Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Армони Брукс повторно е актуелен на кошаркарскиот пазар откако американскиот поентер потпиша договор со Асвел, но сега повторно ќе ги менува клупските бои поради финансиските проблеми на францускиот суперлигаш. Имено, откажувањето на главниот спознор придонесе Асвел да мора експресно да се раздели од најскапите кошаркари, прв нога повлече Франциско со потписот за Панатинаикос, а следен на листата е токму Брукс. Доскорешниот играч на Олимпија ...
Челси не запира со засилувањата, па нецели 24 часа откако беше официјализирано доаѓањето на Дени Велбек „сините“ исполнија уште една желба на Чаиб Алонсо. Станува збор за левиот бек на Рајо Ваљекано, Пеп Чаварија, кој ќе потпише договор на пет сезони со лондонскиот премиерлигаш откако конечно беа договорени сите детали од овој трансфер Чаварија имаше клаузула од 50 милиони евра, ноо Челси го договори овој трансфер за 25 милиони eвра, наоѓајќи ...
Џани Инфантино се повлече од идејата за приватизирање на комерцијалниот дел од фудбалските мундијали, но овој пропаднат проект може да му пресуди на првиот човек на ФИФА, кој сега се соочува со сериозен притисок да си замине од претседателската функција. УЕФА веќе извесно време е во војна со Инфантино, а последните случувања само потврдија дека Швајцарецот не е вистинскиот човек за предводник на светскиот фудбал, порачуваат луѓе блиски до ...
Барселона стори се за да го убеди Феран Торес да потпише нов договор, но на каталонците им стана јасно дека херојот од мундијалското финале има поинакви планови за иднината, па преговорите за продолжување на соработката дефинитивно се прекинати. Феран сака да му се приклучи на Луис Енрике во ПСЖ, од Барса порачаа дека нема да му стојат на патот, но и дека се уште високо го ценат голгетерот кој нема да може за „ситни пари“ да си замине од ...
Јуниорската репрезентација на Македонија го освои 14. место на европскиот шампионат – Б дивизија што се одржуваше во Хрватска откако нашите кошаркари до 18 години денеска претрпеа пораз од Велика Британија во мечот за пласман, со конечни 73-83. „Црвено-жолтите“ како и во текот на целиот шампионат, повторно имаа огромни осцилации во играта, нашите кошаркари ја добија првата четвртина со 21-18, но потоа потфрлија во одбраната во вториот дел во ...
Флорентино Перез одамна немал проблеми во преговори со фудбалер на Реал Мадрид како што е тоа случај со Винисиус, откако Бразилецот одби неколку понуди за да ја продолжи соработката со „кралевите“, по што влезе во последната година од актуелниот договор со најтрофејниот европски клуб. Проблем плус е што Арсенал му понуди финансиски услови какви што посакува бразилскиот голгетер, со што Флорентино Перез има уште поголеми главоболки во обидите ...
Јошко Гвардиол ја поздрави одлуката на управата на Манчестер сити да го именува Енцо Мареска за наследник на Пеп Гвардиола, откако извонредниот стратег реши да ги напушти „граѓаните“ по десет години минати на кормилото на овој тим. Гвардиол се приклучи на подготовките на Сити и по неколку одработени тренинзи со Мареска го искажа своето мислење за новиот тренер. „Нивото на тренинг е исклучително високо, Мареска неслучајно беше избран за нов ...
Шекил О’Нил секогаш е интересно име за јавноста, а легендарниот центар во последното гостување во американските медиуми се осврна на времето минато во ЛА Лејкерс. Тој доминираше во лигата во тандем со Коби Брајант, освои три шампионски прстени во низа од 2000 до 2003 година, но во 2004 сепак реши да си замине од Ел-Еј и да се пресели во Мајами. „Една од причините што почнав да размислувам за заминување беше што сите во клубот беа вљубени во ...
Марк Кукуреља се врати накратко во Лондон, да заврши со пакувањето пред селидбата за Мадрид по трансферот во Реал, а шпанскиот дефанзивец во меѓувреме му го разубави денот на локалниот поштар Гери. При последната достава Гери му го честитал мундијалското злато на Шпанецот, кој возвратил со неочекуван предлог – заедничка фотографија на која поштарот би го носел златниот медал на градите. „Имав можност да се запознаам со светскиот шампион Марк ...
Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваат двајца од новите предводници на македонскиот ракомет, членовите на РК Алкалоид, Марко Митев и Иван Галевски. Низ повеќе од возбудливиот, интересен разговор со едни од најдобрите македонски ракометари, неизбежно се отвори и темата за минатогодишниот извонреден меч на Иван Галевски на голот на Алкалоид во финалето на ЕХФ Европскиот куп против АЕК во Атина. Популарниот ...
