Помина една година од смртта на Метју Пери. Неговите колешки од хит-серијата „Пријатели“ не останаа рамнодушни на овој тежок за нив ден. Џенифер Анистон и Кортни Кокс споделија фотографии со актерот за да му оддадат почит. 55-годишната актерка, која ја имаше улогата на Рејчел во серијата, објави албум на Instagram и напиша: „1 година“ со емотикон рането срце. 60-годишната Кокс, која ја глумеше Моника, напиша: „Ми недостигаш денес и засекогаш“. ...

Во семејството на Емра Куртишова и Петар Стојанов имаше добар повод за славење. Нивната ќеркичка наполни една година. Македонските актери организираа прослава со најблиските на која малата Лена изгледаше неодоливо во црно-бело фустанче на кое пишуваше „Принцеза“. Ѕвездата од серијата „Преспав“, која ја глуми Исаура, објави фотографии од роденденската забава. „Среќа до небо и назад. Гордост наша, среќен роденден“ – напиша таа. Емра и Петар се ...

Жизел Бундшен е бремена. 44-годишниот супермодел го очекува првото дете со Хоаким Валенте, со кого започна да се состанува месеци по разводот од Том Брејди. Ова е трето дете на Жизел. Извор близок до парот ја потврдил оваа вест за странските медиуми, истакнувајќи дека Бундшен е во шестиот или седмиот месец од бременоста. „Жизел и Хоаким се среќни за ова ново животно поглавје и со нетрпение очекуваат да создадат мирна средина полна со љубов за ...

Марија Атанасова во уникатна креација настапи на „Макфест“. На Фестивалот на забавни мелодии, младата пејачка се претстави со песната „Ти си ми сè“, а на сцената запеа во невестински фустан исцртан од детски рачиња, кој ќе биде искористен за хумана цел. Креацијата, која доаѓа од модното студио „Бела“, ќе биде ставена на продажба, а собраните средства ќе бидат донирани за децата со попреченост од Штип. Видео од настапот на Марија: Фотографии: ...

Адел имаше емотивен момент во Лас Вегас. За време на еден од нејзините концерти, 36-годишната пејачка ја виде легендарната Селин Дион во публиката и веднаш започна да плаче. Таа ја прегрна 56-годишната музичарка која претходно, исто како неа, одржуваше концерти во салата. И Селин со насолзени очи ја дочека средбата со Адел. Потоа, Адел побара публиката да ја награди Селин со аплауз, бидејќи ѝ е една од омилените личности на сите времиња. View ...

„Во срцето млад засекогаш“ – запеа Дарио на макфестовската сцена во Штип. Македонскиот пејач по 26 години се врати на познатиот Фестивал со динамичната „Засекогаш млад“. На свечениот тепих пред манифестацијата, 61-годишниот музички уметник гордо зачекори со неговата ќерка Андреа. Дарио последен пат настапи на „Макфест“ во 1998 година со „Камен на срце“. Првото издание на Макфест во 1986 година започна со песната „Старо купувам“ на неговата група ...

Емотивен свадбен момент ќе ви ги насолзи очите. Грејс Миксон го изненади татко си, носејќи ја венчаницата на својата покојна мајка на најважниот ден од нејзиниот живот. Првиот поглед на таткото кон ќерката беше овековечен со видео кое стана хит на социјалните мрежи. Во него, Чед Миксон се врти и ја гледа Грејс во фустанот во кој тој стапи во брак со покојната сопруга во 1997 година. „Ти реков дека нема за што да се грижиш“ – вели невестата во ...

Македонија ќе прескокне уште едно издание на Евровизија. Нашата земја нема да учествува на европскиот музички натпревар и следната 2025 година. Националната телевизија МРТВ го објави буџетот за 2025 година и таму не се предвидени средства за учество на Евровизија. Ова е трета година по ред да не испратиме наш претставник. МРТВ продолжува да обезбедува учество на нашата земја на детската Евровизија, бидејќи за ова натпреварување не се потребни ...

Павле Камилоски за првпат се претстави на Макфест. Талентираниот пејач, кој е нарекуван и македонскиот Френк Синатра, настапи на сцената со песната „Дали можам“. На ревијалната вечер од манифестацијата, тој беше придружуван од сопругата Ирина Дишовска, која е бремена со нивното второ дете. Шармантната планинарка носеше црн припиен фустан и сако со пулејки. Видео од настапот на Павле со „Дали можам“: Фото: Ивона Кочов / Femina.mk Нема слични ...

Антониа Гиговска со моќна балада допира до многу фанови. 23-годишната пејачка го објави спотот за песната „Жена“ со која се претстави синоќа на Макфест и за која доби многу аплаузи. Музиката и аранжманот ги потпишува Лазар Цветкоски, а за текстот на песната тој соработуваше со неговата сестра Магдалена Цветкоска. Во видеозаписот Гиговска се појавува со нов имиџ со кратка коса и заведува во смела црвена креација. Нема слични статии. Види повеќе ...

