
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



Амбер Херд го очекува своето второ дете. 38-годишната актерка е возбудена што нејзиното семејство ќе се прошири со уште еден член. Таа веќе е мајка на 3-годишната Уна Пејџ, која веројатно ја доби со помош на сурогат-мајка. Претставник на Амбер ја потврди среќната вест за People. „Сè уште е рана бременост, па ќе разберете зошто не сакаме да навлегуваме во детали. Доволно е да се каже дека Амбер се радува за себе и за Уна Пејџ“ – рекол ...
Убавите вести брзо се шират, а повторно доаѓаат од Болницата „Плодност“ во Битола. По 17 години обиди за зачнување и раѓање бебе, 42-годишна жена стана мајка благодарение на стручниот тим од болницата. Тие споделија фотографии од „малиот јунак“ кој е резултат на процедура со одмрзнати ембриони. Претходно, мајката имала два неуспешни обиди за забременување. „Ништо не е невозможно за оние кои веруваат! Никогаш не се откажувајте од вашата цел да ...
Загадениот воздух, променливото време, големите температурни разлики помеѓу денот и ноќта, неминовно влијаат на природната отпорност на организмот. Со тоа се зголемува и склоноста кон акутни инфекции на горните дишни патишта што нè прави ранливи и подложни на вируси и атипични бактерии, кои се насекаде околу нас. А токму вирусите 90-95% се причина за појава на респираторни проблеми и инфекции на дишните патишта (нос, крајници, увоигрло). Станува ...
Ријана го поддржа Ејсап Роки на доделувањето на наградите Footwear News Achievement Awards. 36-годишната пејачка со впечатлив стил мамеше погледи додека покрај неа позираше 35-годишниот рапер. Белата креација на Ријана е дело на модната куќа Alaïa, а таа ја искомбинира со сандали од Manolo Blahnik. На настанот, Ејсап ја доби наградата Соработка на годината, за колекцијата која ја креираше со брендот Puma. Нема слични статии. Види повеќе » ...
Ева Лонгорија сними фотосесија за Marie Claire. Славната актерка, која за четири месеци ќе зачекори во шестата деценија од животот, позираше во модели од врвни модни куќи како Bulgari, Saint Laurent, Jacquemus и Gucci. Додека некои жени се плашат од стареењето, Ева го прифаќа како составен дел од животот и смета дека најдоброто за неа допрва доаѓа. „За мене годините се само бројка, но возбудена сум. Одбивам да верувам дека мојот најголем успех е ...
Марија Шерифовиќ направи прослава за првиот роденден на синчето Марио. 40-годишната пејачка, која го доби своето дете со сурогат-мајка, беше облечена во ист стајлинг како својот мал принц. Тие носеа костуми во зелена боја од Maro Feher со нивните имиња испишани од внатрешната страна. Марија сподели фотографии и напиша: Малечок мој, ајде јас и ти полека во нашата втора година. За мене е годината со најголеми промени. Првенствено емотивни. Да ми ...
Меган Маркл шармираше на холивудска гала на која се појави без придружба од принцот Хари. За оваа пригода, 43-годишната војвотка избра црна тоалета од Oscar de la Renta, која ја надополни со дијамантски накит од Logan Hollowell и прстени од Lorraine Schwartz. На последните неколку јавни настани, Меган се појавува сама. Војвотката од Сасекс позираше со актерот Тајлер Пери, кој беше почестен со специјално признание на хуманитарната гала. Нема ...
Дарко Илиевски ја преполови својата тежина. 36-годишниот македонски пејач, кој сега живее во САД, сподели дека ослабе 64 килограми откако здравствени проблеми предизвикани од дебелината го натерале целосно да си го трансформира животот. По големото слабеење, Илиевски не само што се чувствува полесно, туку има поголема самодоверба, поздрав е и посреќен. Тој сподели фотографија направена пред една година кога имал најголема тежина и фотографија ...
Едина Муса и Ирина Дишовска снимија забавно видео кое несомнено ќе ве насмее. 33-годишната кошаркарка и македонската планинарка и алпинистка, кои се добри пријателки, танцуваа со трудничките стомачиња на кои беа исцртани смешни лица. „Кога си луда, но твојата најдобра другарка ја има истата енергија како тебе“ – напиша Муса. View this post on Instagram A post shared by Edina Musa (@edina_musa) Едина е бремена со своето прво дете со сопругот ...
Со присуство на бројни познати инфлуенсери, во атмосфера исполнета со забавa, музика и позитивна енергија, на 3 декември, во Ragusa 360 Rooftop, се одржаа Influencer awards, организирани од „Убавина и здравје“. Во рамките на настанот, dm со гордост поддржа нова категорија за номинации: Најдобар брк. Оваа категорија беше создадена со цел да се подигне свеста за машкото здравје и важноста на редовните прегледи и самопрегледи. Со оваа иницијатива, ...
Седумнаесетта година по ред Фондацијата „Трајче Мукаетов“ доделува 40 стипендии за студенти на Фармацевтскиот и на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Изборот на стипендистите за учебната 2024/2025 година, кој е во согласност со објавениот јавен конкурс, е одобрен од Управниот одбор на Фондацијата по предлог-прелиминарната листа од комисиите за распределба на стипендии, составени од претставници на ...
Околу 1.200 ученици учествуваа во формирањето на најголемото македонско знаме. Учениците се обединија во Општина Бутел и го „формираа Македонското знаме, кое е симбол на независноста, заедништвото и достоинството“. Оваа вест ја сподели градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, велејќи дека треба да ги зачуваме нашите вредности. Пејачката Андријана Јаневска ја изведе македонската химна. Еве ја објавата на Костовски: ЦРВЕНО ЖОЛТ БУТЕЛ НАД 1.200 ...
Некои подароци не мора да бидат скапи за да бидат специјални. Девојка од Мексико му подари на саканиот портрет од него и од неговиот најдобар пријател, кој почина пред четири години. Лорели Елизаде го замоли уметникот Лупа Вирамонтес да го направи уметничкиот портрет, а потоа му го подари на партнерот за роденденот. Погледнете ја неговата емотивна реакција кога ќе го види: @lorelyelizalde6 Ya etiquete a la chica que lo realizo #amigo #tik_tok ...
Официјалниот трејлер за филмот „Снежана“ пристигна. Дизни го објави 2-минутното видео во кое е раскажана приказната за Снежана и нејзината маќеа, злобната кралица. Во него, Снежана (Рејчел Зеглер) со помош на седумте џуџиња ќе си го врати кралството од кралицата (Гал Гадот) која се обиде да ја убие затоа што огледалото ѝ рече дека Снежана е најубава на светот. „Огледалце, огледалце мое...“ – вели кралицата во трејлерот. Погледнете го: Филмот ...
Деби Нелсон го напушти овој свет. Мајката на Еминем ја изгуби битката со ракот на бели дробови. Таа имаше 69 години. Претставник на раперот за People ја потврди лошата вест дека Деби почина на 2 декември во болница во Мисури. Информацијата први ја соопштија од TMZ. Дијагнозата на Деби прво беше откриена пред јавноста во септември. Деби имаше само 16 години кога го роди Еминем во 1972 година. Тие имале променлива врска додека тој растел во ...
Џо и Џил Бајден ги поминуваат последните денови во Белата куќа. Првата дама на САД покажа како го украси претседателскиот дом за последен пат, пред Џо да ја напушти претседателската фотелја. Оваа година, темата е „Сезона на мир и светлина“, а Џил доби помош од над 300 волонтери за да се украси секое делче од Белата куќа. 83 новогодишни елки, илјадници панделки, над 28.000 украси, 2.200 хартиени гулаби и 165.000 сијалички биле искористени при ...
Жизел Бундшен повеќе не ја крие бременоста. 44-годишната манекенка, која го очекува своето трето дете, беше фотографирана на плажа во Коста Рика со партнерот Хоаким Валенте. Ова е прво заедничко дете на парот кој започна врска месеци по разводот на Жизел со Том Брејди. Жизел уживаше додека боса чекореше по песочната плажа и си разменуваше бакнежи и прегратки со Хоаким. Веста за бременоста се дозна пред околу еден месец кога Жизел веќе не можеше ...
Памела Андерсон веќе извесен период ја покажува својата природна убавина. 57-годишната актерка се појави без шминка и на најновото издание на Gotham Awards. За оваа пригода, Памела изгледаше гламурозно во златна креација и гордо позираше пред бројните фоторепортери. Во интервју за People, Андерсон беше запрашана како се чувствувала кога носеше шминка на снимањето на новиот филм „The Last Showgirl“, бидејќи во приватниот живот речиси и да не ...
Лука Дончиќ и неговата вереница Анамарија го прославија првиот роденден на ќеркичката Габриела. 25-годишниот словенечки кошаркар сподели албум со фотографии од првата година на малото девојче, чие лице не го покажуваат. „Среќен роденден мој мал ангелу“ – напиша тој. Анамарија напиша подолга порака со желби за својата принцеза. Ќерко наша, како вчера да беше кога дознавме дека ќе пристигнеш во нашите животи. Ти не само што дојде, туку и ни го ...
По подолга пауза, Викторија Лоба има нова музика. Русокосата пејачка ја објави својата песна „Бумеранг“, заедно со спотот за истата. Текстот е дело на самата Лоба, додека за музиката таа соработуваше со Лазар Цветкоски, кој исто така беше задолжен за аранжманот и продукцијата. „'Бумеранг' не е само песна – тоа е порака, потсетник дека љубовта, добрината и искреноста се враќаат како ехо, токму кога ни се најпотребни. Верувам дека ова ќе биде ...
