Македонската пејачка Елена Ристеска се прости од Владо Јаневски со емотивна објава на социјалните мрежи, откривајќи детали за нивното долгогодишно пријателство. Таа напиша дека ќе ѝ недостигаат нивните разговори за книги, музика, животот и професијата, како и дружењата што ги споделувале. „Ќе ми недостигаш Владе, ќе ми недостигаат нашите разговори за книги и автори, за музика, за животот, за нашата професија, нашите дружби…“, напиша Ристеска. ...

Дарко Лазиќ целосно се промени по смртта на неговиот помлад брат Драган, кој загина во сообраќајна несреќа. Тој исто така одлучи да го промени својот физички изглед, а сега се појавува во јавноста со значително подолга коса и често носи венче за коса. Дарко објасни дека зад ова стоела неговата одлука да не ја скрати косата една година. – Решив наместо да пуштам брада, да ја пуштам косата една година по смртта на мојот брат, тоа е обичај, ...

На Кнежак изворот, местото кое Халид Бешлиќ го прослави засекогаш со песната „Романија“, беше претставен споменикот посветен на легендарниот пејач. На церемонијата присуствувал неговиот син Дино Бешлиќ, додека собраните граѓани, пријатели и обожаватели во емотивна атмосфера му оддале почит на великанот на народната музика. Споменикот е подигнат на точното место кое Халид Бешлиќ го направи препознатлив низ целиот Балкан со своите песни. ...

Пејачката Едита Арадиновиќ е бремена осми месец. Таа пред породувањето се посвети на себе, престана да настапува, но се занимава и со изградбата на својата куќа на Авала. Додека одмора дома, Едита се снимила, а фотографијата ја објави на својот инстаграм-профил, која привлече големо внимание. Имено, Едита се фотографирала речиси гола, носела само градник и долна облека, додека нејзиниот труднички стомак е во преден план. На фотографијата ...

Познатата водителка Јована Јеремиќ моментално е на одмор во Италија, каде што е придружувана од нејзиниот партнер Милош Стојановиќ, попознат како Тигар. Дека таа одлично се забавува на ова патување и „ужива за сите пари“, сведочат нејзините најнови објави на социјалните мрежи. Јована, која вообичаено е многу активна на својот инстаграм-профил, ги воодушеви своите следбеници со фотографија од италијанско кафуле. На сликата, водителка може да ...

Денес се слави во домот на пејачот Дада Полумента, бидејќи неговата сопруга Ивона роди син. Ова е трето дете по ред на пејачот. Гордите родители веднаш ја споделија среќната вест со своите следбеници на социјалните мрежи, објавувајќи ја првата фотографија директно од породилното одделение. На фотографијата Дадо и Ивона позираат со насмевки на лицата покрај новородениот наследник, додека нивните ќерки се до нив. Среќната мајка напиша кратка, ...

Пејачката Мина Костиќ неодамна поради здравствени проблеми беше хоспитализирана во болницата „Лаза Лазаревиќ“, која минатата недела ја напушти. Во најтешките моменти, покрај Мина беше нејзиниот свршеник Каспер, кој поради нејзиното нерушено здравје итно отпатува од Америка. Мина и Каспер не се одвојуваат еден од друг, а колку се среќни и исполнети покажува нивната прва заедничка фотографија што ја споделија на социјалните мрежи. Имено, Мане ...

По смртта на Владо Јаневски, од него со емотивна порака се прости и неговата долгогодишна пријателка Фросина Фро. Таа на социјалните мрежи објави нивна заедничка фотографија, направена, како што напиша, во март годинава, и откри дека повеќе од 17 години биле блиски пријатели. „Мојата последна слика со тебе, негде во март годинава, тајно моја отровна. Мојот пријател на кој со саати на телефон му раскажував сè што ме мачи, сè што ме радува…“, ...

Избришаното видео предизвика гласини: Обожавателите се убедени дека Јаков Јозиновиќ е снимен со Џејла Рамовиќ Изгледа дека еден од најпопуларните млади пејачи во регионот во моментов, Јаков Јозиновиќ (20), ужива и во љубовта. Момчето од Винковци, Хрватска, објави на социјалните мрежи кратко видео од брод на кое бакнува непозната девојка, но набрзо го избриша видеото. Краткото видео што хрватскиот пејач Јаков Јозиновиќ го објави на социјалните ...

Македонскиот пејач и музичар Владо Јаневски почина вечерва на 66-годишна возраст, по кратко боледување. Според објавените информации, тој починал на една од скопските клиники. Јаневски беше едно од најпрепознатливите имиња на домашната музичка сцена и автор на бројни песни кои оставија траен белег во македонската поп-музика. Меѓу неговите најголеми хитови се „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и ...

Инфлуенсерката од Мостар, Маријана Јуриќ, привлече големо внимание на социјалните мрежи откако објави фотографии со кои им даде поддршка на фудбалските репрезентации на Босна и Херцеговина и Хрватска. Таа позираше во впечатлив фустан инспириран од знамињата на двете соседни земји, а со објавата испрати јасна порака за љубовта кон фудбалот. „Еден фустан, две нации, иста страст кон фудбалот“, напиша Јуриќ покрај фотографиите. На својата ...