„Музиката има силно влијание, може да нè смири, да ни ја врати силата и да нè расположи. А Уметничкиот совет за ова 39-то издание избра музика која ќе ви ја исполни душата со радост, топлина и една убава полетна енергија“ – со овие зборови синоќа беше најавена ревијалната вечер на 39-тото издание на „Макфест“. Во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип ечеа нови песни со голем потенцијал да станат нови музички хитови. Имено, на финалето на ...

Елена Ристеска за првпат во 22-годишната кариера се претстави на „Макфест“ во улога на пејачка. 38-годишната македонска ѕвезда дебитираше со „Ме боли за сè“, а изведбата на сцената ја започна седејќи на фотелја. Несекојдневна фризура, кул очила за сонце, масивен златен накит... Талентираната артистка изгледаше модерно во стајлинг со виолетов костум и краток топ. За „Ме боли за сè“, Ристеска подготвува и спот. Фото: Ивона Кочов / Femina.mk Нема ...

Не стивнуваат комплиментите за Антониа Гиговска по нејзиниот настап на „Макфест“. На популарниот Фестивал на забавни мелодии, 23-годишната пејачка се појави во впечатлив стајлинг со креација од Era Angela која го истакна нејзиното витко тело. За уште позапаметлив изглед, таа додаде ефектно ланче и ракавици споени со марама тип качулка. Во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, Антониа се претстави со моќната балада „Жена“, која деновиве ја ...

Како искусни „домаќини“, Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски и годинава ја предводеа манифестацијата „Макфест“. Водителското дуо глатко ѝ помагаше на публиката да навигира од песна до песна и да дознае кои се најдобрите кои ќе ги видиме и вечерва заедно со повеќе истакнати македонски артисти. Марјана шармираше на сцената во црвено-бежова креација која асоцираше на фасцинантни корали додека Димитар носеше отмено сино одело со суптилен ...

Во рамките на Сениор Фест, во Подгорица се одржа една поразлична модна ревија. На модното шоу дефилираа пензионери од дом за стари лица и освојуваа симпатии додека самоуверено чекореа на пистата. Презентирани беа модели од колекцијата „Јованка Броз“ на познатата модна дизајнерка Сека Мартиновиќ, а најстариот „манекен“ имаше 93 години. „Имав малку трема со оглед на тоа што ме боли ногата, па се плашев да не потклекнам. Но, мислам дека сè беше во ...

Претстојната 2025 година ќе ни донесе помалку продолжени викенди од годината којашто изминува. Погледнете кои денови ќе бидат неработни, а кои викенди ќе бидат продолжени за да можете однапред да ги испланирате вашите патувања, авантури, семејни или пријателски дружби... (Кликнете на сликата за да ја видите во зголемена верзија) (Забелешка - Неработните денови одбележани со задебелени букви всушност се и продолжени викенди.) За сите граѓани на ...

Анџелина Џоли добива громогласни аплаузи за портретирањето на грчката оперска дива Марија Калас во новиот филм „Maria“. 49-годишната актерка со својата маестрална глума на одличен начин го доловува животот на Калас по повлекувањето од гламурозниот и бурен живот кој го водеше пред очите на јавноста и нејзиното враќање во Париз. Филмот ги следи деновите пред нејзината смрт на 53-годишна возраст во 1977 година. Режисерот Пабло Ларејн откри дека ...

Јелена Томашевиќ буквално заблеска на концертот на Сергеј Ќетковиќ, со кого настапи на сцената. На музичкото шоу во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб, 40-годишната српска пејачка изгледаше гламурозно во сјајна припиена креација. Таа објави фотографии од настапот со својот добар колега и напиша: „Загреб синоќа беше центар на светот. Ти благодарам драг мој Сергеј за поканата да пееме заедно на еден од твоите пет концерти во Лисински! ...

На 15 октомври, во рамки на месецот посветен на женското здравје, на барање на софтверската компанија Дамилах, д-р Лидија Вељановска Кириџиевска – специјалист по радиодијагностика и д-р Милан Ристески – специјалист онколог од Клиника Жан Митрев одржаа едукативни здравствени предавања. Акцентот беше ставен на превенцијата и навременото откривање на промените на дојката и ракот како заболување на дојката. Во тој контекст беа споделени совети за ...

Александра Јорева Михајловски со емотивна објава ја одбележа 5-годишната од денот кога дозна дека има рак на матката. Сопругата на актерот Тони Михајловски сподели видео за да им се заблагодари на сите медицински лица, роднини и пријатели кои беа покрај неа, ѝ помагаа и ја поддржуваа во најтешките мигови. На крајот ги пофали сопругот Тони и синчето Максим за силата. Александра сподели дека патот кон самоприфаќање не бил лесен, но дека ги имала ...

Компанијата dm drogerie markt постигна извонредни деловни резултати во деловната 2023/24 година. Со остварен промет од 3,07 милијарди денари, односно раст од 25,15 отсто, инвестиции во износ од речиси 126 милиони денари во својата продажна мрежа, како и раст на фреквенцијата на пазарување од окoлу 16 отсто, најголемиот дрогериски синџир постигна напредок во сите клучни области и ја зајакна својата позиција на македонскиот пазар. Деловните успеси ...

