Ева Лонгорија е верна поддржувачка на хуманитарните гали на „Global Gift Foundation“. На најновиот добротворен настан во Париз, 49-годишната актерка и режисерка ја имаше најслатката придружба. Ѕвездата од „Очајни домаќинки“ се забавуваше со синчето Сантијаго додека заедно позираа за фотографии. Лонгорија призна дека 6-годишното момче уживало во овој моменти и не сакало да си замине. „Санти не сакаше да го напушти црвениот тепих“ – се пошегува ...
Мајките би го дале и својот живот ако е потребно за да ги спасат своите деца. Лејла Залихиќ го довела својот живот во опасност за да ја извлече 13-годишната ќерка од поројот во катастрофалните поплави кои ја зафатија Босна и Херцеговина и кои одзедоа најмалку 20 животи. Лејла од Бутуровиќ Поље кај Кониќ знаела што треба да направи кога нејзината ќерка Асја била одвлечена од водата. Храбрата мајка пливала три километри низ вода, која носела со ...
Меган Маркл присуствуваше на настан во Лос Анџелес без принцот Хари. 43-годишната поранешна актерка се сретна со млади фанови на галата организирана од Детската болница во Лос Анџелес, чија цел е создавање на поздрава иднина за децата. Меган привлекуваше внимание во црвена креација со длабоко деколте од Каролина Ерера. Истиот фустан таа го има носено и во 2021 година во малку поразлична верзија. Таа позираше со својата пријателка Кели Меки. ...
Весна Петрушевска смело и отворено ја споделува својата битка со ракот на дојка. 54-годишната актерка и водителка ја покажа лузната од направената мастектомија. Овој нејзин потег е за да ја подигне свеста за оваа опака болест и да ги поттикне жените да вршат редовни прегледи. Прочитајте ја нејзината порака: Октомври е месец на борба против ракот на дојка. Се утепав од читање на оваа реченица. Борба… и тоа баш во октомври. Како да одбележуваме ...
Оваа состојба е позната уште под неколку стручни термини како пилонидална циста или сакрококцигеална фистула, но всушност се работи за појавата широко позната како враснато влакно. Пилонидалниот синус претставува хронична инфективна состојба која се карактеризира со формирање на циста или абсцес во предел на глутеалната или интерглутеалната регија. Дознајте повеќе за методата од видеото со д-р Живорад Коцевски, спец. по пластична реконструктивна ...
Македонскиот гениј за комедија одушеви во Битола. Сашко Коцев повеќе од два часа ги смееше присутните во салата на Центарот за култура која беше исполнета до последното место. Шоуто „Широк дијаФазон“ беше инстантно распродадено, а сите кои си обезбедија билети беа наградени со енормна позитивна енергија, смеење до солзи и болка во вилицата и шеги на кои ќе се присетуваат со ентузијазам. Машко-женските односи и ситуации од секојдневието беа ...
Гинекомастијата претставува состојба на абнормално зголемување на дојките кај машките индивидуи. Се јавува како резултат на дисбалансот меѓу машките и женските хормони. При изразена гинекомастија, дијаметарот на дојките е поголем од 4cm и чувствителноста е зголемена. Зголемувањето на жлезденото ткиво треба да се разликува од натрупување на масно ткиво. Гинекомастијата е нормално да се појави кај новороденчињата, во пубертетот и кај постарите ...
Креативна мајка со носталгична торта ја израдува ќерката на 18-тиот роденден. Ешли Депјути ги чувала топерите од сите роденденски торти на ќерката Габи низ годините и кога таа правела 18 години, ја изненади со носталгична слатка креација. Таа ја декорираше нејзината торта со сите зачувани топери низ годините, а резултатот го објави во видео на TikTok кое стана хит и ѝ донесе само пофалби. @shewassweetlikehoney87 #babygirl #ideas ♬ im obsessed - ...
Можете ли да замислите како изгледа кога центарот на главниот град на државата се претвора во една голема роденденска забава? Е па, токму тоа се случуваше деновиве во Скопје! Credissimo, компанијата што многумина од нас ја знаеме како верен финансиски пријател, славеше осум години постоење и верувајте не беше обична прослава како што сме навикнати да гледаме. Прославата се состоеше од млади, насмеани девојки, облечени во весели маички со ...
Можеби нема да ви се верува, но поминаа 20 години од почетокот на снимањето на „Очајни домаќинки“. Ева Лонгорија, која ја имаше улогата на Габриела Солис, сподели фотографии и порака за да ја одбележи годишнината од серијата. „Станувам емотивна само штом ќе помислам колку многу оваа серија промени сè за мене. Толку многу спомени, толку многу епизоди (во тоа време снимавме 24 епизоди за една сезона) и многу иконски аутфити. Сè што знам за ...
