Миранда Кер пленеше на хуманитарната гала Baby2Baby во Вест Холивуд. На свеченоста, 41-годишната манекенка изгледаше фантастично во гламурозна креација со пердуви само осум месеци по раѓањето на четвртото дете. Розовиот фустан доаѓа од ателјето на Памела Роланд. Кер беше придружувана од сопругот Еван Спигел, кој е татко на три од нејзините синчиња. Синот Харт се роди во 2018 година, Мајлс во 2019, додека Пјер во февруари оваа година. Миранда има ...

Бредли Купер и Џиџи Хадид уживаат во нивната романса. Парот, кој се запозна преку бившата девојка на Бредли, беше фотографиран од папараците на романтична прошетка во Њујорк. 49-годишниот актер и 29-годишниот модел беа модно усогласени во складни комбинации. Претходно, актерката Алиша Милано сподели фотографија на која позира со Бредли и Џиџи на нејзина претстава на Бродвеј. Фотографијата предизвика лавина од реакции, бидејќи двајцата партнери ...

Меган Фокс и Машин Ган Кели го очекуваат првото заедничко дете. Славната актерка откри дека е бремена со своето четврто дете преку објава на Instagram. 38-годишната филмска ѕвезда го покажа трудничкото стомаче позирајќи прекриена со црна маслена боја. На втората фотографија од објавата таа држи позитивен тест за бременост. „Ништо не е навистина изгубено. Добредојде назад“ – напиша Меган во описот, алудирајќи на бебенцето кое го изгуби поради ...

Весна Петрушевска со носталгија се сеќава на моментот кога ја запозна својата ќерка Мина. Токму на нејзиниот 20-ти роденден, македонската актерка и водителка објави емотивен пост за уште повеќе да ѝ го разубави овој ден. Денес, Мина живее и работи во Дубаи, заедно со Моника, која Петрушевска ја прими дома како свое трето дете. Прочитајте го текстот, кој Весна го објави заедно со фотографии: Мина имаше 9 месеци и 3,5 килограми. Буквално кукла на ...

Џесика Алба заведуваше на хуманитарната гала на Baby2Baby, која како верна поддржувачка никогаш не ја пропушта. На зелениот тепих во Лос Анџелес, 43-годишната актерка изгледаше занесно убаво во креација во праска нијанса со металик детали од либанскиот дизајнер Зухаир Мурад и накит од Tiffany & Co. Таа позираше со сопругот Кеш Ворен кој беше облечен во класичен црн костум. Повеќе од 60 славни личности беа дел од галата на која се собираат ...

Убави вести секојдневно се шират од битолската болница „Плодност“. Благодарение на врвниот тим во специјалната болница по гинекологија и акушерство, 51-годишна жена успеа да забремени со близнаци. По две неуспешни инвитро постапки, среќната трудница доби позитивен тест за бременост и за неколку месеци ќе може да се радува на две мали чеда. Еве ја целосната објава од болницата: На 51 година, постигната близначка бременост. Продолжуваат успешните ...

Марија Шерифовиќ остана без зборови од прекрасната публика која го следеше нејзиниот концерт во Скопје и пееше на цел глас заедно со неа. Српската пејачка настапуваше во Арената „Борис Трајковски“ и беше одушевена од атмосферата. Илјадници фанови, ѕвездено небо, громогласни аплаузи, јадење ајвар на сцената и незаборавни моменти ѝ го направија престојот во Скопје незаборавен. По завршувањето на музичкиот спектакл, Шерифовиќ импресионирана сними ...

Тамара Тодевска имаше моќен настап на првиот избор на Мис Универзум на Македонија. Во Националната опера и балет, 39-годишната пејачка блесна во раскошна креација со корсет, а сега сподели фотографии на социјалните мрежи. Таа доби многу комплименти за изгледот на изборот за убавина, кој за првпат се одржа кај нас. Тодевска настапи на сцената со евровизиската песна „Proud“. Претходно, фотографии од Тамара беа споделени и на профилот на ...

