Поречка Белешница, речен бисер на Македонија 10 април 2023 Прегледи: 4 Се смета дека во Република Македонија има преку осумстотини водотеци кои се подолги од пет километри. Меѓу нив, четири се поголеми од 100 километри, шест се со должина помеѓу 50 и 100 километри, а 72 се долги помеѓу 20 и 50 километри. Од останатите водотеци, голем дел се со повремен карактер, односно исполнети се со вода само за време на топење на снеговите и на поројните ...

Национален срам „Маврово“ 26 јануари 2023 Прегледи: 6.399 Точно 10 години изминаа откако Студијата за ревалоризација на заштитено подрачје Маврово, изработена од еминентни домашни и меѓународни научници, е заверена во архивите на ЈУ Национален парк „Маврово“ како официјален документ. Оваа студија на 416 страни, чија изработка е помогната од страна на Владата на Република Италија со пет милиони евра, е основен документ врз база на кој се изготви ...

Не сакаме да се откажеме од пластиката за еднократна употреба 6 март 2023 Прегледи: 6 Законот за управување со пакување и отпад од пакување од 2013 година, предвидуваше забрана на употреба на пластични кеси. Со новиот Закон од 2021 година повторно се потенцира оваа забрана. Кесите требаше да бидат почеток, зашто целта е преку менување на навиките да се намали употребата на сите производи од пластика за една употреба. Статистиката покажува дека ...

Западен Балкан – (конечно) плодно тло за садење енергетски задруги 3 март 2023 Прегледи: 136 Во земјите на западен Балкан, производството на енергија претежно е централизирано и втемелено врз фосилни горива. Во последниве неколку години, прифаќајќи го концептот за енергетска заедница, граѓани почнуваат иницијативи што го трасираат патот кон енергетска транзиција, а со користењето на обновливи извори активно учествуваат во реструктуирањето на ...

Илјадници тони отпад не се селектира бидејќи дел од фирмите не го пријавуваат 1 март 2023 Прегледи: 93 Годишно, над 25.000 тони отпад од пакување се целосно надвор од системот за селектирање и рециклирање. Иако овој тип на ѓубре има свои газди односно фирми кои според Законот за управување со пакување и отпад од пакување мора да се грижат да биде селектиран, собран, обработен и рециклиран, непознат број фирми воопшто не плаќаат за оваа намена. ...

Кратовски борови и Кривогаштански даб – шест и пол векови старо природно наследство 24 февруари 2023 Прегледи: 1 Министерството за животна средина и просторно планирање, во согласност со своите надлежности е главна институција задолжена да планира и да спроведува активности во правец на заштита на природното наследство на Македонија. Во таа насока, во изминатиот период Министерството спроведе активности за валоризација и ревалоризација на 12 ...

Европа на крстопат: Електрични возила на патиштата 16 јануари 2023 Прегледи: 721 Транспортот е одговорен за 30 насто од вкупните емисии на стакленички гасови во Европската Унија, според податоците од Европската агенција за животна средина. Речиси две третини од нафтата што се користи во ЕУ се троши за транспорт. Глобалната емисија на јаглерод од патничките автопатни возила изнесувала 2,5 гигатони во 2000. година, а до 2018. година пораснала на ...

ЕurBee 9 – Да ги спасиме пчелите, за подобра иднина 6 февруари 2023 Прегледи: 426 Како што вредните пчели и вредните мравки се движат кон својата кошница и мравјалник, така и луѓето доаѓаа во голем број за да учествуваат на Конгресот по апидологија „EurBee“ кој се одржа на крајот од летото 2022 година. Овој Конгрес беше организиран во рамките на годишните настани на Европската асоцијација за истражување на пчелите. Да ги спасиме пчелите, за ...

Од природна убавина до отровна река 18 мај 2021 Прегледи: 435 Од природна убавина до отровна река Вардар за половина век стана отпадна артерија на Македонија Уништување Кога во 1969 година дуетот Виолета Томовска и Кирил Манчевски првпат ја отпеа песната „Ој, Вардаре македонски“, напишана од Јонче Христовски, тројцата великани на македонската музика не можеле да претпостават дека педесетина години подоцна стиховите за убавината на најголемата ...

Матка и Водно: две подрачја – еден проблем 19 декември 2022 Прегледи: 125  Водно и Матка се две заштитени подрачја од различна категорија, со различни потреби што се наоѓаат на територијата на Град Скопје. Овие подрачја се граничат со што дополнително постои можност за ширење на опасноста доколку настане некоја природна или еколошка катастрофа. Според Законот за природа, со Просторниот план од 2004 – 2020 година, дел од планината Водно беше ...

Кој ги мати решенијата за загадувањето на Вардар? 27 декември 2022 Прегледи: 1.580 Вардар е мртва река чиј воден свет е исчезнат. Оваа река некогаш претставуваше своевидно прибежиште за граѓаните, кои неретко безгрижно се капеа во чистите води. Но денес, тоа претставува само дел од колективната меморија. Сега водите на Вардар на одредени места во Македонија се класифицираат во највисоката петта категорија на загаденост, што повеќе од 90% ...