Октомври е месец за подигнување на свеста за ракот на дојка и за важноста на редовните самопрегледи и навременото откривање на болеста. Меган Џонс е само една од армијата жени кои ја водат тешката битка со оваа опака болест и го споделуваат своето патување онлајн. Кога дознала дека има рак на дојка, мајката на две девојчиња го создала профилот thepinkjourneywithmeg за да го документира секој чекор од нејзиното лекување. Џонс ја слушнала ...
Еминем ќе стане дедо. 51-годишниот рапер ќе добие внуче од својата ќерка Хејли Џејд. Моментот кога тој ќе ја дознае прекрасната вест е снимен во видео кое стана дел од неговиот најнов спот за песната посветена на неговата ќерка. Целиот спот за „Temporary“ е составен од стари снимки од Еминем и малечката Хејли Џејд, кои потоа се надополнети со видеа од нејзината свадба. На крајот, Хејли Џејд со фотографија од ултразвукот му кажува на Еминем дека ...
„Интерфест“ го започна 33-тото поглавје. Интернационалниот фестивал на класична музика синоќа беше свечено отворен во Битола. Финската виолинистка Линда Хедлунд и италијанскиот пијанист Антонио ди Кристофано настапија заедно со Камерниот оркестар на Битола. На огромно задоволство на публиката, на големата театарска сцена „Благој Стефановски“ беа изведени дела од Бах, Леклер и Шопен. Фестивалот ќе трае до 11 октомври, а претстојат изведби на наши ...
Најдоброто место за шопинг и забава во Скопје слави 12 години постоење! Започнатата приказна пред 12 години секојдневно се развива следејки ги желбите и потребите на сите посетители.Веќе 12 години посетители на молот тука наоѓаат сѐ што сакаат. Со секоја година постоење, Скопје Сити мол прерасна во место кое е синоним за одличен шопинг, врвни брендови, филмски искуства и забава за сите генерации… Место каде што секоја генерација си создава свои ...
Мухамед Максуд беше успешно опериран. 21-годишниот студент доби нов бубрег, а донор беше неговата самохрана мајка. Среќната вест ја споделија од Ecrowd и напишаа: „Кога ќе кажат дека мајката те сака повеќе и од себе, мислат токму на ова! Мухамед го доби бубрегот од неговата мајка, а операцијата поминала одлично!“ Мухамед страда од ретка болест на бубрезите и имаше потреба од трансплантација за да живее нормален живот. Претходно тој беше зависен ...
По успешната ревија во Париз и бројните ангажмани околу неа, Викторија Бекам поминува квалитетно време со семејството. 50-годишната дизајнерка беше фотографирана за рака со сопругот Дејвид додека заедно со децата го напуштаа ресторанот „Dorian“ во Лондон. Славниот пар избра темни стајлинзи за семејното излегување со 25-годишниот Бруклин и неговата сопруга Никола, 22-годишниот Ромео и 13-годишната Харпер. Никола си го криеше лицето со рацете ...
Принцезата Кетрин за првпат имаше јавна средба по завршувањето на своето лекување со хемотерапија. Во замокот Виндзор, таа се сретна со 16-годишната Лиз, којашто исто така води борба со ракот. Принцезата од Велс ја прегрна младата девојка за да ѝ даде сила да не се откажува во битката за својот живот. Лиз е надежна фотографка од Харогејт, која во јануари ја доби страшната дијагноза дека има дезмопластичен тумор на мали кружни клетки. Кетрин и ...
Новиот филм на Бред Пит и Џорџ Клуни несомнено разбуди голем интерес кај љубителите на акционите комедии, а сега стана хит и на Балканот. Во една од објавените сцени од „Wolfs“, Бред ја упатува кон Џорџ пцовката која е добро позната на нашите простори: „Пи*** мате***“. Холивудските шармери се „фатени“ во свадбен танц каде се појавува и хрватскиот актер Златко Буриќ, кој глуми руски мафијаш. Во еден момент тие насочуваат пиштоли еден кон друг, по ...
Бијонсе беше магнет за погледи на настан во Париз. Славната музичка дива се појави во издание во какво што одамна не сме ја виделе. За промоција на својот бренд за виски, 43-годишната пејачка избра златна креација од Гучи која ѝ ги истакна бујните гради и одлично ја акцентираше нејзината тенка половина. Бијонсе позираше покрај сопругот Џеј Зи. View this post on Instagram A post shared by Beyoncé (@beyonce) Нема слични статии. Види повеќе » ...
Како летото заврши и есента е тука, многу од нас се фокусираат на новите модни трендови и убави бои на природата, но забораваат на важноста на нега на кожата. Секоја сезона носи свои предизвици и потреби, а есента е време кога нашата кожа бара посебно внимание. Затоа, подгответе се да ги освежите вашите ритуали за нега на лицето со овие три есенски маски за лице од dm кои се вистински хит! Оваа маска е вистински хидратантен еликсир! Со ...
