Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Новиот тренер на Црвена Звезда, Алберт Риера му даде шанса од првата минута на Матеј Гаштаров на синоќешниот дуел со Чукарички, а шпанскиот стратег по дуелот го издвои токму младиот Македонец како играч од кого бил најмногу импресиониран. „За мене лично, Гаштаров покажа „мастерклас“ на денешниот натпревар. Ако некого треба да издвојам поединечно, тоа е тој. Најверојатно внимателно забележувал како Раде Круниќ игра на таа позиција. Како се ...
Фудбалската Федерација на Македонија ја продолжи помошта за клубовите откако во шесте региони беа распределени вкуппно 1740 топки од компанијата ПУМА, како помош за третолигашките екипи. „Нова сезона, ама ритамот не го менуваме 😉 Затоа денес, конкретно… …во шесте региони: Тетово, Битола, Прилеп, Струмица, Куманово и Скопје, распределивме 1.740 ПУМА топки за клубовите од Третите лиги. Ова е само една од серијата донации за клубовите од ...
РК Вардар официјално го промовираше новиот гостински дрес на клубот за сезоната 2026/2027. Дресот, како што информираат од клубот, е инспириран од 65-от јубилеен роденден на „вардарци“, со златна симболика зачекорувајќи во новата сезона! „Новиот гостински дрес ќе биде наскоро достапен во продажба“ – порачаа од Вардар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно ...
Македонскиот младински репрезентативец Матеј Гаштаров пристигна во Црвена звезда сосема случајно, на проба со младинскиот тим. И би можел да стане еден од првите бонус-играчи на Алберто Риера! Српски „Моцарт спорт“, не криејќи пофални зборови, пренесува дека на последниот натпревар на белграѓани од длабочините на младинската школа, новиот шпански тренер Алберт Ријера го ископа Матеј Гаштаров. А, само до пред некој ден Гаштаров беше едноставно ...
Македонскиот фудбал денеска со два дерби-натпревари во 4. коло од ПМФЛ, и двата во Скопје. Најпрво на Арената „Тодор Проески“ од 17 часот Вардар и Силекс во меѓусебна пресметка, а потоа од 19 часот на теренот на ФФМ, дуелот меѓу Шкендија и Струга ТЛ. Лидерот Шкендија со досегашен максимален ефект ќе ја пречека Струга ТЛ во желбата за нов триумф. Напаѓачот на Шкендија, Ване Крстевски верува дека тимот може да дојде до нова победа. „Во тимот ...
Алехандро Балде сака да ја напушти Барселона, а Манчестер Јунајтед е заинтересиран за неговиот трансфер. Шпанскиот лев бек наводно не е убеден дека има сигурна иднина на „Камп Ноу“, особено по доаѓањето на Жоао Кансело. Според информации од Шпанија, агентот на Балде, Жорге Мендеш, веќе информирал дека Манчестер Јунајтед се појавува како сериозна опција. Англиските гиганти бараат решение на позицијата лев бек по неуспешниот обид да го доведат ...
Дресот на Мајкл Џордан кој го носел на натпреварите од НБА лигата ќе биде најскапиот во спортската историја. Во 1998 година, Чикаго Булс ги победија Јута Џез со 4-2 во финалето на НБА и станаа шампиони, а МВП на финалната серија беше никој друг освен Мајкл Џордан. „Неговото Летечко Височество“ одигра неверојатна серија и имаше 24 поени во третиот натпревар кога Чикаго победи со 96-54, односно 42 поени разлика, и тоа е сè уште најубедливата ...
Саша Илиќ одлучи да поднесе оставка од клупата на Партизан по дебаклот против Младост во Лучани, но раководството на Партизан се обидува да го задржи барем до реваншот против Гетафе. Партизан е во една од најголемите резултатски кризи во својата понова историја, а катастрофалниот почеток на сезоната би можел да доведе до експресна промена на клупата. Саша Илиќ им соопшти на клупските челници дека сака да ја напушти позицијата шеф на стручниот ...
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, отворено го повика претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да ја напушти функцијата, велејќи дека во спротивно ќе се соочи со сериозен предизвик на изборите за претседател на светската фудбалска организација. Сепак, Чеферин јасно стави до знаење дека тој нема да биде лицето кое ќе се обиде да ја преземе функцијата на Инфантино. Словенецот тврди дека не е заинтересиран да се кандидира за претседател на ...
Црвена Звезда договори сензационален трансфер. 18-годишниот јужнокорејски напаѓач Је-Геон Ким од Чонбук пристигнува во Белград. Според информациите од Кореја, Ким ќе го потпише договорот до јуни 2031 година, а надоместокот е околу 430 илјади евра, плус и со 25% од идниот трансфер. Изворите наведуваат дека Барселона и Манчестер Сити покажале интерес за Ким, но му понудиле место во развојните тимови. Младиот играч наводно ја избрал Звезда ...