Конвенциите за природа само ги потпишуваме, а не ги почитуваме 23 јануари 2023 Прегледи: 13 Богатството и хетерогеноста на видовите и на екосистемите се основните обележја на биолошката разновидност во Македонија. Според анализите, нашата земја се наоѓа на самиот врв на држави познати како европски жаришта на биодиверзитетот. Заштитата на природата како една од глобалните цели на човештвото последниве децении е преточена и уредена во повеќе ...

Реприза на еколошките проблеми во 2022: година на неостварени проекти 30 декември 2022 Прегледи: 3 Последните денови од 2022 година покажаа дека во Македонија се репризираат проблемите во животната средина кои се провлекуваат веќе со децении, како и дека наместо конкретни решенија надлежните продолжуваат со превземање паушални мерки колку да се замачкаат очите на јавноста и да се покаже дека нешто се работи. Имено, енормното загадување на ...

Заборавените, па „oживеаните“ македонски платани 9 декември 2022 Прегледи: 3 Република Македонија, иако територијално мала, поседува огромно природно наследство, со какво не можат да се пофалат и многу поголеми земји. Ова природно наследство е создавано низ векови и милениуми, а денес нашата генерација има обврска да го сочува и да го остави на идните поколенија. Министерството за животна средина и просторно планирање, во согласност со своите ...

Владата ја става здравата животна средина на последно место во 2023 23 декември 2022 Прегледи: 19 Владата планира најмал дел од вкупните буџетски расходи за 2023 година да одат за заштита на животната средина. И покрај ветувањата за зголемување на капацитетите на институциите надлежни за оваа област, следната година се планира намалување на бројот на вработени. Се планира нивната работа да биде сведена на веќе започнати проекти, од кои како ...

Teшка зима: Одрживите градови се спасот 16 декември 2022 Прегледи: 5  Иако од пред неколку месеци оваа зима се дефинира како тешка, за следните се прогнозира дека ќе бидат уште потешки. На светско ниво, самоодржливите градови ќе можат да си го олеснат живеењето во услови на поголем студ. Но, за да имаме ние одржлив развој, треба да го планираме. Скопје се развива неплански и затоа реторички звучи прашањето: Дали постои план каде и каква ...

Teшка зима: Дали обновливата енергија ни е спасот? 2 декември 2022 Прегледи: 9  Студот влегува на голема врата. Грејната сезона се решава ден за ден. Има ли можност да се почувствуваме сигурни како земја која е енергетски зависна и со ограничени финансиски средства? Сигурното снабдување со енергија ќе ја намали зависноста од увоз на енергија, а тоа пак ќе не направи поотпорни на надворешните случувања. Сонце, вода и ветар, ова се трите ...

Не треба да ја чуваме природата само за атер на ЕУ 30 ноември 2022 Прегледи: 1 Во процесот на приближувањето на земјата кон ЕУ во делот на животната средина, исполнувањето на критериумите од Поглавјето 27 е еден од најтешките, најобемни и најскапи зафати, бидејќи опфаќа околу една третина од вкупното законодавство што треба да се транспонира и околу половината од инвестициските трошоци за една земја кандидат која сака да стане членка на ЕУ. И ...

Не сакаме да ги видиме доказите за климатските промени во Македонија 22 ноември 2022 Прегледи: 2 Сценаријата за климатските промени во Македонија се остваруваат многу побрзо од предвиденото, а во нашата држава не се прави речиси ништо да се спречат негативните последици од овој феномен и да се намали загадувањето на природната средина. Најдобар показател за тоа дека се новите податоци од областа на животната средина што ги објави Државниот ...

Европските стандарди во животната средина за нас се астрономски далечни и скапи 17 ноември 2022 Прегледи: 7 „Северна Македонија“ е „умерено подготвена“ по речиси сите критериуми кои Европската комисија ги проценува кога е во прашање подготвеноста на нашата земја за влез во Европската Унија. Ова е доминантната оценка во годинешниот Извештај на ЕК за напредокот на Македонија за 2022 година. Вообичаено се анализираат оние делови на извештајот кои ...

Тешка зима: Ќе имаме ли доволно електрична енергија? 14 ноември 2022 Прегледи: 4 Колку пари – толку струја, на топло и на светло ќе презимат само оние што ќе имаат да платат. Светските берзи немаат милост, а државите како нашата што не можат да сметаат на сопствено производство, се надеваат на обзирноста на соседите. Набавка на ресурси се прави ад хок, а неизвесноста ја зголемува непредвидливоста. Пари и енергенси имаме до Нова година, за ...

Тешка зима: Ќе имаме ли доволна храна оваа зима? 4 ноември 2022 Прегледи: 1 Светот го живее најголемиот парадокс, брои зголемен број на гладни во годината во која се бележи најголемото производство на храна. Колку и каква храна ќе јаде Македонија во време кога воениот конфликт на Европско тло ги ограничи количините и екстремно ги зголеми цените на стратешките продукти? Земјава е нето-увозник на повеќе производи. Дали и кој ќе ни го даде тоа ...

