Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Добивај вести на Viber Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ претпладнево, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. „На граничниот премин ГП Табановце за влез и излез од државата времето на чекање е околу 40 минути, на ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 30 минути“, информираат од таму. На останатите гранични премини нема ...
Добивај вести на Viber Европа е свесна дека нема да ги врати парите што им ги даде на киевското раководство во форма на заеми, изјави поранешниот украински премиер Микола Азаров. „Оние кои даваат заеми на Украина, а тоа се главно државни организации на Европската унија, самата Европска комисија и водечките земји на Европската унија, кога даваат заеми, знаат дека никогаш нема да ги добијат тие пари назад“, рече Азаров во интервју за ...
Добивај вести на Viber Северна Македонија денес ќе биде погодена од претежно сончево и многу топло време, додека се очекува локално влошување на атмосферските услови во текот на попладневните часови. Според метеоролошката прогноза, облачноста ќе биде мала до умерена, но во попладневните часови во некои подрачја значително ќе се зголеми. Ова ќе создаде услови за пороен дожд, грмежи и силен ветер. Максималните температури ќе се движат од 32 до ...
Добивај вести на Viber Забраната за имигрантски визи за граѓани на 75 земји, меѓу кои е и Македонија, е укината од Федерален судија во Соединетите Американски Држави, оценувајќи дека ваквата мерка го прекршува федералниот закон за имиграција со тоа што врши дискриминација врз основа на националност. Забраната беше воведена од администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп, а од вчера е поништена од федерална судијка како „спротивна ...
Добивај вести на Viber Големиот пожар кој избувна вчера околу пладне и се прошири до градот, поточно до месноста Софилар е ставен под контрола, изјави командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев. Според него, пожарот се контролира на потегот од селата Водоча и Баница, се до месноста Софилар, а единствено се уште гори на едно тешко пристапно место во селото Водоча. Во гаснењето на пожарот покрај струмичките пожарникари учествуваа и ...
Добивај вести на Viber Воведувањето на системот „Сејф сити“ и наплатата на сообраќајните казни за странски возила предизвикува промени во изборот на граничните премини кон Србија. Според информации што се споделуваат во јавноста, дел од возачите кои имаат неплатени сообраќајни казни на преминот Табановце го избираат граничниот премин Пелинце – Прохор Пчински, со цел да избегнат задржување и плаќање на казните. На Табановце во изминатиот ...
Добивај вести на Viber Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија реагираше за неинтонирањето на албанската химна на фолклорниот фестивал во Пустец што се одржа на 21 август, а при тоа гостин беше и премиерот Христијан Мицкоски. Министерството смета дека отсуството на албанската химна е сериозен недостаток на почитување на националните симболи и правилата на институционалниот протокол. За ова на социјалната мрежа Х се јави и ...
Добивај вести на Viber Јавното Претпријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта реагира на објавата на „Фактор“ со наслов „За власта беше скандал да се ангажира фирма за кастрење гранки покрај автопати, сега ангажира ‘своја’ фирма за иста намена“, со тврдење дека се прават споредби со кои кај јавноста се создава невистинит и погрешен впечаток во однос на постапката за јавна набавка. „Особено спорна е формулацијата ...
Добивај вести на Viber „Ски Македонија“ информира дека е уништена зимската маркација од проектот „Славков“ на патеката за планинарење Попова Шапка - Титов Врв и дека со тоа е нанесена голема финансиска штета. „Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови се уништени, оштетени или отстранети. Причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни. Добивај вести на Viber „Ски Македонија“ ...
Добивај вести на Viber Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, објави дека узурпатол поставил дивоградба што наликува на настрешница во скопската населба Скопје Север и при тоа исекол бандера за улично осветлување. Тој најави интервенција на службите по завршувањето на викендот, а исто така и кривична пријава за сторителот. Добивај вести на Viber Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, објави дека узурпатол поставил ...
Добивај вести на Viber Поранешниот естонски премиер, поранешен потпретседател на Европската комисија и еден од основачите на Естонската реформска партија, Сим Калас, почина синоќа на 78-годишна возраст. Веста за неговата смрт ја објави неговата ќерка, Каја Калас, висока претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика. Естонската премиерка Кристен Михал го нарече Калас модел за бројни генерации членови на ...
Добивај вести на Viber По девет месеци, фазата на докази предложена од Обвинителството во случајот „Пулс“ е завршена и одговорноста за случајот полека се разјаснува. Во овој период, сослушани се сведоци и спроведени се материјални и вербални докази во врска со случајот. Еден од главните докази во постапката е вештачењето на објектот, изготвено од седум експерти од Градежниот факултет, ангажирани на барање на Обвинителството. Според ...
Добивај вести на Viber Големиот пожар што избувна денеска напладне меѓу струмичките села Баница и Водоча и месноста Софилар, во непосредна близина на Струмица, делумно е ставен под контрола и со механизација се прават пресеци за да се спречи ширењето, но според последните информации од ТППЕ Струмица пожарот стигнал до населбата Софилар во Струмица. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информира дека ...
Добивај вести на Viber Војната во Иран го доведе глобалниот рафинериски сектор до работ на капацитите, поради што цените на дизелот и бензинот би можеле да останат на високо ниво со години, предупредуваат светските агенции. Иако пазарот на сурова нафта успеа релативно добро да се приспособи на губењето на значителен дел од испораките од Блискиот Исток, можностите за надоместување на недостигот во рафинерискиот сектор се многу поограничени. ...
Добивај вести на Viber Охридската полиција објави дека е уапсен турист од Скопје за семејно насилство, а бил приведен во апартманот кој го изнајмил. - На 21.08.2026 во 19:10 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Т.П.(33) од Скопје. Тој во изнајмен апартман физички нападнал член на семејството. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, извести МВР. ...
