Голем пожар целосно ја уништи зградата на „Вјесник“ во Загреб, еден од симболите на новинарството во поранешна Југославија. Пожарот избувнал синоќа половина час пред полноќ и се проценува дека гаснењето ќе трае и денеска цел ден. Засега нема информации за повредени, имајќи предвид дека во облакодерот немало никој кога се запалил. Хрватските медиуми објавија дека во гаснењето учествуваат стотина пожарникари со 30 возила. Тие синоќа биле ...

Екипите на регионалните центри за управување со кризи во текот на изминатото деноноќие поради обилните врнежи интервенираа на повеќе критични локации низ државата. Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), на подрачјето на Битола се ангажирани екипи и механизација на јавните претпријатија и водостопанските компании за расчистување наноси и зајакнување насипи на повеќе делови од речните корита. Поради ерозијата на патот кон ...

Новата Мис Универзум е Мексиканката Фатима Бош. Натпреварот за Мис Универзум 2025 беше свечено одржан во Тајланд, а титулата ѝ припадна на убавицата од Мексико, Фатима Бош (25). Првата придружничка е Мис Тајланд, втората е Мис Венецуела, а третата е Мис Филипини. Дваесет и петгодишната Бош стана четвртата победничка од Мексико, откако претходно го напушти официјалниот настан на почетокот на месецот поради јавен конфликт со организаторот ...

Филозофското друштво на Македонија и Институтот за филозофија при Филозофскиот факултет во Скопје денес по 22. пат го чествуваат Светскиот ден на филозофијата. Овој ден, востановен од УНЕСКО, се одбележува на третиот четврток од месец ноември и тогаш низ целиот целиот свет се одржуваат дебати, дијалози, предавања, средби со филозофи, симпозиуми, изложби преку кои се потсетуваме за доблестите и воопшто за вредноста на филозофијата. Нашите ...

Биткоин падна на најниското ниво во последните шест месеци, откако инвеститорите почнаа да ја намалуваат изложеноста кон ризични средства поради неизвесноста околу следните потези на американската централна банка. Најпознатата светска криптовалута се спушти на 86.325,81 долари, што е најниска вредност од 21 април. Подоцна цената се стабилизираше околу 86.690 долари. XRP падна за 2,3%, а ether изгуби повеќе од 3% од својата вредност и се ...

Во последните неколку години, концептот на таканаречените мини-шуми станува сè поприсутен во европските и светските урбани центри. Моделот, развиен според методологијата на јапонскиот ботаничар Акира Мијаваки, се темели на садење густо засадени автохтони растенија на мали површини – понекогаш само неколку стотици квадратни метри. Иако малечки по големина, овие зелени „џебови“ носат изненадувачки големи еколошки придобивки. Според експертите ...

Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 19 степени. Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде ...

Во судир на брз и патнички воз утрово во јужниот дел на Чешка повредени се 45 луѓе, од кои пет се здобиле со тешки повреди. – Во болница се примени пет потешко повредени лица, изјави портпаролката на болницата во Чешке Будејовице. Сè уште е непозната причината за судирот помеѓу двата патнички воза на пругата Чешке Будејовице – Плзен. Железничкиот сообраќај е во прекин, а на местото на несреќата има осум спасувачки екипи. – Таа пруга не е ...

Во северна Шведска започна тестирање на нов систем од акустични шумски сензори кои во реално време препознаваат звуци од незаконска сеча и веднаш алармираат локални власти и шумска полиција. Проектот, развиен од иновативниот центар Nordic Green Tech, користи мрежа од мали соларни уреди поставени високо на дрвјата. Тие постојано ја следат шумската средина и преку вградени алгоритми можат да разликуваат природни звуци од шумски машини, моторни ...

Во последните неколку години, низ многу европски градови забележливо се враќа интересот кон традиционалните занаети – од грнчарство и резбарство, до рачна изработка на накит и ткаење. Она што некогаш било дел од секојдневието на нашите предци, денес повторно добива на вредност, но со сосема нова, модерна димензија. Причините за ова „културно оживување“ се различни. Дел од младите уметници бараат начини да се одвојат од масовното производство ...

Од денес во Германија официјално стартува новата државна програма „Repair Bonus“, која им овозможува на граѓаните да добијат делумен надомест за поправка на расипани електронски уреди како правосмукалки, миксери, слушалки, монитори и други мали апарати за домаќинство. Преку новата национална онлајн платформа, секој граѓанин може да аплицира за ваучер кој покрива до 40% од цената на поправката, со максимален износ од 200 евра годишно по лице. ...

