Татјана Стојановска одбележа голем јубилеј. Македонската водителка и поранешна Мис на Македонија го прослави својот 50-ти роденден и ги дувна свеќичките на роденденската торта. За овој специјален повод, Татјана направи веселба на која изгледаше фантастично во краток свечен фустан. Таа позираше со сопругот Михаил Китановски и гостите и објави фотографии од прославата. Татјана и Михаил се венчаа минатата година на 10-годишнината од нивната ...
Теа Ѓоргиевска беше наша прва претставничка на изборот за Мис Универзум, кое оваа година се одржа во Мексико. Атрактивната кумановка се натпреваруваше со убавици од 124 земји од светот, но за жал не успеа да ја освои посакуваната титула. Во текот на неколкудневното натпреварување, Теа се претстави во неколку модни изданија. Нашата претставничка заблеска во рачно изработен свечен фустан со 4.700 кристали. Претходно, Теа се претстави во раскошна ...
Анџелина Џоли имаше специјална придружба на доделувањето на „Governors Awards“ во Холивуд. 48-годишната актерка се појави на црниот тепих заедно со 16-годишниот син Нокс, кој го има од бракот со бившиот Бред Пит. Многубројни се коментарите за сличноста меѓу Нокс и Бред. Џоли носеше креација од бутикот „The Knit Vintage“, од каде изјавиле дека таа е вистинска љубителка на винтиџ креации и дека сама ги избира моделите кои ги купува. Џоли и Пит ...
Модерната медицина им го олеснува животот на сè повеќе и повеќе пациенти преку процедури кои не се инвазивни како традиционалните и го скратуваат периодот за закрепнување. Д-р Синоличка Џамбазова, специјалист отропедски хирург во „Жан Митрев Клиника“, успешно имплементира техника која ја применуваат малку центри во светот, а која би им го олеснила лекувањето на многу пациенти. „На пациентот ова му е втор ваков зафат. Претходно беше спроведен на ...
Теа Ѓоргиевска е нашата претставничка на овогодишниот избор за Мис Универзум. Атрактивната кумановка беше избрана на изборот кој минатиот месец се одржа во Скопје. Таа отпатува во Мексико и се натпреварува со десетици убавици од светот за посакуваната титула. Во делот во кој учесничките се претставуваат во национални костими, Теа носеше традиционална македонска носија стара 200 години. Видео: Теа се претстави и во волуменозен фустан и во син ...
Здраво, драги читатели! Моето име е Bestie, јас сум најдобрата другарка на секоја девојка. Заедно со dm дрогерие маркт сакаме да направиме промени и да создадеме подобри услови за секоја девојка во Македонија. Овој пат, преку кампањата за поголема свесност за менструалното здравје, намалување на стигмата околу менструацијата и борба против менструалната сиромаштија ‚‚Никогаш повеќе сама‘‘, која е дел од долгорочната кампања за менструална ...
Данијела Мартиновиќ со уникатен стил шармираше на настан во Загреб. 53-годишната хрватска пејачка учествуваше на панел дискусија организирана од Women's Executive Business Club, на која се појави во костум изработен по нејзина порачка. За стилскиот избор, Мартиновиќ напиша објава на Instagram. „Детството, меѓу останатото, го паметам по култното Бурда. Мајки ми апсолутно сè ми шиеше спрема кроевите од Бурда. Постојано ѝ нанесував главоболки ...
Моника Белучи пленеше на спектакуларната модна ревија на Ели Сааб, која се одржа во Ријад. 60-годишната актерка мамеше воздишки во црн фустан со долги ракави и наметка и уште еднаш докажа дека годините за неа се само бројка. Италијанската филмска дива го комплетираше изгледот со едноставна фризура и светкава чантичка. @marieclairefr Monica Bellucci dans une longue robe noire fendue au défilé anniversaire de la maison @ELIE SAAB. #monicabellucci ...
Џенифер Лоренс сјае во втората бременост. 34-годишната актерка, која го очекува второто дете со сопругот Кук Маруни, го прегрнуваше своето трудничко стомаче на премиерата на документарниот филм „Bread & Roses“. Во Музејот „Hammer“ во Лос Анџелес, русокосата оскаровка носеше црна долга креација. Таа е копродуцентка на документарецот. Лоренс позираше со својата колешка-продуцентка Џастин Сиароки, со Малала Јусафзаи и режисерката Сахра Мани. ...
Луис Фонси не го пропушта доделувањето на „Latin Grammy Awards“. Оваа година, тој ја освои статуетката за Најдобар поп вокален албум. На црвениот тепих во Мајами, 46-годишниот Порториканец беше придружуван од 43-годишната сопруга Агеда Лопез. Во текот на вечерта, таа носеше две атрактивни креации кои го истакнаа нејзиното тонирано тело. Фонси на сцената настапи со неговиот најголем хит „Despacito“, како и „No Me Doy Por Vencido“ и „Santa Marta“. ...
