Едина Муса си ја врати енергијата и сега е незапирлива. Македонската кошаркарка, која го очекува првото дете, сподели видео од свој тренинг во фитнес сала, за да покаже дека тренингот е здрав и за мајката и за бебенцето. „Бремената жена не е болна жена. Всушност, носењето на два животи во едно тело е СУПЕРМОЌ!“ – вели таа. Погледнете го видеото и прочитајте ја нејзината порака: Лежењето во кревет, јадењето за двајца и честото конзумирање ...
Анџелина Џоли заслужено добива аплаузи за портретирањето на Марија Калас во новиот филм „Maria“. Холивудската актерка влезе во улогата на грчката оперска дива во новото филмско остварување на режисерот Пабло Ларејн. На премиерното прикажување на филмот на Фестивалот во Венеција, Џоли беше наградена со 8-минутни стоечки овации за маестралната глума. Се очекува оваа година таа да биде една од фаворитките за Оскар за Најдобра актерка. Погледнете го ...
Викендов, Ребел Вилсон и Рамона Агрума стапија во брак на романтична церемонија на Сардинија. 44-годишната актерка и 40-годишната дизајнерка на накит се заколнаа на вечна љубов во речиси идентични волуменозни венчаници од Pronovias. Двете невести ја споделија првата фотографија направена во Порто Черво. „Во брак. Сардинија Sardinia 28.9.24“ – стои во описот. Интимната церемонија беше фотографирана од папараците. Тие ги уловија Ребел и Рамона ...
Ноне Неделковска стекна уште една година животно искуство. Поранешната македонска пејачка го прослави својот 38-ми роденден во Турција. Таа објави фотографии во бикини и во кратко црвено фустанче. „Glow 38“ – напиша таа. Ноне учествуваше во втората сезона на „Музички идол“ за Србија, Црна Гора и Македонија, каде го освои второто место. Таа неколку години градеше кариера како пејачка, но потоа одлучи да се откаже од музичката кариера и да замине ...
Милан Калиниќ се разведува од сопругата Сандра по 18 години брачен живот. Веста за разводот на 52-годишниот српски актер и водител одекна вчера во српските медиуми и ги шокираше фановите, кои Милан и Сандра ги сметаа за многу складен и убав пар. Тие заедно имаат две деца, ќерката Теа и синот Вук. Милан и Сандра беа во брак од 2006 година. Сè уште не е позната причината за нивната разделба, а ниту тие ја немаат потврдено оваа вест. Пред неколку ...
Анџелина Џоли ја имаше најубавата придружба на премиерата на нејзиниот најнов филм „Maria“ во Њујорк. 49-годишната актерка позираше пред фоторепортерите со три од своите деца. Таа зрачеше со елеганција во бел плисиран фустан покрај 23-годишниот Медокс, 20-годишниот Пакс и 19-годишната Захара. Во филмот, Анџелина влегува во улогата на покојната оперска пејачка Марија Калас. За време на подготовките, таа посетувала часови по пеење, нешто што ѝ ...
Кога си љубител на трчањето, сакаш тоа да биде дел од секое поглавје од твојот живот. Таков пример е Линдзи Снајдер. Идната невеста ги замоли своите пријателки наместо моминска забава со алкохол и музика, да прослават пред нејзината свадба со тоа што ќе истрчаат полумаратон заедно. „Што правиш по моминска забава? Се одмараш и се опоравуваш, така? Што правиш по моминска забава со полумаратон? Се одмараш и се опоравуваш“ – со насмевка велат Линдзи ...
Ботоксот и дермалните филери се сѐ попопуларни и станаа секојдневие во естетската дерматологија. Овој метод на борба против годините и времето, еднакво го применуваат и жените и мажите. Ботоксот и дермалните филери не се веќе табу и желбата за разубавување е присутна кај сите генерации. Според најновите трендови во физичката убавина, филерите и ботоксот станаа редовна пракса во разубавувањето. И токму во зачестеноста на оваа естетска пракса и ...
Викторија Бекам одржа уште една впечатлива ревија во рамките на Париската недела на модата. 50-годишната дизајнерка, како и секогаш, имаше огромна поддршка, но најважната дојде од нејзиното семејство. Нејзиниот сопруг Дејвид и нивните четири деца од првиот ред аплаудираа по завршувањето на модниот спектакл. 13-годишната Харпер изгледаше прекрасно во розов сатенски фустан, покрај трите браќа и татко си. На настанот беше присутна и сопругата на ...
Едина Муса ужива во првата бременост. Македонската кошаркарка повторно го покажа пораснатото трудничко стомаче и го откри полот на бебенцето кое го носи. 33-годишната спортистка сподели дека очекува момче кое ќе го добие името Максим. „Мајката на Максим“ – напиша таа во описот на фотографија на која позира во црна модна комбинација. Претходно, таа имаше објавено дека е во врска со Александар Димитровски-Мачка, но не потврди дали тој е партнерот ...
