Едина Муса ужива во секој момент од бременоста. Македонската кошаркарка си го гали трудничкото стомаче на фотографии направени по повод свадба на пријатели. Таа носи црн припиен фустан кој одлично го истакнува нејзиното пораснато стомаче во 23-тата недела од бременоста. „Мама и Максим“ – пишува на една од фотографиите. Претходно, таа имаше објавено дека е во врска со Александар Димитровски-Мачка, но не потврди дали тој е партнерот со кого ќе ...
Зендаја заведуваше на настан на кој ѝ оддаде почит на легендарната Шер. На свеченоста, организирана по повод примањето на Шер во Куќата на Славните на Рокенролот, 28-годишната актерка пресоздаде изглед на 78-годишната музичка ѕвезда. Зендаја носеше разголена винтиџ креација со ултра висок шлиц од колекцијата за 2001 година на Боб Меки. Шер првпат носеше креација од Меки во 1967 година и потоа продолжи редовно да соработува со дизајнерот. View ...
Анџелина Џоли продолжува со промоција на новиот филм „Maria“, во кој ја портретира покојната оперска пејачка Марија Калас. На премиерата во Лондон, 49-годишната актерка носеше црн костум со складен елек и кратки чизми. На филмскиот настан беше присутен и раперот Акала, за кого се шпекулира дека е во врска со Џоли. Анџелина и Акала повеќепати беа „уловени“ заедно од папараците, но сè уште ја немаат јавно потврдено нивната романса. Нема слични ...
Филип Кузмановски за многу кратко време ќе стане татко. Убавата вест тој ја откри преку фотосесија со сопругата Моника. Македонскиот ракометар и неговата избраничка позираат за фотографии на кои таа го покажува големото трудничко стомаче. Тие во рацете држат весник на кој пишува: „Бебето доаѓа наскоро. Пристигнува во октомври 2024“. Филип и Моника стапија во брак во октомври 2019 година, а поради одложување за пандемијата, нивната свадбена ...
Дејана Бачко и Марко Нежиќ стапија во брак во Бачка Паланка. Инспиративната Србинка родена без раце се омажи со својот сакан во прекрасна венчаница од дизајнерката Маја Арсеновиќ. Среќните младенци, кои ја добија ќеркичката Лара во февруари минатата година, споделија фотографии од среќниот ден. Марко напиша романтична порака за Дејана: „Моето златно око! Конечно го дочека тој момент да се најде во венчаница. Кога ја погледнав во очи во текот на ...
На денешната прес-конференција, компанијата „dm дрогерие маркт“ објави значајна иницијатива во рамките на својата борба за менструална правда, со која ќе се постават над 200 диспанзери за хигиенски влошки на државните универзитети во Република Северна Македонија. Оваа кампања е насочена кон подигање на свесноста за менструалниот циклус и борбата против менструалната сиромаштија во нашата земја. Кристина Дуранска, менаџер за маркетинг и ...
За Викторија Бекам и улиците се модни писти. 50-годишната дизајнерка зрачеше со деловен шик кога беше пресретната од папараците во Њујорк. Поранешната членка на Spice Girls изгледаше софистицирано во модерен сив костум, кој го надополни со чантичка и обувки во бургундец нијанса. Впечатливиот кармин дополнително го „зачини“ нејзиниот изглед. Претходно, Викторија заедно со Дејвид присуствуваше на настан организиран од списанието „Вог“. Таа носеше ...
Неслихан Атаѓул и Кадир Доугулу го очекуваат првото дете. Турскиот пар ја објави среќната вест во јули оваа година, а сега го откри и полот на бебенцето. 32-годишната актерка, која кај нас се прослави со улогата на Нихан во турската серија „Карасевда“, сподели фотографија од пораснатото трудничко стомаче и на неа напиша: „Здраво момченце“. Првата фотографија од бременоста, Атаѓул ја објави на 29 јули и напиша дека сакале што подолго да ја чуваат ...
Јелена Симеонова секојдневно си ја зголемува мрежата на следбеници на Instagram. Блогерката од Србија, која пред една година се омажи и се пресели во Франција, предлага модни комбинации кои се идеални и за на работа и за на кафе со пријателки. Шармантната Србинка досега има 325 илјади фанови кои ги следат нејзините стилски авантури. Погледнете дел од нејзините стајлинзи за есенските денови: @jelenasimeonova IG: jelenasimeonova #falloutfits ♬ ...
Сестрите Спенсер заедно присуствуваа на настан кој ја слави работата на нивната тетка, покојната принцеза Дијана. Лејди Кити и близначките Амелија и Елиза беа дел од „Centrepoint Awards“ во Британскиот музеј, каде присуствуваше и принцот Вилијам. На свеченоста во Лондон, убавите близначки носеа фустани во истата нијанса од Temperley London, додека Кити избра поуметничка креација од Dolce & Gabbana инспирирана од Венеција. „Centrepoint ...