Леонардо Дикаприо ретко се појавува во јавност со своите партнерки. Но, 49-годишниот актер беше „уловен“ од папараците додека се шеташе за рака со девојката Виторија Черети. Славниот Оскаровец и неговата 26-годишна партнерка релаксирано чекореа низ Њујорк облечени во кежуал модни комбинации. Минатата недела, Черети за првпат дефилираше на ревијата на Victoria’s Secret. Лео и Виторија започнаа да се состануваат во август минатата година. Иако сè ...

Џенифер Лоренс присуствуваше на првата свеченост по откривањето на веста за втората бременост. На премиерата на документарниот филм „Zurawski v Texas“, 34-годишната актерка шармираше на црвениот тепих во бела креација од Dior и удобни балетанки. Таа го акцентираше пораснатото стомаче со тенок колан на половината. Лоренс е извршен продуцент на документарецот, на кој работеше со Хилари Клинтон и Челси Клинтон. Ѕвездата од „The Hunger Games“ со ...

Оливија Ман повеќе не се чувства несигурно и неудобно во сопственото тело по борбата со ракот на дојка. 44-годишната актерка позираше топлес и ја покажа лузната на левата града од мастектомијата која ја направи минатата година. Фотографиите се дел од кампања за SKIMS, брендот на Ким Кардашијан, кој ќе донира 10% од секој продаден градник за Фондацијата за рак на дојка „Susan G. Komen“. „За време на снимањето на најновата кампања за SKIMS, ...

Селин Дион на спектакуларен начин го означи почетокот на овогодишните Летни олимписки игри. Сега, врвната музичка ѕвезда присуствуваше на првата свеченост по феноменалниот настап на Ајфеловата кула и беше дочекана со овации. 56-годишната пејачка застана на сцената на галата „City of Hope’s Spirit of Life“ и одржа говор пред да додели почесна награда. Таа беше облечена во црна креација. „Чест ми е што сум тука вечерва и што сум дел од оваа ...

Кејт Кесиди се огласи на социјалните мрежи една недела по смртта на Лиам Пејн на 31-годишна возраст. 25-годишната блогерка, која две години беше во врска со пејачот од One Direction, сподели албум со заеднички фотографии. На една од нив е фотографирана белешка која тој ѝ ја дал недели пред смртта, а на која се запишани неговите планови да се ожени со неа. Не знам дури ни од каде да започнам. Срцето ми е скршено на начини кои не можам да ги ...

Понекогаш животот ги носи најголемите радости кога најмалку ги очекуваме. Мајка, која имала тумор на мозокот на 19 години и на која ѝ велеле дека речиси е невозможно да има повеќе деца, роди тројка зачната по природен пат. Шанел сега го документира својот живот на социјалните мрежи како 22-годишна мајка на три мали бебиња и едно мало детенце, сите момчиња. @sahm_triplets 22 year old mom of Triplets✨#tripletmom #4boysmom #momofmultiples #26weeker ...

Андреа Бочели слави три децении музичка кариера. Оперскиот пејач сега го промовира филмот кој го следи неговиот тридневен концертен настан, одржан во Италија во јули оваа година. На премиерата на „Andrea Bocelli 30: The Celebration“ во Рим, талентираниот Италијанец ја доби поддршката од своето семејство. 66-годишниот тенор позираше со сопругата Вероника, синовите Матео и Амос и 12-годишната ќерка Вирџинија. Заедно со нив беше и Софија Карсон, ...

Сара Џесика Паркер се обедини со Кристин Дејвис и Синтија Никсон на доделувањето на наградите „Golden Heart“ во Њујорк. 59-годишната актерка ја доби наградата на Мајкл Корс за нејзината „Извонредна филантропија“. На настанот, таа пристигна во фустан со чипка и колан на половината. Сара позираше заедно со колешките од серијата „Sex And The City“ и продолжението „And Just Like That…“. На настанот се собираат средства за една од најголемите ...

Ирина Шајк и ќеркичката Леа уживаат во прошетките и дружбите по завршувањето на наставата. 38-годишната манекенка беше „уловена“ од папараците со 7-годишната ќеркичка додека ја земаше од училиштето во Њујорк. Леа носеше розово фустанче со тул и складно венче на главата. Ирина беше облечена во црна комбинација со црвена чантичка. Следниот ден, Шајк беше фотографирана додека го шеташе малото кученце облечена во шармантна црвена креација со чанта ...

Скопје

5ᴼ/5ᴼ
5.14
56%
1013

Белград

7ᴼ/5ᴼ
3.6
46%
1010

Софија

2ᴼ/1ᴼ
8.75
66%
1013

Сараево

6ᴼ/6ᴼ
5.37
52%
1012

Љубљана

5ᴼ/2ᴼ
1.03
88%
1004

Атина

21ᴼ/19ᴼ
5.81
57%
1006

Тирана

13ᴼ/13ᴼ
2.06
44%
1011

Подгорица

13ᴼ/12ᴼ
2.06
33%
1011
Currency

61.525

Currency

58.4309

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.7196

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37565

Currency

0.52588

Currency

1.69469

Currency

0.6927

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $