската јавност дека нашиот претседател Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци. Длабоко сме разочарани од Кривичниот суд кој го осуди нашиот претседател затоа што поставил две времени градби (бараки), во кои општината функционираше 13 години. Не направи никому штета, туку општината за сите тие години заштеди милион и пол евра ...
Одреден притвор за маж и жена од Скопје кои го убија докторот Трповски чие тело беше пронајдено на паркинг во Автокоманда во март 2024 година. Обвинителството обезбеди повеќе докази. – На 21.03.2024 година, на паркинг простор во населбата Автокоманда, осомничениот 65-годишник со умисла го лишил од живот сега покојниот Ацо Трповски. Притоа, му помогнала 59-годишната осомничена, прикривајќи ги средствата и трагите од извршеното кривично дело, ...
На 14.07.2026 во 05:40 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека во близина на угостителски објект во Гостивар, Н.С. (45) ја нападнал неговата 43- годишна сопруга, при што употребил остар предмет. Од страна на судија во претходна постапка, на Н.С. му е одредена мерка притвор, по што е спроведен во КПУ Затвор Скопје. На 14.07.2026 во 05:40 часот во Полициската станица Гостивар е пријавено дека во близина на угостителски објект во ...
На 71-годишна возраст почин д-р Васко Мицевски од Ресен, поранешен пратеник во македонското Собрание. На социјалната мрежа Фесјбук, Антонио Милошоски објави порака за последно збогум. -„Сочувство до семејството и најблиските на Д-р Васко Мицевски од Ресен. Истакнат лекар на кого грижата за здравјето на луѓето му беше на прво место. Достојно ги извршуваше и функциите поранешен пратеник во Собранието на Македонија и претседател на ОК на ...
На 13 јули 2026 година, околу 16:10 часот, во СВР Тетово било пријавено дека на локалниот пат во близина на влезот во село Ростуше, трицикл „Јамаха“ со италијански регистарски ознаки излетал од коловозот. Со трициклот управувал Ф.Р.М. (66) од Италија, со престојувалиште во село Велебрдо, кој во несреќата се здобил со тешки телесни повреди. Повредите биле констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во ...
Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има ...
Александар Лазаров – Цуна, кој пред четири дена избега преку прозорец од полициската станица во Кочани, доцна синоќа е пронајден и приведен, дознава „Скопје1“ од свои извори во Министерството за внатрешни работи. Според информациите на Скопје 1, Лазаров бил лоциран во Скопје, каде што бил уапсен од полициски службеници, со што заврши потрагата по него. Иако по бегството беше распишана и меѓународна потерница, тој е пронајден на територијата ...
Компаниите од приватниот сектор можат да започнат со исплата на регресот за годишен одмор (К-15), при што минималниот износ за 2026 година изнесува 19.116 денари. Минималниот регрес е пресметан врз основа на просечната нето-плата за февруари, март и април годинава, која изнесува околу 47.790 денари. Согласно Општиот колективен договор за приватниот сектор, минималниот К-15 изнесува 40 проценти од оваа основица. Право на исплата на регрес ...
Музичкиот свет претрпе огромна и ненадоместлива загуба откако на 75-годишна возраст засекогаш нè напушти легендарната велшка пејачка Бони Тајлер, чиј специфичен глас вечно ќе одекнува преку безвременските хитови кои длабоко одбележаа цели генерации. Оваа тажна вест доаѓа откако Бони Тајлер неодамна претрпе тешки здравствени компликации кои наложија итна хируршка интервенција во Португалија поради сериозна перфорација на цревата, што ...
Ви носиме неколку совети од Баба Ванѓа за живот. Баба Ванѓа цврсто веруваше во овие правила за повикување на благосостојба во домот: За среќата да ја посети куќата, чувајте во вашиот дом туѓа паричка како талисман, но само во сребрена боја; За сè да се одвива без проблеми во животот, почекајте ја младата месечина и преместете го мебелот низ вашата куќа; Никогаш не фрлајте полуизедени парчиња леб ако не сакате да ја изгубите среќата. Парчиња ...
Педесетгодишен албански бизнисмен бил смртно застрелан пред својот дом во селото Берџуле, во близина на Тирана, а истражителите се сомневаат дека станува збор за внимателно испланирана ликвидација. Според информациите од албанските медиуми, жртвата е Едмонд Сула, познат и како Али Сула, кој се занимавал со купопродажба на недвижности. Првичната истрага покажува дека напаѓачот испукал само еден куршум од поголема далечина, кој бил кобен за ...
Силно невреме проследено со град, обилни врнежи и силен ветер ја зафати северна Словенија, при што најпогоден беше регионот Корошка. Поројните дождови предизвикаа поплави на повеќе патишта, а на неколку места беа пријавени материјални штети и прекини во снабдувањето со електрична енергија. Словенечката Агенција за животна средина (АРСО) издаде портокалово предупредување за речиси целата земја, освен за југозападниот дел, а Владата ги повика ...