Јувентус заврши голема работа со потписите на Коло Муани и на Алајбеговиќ, но овие два трансфери го потрошија речиси целиот буџе за засилувања на „старата дама“, што е лимитиран откако „црно-белите“ од Торино не успеаја да обезбедат влез во ЛШ за новата сезона. На тренерот Спалети му се потребни дополнителни засилувања, а управата работи на нивно доаѓање, но на едногодишни позајмици бидејќи целосен откуп за нови трансфери од дваесетина ...
Каква е разликата во финансиската моќ на англиските премиерлигаши во однос на клубовите од останатите топ-лиги доказ е трансферот на Мамаду Сангаре од Ленс во Брентфорд, за огромни 50 милиони евра. Брентфорд е тим од средината на табелата во елитното англиско друштво, без пресериозни амбиции, но фактот дека тие можат да си дозоволат да платат такво богатство јасно покажува зошто Премиер-лигата е далеку напред… Сангаре има 24 години и доаѓа од ...
Дени Велбек е најновото засилување на Челси откако лондонскиот клуб синоќа објави дека е потпишан договор на две сезони со 35-годишниот голгетер кој своевремено настапуваше за Манчестер јунајтед и за Арсенал. Велбек минатата сезона постигна 13 погодоци за Брајтон и покажа дека се уште може да игра на највисоко ниво, што беше една од причините поради кои новиот тренер Чаби Алонсо инсистираше на негово доаѓање на „Стемфорд бриџ“. Клубовите се ...
Галатасарај во изминатите години покажа дека не жали пари за да доведе врвни фудбалери од Топ 5 лигите, а раководството на турскиот гигант сега крои нов план – во Истанбул да го доведе Кевин де Бруине. Белгискиот плејмејкер има уште една година од договорот со Наполи, но неизвесно е дали ќе остане откако кон крајот на ланската сезона го навлече бесот на клубот поради јавните критики кон тренерот Антонио Конте. Во меѓувреме Конте го напушти ...
На Роберт Левандовски не му требаше многу време за да почне да ја покажува својата класа и во МЛС-лигата по трансферот од Барселона, откако полскиот ас му ја дпнесе победата на својот Чикаго на дуелот со Шарлот од 2-1. Шарлот прв поведе, но да не дојде до сензација се погрижи токму Левандовски, кој набрзо по водечкиот гол стрелаше прецизно од работ на шеснаесетникот за 1-1, за Полјакот потоа во вториот дел да го комплетира пресвртот. ...
Барселона паралелно со потрагата по наследник на Левандовски бара и нов централен дефанзивец кој би играл стандардно крај Кубарси, а прва желба на тренерот Флик е Ејмерик Лапорт, искусниот фудбалер кој стандардно беше крај Кубарси во шпанската репрезентација при мундијалскиот успех летово. Каталонците не го кријат интересот, но сериозен проблем е сумата што ја бара неговиот клуб Атлетик Билбао, познат по тоа што тешко попушта во преговорите ...
Женската јуниорска репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз на Европското првенство од Дивизијата „Б“ за кошаркарки до 18 години, кое се одржува во романскиот град Тулчеа. Во натпреварот од второто коло во групата „Д“, фаворизираната селекција на Грција ја потврди својата улога и славеше со 73-42, со што ја забележа и втората победа на шампионатот. Македонските јуниорки одиграа солидно во првото полувреме и долго време успешно му ...
Новата ера на Жозе Мурињо во Реал Мадрид почна со реми, 2-2, против Фиорентина на пријателскиот меч кој се одигра на стадионот „Вертерзе“ во Клагенфурт, Австрија. Реал Мадрид поведе со голот на Ендрик во 12. минута, а Алексис Сириа го дуплираше водството во 24. минута. Real Madrid surrender a two-goal lead to Fiorentina in Austria 👀 pic.twitter.com/rwWP1jWncJ — CBS Sports Golazo ⚽️ (@CBSSportsGolazo) August 1, 2026 Но, потоа целосно ...
Челниците на германскиот шампион Баерн Минхен веќе прават планови за периодот по заминувањето на англискиот напаѓач Хари Кејн од клубот. Договорот на Кејн со Баерн е до јуни 2027 година, па клубот сака да биде подготвен на време доколку соработката не се продолжи. Затоа веќе составиле список на потенцијални наследници. Според достапните информации, на него е и напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Бенјамин Шешко. Словенечкиот репрезентативец е ...
Прволигашот Струга ТЛ славеше висока победа од 3-1 против Охрид на пријателскиот натпревар одигран денеска. Головите за победата на стружани ги постигнаа Диаките, Малески и Нухија. Екипата на Башкими, по убедливиот пораз од Силекс на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, поразена и на денешниот пријателски натпревар од екипата на Камјани. Камјани триумфираше со 1-0 на пријателскиот дуел во Куманово, благодарение на ...
