Фудбалерите на Севилја стигнаа до втората победа сезона во домашниот шампионат во исто толку натпревар откако денеска изненадувачки славеа на гостувањето кај Атлетик Билбао со 1-3. Голема глупост направи домашниот фудбалер Берчиче кој уште во 11. минута доби директен црвен картон. Гостите тоа го искористија само четири минути подоцна кога Осо стрелаше за 0-1. Ејуке во 50. минута зголеми на 0-2, додека 0-3 беше со погодокот на Ромеро во 57. ...

Фудбалерите на Пелистер и АП Брера одиграа без голови 0-0 во најинтересниот натпревар од 3. коло од новата сезона во Втората фудбалска лига на Македонија. Двете екипи одиграа еден израмнет натпревар во кој повеќе се гледаше како да се остане непоразен, па на крајот мечот заслужено заврши со почетните 0-0. Македонија Ѓорче Петров стигна до минимална победа на гостувањето кај Еуромилк во Горно Лисиче со 0-1. Кожув славеше над Шкупи со 2-0, ...

Фудбалерите на Арсими славеа со 0-2 против дебитантот Шкендија Арачиново во натпревар кој се играше на стадионот во скопската населба Чаир како дел од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи одиграа еден интересен и динамичен натпревар во кој на крајот за нијанса посреќни беа фудбалерите на Арсими кои го имаа џокерот Лорик Каба. Токму тој во 80. минута донесе водство од 0-1 во 80. минута, а истиот фудбалер ги постави ...

Фудбалерите на Евертон со победа од 2-0 на домашен терен против Кристал Палас ја стартуваа новата сезона во англиската Премиерлига. Домаќините стигнаа до водство од 1-0 со погодокот на Дузбери-Хол во 42. минута. Конечните 2-0 беа дело на Бери во 53. минута. Everton [2] – 0 Crystal Palace – Thierno Barry 53‎'‎ byu/West_Agent4651 insoccer До победа стигна и Ипсвич кој славеше на домашен терен против Сандерленд, додека Лидс јунајтед беше ...

Најтрофејниот македонски кошаркарски колектив Работнички, со големи амбиции ја пречекува новата сезона во домашното првенство. Шефот на стручниот штаб, Владимир Мирковски, отворено најави дека клубот од Градски парк погледнува кон самиот врв и ќе се бори за шампионскиот пехар. За искусниот стратег ова ќе биде вкупно 24-та сезона во неговата богата тренерска кариера. Истовремено, ова е негова втора година на кормилото на сениорскиот тим на ...

Славниот кошаркарски стратег Светислав Пешиќ се приклучи кон честитките за големиот јубилеј – 80 години од формирањето на кошаркарскиот клуб Работнички. Во специјално видео обраќање, поранешниот српски селектор откри досега помалку познат детал од својата играчка кариера, признавајќи дека бил на чекор да го облече дресот на македонскиот кошаркарски гигант. Пешиќ откри дека главната причина за потенцијалниот трансфер бил македонската ...

Манчестер јунајтед се врати на игрите на кои што навикнавме од него во последните 15 години откако денеска рутински загубија на гостувањето кај Хал сити со 2-0 во премиерниот меч за двете екипи во новата сезона во Премиерлигата. Домаќините стигнаа до предност од 1-0 со голот на Аџаји во 17. минута. До крајот на првиот дел беше и 2-0 со погодокот на Менди во 38. минута. Во вториот дел Јунајтед немаше ниту една шанса за гол, а Хул рутински го ...

Искусниот Демар Дерозан, кој има постигнато 26.711 поени во историјата на НБА, сака да премине во Денвер Нагетс, пренесува американскиот новинар Крис Хејнс. Станува збор за истиот тим на Денвер Нагетс кој неодамна го загуби Пејтон Вотсон, без да добие ниту еден играч за возврат во размена што многумина во САД ја оценија како катастрофална за клубот. Тимот за кој настапува Никола Јокиќ беше апсолутно разочарувачки во претходната сезона и беше ...