Големи колони од возила и застој во сообраќајот се формираа вечерва на автопатот Тетово–Скопје, во близина на наплатната станица на влезот во главниот град, поради сообраќајна несреќа. Според првичните информации, по несреќата сообраќајот на оваа делница се одвива значително отежнато, а кај патарината се создадени долги колони од автомобили. Засега нема официјални информации за причините за несреќата, ниту дали има повредени лица. Надлежните ...
Во Куманово попладнево се случи сообраќајна несреќа на улицата „Трета македонска ударна бригада“, во која учествувале мотоцикл и патничко моторно возило. Според фотографијата од местото на настанот, мотоциклот завршил под предниот дел од автомобилот, при што на возилото е забележливо оштетување кај предното лево тркало и браникот. На коловозот се расфрлани делови од моторот и други остатоци од судирот. Засега нема официјални информации за ...
На 71-годишна возраст почина д-р Васко Мицевски, познат лекар од Ресен и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија. Веста за неговата смрт ја сподели пратеникот Антонио Милошоски, кој преку социјалните мрежи упати зборови на сочувство и поддршка до семејството и најблиските на починатиот. Д-р Мицевски остави длабок траг во македонското општество, како на професионален, така и на политички план, извршувајќи важни општествени ...
МВР информира дека вчера попладне во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. „Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „хонда“, управуван од Д.Ш.(41) од Скопје и патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 51-годишната Р.Т. од Кичево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од ...
По периодот на екстремни температури, делови од Германија беа погодени од силно невреме кое донесе обилни врнежи, моќни ветрови, грмотевици и град со невообичаено големи димензии. Германската метеоролошка служба (DWD) издаде предупредување за опасни временски услови во централните и јужните делови на земјата, каде што се очекуваат интензивни бури проследени со силен дожд, налети на ветер и крупен град. Според прогнозите, во краток временски ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево на 13.07.2026 поднесе кривична пријава против С.С.(61) од Делчево, поранешен директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,„злоупотреба на службената положба и овластување“, по член 353 ст.1 во врска со член 45 ст.1 од КЗ. С.С. како службено лице – директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево ја злоупотребил службената положба и ...
Дваесет и осумгодишен маж од селото Седларево го загуби животот откако се здобил со тешки повреди при сеча на дрва во атарот на дебарското село Горно Мелничани. Како што информираат од МВР, настанот бил пријавен на 13 јули во 14:20 часот. Повредениот М.Л. (28) со возило на Итната медицинска помош бил пренесуван кон Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите. Смртта, без траги на насилство, ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 30-годишен маж, кој е осомничен за кривичното дело убиство. Според Обвинителството, на 12 јули, по расправија и физичка пресметка меѓу неговите родители во семејниот дом, осомничениот земал нож и во дворот го нападнал својот татко. Како што се наведува, му нанел повеќе од 30 убодни рани во пределот на вратот и градниот кош, од кои таткото починал на ...
Иако јули вообичаено важи за еден од најжешките месеци во годината, метеорологот Славчо Попоски најавува дека постои реална можност овој месец да помине без ниту еден изразен топлотен бран. „Според она што можам сега да го кажам, не се исклучува можноста месецов јули да го поминеме без ниту еден изразен топол бран. Состојбата ја следам!“, објави Попоски. Доколку ваквото сценарио се оствари, тоа би претставувало значително отстапување од ...
Два последователни земјотреса денеска беа регистрирани во Мексико, предизвикувајќи вознемиреност кај населението во погодените подрачја. Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресите биле со јачина од 5 и 4 степени според Рихтеровата скала. Посилниот земјотрес бил регистриран на длабочина од околу 80 километри, а неговиот епицентар се наоѓал во јужниот дел на Мексико, во близина на брегот на Тихиот Океан, ...
На скопските клиники почина маж од скопско Миладиновци кој на 8. јули паднал од прв кат на куќа. – На 12.07.2026 околу 06:45 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје е пријавено дека починал М.А.(56) од село Миладиновци, скопско, кој на 08.07.2026 бил донесен со тешки телесни повреди, со кои, според пријавеното, се здобил откако паднал од првиот кат од терасата од куќа, инфомрираа од МВР во дневниот билтен. По насоки ...
-На 12.07.2026 во 16:26 часот во ОВР Крушево е пријавено дека на регионалниот пат Крушево- Прилеп кај место викано „Двојна кривина”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „форд” со прилепски регистарски ознаки, управувано од Р.Т.(61) од с. Житоше, општина Долнени и мотоцикл „хамачи”, без регистарски ознаки, управуван од М.Б.(26) од с.Житоше, општина Долнени. М.Б. со возило на Итна медицинска помош Крушево бил пренесен во ...