Родителите прават сè за своите деца. Посветен татко не дозволи ни ужасен ураган да го спречи да стигне да ја одведе својата ќерка до олтарот на свадбата. Дејвид Џонс поминал 48 километри со автомобил и пешки по завршувањето на ураганот Хелена, само за да стигне на местото каде се одржувала прославата. „Го направив тоа што би го направил секој татко“ – вели тој. Џонс тргнал со автомобил до локацијата во Тенеси каде што била закажана венчавката, ...
Клавирското трио од Охрид, составено од Лина Николеска на виолина од класата на проф. Христина Пецакова Николеска, Антица Николоска на виолина од класата на проф. Мухамед Бајрам и Ана Кузманоска на пијано од класата на проф. Ана Ѓоргиоска, ќе настапат со сопствен концерт на престижниот музички фестивал „Златна лира“. Правото на настап на овој реномиран фестивал, нашите млади музичари го добија на покана на Сојузот на музички уметници на ...
Кејт Винслет има моќна порака за родителите. 49-годишната актерка во поткастот „How To Fail“ зборуваше колку е важно родителите да им кажуваат на децата дека се убави и дека се гордеат со нив. Како мајка на три деца, таа ја истакна важноста на комплиментите особено за девојките во критична возраст кои најчесто се изложени на негативност на социјалните мрежи. „Кога им даваме комплимент на нашите деца, особено на девојчињата... ако некоја мајка ме ...
Харпер Бекам ѝ е верна придружничка на мајка си на настаните поврзани со мода и убавина. 13-годишната ќерка на Викторија и Дејвид Бекам беше дел од познатите гостинки на прославата во домот на козметичарката Анастасија Суаре во Беверли Хилс. Таа носеше розов тесен фустан, додека Викторија избра црн фустан од својот бренд. Анастасија и Викторија заедно прославија за успесите во козметичката индустрија. Бекам одбележа пет години од создавањето на ...
Зухаир Мурад фасцинира со уште една невестинска колекција, која има моќ суптилно да се протне во соништата на секоја идна невеста. Либанскиот дизајнер ги претстави најновите венчаници кои сведочат за забранетата љубов и гравитираат околу страста, невиноста, искушението и копнежот. „Колекцијата лебди низ играта на светлина и сенка. Деликатната чипка е навезена и испреплетена околу облините на невестата. Тенките слоеви од свила и тул ја обвиваат ...
По спектакуларното шоу кое Victoria’s Secret го приреди во Њујорк, моделите се упатија на забава во Менхетен. Убавиците заведуваа во сексапилни аутфити не само на пистата, туку и надвор од неа. Адријана Лима избра мало црно фустанче, Алесандра Амбросио носеше потполно проѕирен фустан под кој ѝ се гледаше долната облека, Ешли Греам ги истакна облините, а Барбара Палвин деколтето. Погледнете како изгледаа моделите на забавата на Victoria’s Secret: ...
Бредли Купер и Ирина Шајк сложно ги делат родителските обврски. Додека таа дефилираше на спектакуларното шоу на Victoria’s Secret, Бредли се грижеше за нивната ќеркичка. 49-годишниот актер беше фотографиран на прошетка со 7-годишната Леа во Њујорк. Славниот татко го држеше за рака слаткото девојче, кое носеше широка јакна. Славната Русинка изгледаше фантастично во црна долна облека и наметка со ѕвезди. Првиот пат кога Ирина дефилираше на шоуто ...
Билјана Дебарлиева ужива во брачниот живот со сопругот Јован точно 30 години. Македонската водителка и нејзиниот сакан ја прославија 30-тата годишнина од стапувањето во брак, а за да го одбележат овој специјален датум, тие споделија фотографии „некогаш и сега“ на социјалните мрежи. „30 години ни поминаа брзо како да сме трепнале, тука се сликите да не потсетат за минатото, тука е фамилијата да ни ја стопли душата, тука се пријателите да ни ја ...
Во skincare светот, знаеме дека не е секогаш лесно да се снајдете. Кожата е сложен и уникатен орган, кој бара посебно внимание и грижа. Без разлика дали имате сува, масна, комбинирана или нормална кожа, важно е да имате соодветни производи за неа. И тука доаѓа dm, вашето омилено место за шопинг! Сега, за сите вас кои ќе направите сметка над 899 денари за производи за нега на лице, dm подготви нешто специјално – ќе добиете подарок Balea мицеларна ...
Џиџи и Бела Хадид повторно се вратија на модното шоу на Victoria’s Secret. Атрактивните сестри беа магнет за погледи додека дефилираа на ревијата на познатиот бренд за долна облека. Џиџи го отвори шоуто облечена во розов аутфит со големи ангелски крилја на грбот. View this post on Instagram A post shared by People Magazine (@people) Второто појавување на 29-годишниот модел на модната писта беше во романтичниот дел во кој настапуваше Шер. Во овој ...
