Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
На 92 години, Мајкл Кејн се враќа од пензија за продолжение на „Последниот ловец на вештерки“ (The Last Witch Hunter) со Вин Дизел. Филмот, кој е во брза подготовка во Лајонсгејт, повторно ќе ни го врати Кејн во улогата што ја играше во оригиналот од 2015 година, каде што го играше Долан, свештеник кој му помага на ликот на Дизел да се бори против кралицата на вештерките. Дизел, исто така, ќе се биде главен актер во продолжението. ...
Под влијание на нова фронтална долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европа, во четврток (11 септември) во Македонија ќе дојде до нова дестабилизација на атмосферата. Во ваква ситуација во Македонија во четврток (11 септември) ќе се создаваат влажни фронтални бранови кои ќе условуваат развој на конвективни грмотевични облачни јадра од кои на повеќе места очекувам појава на ...
Дотраениот колекторски систем, стар околу четири децении, кој е во голема мера нефункционален, не може да го спречи излевањето нечистотии во езерските води. Научната заедница во Македонија упати апел дека на Охридското Езеро му се случуваат забрзано загадување и истребување на живиот свет, а институциите не преземаат речиси ништо за да го спречат тоа. Тие нагласуваат дека покрај отпадните води и фекалиите, проблемот дополнително го влошуваат ...
Десет противпожарни возила со сите сили работат на гаснење на големиот пожар кој избувна во скопската депонија „Дрисла“. Командантот на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, информира дека била побарана дополнителна помош од ЈП „Комунална хигиена“, од каде се пратени две цистерни за дотур на вода кои ги надополнуваат противпожарните возила на терен. – Се надеваме дека за брзо време пожарот ќе биде целосно ...
Програмата започнува на 19 септември во 20 часот во големиот амфитеатар на Меѓународниот Славјански Универзитет „Свети Никола“ во Свети Николе, каде што Мишак ќе одржи предавање на тема „Светот во пресрет на трансхуманизмот“. По завршувањето, присутните ќе можат да поставуваат прашања и да набават некои од неговите над 10 издадени книги. Следниот ден, на 20 септември во 19:30 часот во Mayberry Highway Hotel во Свети Николе ќе се одржи ...
Пчелите не се само вредни собирачи на нектар, тие се и неверојатни комуникатори. И најдобро од сè – нивниот јазик е танц! Овој „сценски настап“ е толку генијален што научниците го нарекуваат еден од најкомплексните облици на животинска комуникација. Како изгледа овој таен перформанс? Кога една пчела ќе најде извор на храна, таа се враќа во кошницата и станува танчерка. Со движења пред останатите работнички им кажува каде да летаат: Како ...
Евакуацијата започна во недела и продолжи во текот на ноќта, изјави генералниот директор на Управата за управување со катастрофи во Пенџаб, пренесува Ројтерс. Во претходната операција за евакуација, најмалку пет лица загинаа, а повеќе од десетина беа повредени откако брод што превезуваше жители се преврте во Пенџаб. Поплавите од реките Рави, Сутлеџ и Ченаб погодија повеќе од 4.100 села, принудувајќи повеќе од два милиони луѓе да ги напуштат ...
Со 20-тина трудови на истакнати научни работници и јавни личности, во родната куќа на великанот Блаже Конески во Небрегово денеска е промовирана книгата „80 години азбука и правопис на македонскиот стандарден јазик“ во издание на Културно-едукативниот центар „Небрегово“. Атанас Конески, секретар на КЕЦ „Небрегово“ нагласи дека познатата реченица на великанот Блаже Конески „Јазикот е нашата единствена татковина“ е максима за македонскиот ...
Под влијание на стабилна, сува и топла воздушна маса од југ, денес (5 септември петок) и за време на викендот времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Наутро ќе биде посвежо со минимални температури кои ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 18 степени, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 34 степени. Во ...
Русија ќе воведе безвизен влез за кинески граѓани, најави синоќа рускиот претседател Владимир Путин, како реципрочен гест по олеснувањето на визните правила за Русите од страна на Пекинг, пренесе руската новинска агенција ТАСС. – Русија, секако, ќе возврати на овој пријателски гест. Ќе го сториме истото – изјави Путин. Од 15 септември Русите ќе можат да влегуваат во Кина за престој до 30 дена само со пасош, соопшти кинеското Министерство за ...
