
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Овој дамнешно заборавен рецепт за потхранување на доматите е многу повеќе од ефикасен. Како резултат на неговата употреба, градинарските култури се развиваат многу побрзо од вообичаеното, а плодовите се кралски- полни кофи дури до есен, пишува порталот Нане! Рецептот е многу едноставен Потребни состојки 6-2.7 литри дестилирана вода 100 гр квасец Половина супена лажица шеќер Начин на подготовка Во сад од 3 литри, се налеваат 2.6-2.7 литри вода ...
Рузмаринот се смета за света, сончева билка и често се користи за заштита на љубовта и младоста. Сепак, експертите тврдат дека може да се користи и за привлекување пари и просперитет во домот. Секогаш е добро да имате рузмарин, а се користи за ритуал на чистење со отстранување на лисјата од две или три гранчиња и спуштање во врела вода. Оставете го да врие неколку минути, на тивок оган, така што миризливите испарувања ги исполнуваат сите ...
Змиското млеко или познато уште како брадавично млеко, жолтениче, жолта млечка може да го сретнете речиси низ целата земја. Расте во шуми, суви и влажни места, грмушките и запустени земјишта. Корисен дел на ова растение, е надземниот дел, кое се бере и суши за време на цветањето. Сушењето треба да се одвива во сенка или во машина за сушење при 45 °С. Билката содржи изохинолинови алкалоиди, флавоноиди, органски киселини, витамин Ц и др. Оваа ...
Вкусните малини се со ниска содржина на калории и заситени масти, но во исто време се богати со диететски влакна и антиоксиданти. 100 грама овошје обезбедуваат само 52 калории, а содржат 6,5 грама влакна. Малините имаат значително повисоки нивоа на фенолни флавоноиди фитохимикали како антоцианини, елагова киселина (Тани), кверцетин, цианидин, катехин и салицилна киселина. Научните истражувања покажуваат дека овие антиоксидантни соединенија ...
Интересни податоци и факти секогаш пристигнуваат од Ботаничката градина во Скопје. „Дали знаете дека територијата на нашата земја претставува „жешка точка“? На површина од 25713km2 се развиваат 3700 растителни видови од кои 117 се ендемични. За да биде поилустративно ќе ви дадеме еден пример: Германија, која по површина е скоро 14 пати поголема од нас, има вкупно 3242 видови, а Англија која е 5 пати поголема има 2951 вид. Доколку се направи ...
Деталните анализи на топографските карти и на дигиталните релјефни модели покажаа дека во Македонија има 45 истакнати планински врвови кои се издигаат над 2500 метри надморска височина. Од нив, најголем број се на Шар Планина (30) и на планината Кораб (11). Пелистер (Баба Планина) има само 2 врва повисоки од 2500 м и тоа врвот Пелистер (2601) и Широка (2548 м). По еден планински врв над 2500 м имаат уште Јакупица (Мокра), со највисокиот врв ...
Ако има храна во чија корист за здравјето никој не се сомнева, тогаш ова се лиснатите зеленчукци Тие се полни со витамини, богати со есенцијални минерали, како и со антиоксиданси. Листнатиот зеленчук содржи уште фитохемикалии, кои се големи пријатели на кардиоваскуларниот систем, и доведуваат до намалување на крвниот и го стимулираат протокот на крв. И ако тоа не ви е доволно: тие се со ниска содржина на јаглехидрати и калории, така што ...
Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани, судејќи барем според моменталните следења и наблидувања, конечно после многу долго време, се буди голема надеж за спас од пожарите, горештините и големата суша која ја зафатија нашата Македонија. Од овој викенд, а особено во почетокот на следната седмица очекуваме чести врнежи, грмежи, како и локално, но силно невреме, проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења ...
Сите знаеме дека цветот Перуника дава убави виолетови светови, има високо стебло и изгледа многу убаво. Освен овој тип на перуника за која ние знаеме, има и водена перуника која цвета жолто, расте во бари, езера или мочуришта, а исто така дава големи и убави цветови. Денеска немаме за цел да ви објаснуваме за убавите цветови на перуниката туку за нејзината лековита моќ, за која можеби и не верувате дека постои. Сепак перуниката не е толку лесна ...
Почитувани, како што веќе најавив, од денес (среда 14.8.2024) влегуваме во нестабилен временски период, што значи дека атмосферата полека ќе се дестабилизира. Токму поради ова, во попладневните и во вечерните часови локално ќе се развиваат грмотевични облаци кои ќе условуваат појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поради загреаната атмосфера која е исполнета со многу енергија, и тоа поради екстремно топлиот бран “ЛУЦИФЕР” кој условува ...