Едноставен компот од вишни Состојки: 1 килограм вишни 400 грама шеќер 1 литар вода неколку кришки лимон (по желба) Подготовка: Измијте ги вишните и по желба отстранете ги семките. Распоредете ги во чисти стаклени тегли, полнејќи ги до околу две третини. Во тенџере зовријте ја водата со шеќерот додека целосно не се раствори. По желба додадете лимон за свежина. Со врелиот сируп прелијте ги вишните во теглите, внимавајќи да остане околу еден ...

Најпознатата хрватска навивачка и диџеј Ивана Кнол, кој од почетокот на Светското првенство во фудбал привлекува внимание навивајќи на трибините, се огласи откако Хрватска во драматичен натпревар во Филаделфија ја победи Гана со 2:1 и освои важни бодови во групата. Ивана на стори на Инстаграм испрати порака до португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, која брзо привлече внимание на социјалните мрежи. „Кристијано, подготви се за нас“ „Се ...

Српската фолк-пејачка Весна Змијанац, која отворено го поддржува српскиот претседател Александар Вучиќ, настапи и на вчерашниот митинг на Српската напредна странка (СНС) во Белград. Но, наместо по настапот, таа се најде во центарот на вниманието поради реакциите на социјалните мрежи. На платформата Икс се појавија видеа од нејзиниот настап, а многумина коментираа дека изгледала незаинтересирано и без енергија. „Се гледа дека не ѝ е до пеење“, ...

Српската пејачка Јелена Карлеуша повторно предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, откако сподели фотографија направена со вештачка интелигенција во знак на поддршка за митингот на Српската напредна странка (СНС) во Белград. На фотографијата, која наводно го прикажува просторот пред Собранието на Србија, се гледа огромно српско знаме долго неколку стотици метри и голем број насобрани граѓани. Карлеуша ја објави со опис: „Србија, земја ...

Само неколку дена пред стартот на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ направи кратка пауза од подготовките и се препушти на музика и добра атмосфера. Српскиот тенисер присуствуваше на концертот на латино суперѕвездата Бед Бани во Лондон. Ѓоковиќ беше дел од публиката на првиот концерт што пејачот го одржа во британската престолнина, а на својот Инстаграм сподели заедничка фотографија со музичарот, која брзо привлече внимание кај неговите следбеници. ...

Хрватската пејачка Мартина Врбос, која со години живее и работи во Србија, отворено проговори за своите ставови за родителството и улогата на мајката во семејството. Таа смета дека жената не смее да се запостави себеси поради семејството и дека воспитувањето на децата е подеднаква обврска на двајцата родители. Врбос вели дека не верува во прирачници за родителство, туку дека најважно е родителите да го следат сопствениот инстинкт. Според неа, ...

Уна Чолиќ, постарата ќерка на познатиот пејач Здравко Чолиќ, често споделува приватни моменти и кадри од нејзините патувања. Овој пат, Уна сподели на социјалните мрежи како плови по Сава во својот роден град. Таа уживаше во зајдисонцето на бродот во српската престолнина, кое го сними за Инстаграм. Додека се снимаше во преден план беше нејзиното деколте, како и голите нозе. Таа специјално сними еден дел од градот, воодушевена од она што го ...

Хрватската пејачка Нина Бадриќ, која инаку вешто го крие приватниот живот од очите на јавноста, ги изненади своите следбеници на Инстаграм објавувајќи ја првата заедничка фотографија со својата сестра Сунчица. Објавата предизвика лавина од позитивни реакции, при што следбениците биле воодушевени од нивната неверојатна сличност, прашувајќи се која од двете е поубава. Со заедничката фотографија и ознаката „сестринска љубов“, Нина кратко ...

По повод 20 години успешна музичка кариера, безброј авторски хитови, песни што се пеат од срце, големиот концертен и славенички спектакл , концерт на Јордан Митев полека но сигурно станува јаве. Деновиве веќе се пуштени и првите онлајн билети преку платформата e – ticket, достапни на следниов линк. Концертот како што веќе најави Митев ќе се одржи во претпразничен амбиент, на 26 декември во Спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. Под ...

Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски пред околу осум месеци заплови во брачните води со неговата долгогодишна љубов Ирина Јанкуловска. Парот организираше интимна венчавка во Шпанија, далеку од очите на јавноста, во присуство на најблиските пријатели и семејството, а вчера направија голема веселба и во Куманово со сите обичаи. Кум му беше неговиот колега голман Дамјан Шишковски, а во видеото подолу можете да ...

По успешната турнеја низ Австралија, каде што беше одлично прифатен од македонската дијаспора, мултиинструменталистот Александар Ицов продолжува со нови музички проекти. Деновиве Ицов го заврши снимањето на два нови видеоспота за своите најнови инструментални композиции – авторски ора изведени на хармоника и гајда. Видеозаписите се снимени на атрактивни локации во Грција, во соработка со Арт Студио продукција и Балкан Музик телевизија. Во ...