Викендов стартуваше шампионатот и во женска конкуренција од првенството на Фудбалската федерација на Македонија. Шампионот Скопје на стартот го совлада Кочани со 4-0. Домаќинот поведе со погодокот на Глорија Тодорова во 13. минута. Во 28. Сара Коларовска зголеми на 2-0, а само три минути подоцна Рабија Дервиши го постигна третиот погодок за Скопје. Конечните 4-0 ги постави Мила Панева со голот во 44. минута. Најубедливата победа на стартот ...
Фудбалерите на Барселона со победа на гостувањето кај Елче со 0-5 ја стартуваа одбраната на титулата во шпанската Ла лига. Гостите поведоа со 0-1 со погодокот на Рафиња од пенал во 14. минута. До крајот на првиот дел беше и 0-2 откако во третата минута од судиското продолжение прецизно стрелаше новата аквизиција Адејеми. Во вториот дел на 0-3 зголеми Рафиња во 67. минута. До крајот Фермин со два гола во 71. и 79. минута ги постави конечните ...
Диего Симеоне повторно застана во одбрана на Хулијан Алварез и јасно стави до знаење дека Атлетико Мадрид мора да ги задржи своите најважни играчи доколку сака да се бори за трофеи. Односот меѓу аргентинскиот напаѓач и навивачите на Атлетико не е идеален, но тренерот на мадридскиот тим смета дека екипата сега мора да застане зад својот играч. „Ако сакаме да освојуваме трофеи, мора да бидеме заедно. Го имаме Хулијан и мораме да го заштитиме. ...
По поразот во Суперкупот на Франција, актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен лошо ја стартуваше одбраната на титулата и во Лига 1 откако вечерва одигра реми 0-0 на гостувањето кај Рен. Домаќините поведоа со 1-0 со погодокот на Шимански уште во 9. минута од натпреварот. До крајот на првиот дел беше и 2-0 откако Леапул прецизно стрелаше во 38. минута. Во вториот дел шанса доби и Феран Торес и Шпанецот се покажа како полн-погодок. Со ...
Еден од најдобрите македонски фудбалери на денешницата Елиф Елмас и неговиот нов клуб Аталанта со победа на домашен терен над Сасуоло од 2-1 ја стартуваше новата сезона во Серија А. Клубот од Бергамо славеше, но не смее да биде среќен од играта бидејќи Сасуоло беше многу подобар противник. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Распадори во 6. минута. Гостите израмнија на 1-1 преку Одентал во 55. минута, додека конечните 2-1 беа дело на ...
Поранешниот македонски репрезентативец Аријан Адеми повеќе не е во плановите на унгарски Ујпешт и наскоро би можел да се врати во Хрватска, пренесува хрватскиот медиум „ТПортал“. Иако искусниот играч за врска има важечки договор со Ујпешт до крајот на следното лето, тој сезонава забележа само еден настап со скромни 26 минути на теренот. За услугите на Адеми веќе има сериозен интерес од две хрватски екипи, Горица и Рудеш. Според првичните ...
Ракометарите на Прилеп се освојувачи на трофејот на 11. издание на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, откако во финалниот натпревар триумфираа над екипата на Тиквеш со 36-29. Избраниците на тренерот Наум Танески го најавија успехот уште во првото полувреме, кое го завршија со предност од 17-12. Во вториот дел од средбата прилепчани рутински ја одржуваа предноста, не дозволувајќи му на противникот да внесе резултатска неизвесност до самиот ...
Викендов се одиграа натпреварите од првото коло во трите шампионати во младинските категории. Во Младинската Супер лига, Вардар триумфираше над Тетекс со 6:0. Двоен стрелец за “црвено-црните” беше Јован Ефтимовски, а по еднаш прецизни беа Томе Лидов, Николче Баталоски, Лука Кнежевиќ и Невзат Асани. Работнички ја совлада Брегалница со 3:2. Серијата голови ја отвори Давид Георгиевски, Горјан Гапиќ му донесе на домаќинот водство од 2:0, а во 57. ...
Атлетико Мадрид и Вилјареал одиграа без победни 2-2 во спектакуларен натпревар на „Метрополитано“ како дел од 2. коло од новата сезона во шпанската Ла лига. По натпреварот сите фудбалери на домаќините отидоа кај трибината на најжестоките навивачи на Атлетико да ги поздрават, а тоа не го направи Хулијан Алварез кој веднаш замина кон соблекувалната. Ова беше очекувано бидејќи поради неговата желба да премине во Барселона, тој пред почетокот на ...
Фудбалерите на Јувентус стигнаа до минимална победа од 0-1 на гостувањето кај Фросиноне во првиот натпревар за двата тима во новата сезона во италијанската Серија А. Гостите поведоа со 0-1 со голот на Бремер во 22. минута. До крајот мируваа мрежите, па погодокот на Бремер се покажа како доволен за воведни три бода на избраниците на Лучијано Спалети во новата сезона од Калчолигата. WHAT A HEADER FROM BREMER TO PUT JUVENTUS IN FRONT 🇧🇷 ...