Екипата на Шкендија Арачиново, охрабрена од последната победа против Тиквеш во Кавадарци, денеска се соочува со Арсими. „Црвено-црните“ бараат продолжување на позитивната серија и остварување на првата победа пред сопствената публика на стадионот во Чаир. Искусниот дефанзивец Есмин Личина го почитува противникот, но верува дека сите три бода ќе останат кај екипата од Арачиново. „Противник ни е Арсими, екипа која максимално ја почитуваме. ...

Струга ТЛ продолжува да го засилува својот тим за новата сезона. Во пресрет на големото дерби против екипата на Шкендија, стружани промовираа уште едно име во својот тим. Станува збор за 20-годишниот Блерон Рамадани, кој игра на позицијата лев бек. Младиот дефанзивец својата фудбалска кариера досега ја градеше во Швајцарија, каде ги помина младинските категории во Грасхоперс. За Рамадани овој трансфер во Струга ТЛ ќе претставува прв предизвик ...

Екипата на Арсими денес патува во главниот град со желба да ја забележи втората победа во првенството. Противник е Шкендија од Aрачиново која во претходната рунда славеше на гостувањето во Кавадарци совладувајќи го Тиквеш со 1:0. Минатонеделната победа против Башкими донесе дополнителна мотивација и самодоверба во редовите на Арсими. Атмосферата во тимот е одлична, а сите играчи се максимално фокусирани да продолжат со позитивни резултати. Во ...

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кариерата ја продолжува во италијанската Серија А, откако договори едногодишна позајмица со екипата на Аталанта. Овој трансфер е целосно изненадување за јавноста, бидејќи клубот од Бергамо претходно воопшто не се споменуваше како можна дестинација за нашиот фудбалер. За Елмас ова е враќање во Италија, каде што во минатото со успех настапуваше за екипите на Торино и Наполи. Крадењето авторски текстови е ...

Женската ракометна репрезентација на Македонија со пораз од Грција 25-31 го стартуваше настапот на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Нашите девојки одлично го отворија натпреварот и по првиот дел имаа позитива од 14-10. Сепак, нашите млади ракометарки не го издржаа притисокот во второто полувреме во кое Грција тотално не надигра и на крајот стигна до лесен триумф од 25-31. Леона Миленкоска со десет гола беше најдобар поединец во нашиот ...

Прволигашот Струга Трим Лум го потврди своето најново засилување за дефанзивната линија. Нов играч на стружани е Едисон Кола (25), квалитетен стопер кој доаѓа да ја засили конкуренцијата во одбраната на тимот. Кола е роден на Крит и поседува грчко и албанско државјанство. Во својата кариера настапуваше за клубови од Грција и Кипар, а во Струга пристигнува од редовите на тимот на Тирана. За еден од најдобрите албански клубови тој одигра 36 ...

Финалистот во Купот на Македонија, екипата на Куманово, продолжува со активно составување на тимот за новата натпреварувачка сезона. Најново засилување за кумановци е американскиот плејмејкер Камерон Гуден. Станува збор за 27-годишен кошаркар (висок 183 сантиметри), роден во Слајдел, Луизијана. Гуден поседува богато искуство од американската колеџ-кошарка. Таму настапуваше во НЦАА-лигата за Јута Универзитетот и за Дикси Стејт. Негов последен ...

Фудбалерот на Брајтон, Карлос Балеба (22), ќе премине во Манчестер Јунајтед откако двата клуба се договорија за трансферот на Камерунецот. Клубот од „Олд Трафорд“ ќе му плати на Брајтон 80 милиони евра за „слободата“ на поранешниот играч на Лил. Балеба одигра 92 натпревари за Брајтон во изминатите три сезони и постигна три гола. Тој игра на позицијата дефанзивен играч за врска. Брајтон претходно за него му плати 30 милиони евра на Лил. ...