Трета година по ред компанијата НЕПТУН МАКЕДОНИЈАја организира кампањата “ЗАОКРУЖИ СМЕТКА” така што им овозможува на своите потрошувачи на лесен, брз и едноставен начин да можат да помогнат на оние кои им е најпотребно – децата без родителска грижа. Во наредните три месеци од 01 октомври до 31 декември секој купувач ќе може да се приклучи во семејството поддржувачи на СОС Детско село - ќе може да ја заокружи својата сметка на каса и да донира со ...
Брендот Coperni избра магично место за презентирање на новата колекција. Дизниленд Париз беше локацијата каде беа претставени новите креации на париската модна куќа, кои се инспирирани токму од дизниевите ликови. Пред замокот на Заспаната убавица дефилираа десетици манекенки, меѓу кои и Ирина Шајк и Лила Мос. Кајли Џенер беше ѕвездата која ја затвори ревијата во црн балски фустан. Ревијата се одржа во рамките на Париската недела на модата. ...
Дали сте забележале дека некои луѓе стареат побрзо од другите? Дека некои жени на пример на возраст од 48 години, имаат кожа на лицето како да се на 42-та година, и обратно. Причина за тоа е епигенетиката, односно влијанието од начинот на живот и околината врз нашите гени и стареењето на кожата. Нездравата исхрана, стресот, прекумерното изложување на сонце и загадувањето може да ги оневозможат или „исклучат“ младите гени, што резултира со ...
Адријана Лима заблеска на свечена вечера организирана од брендот Bulgari по повод лансирањето на колекцијата „Calla“. 43-годишната манекенка изгледаше занесно во црна свечена креација која ја надополни со впечатлива чантичка складна на украсниот дел од фустанот. На настанот во Париз, таа беше придружувана од партнерот Андре Лемерс. Лима и Лемерс заедно имаат едно дете, 2-годишниот син Сајен. Тие досега немаат потврдено дали се во брак, но на ...
Дали верувате во судбина? Кристин Ламерт несомнено верува. 35-годишната мајка ја роди четвртата ќерка спонтано и непланирано на истиот ден од годината како и другите три ќерки. 9-годишната Софија, 6-годишната Џилијана и 3-годишната Миа се родени на 25 август само во различни години. Сега, во славењето заеднички роденден им се придружи и нивната новородена сестричка Валентина. Во неверојатна игра на судбината, која се проценува дека се случува ...
Емили Ратајковски имаше слатка придружба на Париската модна недела. 33-годишниот модел го понесе со себе малото синче на ревијата на Loewe во Градот на светлината. Славната манекенка беше фотографирана со 3-годишниот Силвестер во рацете додека се упатуваше да го проследи модното шоу на кое се презентираше колекцијата пролет/лето 2025. Силвестер носеше сива блуза од Loewe. Емили сподели фотографии и напиша: „Првото модно шоу на Слај“. „Ја донесов ...
Општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничко насилство“, продолжува со повеќе различни активности. Меѓу нив е и одржување низа работилници преку кои и родителите ќе се здобијат со знаења и ќе споделат искуства во врска со проблемот со булингот. Овие едукативни средби ќе се одржат во општините што се приклучија на кампањата, ќе ги предводи популарниот актер Сашко Коцев, а за стручниот аспект ќе биде задолжен ...
Џоан Колинс и на 91 година не се откажува од гламурозните стајлинзи и не дозволува стареењето да ја згази нејзината љубов кон модата. Ѕвездата од серијата „Династија“ мамеше погледи во свечена креација на хуманитарната гала на BFI во Лондон и повторно освои комплименти од своите обожаватели. Својот моден избор, холивудската икона ги надополни со дијамантски накит од Bardot. На свеченостите, Џоан најчесто е придружувана од 59-годишниот сопруг ...
Талула Вилис објави нови фотографии со татко си Брус Вилис, кој се бори со деменција. На една од нив, 69-годишниот актер ја бакнува 30-годишната актерка на главата, а на друга таа го разгледува албумот со насловни страници на кои Брус се појавил низ годините. „Многу го сакам овој дечко. Тешко е да се чувствуваат чувства, но благодарна сум што дозволувам да поминат низ мене сега, наместо да се исклучувам од нив. Од вечните архиви“ – напиша таа. ...
Анџелина Џоли продолжува со промотивната турнеја за новиот филм „Maria“, во кој ја глуми покојната оперска дива Марија Калас. 47-годишната актерка беше фотографирана во Њујорк по Q&A настан за новиот филмски проект. Таа изгледаше елегантно во сатенски фустан и темно палто. Џоли беше пресретната од обожавател кој ѝ побара автограм, а потоа ѝ подаде да се потпише на постер од неа со бившиот Бред Пит од нивниот заеднички филм „Mr. & Mrs. ...