Кошаркарите на Франција им се реваншираа на Србите за поразот во Белград откако вечерва во трилер меч на домашен терен славеа во контролен натпревар со 91-90. Французите одиграа подобро полувреме по кое имаа голема предност, но како одминуваше натпреварот Србија играше се подобро па успеа да го внесе мечот во неизвесна завршница. Прво Гудуриќ на пет секунди до крајот погоди за минимална предност од 89-90, но Франција успеа да слави победа ...
Омар Мармуш е уште еден фудбалер кој го напушта Манчестер сити. Како што пишува Фабрицио Романо, египетскиот репрезентативец му се приклучува на Тотенхем. Вредноста на трансферот изнесува околу 50 милиони фунти. Мармуш пристигна во Сити како големо засилување од Ајнтрахт Франкфурт, но не успеа да се наметне и да добие позначајна улога кај европскиот шампион од 2023 година. Египќанецот одамна ја изрази својата желба да замине во Лондон, а сега ...
Ракометарите на Е. Пелистер со победа над српски Партизан предводен од Раул Гонзалез од 35-31 во Регионалната лига ја стартуваа ерата на Лино Червар на клупата на македонскиот великан. Битолчани феноменално го стартуваа натпреварот во „Боро Чурлевски“ па со фуриозна игра веќе на полувреме имаа позитива од седум гола 20-13. Во вториот дел избраниците на Червар го исконтролираа мечот за конечен триумф од 35-31. Филип Кузмановски со 15 гола беше ...
Фудбалерите на Њукасл и Ливерпул одиграа 2-2 на стартот на новата сезона за двата тима во англиската Премиерлига. Домаќините стигнаа брзо до водство од 1-0 откако шведскиот репрезентативец Антони Еланга стрелаше во 5. минута. Во вториот дел гостите израмнија на 1-1 преку Коди Гакпо. Ново водство за домаќините донесе Џо Вилок во 57. минута 2-1, додека Ливерпул извади реми (2-2) со голот од пенал на Собослаи во 98. минута. Newcastle United 2 – ...
Машката кошаркарска репрезентација на Австрија претрпе тежок пораз од Унгарија со 107-72 на гостувањето во подготвителен пријателски натпревар. Оваа средба е дел од подготовките на Австријците за претстојниот старт на вториот претквалификациски циклус за пласман на Евробаскетот 2029 година, каде прв противник им е селекцијата на Македонија. Австрискиот тим на овој натпревар настапи драстично ослабен. Во составот ја немаше комплетната стартна ...
Атлетико Мадрид и Вилјареал одиграа без победни 2-2 во спектакуларен натпревар на „Метрополитано“ како дел од 2. коло од новата сезона во шпанската Ла лига. Откако по првите 45 минути мируваа мрежите, водство од 1-0 за домаќинот донесе Пубил во 59. минута. Само седум минути подоцна гостите успеаја да израмнат на 1-1 преку Морено од пенал. „Јорганџиите“ останаа со фудбалер помалку откако Ле Норманд доби директен црвен картон во 76. минута, а ...
Не му требаше многу време на Мохамед Салах за да го постигне првиот гол за Трабзонспор. На натпреварот против Башакшехир, Египќанецот во осмата минута ја искористи грешката на голманот на гостите и го постигна првиот гол за клубот што потроши многу пари за да го ангажира. Поранешната ѕвезда на Ливерпул ќе има годишна плата од 17 милиони евра во Трабзон, па јасно е дека ќе мора сериозно да се потруди за да ги оправда тие пари. Trabzonspor ...
Фудбалерите на Манчестер сити славеа со 2-1 на домашен терен против Бормут во премиерниот натпревар за двата тима во новата сезона во англиската Премиерлига. Гостите стигнаа до изненадувачко водство од 0-1 со погодокот на Таверние во 26. минута. Тие имаа предност се до последните шест минути. Прво „граѓаните“ израмнија на 1-1 преку Гуеи со неговиот погодок во 84. минута, додека конечните 2-1 ги постави Јошко Гвардиол во 91. минута. Manchester ...
Повеќегодишното екстремно навивачко насилство во полскиот град Краков викендов однесе уште една човечка жртва. Во округот Нова Хута брутално е убиен навивач на фудбалскиот клуб Хутник, кој се натпреварува во третата полска лига. Според првичните информации од Полска, зад нападот стојат членови на навивачката група на Висла Краков. Неофицијалните извештаи и видео снимките од местото на настанот откриваат грозоморни детали. Кон несреќното момче ...
Кога се оценува работата на еден систем, најважно е да се гледа што е променето во начинот на неговото функционирање, какви услови се создадени и какви резултати произведува. Особено во фудбалот, каде една одлука или еден натпревар не можат да бидат единствена мерка за квалитетот на целиот систем. Во последните неполни две години, Фудбалската федерација на Македонија направи значајни промени во сегментот на службените лица, со јасна цел, ...