Кенет Фариед останува дел од Евролигата откако одличниот центар начелно постигна договор за соработка со Басконија. Тој мина голем дел од ланската сезона во дресот на Панатинаикос, но по доаѓањето на Жељко Обрадовиќ и потписот на Фал на Фариед му беше кажано дека за него веќе нема иднина во грчкиот гигант. Тој доби неколку понуди од Еврокупот, но кошаркарот со НБА педигре (мина седум години во дресот на Денвер нагетс) чекаше опција за ...

Габриел Мартинели е многу блиску до заминување од Арсенал, и тоа во трансфер со кој Бразилецот ќе стане најскапа продажба во историјата на лондонскиот клуб. Ал Хилал се наоѓа пред потпис со крилниот офанзивец откако начелно се договорени условите од 60 милионскиот трансфер со англискиот шампионат, а во завршна фаза се и преговорите со самиот фудбалер. „Топчиите“ трошат богатство на нови фудбалери, но не важат за клуб што знае да продаде своја ...

Артим Положани има причина да биде горд на стартот на сезоната на Шкендија откако тетовци по првите четири рунди имаат максимални 12 бода, од кои шест се освоени против директните ривали за највисок пласман, Вардар и Струга ТЛ. Токму стружани беа ривали на тетовските „црвено-црни“ на вчерашниот дерби дуел што Шкендија го доби со 2-1 со пеналот на Бесарт Ибраими во второто полувреме. „Јас добро го знам мојот тим, моите играчи и знам дека ...

Манчестер Сити продолжува со распродажбата на фудбалери доведени од Пеп Гвардиола на кои Енцо Мареска не смета сериозно, па така на излезна врата од „Етихад“ се најде и Нико Гонзалес. Њукасл ќе биде новиот клуб на Аргентинецот откако „црно-белите“ се согласија да платат 50 милиони фунти за да го донесат поранешниот ас на Порто во своите редови. Њукасл летово ги продаде двајцата клучни играчи за врска, Тонали и Гимараеш, па Гонзалез е доведен ...

Партизан се мачи да привлече топ-засилувања летово, а „црно-белите“ во меѓувреме се откажаа од Џабари Паркер, Американецот кој лани беше најзвучно засилување на овој тим, но не се снајде во тактичките замисли на Обрадовиќ, подоцна и на Пењароја, со што го навлече бесот на јавноста. Крилниот кошаркар пристигна на подготовките на „црно-белите“, но доживеа непријатно изненадување откако му беше кажано дека за него ќе нема место на тимските ...

Челси со 3-2 го совлада Фулам на гостински терен, и новиот тренер Чаби Алонсо на најдобар можен начин ја отвори сезоната во Премиерлигата. Лондонските „сини“ цело време беа во предност, а Фулам не успеа да дојде барем до бод. Шок на „Кревин Котиџ“ уште во 31-вата секунда, кога погоди Жоао Педро. По една грешка на одбраната на Фулам, се најде сам пред голот и успеа да погоди. Во 23. минута Фулам израмни преку Џошуа Кинг. Доби топка, влезе во ...

Фудбалската федерација на Македонија ја објави стручната судиска анализа за натпреварот меѓу Шкендија и Струга Трим Лум, со посебен фокус на клучните ситуации во кои интервенираше ВАР. Од Судискиот одбор посочуваат дека спорните одлуки на натпреварот биле правилно донесени, односно дека судискиот тим постапил согласно правилата на игра. Посебно внимание е посветено на ВАР-интервенцијата во една од клучните ситуации на натпреварот. По ...

Е. Пелистер игра квалитетно во подготовките за новата сезона, но Лино Червар очигледно не е задоволен од сите засилувања што беа доведени летово. Така, хрватскиот стратег се откажа од услугите на Омер Мехмедовиќ, бекот од БиХ кој очигледно не успеа да се наметне во таборот на битолчани. Мехмедовиќ беше најавуван како значајно засилување, но „зелено-белите“ вечерва со објава на социјалните мрежи ја потврдија разделбата од засилувањето кое само ...