Првите снегулки од оваа сезона пристигнаа во Хрватска. Во текот на ноќта кон вторник, 18 ноември, снежна покривка ги покри Лика, Горски Котар, а исто така и врвот Медведница, Сљеме. Хрватскиот автомобилски клуб (ХАК) извести дека автопатите што минуваат низ планинските подрачја се исто така покриени со снег, па затоа се повикуваат возачите да бидат дополнително внимателни и да се прилагодат на условите на патот. Денес ќе биде претежно облачно ...

Во Холандија се појави нов еко-иновативен стартап што произведува пакување направено од преработени алги, материјал кој целосно се распаѓа во природни услови за само 10 дена. Производот, наречен Algapack, е наменет за продавници, кафулиња и мали производители на храна кои бараат евтина и природна замена за пластиката. Алгите се сушат, се мелат и се мешаат со природни влакна, по што добиениот материјал може да се обликува во чаши, садови, ...

Во среда, на 19 ноември, Македонскиот народен театар ќе гостува на сцената на престижниот Национален театар „Nemzeti Színház“ во Будимпешта, Унгарија со наградуваната претстава „Ничија земја“. Гостувањето е значаен исчекор во продлабочувањето на културната соработка меѓу двете институции, како резултат на Меморандумот за соработка, кој го потпишаа директорите Никола Кимовски од МНТ и Атила Видњански од Националниот театар во Будимпешта. Веќе ...

Од денеска стапува во сила одлуката со која се забранува фрлање смет во Скопје од 22:00 до 06:00 часот. Инспекторите, како што најавија градските власти, ќе бидат на терен и по полноќ, за да ги фатат на дело сите што ќе ја прекршат новата забрана за фрлање отпад. Прекршокот ќе ги чини скопјани 50 евра, додека за правни лица казните се од 1300 до 1800 евра, а може да биде и повисока во зависност од типот на отпад. Во контролите ќе бидат ...

Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови, најавува УХМР. Според прогнозата, од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, на места пообилни, над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец, над 60 километри на час. Како што информира УХМР, утре наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. ...

Александар Македонски е една од најзначајните личности во античката историја, а на овој ден бил крунисан за фараон на Египет, преземајќи еден од најбогатите и највлијателни региони на древниот свет. Иако не останал долго во земјата на Нил, тој го продолжил својот поход кон исток, каде што ќе ги води своите последни големи битки пред ненадејно да почине. Египќаните го пречекале со восхит и почит, а неговите наследници ќе владеат со египетските ...

Во Португалија започна пилот-проект што користи мелени лушпи од школки како природен филтер за чистење индустриски отпадни води. Технологијата, развиена од група морски биолози и инженери, се покажала исклучително ефикасна во апсорбирање на масла, бои и тешки честички. Лушпите, кои инаку најчесто завршуваат како органски отпад од ресторани и рибни пазаришта, се стерилизираат, мелат и се претвораат во филтрирачки слој. Благодарение на нивната ...

Повеќе од 10.000 членови на Академијата добиле детални упатства за чекорите што мора да ги исполнат пред истекот на рокот за гласање на 5 март. Ова е првата година во која Академијата бара формална потврда дека секој гласач ги има погледано сите насловени филмови во категоријата. Во април Академијата ја смени политиката, пропишувајќи дека членовите на жирито се должни да ги погледнат сите филмови номинирани во категоријата за која гласаат. Во ...

Во Полска започна национален проект за собирање и обновување на стари мобилни телефони, таблети и лаптопи со цел да се намали електронскиот отпад и да се поттикне повторна употреба на уредите. Наместо уредите да завршат на депонии, тие се сервисираат, обновуваат и повторно пуштаат во употреба за образовни институции и социјални програми. Проектот го спроведува организацијата „Tech Reborn“ во соработка со неколку големи телекомуникациски ...

Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје одбележува осум децении постоење и работа. Главната свеченост ќе се одржи задутре (15 ноември) во 12 часот во централниот објект на библиотеката. Пред присутните ќе се обрати директорката Снежана Стојчевска. Библиотеката е една од најстарите и најзначајните културни институции во земјава. Основана е во март 1945 година, веднаш по ослободувањето на Скопје. На 15 ноември истата година ја ...