Во Кристалната сала на Собранието денеска ќе се одржи свечена церемонија на доделување на државната награда „8 Септември“, највисокото признание за животно дело и за остварувања во областа на спортот. Добитник на наградата за животно дело за 2025 година е Јошко Миленковски, кој е награден за неговиот исклучителен придонес во развојот на спортот, како и за афирмацијата и промоцијата на државата на меѓународен план. Покрај него, признанија за ...
Во Ехлоец, село на падините на планината Стогово во близина на Кичево, в недела ќе се одржи „Екос ин д вајлд“, настан што ги поврзува филмот, музиката и младинската креативност во едно заедничко искуство на отворено. Настанот ќе започне со филмска проекција во организација на Екокулт и Најтфликс, а ќе продолжи таа вечер, на местото познато како На Камен, со диџеј-сетови на Ива Арифај од Србија и на Ацо Саунд и Дарко Јованоски од Македонија. ...
Познатата жичница „Глорија“ во Лисабон, популарна кај туристите, денес излета од шините. Најмалку 15 лица загинаа, а најмалку 18 се повредени. Петмина од повредените се во сериозна состојба, додека 13 лица се здобиле со полесни повреди. Несреќата се случила околу 18:05 часот во близина на Авенида да Либердаде. Се верува дека 43 лица биле во вагонот во времето на несреќата. Сè уште не е познато дали жртвите биле португалски државјани или ...
НАСА бара волонтери за поддршка од Земјата за својата следна мисија. „Артемис II“, планирана за април 2026 година, ќе носи четворица астронаути на 10-дневно патување до Месечината, што ќе биде првпат луѓе да патуваат надвор од орбитата на Земјата од времето на програмата „Аполо“. Волонтерите што располагаат со добро опремени станици на Земјата можат да се пријават за следење на вселенското летало „Орион“ преку радиосигнали за време на ...
Од НУ „Стоби“ информираат дека археолошкиот локалитет го посетуваат и домашни гости, но, како што велат, тие се во помал број. Најбројни посетители од земјава, посочуваат оттаму, се ученици кои доаѓаат организирано на екскурзии, како и студенти и останати посетители од невладини организации и здруженија. Минатата година Стоби го посетиле околу 20.000 посетители. Со оглед на тоа што е почеток на септември, кога исто така има екскурзии и бројни ...
Внимавајте утре и задутре, Управата за хидрометеоролошки работи издаде жолто предупредување за невреме со пороен дожд и со грмотевици. „Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре попладне, во текот на ноќта и во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме, со пообилен дожд, над 20 литри на квадратен метар, што ќе наврне за кратко време. Во Скопје утре ...
Под влијание на фронтална долина од северозапад со поладен воздух на висина која преку алпскиот регион ќе се спушти кон нашиот дел од Европа, утре и во четврток (3 и 4 септември) времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Развојот на конвективните грмотевични облаци локално ќе биде поинтензивен и ќе има појава на локално невреме, проследено со обилен пороен ...
Во моментов во земјава се активни два пожари, додека три се ставени под контрола, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Во изминатото деноноќие, заклучно со осум часот утрово, на територијата на државата биле регистрирани вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои 13 се целосно изгаснати. Активни пожари има во општините Долнени и Липково. Во Општина Долнени во подрачјето на селата Црнилишта и Долгаец гори нискостеблеста ...
Забраната за движење во шумите продолжува до 30 септември, соопшти попладнево Министерството за земјодество, шумарство и водостопанство. За непочитување предвидена е глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противредност. Од Министерството ги повикуваат граѓаните на особена претпазливост со цел спречување на појавата на пожари на отворен простор. Посочуваат дека и во периодот што следи не е намалена опасноста од појава на пожари на отворен ...
Филмска училница, едукативна програма наменета за ученици од основното образование (11 до 14 години) ќе почне во Кинотеката на Македонија од 13 септември. Училницата е наменета за ученици кои сакаат да ја откријат магијата на филмот и да ги совладаат првите чекори во создавањето на сопствени кратки филмови. Филмската училница ќе се одвива секоја сабота, во текот на десетина последователни викенди, до почетокот на декември. Учесниците ќе имаат ...