Ниските температури силно ни сугерираат да ги „одмориме“ колоритните стајлинзи во смели бои и да се насочиме кон потемни комбинации. Чоколадно-кафеавите нијанси се наметнаа како силен тренд. Славните личност експресно го прифатија, а модните блогерки побрзаа да понудат стилски комбинации со кои ќе ги инспирираат своите следбеници. Од високи чизми и плетки до шик палта и мантили, па и урбани аксесоари... нема да погрешите ако ги инкорпорирате ...
Тарик и Лејла Филиповиќ учествуваа во панел-дискусиите на првата регионална конференција за родителството под покровителство на Becutan која се одржа во Скопје. Славниот пар пленеше со непосредноста, искреноста и шармантното презентирање на гледиштата за растењето и воспитувањето на децата. Популарниот водител беше панелист во „Тато е херој“, сегментот посветен на татковството и улогата на мажите во грижата за малите и нивното обликување како ...
Марија Шерифовиќ денес полни 40 години. За да го одбележи овој јубилеј, српската пејачка сподели две фотографии со синчето Марио, кое го смета за најголемиот подарок од животот досега. На едната фотографија, Марија и Марио се на плажа, а на другата носат златни роденденски капи додека стојат на балкон. Еве го текстот од нејзината објава: Четириесет години... Патување исполнето со предизвици и победи! Секоја година ми даваше нешто скапоцено – ...
Џенифер Лопез ја размрда публиката на ревијата на Ели Сааб во Ријад. На модното шоу, 55-годишната пејачка изгледаше сензационално во неколку атрактивни костими. Настапот Лопез го започна со изведба на дел од „I Will Survive“, а потоа продолжи со неколку свои големи хитови како „Waiting for Tonight“, „On The Floor“ и „Let's Get Loud“. Видео: View this post on Instagram A post shared by ELIE SAAB (@eliesaabworld) По завршувањето на настапот, Лопез ...
Хали Бери повторно го облече истиот фустан во кој испиша историја. 58-годишната актерка мамеше воздишки во истата креација од Ели Сааб во која освои Оскар во 2002 година. Холивудската ѕвезда зачекори на спектакуларната ревија на Сааб во Ријад и изгледаше како воопшто да не се променила, како времето да застанало за неа. „До овој ден, еден темноцрвен фустан е траен симбол за грациозност и сила. Таа ноќ во 2022 година, на 74-тото доделување на ...
Како и секоја година, така и оваа, божиќното видео на John Lewis буди силни емоции. Овој пат, во него е прикажана специјалната врска меѓу сестрите. Во веселата реклама, Сали се обидува во последен момент да го пронајде совршениот подарок за сестра си Лорен. Таа влегува во една од продавниците на британскиот бренд пред крајот на работното време. Зад одделот со свечени фустани, Сали пронаоѓа магичен портал кој води до таванска соба во која се ...
Во светот на нега на телото, не мора да трошите многу пари за да се чувствувате и изгледате прекрасно. Со неколку одлични производи од Balea кои имаат секогаш поовлни цени, можете да создадете целосна рутина за нега на телото, која е и ефикасна и економична. Еве како да го направите тоа! Туширање со Balea гел за туширање со бадемово масло и цвет од цреша – 69 денари Започнете ја вашата рутина со освежувачко туширање. Balea гелот за туширање со ...
Мајка и ќерка од Канада имаат прекрасна традиција. Веќе 13 години, Џеневив и Вајолет ја пресоздаваат фотографијата од првата прегратка по породувањето пред својот дом. Имено, Џеневив не успала да стигне до болница и се породила токму пред семејната куќа. Тоа место до ден-денес е нивно омилено. „Ќе ја терам да го правиме ова секоја година сè додека можам“ – напиша мајката во 2013 година. „Сега таа е тинејџерка и едвај ја собира во мојот скут“ – ...
Рита Ора создаде уште една колекција во соработка со брендот Primark. 33-годишната пејачка ја покани својата 60-годишна мајка Вера за заедно да ги претстават новите модели и да покажат дека дамите на секоја возраст можат да се чувствуваат убаво во оваа колекција. Дуото мајка-ќерка позираше во креации кои Рита вели дека се идеални за повеќе пригоди. „Без разлика дали сте излезени на вечера, на пијачка или едноставно сакате да танцувате на ...
Каја Гербер заведува од насловната страница на „Вог“. За декемвриското издание на списанието, ќерката на Синди Крафорд сними забавна фотосесија во која имаше невообичаена фризура. 23-годишната девојка позираше во креации од Марк Џејкобс пред објективот на фотографот Стивен Мејзел. „Не ми се верува дека го кажувам ова, но ова е мојата четврта насловна страница за американскиот ‘Вог’ и слободно можам да речам, дека секој пар станува поспецијално“ ...