Полицијата во Битола расчисти измама во која 88-годишна битолчанка станала жртва на телефонска лага од типот „вашиот син направил сообраќајка“. Настанот се случил на 25 август годинава, кога двајца измамници – 54-годишен прилепчанец и 31-годишен маж од Крушево – ѝ се јавиле на жената и ѝ се претставиле како службени лица. Со вознемирувачки тон ѝ кажале дека нејзиниот син наводно прегазил осумгодишно дете, дека тој и сопругата му се повредени, ...

Група средношколци од Љубљана развија иновативен начин за изработка на еколошки градежни блокови користејќи отпадна хартија, песок и природни врзива. Новиот материјал, наречен „папирен блок“, се покажал како изненадувачки издржлив и лесен, со што може да послужи како евтина и еко замена за класичните градежни цигли. Проектот започнал како училишна иницијатива за рециклирање, но брзо прераснал во истражувачки проект поддржан од универзитетски ...

Претстојната 2026 година ќе ни донесе повеќе продолжени викенди од годината која ќе ја испратиме за неполни два месеци. Погледнете кои денови ќе бидат неработни, а кои се продолжени викенди! Согласно со Законот за празниците на Република Македонија, во 2026 година неработни денови се: За сите граѓани на РМ: За граѓаните од православна вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните ...

Според официјалното соопштение, инцидентот бил откриен вчера наутро, а се претпоставува дека кражбата се случила во неделата навечер. Поради истрагата, музејот бил привремено затворен. Претставник на сириската Генерална дирекција за антиквитети и музеи изјави дека се украдени шест мермерни статуи, додека полицијата во Дамаск потврди дека исчезнале и неколку ретки предмети со висока културна вредност. Шефот на полицијата, Осама Аткех, изјави ...

Истражувачи од Универзитетот во Лунд (Шведска) открија метод за прочистување на индустриски отпадни води со помош на специјални видови габи, кои природно апсорбираат тешки метали како олово, бакар и никел. Технологијата се покажала како ефикасна и еколошка алтернатива на хемиските филтри. Габите се одгледуваат во биореактори каде изградуваат мрежа од микроскопски влакна која ги „заробува“ металните честички од водата. Кога процесот заврши, ...

Од четири вечери и девет концерти, искомбинирани со промоции на албуми, ќе се состои шестото издание на Котон блуз фестивал во Скопје, што ќе се одржува од 21 до 27 ноември. Локацијата повторно е нова, па блузот овојпат ќе се свири и слави во барот „Русти“. Во првиот сегмент на 21 и 22 ноември ќе настапат квартетот на ИгиМен со Ади Имери како специјален гостин, повратникот на Котон блуз фестивал Тони Холидеј од САД, домашниот блуз бенд „Мол ...

Под влијание на висок воздушен притисок (Антициклон) и на стабилна и сува воздушна маса од утре (среда 12 ноември) па се до крајот на оваа недела во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со појава на мала до умерена локална облачност. Ќе биде претежно тивко а наутро ќе биде и значително поладно поради разведрувањето со температури кои на повеќе места ќе се спуштаат до околу или за неколку степени под нулата па така на повеќе ...

Ханибал Гадафи, најмладиот син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, денес е ослободен од притвор во Либан, објави либанската национална новинска агенција ННА, пренесува Ројтерс. Ханибал Гадафи помина 10 години во притвор без судење по обвинението поврзано со исчезнувањето на шиитскиот свештеник, имамот Муса ал-Садр. Во 2015 година, Гадафи беше киднапиран од екстремисти во Сирија , каде што живееше во егзил со својата либанска сопруга и ...

Неколку градови во Италија воведоа нов систем на „паметни контејнери“ што го препознава секој корисник при фрлање отпад и автоматски регистрира колку и што се рециклира. Целта е да се намали бројот на диви депонии и да се поттикнат граѓаните да рециклираат правилно. Контејнерите се отвораат само со лична картичка или мобилна апликација. Кога отпадот се фрла, вградените сензори ја мерат количината и ја евидентираат во системот на локалната ...

weather icon

Скопје

6ᴼ / 6ᴼ
2.57
57%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
65%
1015
weather icon

Загреб

5ᴼ / 5ᴼ
3.09
65%
1016
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
0.51
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.95
85%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
73%
1016
weather icon

Атина

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
72%
1011
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
71%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
40%
1013
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
5.14
78%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
54%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
89%
1010
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Злато

144593.23

Рутениум

56199.51

Алуминиум

3.19

Родиум

353658.21

Бакар

10.65

Калај

43.91

Кобалт

3.86

Паладиум

44753.84

Платина

61858.04

Иридиум

258288.78

Сребро

2179.44

Цинк

0.00