Џејмс Веб продолжува да го менува нашето разбирање за космосот. По бројните револуционерни откритија, научниците сега идентификуваа нова, минијатурна месечина во орбитата околу Уран. Сателитот е широк околу 10 километри, а Меѓународната астрономска унија (IAU), како единствено тело надлежно за доделување официјални имиња, допрва ќе одлучи како ќе се вика. Откритието е особено значајно бидејќи месечината останала незабележана за време на ...
Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата. Клучната промена е тоа што, по 17 години од донесувањето на Законот за возила, тој конечно ќе почне да се применува согласно европските стандарди, информираше ...
Идејата за растенија што светат во темница како сцени од Аватар може да звучи како научна фантастика, но кинеските научници ја направија реалност. Тим научници од Земјоделскиот универзитет во Јужна Кина развија сукуленти (растенија што складираат вода во нивните зголемени лисја) што светат во темница благодарение на процес што се регенерира под сончева светлина. Нивната работа, објавена во списанието Matter, покажува дека растенијата можат да ...
Македонија во текот на оваа седмица ќе биде под влијание на топла воздушна маса од југ, токму ова ќе услови повторно да имаме значително повисоки температури на воздухот кои ќе бидат натпросечно високи, но сепак, тие ќе бидат значително по умерено високи и по издржливи што е нормално за овој период од годината и тоа поради тоа што полека но сигурно наближуваме во есенскиот период од годината кога денот е се пократок а ноќта се подолга. ...
Најмалку 622 лица загинаа, а повеќе од 1.500 се повредени во силниот земјотрес со јачина од 6,0 степени што синоќа нешто пред полноќ го погоди источниот дел на Авганистан, соопшти утринава авганистанското Министерство за внатрешни работи кое е под контрола на талибанците. Американскиот геолошки институт објави дека потресот се случил во 23:47 часот (локално време) во планинската провинција Кунар, на 27 километри североисточно од градот ...
Министерството за образование и наука на сите наставници и стручни соработници, на учениците и нивните семејства им посакува успешна учебна година. Со добро здравје и силна посветеност кон учењето и работата, да ги остварат личните обврски и цели. „Ги охрабруваме учениците со љубопитност да чекорат по патот на знаењето, кое е најмоќната алатка за успех што секој може да ја понесе со себе низ животот. Да бидат истрајни во справувањето со ...
Холандскиот весник AD тврди дека успеал да ја пронајде сликата Портрет на дама од Џузепе Гисланди во куќа во близина на Буенос Аирес. Повеќе од 80 години откако нацистите го ограбиле делото од еврејски трговец со уметнички дела во Амстердам, портрет на италијанскиот мајстор се појави на веб-страницата на агенција за недвижности во Аргентина, објавува Гардијан. Фотографијата го прикажува Портретот на дама (Контеса Колеони) од покојниот барокен ...
Македонија денеска ужива во типичен летен ден: сончево и топло, со температури кои во Скопје се искачуваат до околу 36 °C, а попладне се очекува стабилно и ведро небо без дождови. Во Охрид, сонцето ќе биде побледо, но термометрите ќе покажуваат до 30 °C, додека ноќта ќе биде ведра и пријатна, со температури околу 16 °C Во Битола, ветришкиот ветер носи пријатна блага измаглица во утринските часови, но денот ќе се разгоре во 31 °C, сo ведро и ...
Двајца планинари се пронајдени мртви на врвот Вајсмис во Швајцарија по повеќедневна потрага, во која бил вклучен и хеликоптер, соопштија локалните власти. Еден од планинарите неколку дена претходно паднал додека се спуштал од планината, соопшти полицијата во кантонот Вале. Несреќата се случила во петок, на 22 август, кога овој планинар паднал од висина од околу 3.950 метри, но засега не е познато како точно се случил падот. Вториот алпинист, ...
Денеска (27.08.2025) во 04:56 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на заден влез од казино на ул.„Никола Минчев“ во Кавадарци, неколку лица физички нападнале едно лице, кое паднало на земја и на кое му била потребна помош. Полициски службеници од ОВР Кавадарци излегле на местото и констатирале дека се работи за лицето П.Т.(43) од Кавадарци, кај кое и покрај укажаната помош, екипа од Итна медицинска помош во 05:15 часот констатирала ...