Змиското грозје е едно многу корисно растение кое ќе ве ослободи од болните напади на хемороиди. Познато е уште под името змијарник, змиски лапад. Може да се најде во целата земја. Се користат грудките за лековити цели поради содржината на поли-захариди, флавоноиди, кумарини, скроб, етерични масла, сапонини, алкалоиди. Стеблото му е синкаво, разгрането, густо облистено, ползечко или искачувачко, голо или со немногу меки влакненца, достигнувајќи ...
Калата е симбол на свадбата и го означува нежноста и убавината. Тие се едни од најубавите цвеќиња со уникатна форма на цвет. Ги има во широк спектар на бои. Се сретнуваат во нијанси на зелена, розова, виолетова, жолта и портокалова боја. Потекнуваат од Јужна Африка. Тие лесно растат од крушка или ризом. Кала лилјаните се одлични растенија за домот, за огради, букети и цветни аранжмани. Растат во просек помеѓу 1 и 3 метри височина. Има дваесет и ...
Пијалак за природно чистење на телото Ѓумбирот има важна улога во варењето на храната. Покрај тоа што го крева расположението и го намалува стресот, тој е ефикасен и во опуштање на дигестивниот тракт, природен лек за вознемирен стомак, настинки и грип. Ја подобрува циркулацијата и го јакне имунитетот. Чајот од ѓумбир помага во чистење на телото од токсини. За подготовка ви требаат: 4 шолји вода корен од ѓумбир (околу 3 сантиметри) Изрендајте го ...
Високата боровинка е интересно растение со многу големи и вкусни плодови, а исто така има висока и редовна продуктивност. Просечниот принос од една грмушка е 3-5 кг, а максималниот 7-10 кг. Покрај тоа, грмушките се одликуваат со висока декоративна вредност во текот на годината и тоа во пролет за време на цветање, летото со зрели плодови, есента кога сите листови од зелени се бојат во огнено црвена боја. Боровинката е светлољубива култура. При ...
Жабите т.н. дрволази или “Poison dart frogs”, членови на фамилијата Dendrobatidae се едни од најбрилијантно и најубаво обоените суштества на планетата Земја, а се воедно и едни од најотровните. Зависно од индивидуалните станишта, кои се протегаат низ тропските шуми на Коста Рика и Бразил, нивното обојување може да биде жолто, златно, темно црвено, црвено, зелено, сино, или црно. Нивниот детален и комплициран дизајн е намерно упадлив, за лесно да ...
Симптомите кои можат да ви најават за присуството на висок крвен шеќер, се постојана жед, придружено со сува уста. Постои и неспособност за вршење на секојдневните активности, бидејќи организмот нема доволно енергија поради фактот што шеќерот не достигнува до клетките. Имате добар апетит и често јадете, но и покрај тоа слабеете. Висок крвен шеќер често е причина за главоболка и лош вид. Истражувањата покажале дека високите нивоа на шеќер во ...
Сарделата е растение за балкон кое е многу распространето во нашиот регион. Потекнува од Јужна Африка. Родот Пеларгониум, кој опфаќа околу 400 видови на растенија, припаѓа на семејство Здравецови (Geraniaceae). Денес постојат стотици хибриди, кои се разликуваат меѓу себе со неверојатно разновидност на листовите, со уникатна форма на бојата и неповторлив мирис. Главната карактеристика е дека отималната температура за развој на растенијата е 18-20 ...
Се зема мал шприц за еднократна употреба, и се сече нејзиниот врв. Се поставува врз крлежот, и внимателно се влезе. Крлежот излегува, а сите отровни материи кои успеал да ги вбризга во вашето тело, излегуваат надвор. Потоа треба да третираме со алкохол или некое дезинфекционо решение. Ако не ви се наоѓа во моментов шприц под рака, може да се користите некое цевче, на пример пенкалото. Ставете и некое марамче на отворот низ кој ќе вшмукувате, за ...
Во последно време, за себе, но и за наши блиски купуваме поклон – мало дрвце- бонсаи. Што всушност значи бонсаи? Во превод значи сад дрво – “pot tree”. Дрво приспособено да живее во мал сад. Тоа исто дрво си ги има истите негови еколошки карактеристики, со тоа што само на еден начин е структуирано (оформено) да има ссодветен однос помеѓу крошна-стебло-корен. Тоа е еден вид уметност, наша креација, нашата идеја претставена на самото дрво. Може да ...
Со стареењето успоруваат и разни телесни функции што доведува до проблеми како што се запушено дебело црево и губење на видот. Понекогаш маснотии може да се насоберат во џигерот и да предизвикаат проблеми кои сериозно можат да му наштетат на вашето здравје. За среќа, постои едноставен природен лек кој може да помогне во овие случаи, а тоа е цвеклото! Цвеклото не е претерано омилено поради необичниот вкус, но е богато со есенцијални хранливи ...