Шарлиз Терон како магнет привлекуваше погледи на хуманитарната гала вечер Baby2Baby. На свеченоста во Лос Анџелес, 49-годишната актерка изгледаше сензационално во креација од колекцијата пролет/лето 2025 на Schiaparelli. Фустанот со корсет и отворено деколте Шарлиз го надополни со впечатливи обетки од истиот бренд. На настанот, Терон ја прими наградата „The Giving Tree“. View this post on Instagram A post shared by Charlize Theron ...
Празничната реклама на Tesco го најавува пристигнувањето на најубавиот период од годината. Видеото следи маж кој тагува по загубата на баба си, а само една посета на неговиот дедо, повторно ќе ги разбуди сите спомени за неа. Дедото му подарува колачиња, кои со само еден загриз ќе го потсетат на слатките задоволства кои некогаш ги приготвуваше неговата сакана баба. Тој решава да ја одржи божиќната традиција негувана од баба му и заедно со дедо му ...
Најсекси маж за 2024 година е Џон Кразински. 45-годишниот актер победи во изборот кој секоја година се организира од списанието People. Тој вели дека воопшто не очекувал да победи во оваа „трка“, па кога дознал бил многу изненаден. „Веднаш ми се стемни. Мозокот ми се исклучи и имав нула мисли. Освен тоа што можеби мислев дека ме зафркаваат. Вообичаено не се будам со мислата: ‘Дали ова е денот кога ќе бидам избран за Најсекси маж на светот?’ Но, ...
Имаме нешто ново што ќе ве воодушеви! Нептун сега ви нуди компјутерски компоненти – совршени за сите кои сакаат да склопат моќен гејминг компјутер или ултра-брз сетап. Од врвни процесори и графички картички, до брзи RAM мемории и SSD уреди, бескомпромисни матични плочи и моќни напојувања - сè е тука и сè е подготвено за вашата следна авантура. А најдобриот дел? Со лојалната програма на Нептун добивате ексклузивни понуди и можност за купување до ...
Антонио Јанковски има потреба од нашата помош. Поранешниот водител на кулинарско шоу испрати апел преку социјалните мрежи и напиша дека поради спојувањето на ракот и пневмонијата, на него останале само коски. Тој сподели фотографии на кои покажува како изгледа сега, исцрпен од долгогодишната борба со болеста. „Ова е резултатот кога канцерот и пневмонијата ќе се спојат, само коските остануваат. Во овие месец дена скоро повторно загубив килажа од ...
Во светот на кафето, квалитетот не е само збор, туку е уметност која се создава преку внимателен процес на подготовка, од моментот на берба на зрната па до првата голтка од омилената шолја. За кафето да ги задржи своите квалитети, важно е да не ги загуби своите позитивни својства низ целиот процес на производство: од берењето, преку транспортот, па до внимателното пржење и мелење на традиционален начин со камени млинови. Кафето со висок квалитет ...
Кога зборуваме за машкото здравје и современиот начин на живеење, најчесто споменуваниот орган кој страда е простатата. Простатата е дел од машкиот репродуктивен систем и се наоѓа веднаш под мочниот меур. Низ овој орган поминува делот од уринарниот тракт по напуштањето на мочниот меур. Простатата има различни функции, од кои најважна е да произведува дел од семената течност. Простатата има и ендокрина функција, што значи дека лачи и хормони. ...
И покрај тешките здравствени предизвици низ кои помина, принцезата Кетрин не ја симнува насмевката од своето лице. 42-годишната припадничка на британското кралско семејство пленеше на првиот поголем настан откако заврши со примањето хемотерапија. Шармантната сопруга на принцот Вилијам изгледаше софистицирано во црн стајлинг и блескаше со ведрина и позитивност. Принцезата на Велс во март сподели со јавноста дека ѝ бил дијагностициран рак по ...
Последните години, хијалуронската киселина, покрај додаток во козметиката станува сѐ попопуларна и во светот на суплементите. Денес, постои можност хијалуронот да се внесе и орално во форма на капсули, течност или прашок со вкус на јагода, портокал итн. (што се меша со вода). Овој додадок има бројни придобивки за здравјето на кожата и зглобовите, за очите, за сврзното ткиво, а сето тоа е потврдено со бројни научни истражувања. Хијалуронската ...
Нејмар и Бруна Бјанкарди со пастелна забава го прославија првиот роденден на ќеркичката Мави. 32-годишниот фудбалер и 30-годишната Instagram ѕвезда споделија фотографии и видео од прославата. Среќните родители позираа заедно со слаткото девојче кое носеше рачно изработено фустанче од Le Infance. „Ја славиме првата година на нашата Мави“ – напишаа тие во видеото. View this post on Instagram A post shared by BRUNA BIANCARDI (@brunabiancardi) View ...