Битола седум дена живееше во духот на филмот, а синоќа, со свечена церемонија беше означен крајот на 45-тото издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“. На последниот ден беа доделени главните награди „Камера 300“, како и неколку специјални награди коишто се доделуваат за првпат во рамките на најстариот фестивал кој ја слави работата на кинематограферите. Водителка беше Миланка Рашиќ, а манифестацијата ја отвори директорот Симеон ...
Со националната премиера на македонскиот филм „Убиј ги прво децата“, заврши 45-тото издание на „Браќа Манаки“. На свеченото затворање, присуствуваше екипата која стои зад новиот филм и редица љубители на филмската уметност кои позираа на црвениот тепих пред Центарот за култура во Битола. За време на манифестацијата, на присутните им се обрати директорот на Фестивалот, Симеон Мони Дамевски: „По изминувањето на сите седум фестивалски денови, ...
Вечерва се одржа свеченото затворање на „Браќа Манаки“. Фестивалот на филмската камера заврши со премиерата на македонскиот филм „Убиј ги прво децата“, а на манифестацијата во Битола присуствуваа стотици љубители на филмот. Маја Андоновска-Илијевски со ефектен стајлинг заробуваше погледи на црвениот тепих. Директорката на Центарот за култура, каде и се одржуваше свеченоста, се појави во долг црвен фустан со мала наметка и впечатлив истобоен ...
Меги Смит замина во легендите. Врвната актерка почина на 89-годишна возраст, а последните моменти од својот живот ги поминала во болница. Филмската дама, која ќе остане запаметена по улогите во бројни филмови и серии како „Harry Potter“ и „Downton Abbey“, утрово издиша за последен пат. „Таа почина мирно во болница утрово, петок 27 септември“ – стои во соопштението од нејзиниот публицист. Легендарната филмска ѕвезда во својата долга ...
Традиционално и оваа година, на третата годишна конференција на„Ingram & Vendors Networking #3“ што се одржа во Охрид, над 170-мината учесници ги утврдија најновите трендови во ИТ секторот, ставајќи фокус на надминувањето на ризиците во сајбер-безбедноста, како и унапредувањето на софтверите и виртуелизацијата. Водечките ИТ експерти ги претставија најновите текови во ИТ сферата и споделија мислења со партнерите и студентите кои наскоро ќе ...
Џорџина Родригез негува многу добра соработка со компанијата за накит Messika. Токму затоа, не ја пропушти модната ревија на брендот, која се одржа во рамките на Париската недела на модата. Згодната партнерка на Кристијано Роналдо ги истакна облините во сребрен фустан, а својот изглед го зачини со блескав накит токму од Messika. Родригез од првиот ред го проследи модното шоу. @taoualitamar Georgina Rodriguez la femme de #cristianoronaldo à ...
Дечињата уште од најмала возраст учат за сочувство и емпатија. Малата Саве од Струмица е пример за тоа. Добродушното девојче за првпат ја скрати својата коса за да ја донира за дечиња болни од рак, кои својата ја изгубиле поради силните хемотерапии. Фотографиите од Саве ги сподели „Струмица Денес“. „Желбата на малата Саве од Струмица е исполнета – ја чува својата коса од раѓање за да ја донира на децата болни од рак“ – стои на објавата. Нема ...
Јошио Китагава, јапонски кинематографер, чиј филм „Зло не постои“ вчера беше прикажан на „Браќа Манаки“ во рамките на Официјалната селекција Камера 300, на денешната прес конференција говореше за искуствата при снимањето со режисерот Рјусуке Хамагучи, со кој веќе го сними „Среќен час“. Китагава истакна дека имале и други соработки при снимање на кратки филмови и истакна дека е среќен што има можност да работи со него по големиот успех со филмот ...
Адријана Лима повторно се врати на модната писта. 43-годишната манекенка дефилираше на ревија на Париската недела на модата за првпат по подолгата пауза за да се посвети на семејството. На ревијата на Schiaparelli, убавата Бразилка презентираше краток фустан со волуменозни ракави и изгледаше одлично. Таа го роди своето трето дете пред две години и оттогаш се повлече од големите модни настани. Токму затоа, овој нејзин „камбек“ беше дочекан со ...
Лана Дел Реј стапи во брак со Џереми Дуфрен. 39-годишната пејачка се омажи со 56-годишниот туристички водич само еден месец по откривањето на нивната романса пред јавноста. На фотографиите и видеото кои ексклузивно ги објави Daily Mail се гледа како таткото на Лана ја води кон олтарот поставен покрај вода во Луизијана. Убавата невеста изгледаше прекрасно во бела долга венчаница, а во рацете го носеше својот бидермаер. Ова е прв брак на Лана, а ...