Топлотниот Африкански бран во следните денови ќе зема замав во Македонија и во регионот. Токму ова, особено за време на викендот ќе предизвика повторно да имаме екстремно топло време кога во централните и во југоисточните предели од Македонија, како и во Скопската котлина очекуваме температури и до 40, 41 степен. Ув индексот останува многу висок со вредност 8, а повремено ќе засилува ветерот од северен правец, особено Долж Повардарието. ...
Следново видео прикажува неверојатен момент кога возрасна лавица се сретнува после долго време со човекот кој ја одгледувал додека била мала. Киара, која го добила името според една улога во филмот „Крал на лавовите“, скокнала во прегратките на својот поранечен сопсственик, откако после долго време повторно се сретнале во нејзиниот нов вом во Мексико Сити. Адолфо ја спасил уште додека била бебе, но подоцна ја предал во Центарот за заштита на ...
Ако сакате во неколку чекори да го подобрите вашето здравје и вашиот изглед, определете се спанаќот да биде што повеќе и што почесто присутен во вашата исхрана. Понекогаш и неколку свежи лисја се сосем доволни за да забележите брзо разлика. Превенција од рак Додавањето спанаќ во исхраната е едноставен начин да се спречи развој на канцерогени клетки. Зелјестиот зеленчук треба да го има во секојдневното мени. Спанаќ, кељ, зелка, марула – сите тие ...
Според древната кинеска уметност на фенг шуи се верува дека жабите привлекуваат богатство и носат пари. Затоа најдобро е да се поставуваат не многу далеку од главните влезови на станбените објекти, свртени према улицата каде што се верува дека на овој начин тие ги фаќаат парите на минувачите и на тој начин придонесуваат за лично збогатување. Па доколку вие оваа година не дојдете до саканото богатство, тогаш ви останува верувањето во старите ...
Мочуриштата во светот ги намалија површините со 6% за 15 години, односно површината им е намалена за 330 илјади квадратни километри, покажуваат резултатите од студијата спроведена од страна на научници од Францускиот национален центар за истражување. Мочуриштата и лагуните опфаќаат помалку од 5% од копното на планетата, но играат важна улога за човечката дејност, биодиверзитетот, климатскиот и кружен тек на водата, се истакнува во соопштението ...
Замијата (Zamia) е едно од најретките растенија на Земјата. Во природни услови може да се сретне во некои области во Мексико и јужниот дел на Флорида. Потекнува од семејството „Cycadaceae“. Овој род вклучува околу дваесетина голосемени растенија, кои се ретки, а воедно се и едни од постарите видови кои датираат пред неколку милиони години. Кај нас претежно се сретнува „Zamia pumila“ која има кожесто перести листови. Покриени се со дебел восочен ...
Акорус (Acorus gramineus) e декоративнолистно растение кое потекнува од семејството „Araceae“. Ова растение потекнува и најдобро вирее во мочуришните делови, каде има постојана влажност. Расте до 1,50 метри. Соцветието е цилиндрично на врвот малку заострено и се наоѓа странично на стеблото. Има силна и пријатна миризба и цвета од јуни до август. За негово одгледување е потребно сонце во комбинација со полусенка, без директно изложување во ...
Доколку често се разболувате од настинки или имате кардиоваскуларни проблеми, потребно е нешто да направите за да го подобрите вашето здравје и да ја зголемите општата здравствена состојба на вашиот организам. Во продолжение прочитајте го рецептот за приготвување на мешавината од три моќни состојки кои кога ќе се спојат заедно делуваат магично, што не е случај ако се консумираат одвоено. Формулата потекнува од Германија и веќе ја користат голем ...
Прскањето на лозите зависи од видот на препаратите кои се користат. Правилата наведуваат: Прскање со контактни спрејови се прават по секој дожд или 8-10 дена. Ако се користат контактни системски фунгициди, прскајте 10-12 дена. Кога се користат системски подготовки, прскајте на 12-14 дена. Внимание: За сите третмани, препаратите треба да се комбинираат за борба против одиум и мана. Доколку е потребно, се додаваат инсектициди против штетниците или ...
“Овој сируп за искашлување го препорача еден педијатар на ТВ и додека сум жива ќе му бидам благодарна!”, вели жената која го објави овој рецепт, за кој тврди дека многу и помогнал, пишува Народен лек. Овој рецепт го препорача еден педијатар на телевизија, па од кога знам за него дома немаме сува кашлица, а продуктивната кашлица многу брзо поминува. Дури и она грепкање во грлото и чувство дека имате нешто да искашлате ама не можете, го решеваме ...