Еколошко образование и климатска писменост „новото нормално“ за нашите деца 13 јуни 2022 Прегледи: 66  Високи температури во пролет, изгор лета, бури со силни електрични празнења, поплави, суши – климатските промени го менуваат нашето секојдневие. Затоа, еколошкото образование и климатската писменост стануваат „новото нормално“ за нашите деца. Експерти бараат промени во нашиот образовен систем, и во содржините и во пристапот. Со меѓународна ...

Живиот свет исчезнува од Вардар поради загадувањето 18 мај 2021 Прегледи: 125 Повеќегодишното континуирано загадување на реката Вардар со испуштање на непречистени отпадни комунални и индустриски води негативно влијае врз животинскиот и растителниот свет. Се забележува целосно исчезнување на одредени видови животни од реката или од некои нејзините делови, како и менување на структурата на фауната. Доколку неконтролираното загадувањето продолжи ...

Климатски промени – ем сме на удар, ем сме со очи широко затворени 22 април 2022 Прегледи: 60 И покрај големите пожари коишто лани ја пеплосаа Малешевијата и проголтаа илјадници хектари шума, поплавите од 2016-та коишто однесоа 20-ина човечки животи, големото аерозагадување со коешто се бориме секоја зима, повлечените езера и сушата, дел од населението со недоверба гледа во светот што се менува пред нашите очи. Треба да се работи на ...

Основите на националниот Зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан 7 декември 2021 Прегледи: 127 Зелениот договор е сеопфатен прогресивен план за борба против климатската катастрофа при отстранување на општествено-економските нееднаквости во државата. Планот е стратешка рамка за колективно дејствување кон трансформирање на функционирањето на економскиот и енергетскиот систем преку креирање на илјадници ниско-јаглеродни работни места за ...

Тешка зима – што е тешка зима? 26 октомври 2022 Прегледи: 4 Метеоролошките прогнози мораат да бидат база за стратегијата колку и што ќе се набавува за да се преживее „тешката зима“. Метеоролозите велат дека повеќе енергија ќе биде потребна за првата половина, кога се очекува поголем студ, додека во втората се очекуваат повеќе врнежи, но и поблаги температури. Студени и влажни бранови се можни, но долгорочно не можат да се предвидат. Оваа ...

Хроничен недостиг од инспектори во животната средина 25 март 2022 Прегледи: 59  Само 23 инспектори се вработени во Државниот инспекторат за животна средина, што ни оддалеку не е доволно за контрола на целата територија на Македонија. Освен што има недостиг од кадар, оваа институција кубури и со логистичка опрема како што се теренски возила поради што е невозможно да ја извршуваат нивната работа во непристапните делови од земјава. За да извршат ...

Геодиверзитетот во Македонија заслужува поголемо внимание 3 август 2022 Прегледи: 722 Геодиверзитетот е насекаде околу нас. Сите делови на природата, вклучувајќи ги и минералите на Земјата, карпите, фосилите, почвите, седиментите, формите, топографијата, геолошките и морфогенетските процеси и хидролошките карактеристики како што се реките и езерата. Голем број научници многу одамна се занимавале со проучување и заштита на биодиверзитетот, ...

Што е еколошка политика? 18 април 2022 Прегледи: 49 До сега во Македонија, животната средина се третира како споредна и неважна тема за која се вложува многу малку или пак воопшто. Најголемата поддршка со проекти за истражување, заштита и унапредување на животната средина доаѓа од странски, приватни или државни институции и фондации. Според еколошките проблеми со кои се соочува како и според ефектите од климатски проблеми кои надоаѓаат, ...

Минус 3,1%

38 минути - InStore

Скопје

6ᴼ/6ᴼ
0.51
81%
1020

Белград

4ᴼ/3ᴼ
1.03
90%
1023

Софија

6ᴼ/3ᴼ
1.54
87%
1022

Сараево

6ᴼ/6ᴼ
1.46
71%
1023

Љубљана

3ᴼ/2ᴼ
0.51
93%
1023

Атина

15ᴼ/13ᴼ
1.54
68%
1019

Тирана

12ᴼ/12ᴼ
1.03
71%
1017

Подгорица

7ᴼ/7ᴼ
0.51
87%
1018
Currency

61.525

Currency

58.5228

Currency

74.044

Currency

37.8808

Currency

41.6155

Currency

66.1096

Currency

8.02089

Currency

0.54808

Currency

0.39279

Currency

0.5254

Currency

1.68161

Currency

0.68986

Алуминиум

2 $

Иридиум

147106 $

Кобалт

486 $

Никел

507727 $

Рутениум

15048 $

Калај

28 $

Сребро

997 $

Злато

85135 $

Бакар

8 $

Паладиум

30675 $

Платина

30508 $

Родиум

147106 $

Цинк

99249 $