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, упати силни пофалби до своите фудбалери по убедливата победа од 3-0 против новиот прволигаш Ковентри Сити во првото коло од Премиерлигата. Лондонскиот клуб ја оправда улогата на фаворит и со доминантна игра ги освои првите три бода во новата сезона. По натпреварот, Артета не го криеше задоволството од покажаната енергија и тактичка дисциплина на теренот. „Одлична игра многу работи ми се допаднаа во настапот ...

Клеј Томпсон повеќе не е кошаркар на Далас Маверикс, а кариерата ќе ја продолжи во дресот на Мајами Хит. Искусниот шутер постигна договор со Далас за раскин на соработката и како слободен агент ќе потпише со тимот од Флорида. Томпсон во Далас пристигна во 2024 година, по 13 сезони поминати во Голден Стејт Вориорс. Со Маверикс потпиша тригодишен договор вреден 50 милиони долари, но неговиот престој во Тексас траеше само две сезони. Во периодот ...

Еден од најголемите таленти на македонскиот фудбал, Дитмир Хоџа, од вчера и официјално е нов член на англискиот клуб Лидс Јунајтед. Хоџа стави потпис на четиригодишен договор со клубот. Младиот фудбалер првично ќе ги брани боите на тимот на Лидс за играчи до 21 година. Сепак, тој веднаш ќе добие шанса со напорна работа да се наметне и кај менаџерот Даниел Фарке во првиот, сениорски тим. Во разговор за официјалниот портал на Лидс јунајтед, ...

Најбрзиот човек на планетата и осумкратен олимписки шампион, Усеин Болт, е нов фудбалер на англискиот клуб Витеншо Ветс. Тој официјално е регистриран за настап во Премиер дивизијата на ветеранската лига во областа Чешир. Ова натпреварување е резервирано исклучиво за играчи постари од 35 години. Клубот Витеншо доаѓа од јужниот дел на Манчестер и веќе е познат во јавноста. Минатата сезона тие привлекоа огромно внимание бидејќи во нивните редови ...

По продолженијата, Кајзерслаутерн го елиминираше Манхајм во првото коло од германскиот Куп со 1-0. Натпреварот траеше три часа и 15 минути поради прекин предизвикан од нереди на трибините, а интервенираше дури и коњичката полиција. Настана целосен хаос на трибините откако судијата го означи крајот на регуларните 90 минути, а фудбалерот на домашните Марлон Ритер влезе во конфликт со неколку играчи на Манхајм. Потоа ситуацијата се пренесе на ...

Арсенал на најдобар можен начин ја отвори новата сезона во Англија. Против новиот премиерлигаш Ковентри, славеше лесна победа од 3-0 на „Емирати“, и ги освои првите три бода со „чиста мрежа“. „Топчиите“ го решија победникот уште по првиот дел, кога имаа предност од 2-0. Најпрво Хаверц погоди, а потоа стрелаше и Сака за убедлива предност уште по првите 45. минути. Само што почна вториот дел, Одегард погоди за 3-0, што беше и конечен резултат ...

Шпанскиот фудбал е потресен од трагична вест, откако 19-годишниот Џеди Сидибе го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа во провинцијата Сарагоса. Сидибе беше член на шпанскиот клуб Сарагоса Галакси, а несреќата се случила на патот меѓу Булбуенте и Малехан. Во директен судир учествувале автомобил и камион. Во несреќата животот го загубиле вкупно четири лица, меѓу кои и младиот фудбалер, додека уште едно лице било тешко повредено. Од ...

Охрид направи голем пресврт против Загреб и со реми 30-30 обезбеди место во финалето на турнирот „Крсте Андоновски“. Загреб во поголем дел од натпреварот имаше контрола и во еден момент водеше со пет гола разлика. Сепак, домаќинот не се предаде и во драматичната завршница успеа целосно да се врати во игра. Најзаслужен за големиот пресврт беше голманот на Охрид, Славиќ, кој имаше фантастична партија со вкупно 13 одбрани, од кои дури девет во ...