Баерн Минхен постигна договор за заминување на Брајан Сарагоса, кој кариерата ќе ја продолжи во Еспањол. Шпанскиот клуб ќе го добие 24-годишниот офанзивец на позајмица, но со задолжителна клаузула за откуп. Еспањол по завршувањето на позајмицата ќе мора да го откупи договорот на Сарагоса за 8 милиони евра. Сарагоса во изминатиот период не успеа да се наметне во плановите на Баерн, па минатата сезона ја помина на позајмица во два клуба. Прво ...

Македонската кошаркарска репрезентација ги започна подготовките за важниот натпревар против Австрија, а селекторот Жозеп Марија Берокал и неговиот стручен штаб ги дочекаа репрезентативците во „Т Арената“ во Скопје. Со првиот собир официјално започна подготовката за следниот предизвик на националниот тим, кој има големо значење во продолжението од квалификацискиот циклус. Берокал и неговите асистенти во наредните денови ќе работат на ...

Македонската кошаркарска репрезентација повторно ќе може да смета на Ненад Димитријевиќ во продолжението од квалификациите за Европското првенство. Нашиот најдобар кошаркар се приклучи на сениорскиот состав и ќе биде еден од главните адути во обидот Македонија да обезбеди место на континенталниот собир. Од Македонската кошаркарска федерација потврдија дека целта е јасна – пласман на следното Европско првенство. Димитријевиќ има дополнителен ...

Шкендија со 2-1 го совлада тимот на Струга ТЛ, и ја продолжи победничката серија во новата сезона во ПМФЛ, најавувајќи сериозна кандидатура да ја врати титулата во своите витрини. Тетовскиот тим стигна до четвртиот триумф во четвртиот натпревар, победувајќи и денеска благодарение на голот од пенал на Бесарт Ибраими на четири минути пред крајот на средбата. Голгетерот на Шкендија Нзенге во 29. минута успеа да донесе предност за тетовскиот тим. ...

Вардар остана без искусниот дефанзивец Дарко Велковски, кој реши да направи нов интернационален чекор и кариерата да ја продолжи во Бахреин. 31-годишниот стопер потпиша договор со Ал-Калдија, со што по вторпат во кариерата го напушта Вардар. Велковски се врати во редовите на скопскиот клуб во јануари годинава и веднаш се наметна како стандарден првотимец. Тој беше во составот и на почетокот од новата сезона, но сега одлучи да прифати нов ...

Вардар 1961 нема да го одигра вториот натпревар во Регионалната ракометна лига според првичниот распоред. Гостувањето кај Динамо Панчево, кое беше закажано за 26 август, е одложено поради проблемите со кои се соочува македонскиот тим. Од таборот на „црвено-црните“ побарале одложување поради серијата повреди, но и вирус кој го погодил составот. Поради ваквата ситуација, Вардар не е во можност да отпатува во Панчево и да го одигра натпреварот ...

Женската ракометна репрезентација на Македонија го запиша вториот пораз на Медитеранските игри во Италија. Македонските ракометарки денеска беа убедливо поразени од селекцијата на Тунис со 43:11, во натпревар во кој противникот од самиот почеток ја презеде контролата над играта. Тунижанките беа далеку поефикасни во нападот и успеаја да создадат убедлива предност, која до крајот на натпреварот дополнително ја зголемија. На полувремето имаа ...

Вардар ја запиша втората победа во новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако попладнево на Националната Арена „Тодор Проески“ со убедливи 4:1 го совлада Силекс. Иако резултатот делува убедливо, натпреварот не беше толку едностран. Силекс во неколку наврати имаше свои можности за погодок, но Вардар беше поефикасен пред противничкиот гол и ги казни грешките на кратовчани. „Црвено-црните“ поведоа уште во третата минута. Спахиу ...