Даниел Кајмакоски е пресреќен што доби уште една голема радост во својот живот. Македонскиот пејач пред неколку дена доби ќеркичка, а сега сподели дека неговата сопруга Марина со бебенцето се вратија дома. „Девојките ни стигнаа дома. Ви благодарам на сите за убавите честитки. Да живее Љубовта“ – напиша Даниел и објави семејна фотографија со Марина, синчето Стефан, новородената ќеркичка Емилија и својата мајка Ружа. Даниел има и син од бракот со ...

Даниел Кајмакоски има за што да се радува. Македонскиот пејач го доби своето трето детенце и среќната вест ја сподели на Instagram. Тој објави слатка фотографија од новородената ќеркичка, која го доби името Емилија. „Емилија Кајмакоска. Најголемата авантура од мојот живот започна. До мојата неверојатна сопруга Марина, ти си навистина наш херој. Те сакам“ – напиша тој. Даниел со сегашната сопруга Марина има уште едно синче кое се вика Стефан. ...

Марко Маринковиќ-Слаткар и Next Time ги здружија силите за нова музичка соработка. Популарниот рапер и браќата Мартин и Стефан ја снимија песната „Океани“, а сега ја објавија заедно со спотот. „После 10 години се враќаме на сцена со нова авторска песна!Заедно со Слаткар направивме една многу интересна песна искомбинирана од повеќе музички стилови. Останува да слушнете и процените, се надеваме ќе допре до сите!“ – пишуваат Next Time. Нема ...

Томислав Ивановски продолжува со својата борба. 36-годишниот Битолчанец, кој остана парализиран на долните екстремитети по тешка сообраќајна несреќа, следниот месец заминува на нов третман во Турција. На неговото семејство потребна му е поголема парична сума за да може да го покрие лекувањето, па да бидеме хумани и да им пружиме наша помош. Во изминатите три години, тој имал две рехабилитации во Охрид, 14 месеци бил на рехабилитација со помош на ...

Лепа Брена сними феноменална фотосесија за „Vogue Adria“. 64-годишната балканска ѕвезда позираше во креации од врвни дизајнери и познати модни куќи за фотосесијата снимена на различни теми. „Нашата ѕвезда во ноемвриското издание е никој друг, туку Лепа Брена – вистински феномен и олицетворение на југословенскиот поп-културен идентитет“ - стои во описот на фотографиите објавени од Vogue Adria на Instagram. Брена откри и кој совет би сакала да го ...

Принцот Вилијам се отвори за „бруталната“ година која ја преживеа неговото семејство по дијагностицирањето рак кај неговата сопруга и татко му. Во интервју за време на посетата на Кејптаун, 42-годишниот припадник на британското кралско семејство се наврати на најтешката година од неговиот живот кога на принцезата Кетрин и на принцот Чарлс им бил дијагностициран рак. „Беше страшно. Ова веројатно беше најтешката година во мојот живот“. „Се гордеам ...

Игор Џамбазов имаше неочекувана средба во Канада, која му пробуди носталгија и многу емоции. 61-годишниот македонски шоумен се сретна со жената која му беше дадилка нему и на неговата сестра Тања. На својот концерт во Торонто, Џамбазов дознал дека тетка Даринка е во публиката и ја повика на сцената. Тие се прегрнуваа толку силно, за да надоместат за сите 56 години во кои не се виделе. Ова е сигурно еден од најемотивните моменти од концертот во ...

Џенифер Лопез е навистина незапирлива. 55-годишната актерка во моментов е на промотивна турнеја за новиот филм „Unstoppable“ на кој работеше со поранешниот сопруг Бен Афлек. Таа мамеше погледи во црно-бел стајлинг од Диор на настан за новинарите во Лондон. Лопез носеше црн фустан со ролка, бело палто, шешир и гладијаторски обувки кои чинат 2,5 илјади долари. Бен е еден од продуцентите на „Unstoppable“. Пред неколку дена тој ја пофали Лопез за ...