Со желба да ѝ даде нова енергија на македонската народна музика, Адријана Петрушовска го промовираше својот нов мини-албум „Ој девојче, девојче“. Проектот содржи современи преработки на добро познати македонски народни песни, споени со модерни аранжмани и освежен музички израз. „Сакав преку овие песни повторно да нè потсетам на нашите корени и на богатото музичко наследство што го имаме. Македонската народна музика носи огромна вредност и ...

По победата во финалето на „Ѕвездите на Гранд“ и по завршувањето на обврските во српската престолнина, Бојан Илиевски се врати во својот роден град. Во Скопје со нетрпение го очекуваа неговите најблиски, семејството и пријателите кои сакаа да ја споделат радоста од големата победа. – Со мене во Белград беше мојот клавијатурист Симеон Митревски со кого долго работам. Веќе сите знаат дека се жалев дека многу рчи, па морав да се преместам во ...

Хрватската пејачка Маја Шупут ужива на Ибица, а меѓу другото, внимание привлекуваат и костимите за капење што ги носи. На самиот почеток од годината беше јасно – костими за капење со леопардски дезен ќе ги освојат плажите ова лето. На почеток на јануари манекенката Хејли Бибер сподели серија фотографии од новогодишниот одмор на плажа со своето семејство, меѓу кои имаше и фотографија од неа во костим за капење со леопардски принт на врзување. ...

За да се спасиме од летните горештини добро може да нè освежи чаша добро изладен ладен чај. Иако купечките варијанти се практично решение, тие често содржат многу шеќер, вештачки ароми и состојки што всушност не ги сакате во омилениот летен напиток. Токму затоа домашниот ладен чај станува сѐ попопуларен избор. Се подготвува многу едноставно, а најдобро од сѐ е што сами ги избирате состојките и можете да го приспособите на сопствениот вкус. ...

Водителката на српската музичка емисијата „Никогаш не е доцна“ Драгана Катиќ отворено зборуваше за својот физички изглед, самодоверба и естетската интервенција која, како што вели, ѝ го променила животот. Гостувајќи во една емисија, таа споделила дека на 40-годишна возраст донела одлука да ги оперира бутините, кои ѝ претставувале голем проблем уште од детството. – Бу ме создаваа проблем, од детството бев очајна, без разлика колку варирав во ...

Христијан Настески – Пајак повторно ја отвори душата, овојпат зборувајќи за семејството, родителите и животните вредности што ги научил уште како дете. Во поткастот на Стефан Лазаров, музичарот откри дека уште од 14-годишна возраст почнал да работи, а денес најголема среќа му е што може да им возврати на своите родители за сè што направиле за него и неговиот брат. Неодамна Пајак откри дека како дете никогаш не бил на море во Грција бидејќи ...

Влатко Лозаноски – Лозано сподели преубава фотографија со својот си Марко кој во октомври ќе наполни две години. Поп-пејачот во неколу наврати има изјавено дека не пропушта ниту еден момент од растењето на Марко, а фотографијата која ја сподели е направена во опуштена атмосфера на детска прослава, опкружена со балони. Посебен печат ѝ дава песната која Лозано ја споделила, „Насмевка“ на неговиот колега Слаткаристика. Оваа песна Слаткар му ја ...

Српската пејачка Маја Николиќ реши да ја отвори летната сезона и да ги почести своите следбеници на социјалните мрежи со жешки фотографии од плажа. Таа самоуверено позираше во сино бикини кое ги истакнуваше нејзините облини и исончаниот тен. Со очила за сонце на лицето и препознатлива руса коса, пејачката ја покажа својата фигура. Оваа објава уште еднаш докажа дека пејачката привлекува внимание каде и да се појави и дека ужива во секој момент ...

weather icon

Скопје

31ᴼ / 31ᴼ
4.58
29%
1019
weather icon

Белград

29ᴼ / 29ᴼ
3.05
20%
1020
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
1.11
39%
1020
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
2.8
38%
1020
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
5.18
17%
1018
weather icon

Љубљана

31ᴼ / 29ᴼ
0.89
45%
1020
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
5.36
43%
1015
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
3.77
36%
1016
weather icon

Подгорица

31ᴼ / 31ᴼ
0.88
48%
1018
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 27ᴼ
4.02
46%
1019
weather icon

Будимпешта

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
33%
1020
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 27ᴼ
6.81
100%
1017
Currency

61.4762

Currency

54.098

Currency

71.8984

Currency

37.7285

Currency

38.2417

Currency

65.9505

Currency

7.97427

Currency

0.69213

Currency

0.32987

Currency

0.52341

Currency

1.14058

Currency

0.56359

Платина

51505.50

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Алуминиум

3.17

Злато

130004.76

Иридиум

252383.36

Паладиум

40349.19

Сребро

1842.30

Бакар

12.79

Калај

54.35

Родиум

265243.66