Челси е подготвен да го продаде Николас Џексон во летниот преоден рок, но лондонскиот клуб поставил јасен услов – сенегалскиот напаѓач може да си замине само со перманентен трансфер. Челси за 25-годишниот Џексон бара околу 65 милиони фунти, односно приближно 75 милиони евра. Новa позајмица не доаѓа предвид, велат информациите од Англија. Најголем интерес во моментов покажува Астон Вила, која е во постојан контакт со претставниците на ...

Односот меѓу Хулијан Алварез и Атлетико Мадрид го допре дното на вчерашниот дуел со Вилјареал, кога Аргентинецот беше исвиркан при влегувањето во игра, а потоа доби уште пожестоки свирежи од трибините кога прв се упати кон соблекувалните додека неговите соиграчи испраќаа поздрав до навивачите на средината од теренот. Тренерот Диего Симеоне обелодени дека тоа била одлука на управата, а не на самиот фудбалер, во обид дополнително да биде ...

Црвена Звезда по неуспешниот обид за влез во Лигата на шампионите реши да продаде неколку првотимци. Последен во низата е корејскиот репрезентативец Јунг ву Сеол, кој кариерата ќе ја продолжи во Бундес-лигата, како член на Аугсбург. Сеол влезе во последната година од договорот со српскиот првак, поради што „црвено-белите“ решија да го продадат и добро да заработат на него. Имено, трансферот на Сеол во Аугсбург ќе изнесува загарантирани четири ...

Црвена Звезда по неуспешниот обид за влез во Лигата на шампионите реши да продаде неколку првотимци. Последен во низата е корејскиот репрезентативец Јунг ву Сеол, кој кариерата ќе ја продолжи во Бундес-лигата, како член на Аугсбург. Сеол влезе во последната година од договорот со српскиот првак, поради што „црвено-белите“ решија да го продадат и добро да заработат на него. Имено, трансферот на Сеол во Аугсбург ќе изнесува загарантирани четири ...

Гостин во најновата епизода на „ПРЕСИНГ“ едно од најголемите кошаркарски имиња во историјата на Македонија, Марјан Србиновски. Предводникот на новиот амбициозен проект КК Соколи 1933 од Штип, поранешен македонски селектор и член на стручниот штаб од ЕП 2011 во Литванија, меѓу бројните теми се осврна и на онаа околу финансиската сигурност на домашните кошаркарски клубови. Според Србиновски, на македонската кошарка и недостасува посветен ...

Јувентус доби катастрофални вести по првото коло во Серија А и победата над Фросиноне, откако денеска пристигна информацијата за повредата на Кенан Јилдиз. Најдобриот фудбалер на „старата дама“ се жалеше на болка во стапалото, а деталните прегледи донесоа лоша вест за „црно-белите“, Турчинот ќе мора да замине на операција. Вообичаената пауза при ваков вид на повреди изнесува два до три месеци, што секако е огромен удар за Јувентус во ...

Екипата на Соколи 2010 од Штип е новиот суперлигаш на Македонија откако раководството на МКФ одлучи токму штипјани да го добијат испразнетото место во елитното друштво по дисквалификацијата на Чаир. По распишаниот оглас од федерцијата три клуба испратија апликации да го заземат местото на Чаир, но МКФ реши да ги одбие Феникс и Шкупи, официјализирајќи го суперлигашкиот статус на клубот од Штип. Соопштението на МКФ потпишано од Комесарот за ...

Новата ракометна сезона во женска конкуренција ќе стартува без ЖРК Куманово, откако поранешниот шампион и куп-освојувач не успеа да најде излез од големата финансиска криза. Од „куќата на ракометот“ се бараше начин да се помогне за да биде избегнато најцрното сценарио, кое за жал денеска стана реалност со одлуката на РФМ овој тим да биде исклучен од натпреварувањето, а на негово место во Супер-лигата да се вклучи екипата на Деспина. ...