Викторија Бекам објави видео во кое нејзината ќерка покажува како се шминкаше за доделувањето на наградите на Harper’s Bazaar. Во видеото, 13-годишната Харпер нанесува молив и сјај за усни од линијата за убавина на брендот на Викторија. @victoriabeckham #HarperSeven gets ready for the @Harper’s BAZAAR Women of the Year awards using @Victoria Beckham Beauty ♬ original sound - Victoria Beckham Store Харпер присуствуваше на свеченоста заедно со ...

Дечко, кој страда од псоријаза, сними видео за да покаже како е да се живее оваа автоимуна болест. По повод Светскиот ден за борба против псоријазата, Џек Тејлор објави снимки направени во изминатите две години во кои се соочува со здравствените проблеми на кожата. „Гушнете ги пријателите кои имаат проблеми со кожата“ – порачува Џек. @jacktaylor898 World Psoriasis day full post on insta but anyone going through this, please be kind and gentle ...

Линдзи Лохан повторно ветува божиќна магија во трејлерот за „Our Little Secret“. 38-годишната актерка сними нова романтична комедија во која токму на Божиќ се обединува со бившото момче (Иан Хардинг). Во новиот филм, Лохан и Хардинг се „огорчени поранешни партнери кои се принудени да го поминат Божиќ под ист покрив откако ќе дознаат дека нивните моментални партнери се брат и сестра“. Тие одлучуваат да скријат од останатите дека некогаш биле во ...

Моника Белучи е ѕвездата која ги краси страниците на новото издание на „Elle“ Кина. За едиторијалот, 60-годишната актерка заведува во атрактивни креации и доби лавина комплименти за изгледот. Стилистката Барбара Баумел направи вистински погодок при изборот на дизајнерските парчиња за фотосесијата кои одлично го истакнаа сексапилот на италијанската дива. View this post on Instagram A post shared by Monica Bellucci (@monicabellucciofficiel) Нема ...

Наближува највеселиот период од годината, а Мараја Кери ни го буди празничниот дух, позирајќи со восочната фигура која е нејзина копија. 55-годишната пејачка, позната како „Кралица на Божиќ“, го посети Музејот за восочни фигури „Мадам Тисо“ во Њујорк во кој е поставена нејзината восочна „близначка“. Таа позираше заедно со фигурата, а фотографиите станаа хит. Па, можете ли да препознаете која од двете стои зад хитот „All I Want for Christmas Is ...

Каде и да оди, принцот Вилијам на себе носи сладок рачно изработен накит од неговата ќерка Шарлот. За време на неговиот престој во Јужноафриканска Република, 42-годишниот принц од Велс беше фотографиран со белегзија на која пишува „Papa“ (Тато). Во интервју, на церемонијата за доделување на наградите „Earthshot“, тој откри дека „белегзијата за пријателство“ му ја направила 9-годишната принцеза Шарлот за еден од концертите на Тејлор Свифт. „Ова е ...

Рами Ал Али не се откажува од безвременската класика. Сирискиот дизајнер создаде колекција која ќе им стане омилена на многу софистицирани дами. Колекцијата „Кристална зора“ е симфонија од впечатливи дизајни, од кои секој е уметничко дело. Луксузните ткаенини како свилена органза, раскошен сатен и лесен тул комбинираат меки, етерични текстури со прецизни детали за да создадат чувство на раскош. Палетата на бои е совршено избрана за уште повеќе ...

Доналд Трамп победи на изборите и повторно стана Претседател на САД. По исцрпувачкото чекање за резултатите, 78-годишниот Трамп прослави за својот успех, а покрај себе го имаше целото свое семејство. Неговата сопруга Меланија, која повторно ја има титулата Прва дама на САД, му честиташе со бакнеж во образ и го држеше за рака додека заедно ги поздравуваа сите присутни во салата во Палм Бич. 54-годишната Словенка шармираше во префинет женски ...