Југослав Тренчовски ја запиша и втората победа на клупата на Олимпија Љубљана, откако вечерва тимот ја победи Нафта со минимални 1-0. Токму македонскиот тренер имаше свој придонес во победата, затоа што триумфот го донесе нововлезен фудбалер. Станува збор за Антонио Марин кој влезе на местото на македонскиот репрезентативец Димитар Митровски, и погоди во 79. минута за конечен триумф. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето ...

Интер официјално го потврди трансферот на Куртис Џонс од Ливерпул. Англискиот репрезентативец стави потпис на договор со италијанскиот шампион до јуни 2031 година. Џонс по 16 години го напушта Ливерпул, клубот во кој ја помина целата своја досегашна професионална кариера. За првиот тим на „црвените“ одигра 228 натпревари и постигна 22 гола. Интер за трансферот ќе плати 30 милиони евра фиксно, а договорот предвидува уште пет милиони евра преку ...

Кристијано Роналдо продолжува со својот неверојатен поход кон границата од 1.000 гола. Португалецот постигна гол на враќањето на терените и стигна до 977 погодоци во професионалната кариера. Роналдо го пропушти почетокот на сезоната поради подоцнежното приклучување на подготовките по Светското првенство, но веднаш по враќањето во составот на Ал-Наср покажа дека сè уште е во одлична форма. Четириесет и едногодишниот напаѓач натпреварот против ...

НОВА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА, „ПРЕСИНГ“, ОВОЈ ПАТ СО ПОРАНЕШНИОТ МАКЕДОНСКИ СЕЛЕКТОР И ЧЛЕН НА ПРВАТА ГЕНЕРАЦИЈА КОЈА НЕ ОДНЕСЕ НА ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО, МАРЈАН СРБИНОВСКИ. Во разговорот со нашиот новинар Никола Станикевски, едно од најистакнатите македонски кошаркарски имиња во историјата зборува за неговото повторно се враќање во мак-кошарката како предводник на нов амбициозен проект, КК Соколи 1933… Но, овој пат и за онаа наша ...

Брегалница стигна до нова победа пред своите навивачи, и рутински ја совлада екипата на Башкими која и натму останува со салдо „нула“ и на бодовното и на голгетерското конто. Штипјани стигнаа до вториот триумф сезонава, откако на истиот стадион го совладаа и тимот на Арсими со 4-0. Штипјани уште од почетокот ја презедоа иницијативата, а водството го донесе Иван Глигоров во 23. минута, по одличната акција на Стојанов. Во вториот дел Брегалница ...

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, смета дека дури осум екипи ќе имаат реални шанси за освојување на титулата во Серија А оваа сезона. Наполи во сабота ќе ја започне новата сезона со гостување кај Џенова, а Алегри очекува исклучително интересна трка за Скудетото. „Интер е тимот кој треба да биде победен, бидејќи тие се актуелни шампиони. Фиорентина имаше одличен преоден рок, Аталанта направи многу промени, а Милан и Јувентус исто така ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
60%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.57
79%
1015
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
83%
1017
weather icon

Софија

23ᴼ / 20ᴼ
1.54
55%
1016
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.44
80%
1015
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
91%
1019
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
1.79
54%
1012
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
4.63
61%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.03
54%
1014
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 18ᴼ
3.13
87%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.6
53%
1016
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
2.57
73%
1013
Currency

61.525

Currency

52.71

Currency

71.9099

Currency

37.7016

Currency

38.0425

Currency

65.5891

Currency

7.8436

Currency

0.62323

Currency

0.33066

Currency

0.52382

Currency

1.09618

Currency

0.55097

Родиум

282926.57

Цинк

0.00

Бакар

13.57

Калај

55.96

Паладиум

42599.74

Рутениум

53852.50

Сребро

2226.13

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.24

Злато

149205.18

Иридиум

252383.36

Платина

59800.39