Милан успеа да се ослободи од еден од фудбалерите на кои Рубен Аморим не смета за новата сезона, откако „росонерите“ постигнаа договор со Лајпциг за едногодишна позајмица на Кристоф Нкунку. Францускиот напаѓач најдобриот фудбал во кариерата го играше токму во Лајпциг, по што преку Челси заврши во Милан, но не се прослави премногу во таборот на „росонерите“. Нкунку имаше на маса уште неколку интересни понуди, но ја прифати онаа на Лајпциг, по ...

Барселона доминантно стигна до триумф над Елче за импресивен старт на сезоната, на кој дамка остави единствено повредата на Гави. Шпанскиот плејмејкер кој има бројни малери со повреди во последните сезони настрада по еден дуел, па жалејќи се на болка во коленото со солзи во очите го напушти теренот. Утрово врз него беа извршени детални прегледи кои донесоа одлична вест – воопшто не станува збор за оштетување на лигаментите или на менискусот, ...

Јувентус го доведе Викарио од Тотенхем како стартен чувар на мрежата, па „црно-белите“ ќе направат целосна рокада на голманската позиција откако дадоа зелено светло за заминување на двајцата голмани кои лани се бореа за првотимски статус. Искусниот Матија Перин заминува во Палермо, тој самиот инсистираше на трансфер во клуб каде стандардно би бранел, а „старата дама“ се согласи на негово заминување во Серија А. Во знак на благодарност за ...

Ливерпул се договори за личните услови со крилниот напаѓач на Брајтон, Јанкуб Минтех. Крилниот офанзивец е високо на листата со желби на Ираола, а управата на Ливерпул се договори за петгодишна соработка со него, но сега преостанува потешкиот дел од задачата – да се најде заеднички јазик со Брајтон. Како што објави Фабрицио Романо, 22-годишникот сака да се пресели на „Енфилд“, но Брајтон веќе одбил две понуди, вредни околу 58 и 69 милиони ...

Во вториот натпревар на развојниот турнир на УЕФА за играчи до 15 години што се одржува во Струмица и Турново, репрезентацијата на Македонија ја совлада Естонија со 1-0. Избраниците на селекторот Горан Георгиевски одиграа одличен натпревар во кој за жал постигнаа само еден погодок иако во текот на деведесете минути имаа неколку одлични можности, а на два пати и ја погодија пречката на противничкиот гол. Натпреварот беше решен во финишот од ...

Фудбалскиот клуб Партизан веќе подолго време се соочува со најразлични проблеми, но се чини дека дното е допрено денеска откако целокупната управа на клубот објави дека се повлекува од раководење со „црно-белите“, а заедно со нив си заминува и тренерот Саша Илиќ. Ова следи по катастрофалниот старт на сезоната, во кој Партизан по синоќешниот пораз од Младост се наоѓа на 12. место на табелата (од вкупно 14 екипи), со само четири бода по првите ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
60%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.57
79%
1015
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
83%
1017
weather icon

Софија

23ᴼ / 20ᴼ
1.54
55%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.44
80%
1015
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
91%
1019
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
1.79
54%
1012
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
61%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
54%
1014
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
3.13
87%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.6
53%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
73%
1013
Currency

61.525

Currency

52.71

Currency

71.9099

Currency

37.7016

Currency

38.0425

Currency

65.5891

Currency

7.8436

Currency

0.62323

Currency

0.33066

Currency

0.52382

Currency

1.09618

Currency

0.55097

Калај

55.96

Паладиум

42599.74

Алуминиум

3.24

Кобалт

56.29

Иридиум

252383.36

Бакар

13.57

Платина

59800.39

Родиум

282926.57

Рутениум

53852.50

Злато

149205.18

Сребро

2226.13

Цинк

0.00