„Секое дете заслужува да погледне во слаткото лице на некоја кукла и да го види своето“ – ова е мотото на Ејми Џандрисевиц. Креативната жена прави кукли кои се мини копии на деца со ретки здравствени состојби, а потоа бесплатно им ги подарува. Досега, во своите 10 години работење, Ејми има израдувано повеќе од 2.000 дечиња. „Еден од најуникатните делови на проектот е дека врската е лична. Ги запознавам семејствата многу добро. Бидејќи тие ми ...

Џенифер Лопез се гордее со своите успеси. Славната актерка и пејачка присуствуваше на премиерата на својот најнов филм „Unstoppable“, за кој доби пофалби дури и од бившиот Бен Афлек. На настанот во Лондон, 55-годишната ѕвезда изгледаше атрактивно во комплетно бел стајлинг. Нејзиниот стилски избор за оваа вечер се состоеше од бел припиен фустан со ролка и широка бунда од Magda Butrym, кои ги надополни со салонки од Christian Louboutin и елегантна ...

Викторија Бекам имаше специјална придружба на доделувањето на овогодишните награди на британскиот „Harper’s Bazaar“. 50-годишната дизајнерка на настанот во Лондон се појави со ќерката Харпер која е многу порасната. Двете беа облечени во свилени креации. Викторија шармираше во свилен костум, додека Харпер носеше долг фустан со отсечок под градите. Викторија ја доби наградата Претприемач на годината, а Харпер се качи на сцената за да ѝ го додели ...

Игор Џамбазов и Сара Мејс ги здружија силите за нова музика. Македонските музичари ја објавија песната „Ептен љубовна“, која извесен период ја најавуваа на социјалните мрежи. Како придружни вокали се вклучија девојките Калина Велковска, Теа Богатинова и Ана Петановска. Текстот и музиката се дело на самиот Џамбазов. „Песнава ја пишував во етапи. Пишувана е за неколку жени. Една вистинска, една лажна и неколку замислени. Затоа и се вика ептен ...

„Играта ќе започне наскоро“ – пишуваат од Netflix во најавата на краткиот трејлер за втората сезона од популарната серија „Squid Game“. Три години по победата во првата сезона од „Squid Game“, играчот со број 456 се откажува од плановите да замине во САД и се враќа во игрите на „живот или смрт“. Новите учесници исто така ќе се борат за награда од 45,6 милиони долари. Погледнете го официјалниот трејлер за долгоочекуваното продолжение на „Squid ...

Марго Роби се појави во јавност за првпат по породувањето. 34-годишната ѕвезда од „Barbie“ беше фотографирана на прошетка со сопругот Том Акерли и новороденото синче. Според информациите од странските медиуми, таа се породила пред две недели. Марго разговараше на телефон, додека Том го возеше бебенцето во количка. Таа носеше широки фармерки, бела кошула и црвени балетанки. Со Марго и Том на прошетката беше и неговата мајка. Марго и Том се ...

10 години МАРХ

17 минути - Трн

Скопје

7ᴼ/7ᴼ
2.06
42%
1025

Белград

1ᴼ/0ᴼ
3.09
76%
1025

Софија

2ᴼ/1ᴼ
9.26
60%
1024

Сараево

5ᴼ/5ᴼ
11.3
48%
1021

Љубљана

7ᴼ/5ᴼ
1.26
55%
1028

Атина

20ᴼ/18ᴼ
7.72
38%
1016

Тирана

9ᴼ/9ᴼ
7.2
50%
1024

Подгорица

9ᴼ/9ᴼ
4.12
27%
1026
Currency

61.525

Currency

59.0731

Currency

74.0053

Currency

38.4211

Currency

42.2553

Currency

66.0699

Currency

8.15589

Currency

0.56615

Currency

0.38126

Currency

0.52544

Currency

1.70935

Currency

0.69921

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

501848 $

Рутениум

15369 $

Калај

28 $

Сребро

1006 $

Злато

87228 $

Бакар

8 $

Паладиум

31961 $

Платина

31045 $

Родиум

147909 $

Цинк

95337 $