Амал Клуни ги замени светлите фустани со црна креација и зрачеше со безвременска класика покрај Џорџ на „The Albie Awards“. На настанот организиран од нивната фондација, 63-годишниот актер и 46-годишната адвокатка по третпат ја имаа улогата на домаќини. Амал избра долга тоалета од ателјето на Донатела Версаче, која таа ја обожава. Џорџ откри дека планира да ја изненади Амал со патување за нивната 10-годишнина од бракот, која ја прославуваат ...
Јелена Буча се отвори за потресно искуство кое остави белег врз нејзиниот живот. Популарната пејачка од „Фрајле“ го раскажа моментот кога пред 20 години, маж се обидел да ја силува. Токму на нејзиниот роденден, додека одела по улица, човек силно ја грабнал и ја повлекол во грмушките. За среќа, таа била силна и давала отвор, а нејзиниот вресок стигнал до друг случаен минувач, кој ја спасил од рацете на манијакот кој сакал да ја злоупотреби. Тоа ...
Среќна приказна разнежува срца низ светот. 5-годишниот Езра Тозек доби втора шанса за живот благодарение на неговата прекрасна учителка Кариса Фишер. Кариса му донирала дел од својот црн дроб на Езра откако прочитала дека неговата болест е во крајна фаза и дека итно мора да му се изврши трансплантација. Сега, Езра беше испратен од болничкиот персонал во Менхетен со песна, балончиња од сапуница и „сертификат за дипломирање“. Тој помина 45 дена во ...
Бруклин Бекам и Никола Пелц од првиот ред ја проследија ревијата на Balmain во Париз. 25-годишниот син на Дејвид и Викторија Бекам и неговата 29-годишна сопруга во црни стајлинзи пристигнаа на модното шоу на француската модна куќа. Никола носеше модна комбинација со краток топ. Претходно, парот ја проследи ревијата на Courreges. Семејството Бекам престојува во Париз за ревијата на Викторија Бекам која треба да се одржи утре. Нема слични ...
Кораима Торес е навистина добро дочекана и угостена во Србија. 51-годишната актерка, која ја глумеше „Касандра“, го покажа своето фит тело во атрактивен блескав фустан на забава во Белград. Таа постојано добива комплименти за одржаниот изглед. View this post on Instagram A post shared by Telegraf.rs (@telegraf.rs) Кораима претходно гостуваше во неколку српски емисии, за кои избра црни модни комбинации. Во едно од интервјуата таа рекла: „Обожавам ...
Лејди Гага знае како да привлече внимание. На црвениот тепих во Лондон, 38-годишната пејачка и актерка заведуваше во црвена креација и кратко сако од Celine. Бидејќи премиерно се прикажуваше нејзиниот најнов филм „Joker: Folie à Deux“, таа имаше драматична шминка со која оддаде почит на ликот кој го глуми, Харли Квин. Лејди Гага си разменуваше нежности со својот вереник Мајкл Полански, а на нејзината рака блескаше нејзиниот веренички прстен. И ...
Доколку сте родител на хиперактивно дете кое се соочува со дефицит на внимание, има потешкотии при фокусирање за време на извршување на зададените задачи и постојано одбива да слуша и соработува, можеби постои начин со кој може да му помогнете, благодарение на безбедниот суплемент Esprico®. Станува збор за уникатна формула составена од Омега 3 масните киселини, како и клучните минерали како цинк и магнезиум – кои се научно докажани состојки и ...
Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас имаат роденден на ист датум од годината. 55-годишната актерка и 80-годишниот актер со стари фотографии си го честитаа овој специјален ден, а Кетрин се соблече гола, објаснувајќи дека тоа е роденденскиот подарок за Мајкл. Таа сподели фотографија од нивниот заеднички роденден пред 25 години, а во описот напиша: „Среќен роденден на Мајкл и мене. Ова беше на нашиот роденден пред 25 години. Те сакам со целото мое ...
Пред еден век СКОПСКО го започна своето патување. И во овие 100 години успеа да прерасне во бренд кој е составен дел од сите наши животи. Она што е најважно е дека неговиот успех се должи на сите вaс кои сте дозволиле СКОПСКО да биде дел од вашите убави моменти и децении ја пишувате неговата успешна приказна. Затоа, кога требаше да ги прославиме овие 100 години и да им посакаме добредојде на наредните 100, си го поставивме прашањето: Зошто само ...
Анџелина Џоли сними едиторијал за CR Fashion Book. 49-годишната актерка и режисерка позираше заводливо со кадрава руса коса пред објективот на фотографското дуо Луиџи и Јанго. Сите креации кои ги носи Џоли доаѓаат од нејзиното модно студио „Atelier Jolie“, кое го основа не за да стане дизајнерка, туку за да им помага на креатори и креативци кои имаат талент и сакаат да работат во модниот свет, но немаат соодветни услови. Нема слични статии. ...