Австралија направи голем чекор и изгласа закон со кој им се забрануваат социјалните мрежи на децата под 16 години. Предвидени се казни до 32 милиони долари за компаниите кои нема да ги почитуваат новите правила. Законот ги принудува технолошките гиганти кои стојат зад мрежи како Instagram, Facebook, TikTok, Snapchat... да не им дозволуваат на младите да креираат профили, зашто во спротивно ќе се соочат со казни. Тестирањето на оваа забрана ќе ...
„Bamboleo“, „Volare“ и „Jobi Joba“ ја исправија публиката на нозе во Центарот за култура во Битола додека со страст пееше Маноло Гименез придружуван од гитарите на Voice of the Gypsy Kings. Позитивна енергија беше проткаена низ концертот кој се одржа во рамките на 16-тото издание на Фестивалот на музика од светот. До самиот крај немаше гостин кој не беше понесен од енергичниот ритам на бендот и динамичните вибрации се покажаа како „заразни“. ...
Битола, ноември 2024 – КС Групација, повторно демонстрирајќи ја својата посветеност кон грижата за унапредување на општеството и отворање на нови можности за младите, на пригодна свеченост во срцето на Битола, ја претстави својата програма за стипендирање и додели признанија на минатогодишните стипендисти за нивните извонредни академски достигнувања. На церемонијата беа доделени стипендии и пофалници на студентите Валентин Стојановски и Петар ...
Според истражувањето кое го спроведе агенцијата за истражување и консалтинг „Инсајдер ИД“ каде се вреднува само ставот на потрошувачите, компанијата КАМ доби најмногу гласови и се најде на првото место во главната категорија „Префериран ланец на маркети“. Дополнително, сите што учествуваа во анкетата потенцираа дека тука има највисока лојалност на купувачи, се добива најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет и воедно маркетите се со најдобра ...
Македонскиот бренд за колачиња и десерти „Sunday“, со возбуда го објави лансирањето на својата нова кампања, „100% Заљубени во Sunday“, која ќе ги израдува љубителите на колачиња. Кампањата е дизајнирана да донесе момент на сласт и среќа на секој потрошувач, истакнувајќи ги неодоливите вкусови и пријатното чувство на споделување колаче со саканите. Почнувајќи од денеска, никој нема да одолее на новата кампања „100% Заљубени во Sunday“, колачиња ...
Шон Пен и Валерија Ников за првпат се појавија како пар на свеченост. 64-годишниот актер и 30-годишниот модел прегрнати позираа на црвениот тепих на Меѓународниот филмски фестивал во Маракеш, Мароко. Валерија носеше црна креација, додека Шон избра тегет костум. Парот ги разгори гласините за романса откако беше фотографиран додека се бакнуваше во септември. Подоцна, Шон и Валерија беа фотографирани уште неколку пати заедно, потврдувајќи ја ...
Моника Белучи изгледаше како вистинска дива на 21-вото издание на Филмскиот фестивал во Маракеш. 60-годишната актерка заведуваше во впечатлив црвен комбинезон од либанскиот дизајнер Ели Сааб и истиот го надополни со елегантна марама. Белучи беше придружувана од својот партнер Тим Бартон. Претходниот ден, славниот пар присуствуваше на уште една филмска премиера во рамките на Фестивалот. За оваа пригода, Белучи избра софистицирана креација од ...
Елтон Џон сподели дека видот му е речиси изгубен во обраќање до гостите присутни на „The Devil Wears Prada: The Musical“. 77-годишниот музичар, кој е композитор на мјузиклот, им се обрати на гостите и призна дека уживал во изведбата и покрај тоа што не ја гледал. Тој му се заблагодари на сопругот за поддршката. „Како што некои од вас можеби знаете, имав проблеми и сега го изгубив мојот вид. Не бев во можност да ја видам изведбата, но уживав во ...
Синчето на Марија Шерифовиќ наполни една година. Српската пејачка го одбележа овој специјален ден со слатка порака за малиот Марио, кој таа го доби со помош на сурогат-мајка. „Не спиев два дена и две ноќи. Во 2 часот по полноќ се спакувавме и тргнавме во болница. Во апсолутен мир и среќа. Цел ден ја слушавме ‘What a wonderful world’.“ „Мислам дека мојот сакан Лос Анџелес беше најубав таа ноќ. Дека ѕвездите никогаш не сјаеле посилно. Ме прашуваат ...
Нè очекува динамичен крај на 2024 година. Месецот започнува со млада месечина која носи нови почетоци и свежа енергија токму пред празничната сезона. Возбудливи поглавја ќе ни донесе Венера со својот престој во водолија. Ноншалатно ќе пловиме низ љубовните предизвици и ќе им дадеме поголема важност на важноста на пријателството помеѓу романтичните партнери. На 7 декември Марс ќе премине во ретроградно движење, што значи враќање на поранешни ...