Пелистер триумфираше против Шкендија Арачиново на пријателскиот натпревар кој се одигра во Скопје. Битолчани славеа минимално со 1-0, а стрелец на единствениот гол за триумф беше поранешниот македонски репрезентативец Кире Ристевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА Пелистер триумфираше против ...
Шкендија информираше дека лекарските прегледи потврдиле дека Фабрис Тамба и Бојан Димоски немаат сериозни повреди по повредите што ги заработија на натпреварот против Браво на реванш дуелот од 2. квалификациско коло за Конференциската лига на УЕФА. Тамба, кој доби удар во ногата на крајот од натпреварот, беше подложен на лекарски прегледи, кои за среќа не открија сериозни повреди. Во меѓувреме, Бојан Димоски, кој доби удар во градите по судир ...
Искористувајќи ја паузата во домашното првенство, екипата на Арсими без поголеми проблеми триумфираше на пријателскиот натпревар против второлигашот Тетекс. Арсими славеше со убедливи 4-1, со два гола постигнати во првото полувреме, а потоа уште два во вториот дел. Тетекс на крај постигна почесен погодок колку за ублажување на поразот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), ...
Арсенал го продава Кристијан Норгард кој треба да стане нов играч на Евертон, вториот по големина клуб во Ливерпул. Арсенал ќе заработи околу осум милиони евра, а играчот од средниот ред ќе биде подложен на лекарски прегледи следната недела пред официјализација на трансферот. 32-годишниот Данец пристигна во Арсенал минатото лето за 11,6 милиони евра, но не успеа да се избори за посериозна минутажа. Одигра вкупно 20 натпревари, но само 1047 ...
Интер го победи Манчестер Сити по пенали во пријателски натпревар одигран во Хонг Конг. Манчестер Сити поведе со гол на младиот Мубама во 14. минута, само за Интер да израмни преку Павар по само шест минути. Сити доминираше во второто полувреме, погодувајќи ја гредата двапати со неколку одлични интервенции на голманот Проведел – резултатот остана 1-1. Зјелински и младите Москони и Лавели постигнаа пенали за Интер (Фратеси промаши), а за Сити, ...
Реал Мадрид, според последните информации, конечно стави крај на една од најголемите трансфер саги ова лето. Според угледниот „ЕСПН“, кралскиот клуб постигнал договор за доведување на шпанскиот репрезентативец Родриго. Според истите информации, трансферот ќе изнесува околу 65 милиони евра. Со тоа, новиот тренер на Реал, Жозе Мурињо, конечно треба да ги добие засилувањата по кои копнееше. Доведувањето на искусен играч од средниот ред беше еден ...
Машката јуниорска репрезентација на Македонија ќе игра за 13. место на Европското првенство од Дивизијата „Б“, откако во разигрувањето денеска славеше против Исланд со 86-74. Македонските јуниори покажаа карактер и одиграа еден од најдобрите натпревари на шампионатот во Хрватска. Иако по само десет минути игра имаа негатива од 16 поени, избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ направија голем пресврт и заслужено изборија натпревар за 13. ...
Барселона сака да го доведе грчкиот напаѓач Вангелис Павлидис од Бенфика. Шпански „Мундо Депортиво“ пишува дека Бенфика навистина не сака да го продаде Павлидис, освен ако Барселона не даде понуда „која не може да се одбие“. Не е дадена конкретна бројка, но се знае дека Бенфика побарала од Јувентус 40 милиони евра за Гркот. Италијанскиот клуб одбил таква цена. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини ...
Тотенхем славеше над Челси со 2-1, на тој начин освојувајќи го популарниот Сиднеј куп. Де Зерби како нов менаџер на Тотенхем успеа да стигне до првиот трофеј, на пријателскиот турнир во Австралија. Челзи поведе во 21. минута преку Естевао, а Тонали израмни на 1-1. Дансо доби црвен картон, но тоа не го спречи Тотенхем и со играч помалку да дојде до победата. Ричарлисон дојде до 2-1 во последните секунди од дуелот. 10 MAN TOTTENHAM WIN IT IN ...
ПСЖ сè уште е во директни разговори со менаџерите на Феран Торес за евентуален трансфер ова лето. Барселона не сака да го продаде шпанскиот напаѓач, а реализацијата на трансферот би можела да се случи само ако Торес лично побара да го напушти клубот. ПСЖ размислува да ги доведе Торес и младиот белгиски крилен напаѓач Мик Годтс. Парижаните бараат засилувања во нападот по заминувањата на Ли Канг-ин, Гонсало Рамос и Ибрахим Мбаје. Во исто време, ...