Добивај вести на Viber Во земјава е регистриран уште еден смртен случај од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана. Како што изјави Цана, се работи за 73-годишен пациент со тешка клиничка слика и многу сериозни придружни заболувања кои придонеле за неповолен исход. -Пациентот беше 22 дена на Клиниката и од почетокот на приемот беше во многу тешка состојба. Беше сместен во Одделот за ...
Добивај вести на Viber за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа. Станува збор за акт со кој детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на правните и физичките лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, автомат клуб или томбола од затворен тип. Потребата документација меѓу другото се однесува на изречени санкции за забрана за ...
Добивај вести на Viber Професорот Дејан Трајковски реагираше дека е лош пример за студентите изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека со своја анализа, наместо со конвенционални економски пресметки, утврдил побрз раст на пензиите од 325 отсто во споредба со периодот од претходната власт. Премиерот Христијан Мицкоски, во гостување на ТВ Сител неделава, кажа дека во нивно време просечната плата расте за 70% повеќе. „Просечната плата, ...
Добивај вести на Viber Од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани се 310.865 прекршоци од кои 301.835 за брзо возење и 180.378 за возила со странски регистарски ознаки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). -Во периодот од 02.02.2026 до 20.08.2026 во системот „Безбеден град“ евидентирани се вкупно 310.865 прекршоци, од кои најголем дел се однесуваат за управување на возило со брзина поголема од дозволената ...
Добивај вести на Viber На плажи, на лежалки, на автомобил во движење, на автопат, па дури и на крило на паркиран авион на аеродром – во изминатиот период, на грчкиот остров Крит, сè почесто е присуството на изнемоштени, пред сè млади мршојадци и социјалните мрежи во Грција се полни со видеа од граѓани и туристи кои сретнале мршојадец, а Мариа Ганоти претседателката на невладината организација за заштита и грижа на диви животни АНИМА во ...
Добивај вести на Viber Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во емисијата „Стадион“ на Канал 77 денес рече дека пожарите околу селата се должат најмногу и на тоа што овие населени места се полупразни и не се одгледува стока. - Козите пасат ниско и ги брстат ниските гранчиња и израстоци на растенијата и огнот не може да ги дофати другата вегетација ако минува низ нив. Дриго, немаме овци кои ја паселе требата, немаме ...
Добивај вести на Viber Туристите кои годинава ќе летуваат на бугарското Црноморје ќе треба внимателно да го планираат и буџетот за плажа. Цените на чадорите и лежалките се разликуваат значително од плажа до плажа – од само нешто повеќе од едно евро за комплет, па сè до 15,30 евра за чадор и две лежалки, додека на некои места готовите сетови со дополнителна опрема достигнуваат и 20 евра. Податоците се објавени на интерактивната мапа на ...
Добивај вести на Viber Во јуни годинава просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 48 381 денар и е повисока за 6,4 проценти во однос на јуни лани, објави вчера Државниот завод за статистика. Додека Христијан Мицкоски секојдневно презентира весела математика дека платите се покачени за 72% а пензиите за 325% просечната нето плата се намали за 1.163 денари. Просечната платата за еден месец паднала за 1.163 денари, минималната ...
Добивај вести на Viber Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје информира дека денеска, 22 август, поради високите температури е воведено и ограничување на брзината во железничкиот сообраќај. Железничкиот сообраќај се одвива редовно, но поради високите температури од 11 до 17 часот брзината на движење е ограничена на 50 километри на час. Возовите ја намалуваат брзината при големи жештини главно поради ширењето на шините од ...
Добивај вести на Viber АМСМ инфпрмира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини ГП Табановце за влез и излез од државата и на ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути до 1 час додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ...
Добивај вести на Viber ВЛЕН објави дека преку министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши ќе предложи повторно воведување на мерката „училишна кошничка“, со попусти до 15 проценти за училишниот прибор. - Во „училишната кошничка“ ќе бидат опфатени ранци, тетратки, моливи, маркери, блокови за цртање и други основни производи потребни за успешен почеток на новата учебна година. Ова е уште една конкретна мерка на ВЛЕН во Владата, насочена ...
Добивај вести на Viber „При контролата изречени се вкупно 43 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив 19 санкции за возачи кои управуваат мотоцикл без заштитна кацига, три мерки за несоодветна категорија, 19 санкции за прекршоци сторени од возачи на лесни електрични возила и две останати мерки кон други учесници во сообраќајот“, соопштија од таму. Добивај вести на Viber „При контролата изречени се вкупно 43 мерки за сторени ...
Добивај вести на Viber РЕГИСТРИРАНИ СЕ ПРВИТЕ СЛУЧАИ НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА ВО ЦЕНТАР И ЧАИР Регистрирана е првата мртва птица со западнонилска треска во Скопје, што е прв случај, соопшти на денешната прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски. Тој рече дека се регистрирани и први случаи на заболени во скопските општини Центар и Чаир. Досега во државата се регистрирани 43 случаи на западнонилска треска. „Имаме 43 случаи на ...
Добивај вести на Viber Ловџија од Жупа пукал со пушка во кучиња скитници, едно убил и сега ќе одговара. Полицијата соопшти дека 68-годишен ловџија од дебарското село Долгаш ќе одговара кривично откако во селото пукал кон група кучиња скитници, а едно од нив убил. „ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Ф.И.(68) од селото Долгаш, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дел „мачење животни“, информира ...
Добивај вести на Viber Србија се бори со пожари, активиран е механизмот за цивилна заштита на Европската Унија(ЕУ), а чадот направи проблеми и во Романија. Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, денеска изјави дека поради исклучително тешката состојба со пожарите во земјата, Србија го активирала Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија, пренесува „Данас“. Србија побарала помош и од Русија со големиот противпожарен авион ...