Шер ја раздвижи публиката на ревијата на Victoria’s Secret со изведба на хитови како „Believe“. 78-годишната музичарка со динамична енергија го збогати шоуто кое се одржа во Њујорк. На розовиот тепих пред модниот спектакл, Шер зачекори за рака со Александар Едвардс. Музичката икона си размени и нежности со 38-годишниот рапер пред да се упати за подготовки зад сцената. „Многу сум горда што жените можат на многу начини, не на сите начини, да си ...
Андреа Белеска ужива во првата бременост. Македонската ракометарка и Мартин Филиповски од Next Time со нетрпение го очекуваат новиот член на нивното семејство. Белеска позираше со пораснатото стомаче во 9-тиот месец од бременоста и заедно со Мартин споделија фотографии на социјалните мрежи. „Речиси крајот на почетокот“ – напиша Андреа и постот го надополни со хаштаг #9месеци. Андреа и Мартин стапија во брак во јуни минатата година. Нема слични ...
Експлозија на свежина и креативност во вашата чинија! Food Bar со гордост ја најавува најновата е-книга или ваш водич за подготовка на „30 Невообичаени оброк салати со Food Bar“, во соработка со инспиративната инфлуенсерка и нутриционист МаријаМаријаМарија. Ова не е обична книга со рецепти – туку патување низ светот на иновативни и здрави оброк салати, создадени за да го разбудат вашиот апетит и инспирираат нови гастрономски авантури. Во оваа ...
Мултиталентиран артист кој паралелно функционира во повеќе музички сфери. Истакнат автор, препознаен вокал, професионален виолинист, искусен изведувач, успешен уметнички директор... Димитар Андоновски непрекинато ја проширува богатата кариера, а најновото поглавје во неговото опширно резиме е компонирање на филмска музика. Познатиот битолчанец ја потпишува музиката на македонскиот трилер „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски. ...
Момче со Даунов синдром доби изненадување кое никогаш нема да го заборави. Алиса Кијано го израдува својот соученик, кој обожава кошарка, со специјален натпис за да го покани да ѝ биде партнер на матурската забава во училиштето. Неговата реакција ќе ви го разубави денот. @itz_alyssaq my hoco date #fypシ゚viral#fyp#fypシ゚viral #foryourpage#homecomingsurprise#homecomingproposal #highschool #cheerr#fypシ゚viral #onthisday #fypシ゚viral ♬ sonido original - ...
Оливија Родриго имаше незгода на сцената во Мелбурн. Пред нејзиниот настап во Арената „Rod Laver“, 21-годишната музичарка падна во „дупка“ пред 14.000 фанови, но брзо излезе од неа и продолжи да настапува како вистински професионалец. Подоцна, таа сподели видео на социјалните мрежи за да ги увери фановите дека е добро. „ОК сум, хахаха“ – напиша Родриго. Кога се случи инцидентот, Оливија ги поздравуваше фановите одејќи странично по сцената и не ...
Ромео Бекам повеќе не крие дека започна нова љубовна романса. 22-годишниот син на Викторија и Дејвид Бекам беше „уловен“ од папараците додека се бакнуваше со новата девојка Греј Соренти. Младиот пар беше пресретнат од фотографите во Њујорк. Греј е ќерка на реномираниот фотограф Марио Соренти. Таа ги следи неговите стапки и веќе неколку години успешно се занимава со фотографија. Ромео го пропушти лансирањето на брендот за сосови на неговиот брат ...
Сијамски близнаци конечно си заминаа дома кај семејството, 13 дена по нивниот прв роденден, благодарение на успешната операција за раздвојување. Џавар и Амари се родија во септември минатата година, споени со стомакот. Сега, нивни родители Тим и Шанека се пресреќни што ги гледаат своите бебиња дома, во различни креветчиња. „Патувањето беше долго... беше нереално и сега ми олесна и се чувствувам благословено“ – рекол Тим. Шанека, која веќе имала ...
Бјанка Балти ја води најтешката битка во својот живот, но не ја симнува насмевката од своето лице. Италијанската манекенка ги покажа лузните од операцијата поради рак на јајниците, кој ѝ бил дијагностициран на почетокот од минатиот месец. 40-годишниот модел позира без облека и со кратка коса.Таа претходно имаше споделено дека започнува со хемотерапија на 14 октомври. „Опоравувањето се одвива добро и на 14 октомври започнувам со хемотерапија. ...
Ведрана Ѓорѓевиќ заплива во брачните води. Македонската водителка се омажи со саканиот Андрија Антиќ, познат како диџеј Ендру Мелер. Таа објави албум со фотографии од церемонијата која се одржа на 22 септември. „22.09.2024. А и В до вечноста“ – напиша таа во описот. Парот се вери во февруари на патување во Занзибар. View this post on Instagram A post shared by Andrew Meller (@andrew.meller) Фотографии: Vedrana Gjorgjevic / Instagram Нема ...