
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Неформалните работници во Северна Македонија сочинуват 11.8% од вкупно вработените лица, но половина од нив се концентрирани во земјоделството, од кои доминантен дел се неплатени семејни работници. Други два важни сектори за неформалните работници се градежништво и трговија. Тие обично работат во мали фирми, функционирајќи како самовработени лица или неплатени членови на семејството, често заработувајќи плата под минималната. Овој вид работници ...
Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност, прогнозира за денес Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне во западните делови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степена. Индексот на ултравиолетовото зрачење ќе биде 10. Во Скопје сончево и многу топло, попладне со мала до умерена ...
За многумина безнадежно место од каде треба да се бега што подалеку, струшкото село Луково за велешанката Елена Весова Колоска е место за мир и позитивни вредности. Како дипломиран професор по латински јазик, која живеела и работела во Скопје, не сакајќи животот да и се сведе на повторувачко и монотоно урбано битисување, со сопругот, кој е по потекло од Луково, одлучиле да го променат начинот на живот и да и се вратат на природата и традицијата. ...
Во текот на летната сезона, оставањето на одредени предмети во вашиот автомобил може да биде ризично и опасно не само за вас, туку и за вашиот автомобил. Додека летото е во полн ек, еве што треба да избегнувате да чувате во вашиот автомобил во текот на најтоплиот период од годината, пишува „Калибер карвош“ (Caliber Carwash). Пластични шишиња Шишиња со вода, шишиња за бебиња и други пластични садови не смеат премногу долго да стојат во врел ...
Во изминативе години, граѓаните на Македонија станаа сведоци на многубројни критики од страна на ВМРО-ДПМНЕ кон претходната влада на СДСМ, особено во однос на транспарентноста и користењето на државните ресурси. Тие беа најгласни за патувањата на ќерката на поранешниот премиер Димитар Ковачевски во Ватикан, но и САД. Сепак, најновите случувања сугерираат дека истите практики кои беа критикувани сега повторно се појавуваат под новото раководство. ...
Итната медицинска помош бележи интервенции за 10 до 15 колапси дневно, како и интервенции за зголемен број на сообраќајни незгоди. – Викендов, имаме интервенирано на 10 сообраќајки, од нив седум, во петокот. Колапси на јавни места – работно место, автобуска станица, автобуси и така натаму, паднати по скали, се вкупно 15 интервенции, од кои повеќето се во работен ден, поточно во петокот имавме вкупно осум интервенции, вели во изјава за МИА доктор ...
Со театарската претстава „Безгрешна – Immaculata “ на Словенечкиот народен театар од Марибор вечерва започнува драмската програма на годинешното 64. издание на фестивалот „Охридско лето“. Монодрамата на актерката Наташа Матјашец Рошкер ќе се одигра во Предворјето на црквата „Света Софија“ со почеток во 21 часот. Драматизацијата и адаптацијата се на Ливија Пандур и Томаж Пандур, сценографијата на Марко Јапељ, а костимографијата е дело на Лео ...
Светските лидери го осудија пукањето врз републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп, инцидент што ја разбранува предизборната кампања во САД и ги зголеми стравувањата од дополнително политичко насилство. Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш „недвосмислено“ го осуди она што ФБИ го опиша како обид за атентат. „Генералниот секретар недвосмислено го осудува овој чин на политичко насилство. Тој ги испраќа своите ...
Со пакет мерки, вредни 13 720 000 евра, ЕУ и УНДП ќе работат на заштита на биодиверзитетот во Преспанското Езеро и на развојот на одржливо земјоделство и туризам, а ќе се спроведат и поголеми инфраструктурни интервенции за справување со крупниот отпад и отпадните води, како и за подобрување на регионалниот развој. ЕУ амбасадорот Дејвид Гир, шефот на делегацијата на Европската унија и Армен Григорјан, постојан претставник на Програмата за развој ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 42 степена. УВ-индексот ќе биде 9. Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени. Во наредните денови, како што информира ...
Анксиозноста и депресијата кај младите во државава се во пораст, а недостасуваат капацитети, наставен кадар и институционална волја за да се инвестира во едукацијата на стручните служби задолжени за справување со проблемите на тинејџерите. Суицидните мисли, дополнително, се еден од најалармантните проблеми за кој сѐ уште се чека на меѓусекторска соработка. Во последниот извештај на „Ало Бушавко“, што го изготвува Првата детска амбасада „Меѓаши“ ...
Според податоците од Центарот за граѓански комуникации, кој направил истражување за цените, потрошувачката и за загубата на вода за пиење во земјава, само во Скопје се губат 63 милиони кубни метри вода годишно , што е 43 проценти од вкупно 146. милиони кубици загубена вода за пиење во земјава. Колку за споредба, ако се земе предвид дека еден олимписки базен со димензии 50 на 25 метри и длабочина од 2 метра собира 2,5 милиони литри вода (2.500 ...
Снимка на која малолетници уништуваат парк и урбана опрема во скопски Капиштец се шири по социјалните мрежи, а истата од Општина Центар ја препратија и до јавноста. На видеото се гледа како млади момчиња кршат дел од реквизитите на игралиштето, дополнително било обиено и местото каде се чувала опремата за хортикултурно одржување на населбата и биле украдени и искршени лопати, гребла и дувалки. Градоначаникот на Општина ценар Герасимовски вели ...
Новата влада мора да се задолжи, за да може да исполни барем дел од ветувањата кои ги даваа во предизборната кампања. Единствен начин да ги реализираат ветувањата за повисоки пензии и останати државни трошења, а паралелно со тоа да ги намалат даноците за големите фирми, е ако се задолжуваат. Тоа му беше јасно на секој што разбира малку економија уште кога ја објавија изборната програма, вели во разговор за „Локално“, професорот и економски ...
Општина Центар ќе добие полициска помош и асистенција во справување со вандализмот, сообраќајниот хаос и прегласната музика во Капиштец, но и во другите населби во локалната самоуправа. Ова беше договорено со началникот на СВР Скопје Сашо Топаловски на работниот состанок што се одржа на иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски. Претставниците на МВР, меѓу другото беа запознаени со последните инциденти во населбата Капиштец, дивеењето на ...
Кога температурата надминува 35 степени, многу луѓе сакаат да посетат ладно место за да се релаксираат и да се оладат. Сега, постои нов тренд на летни патувања кој станува доста популарен меѓу луѓето во Европа – „Coolcationing“. Овој тренд на патување во основа значи одење на одмор на убави и поладни места за да се победи топлината. Овој вид одмор се здоби со прилично голема популарност во Европа благодарение на топлотните бранови во јужниот ...
Зоолошката градина на градот Загреб е една од трите зоолошки градини во Хрватска. Иако мала по површина, има неверојатно богати содржини и е вистинско уживање за посетителите. Датира од далечната 1925 година, се наоѓа на јужниот дел на Максимир и се простира на површина од седум хектари заедно со езерото, а 5,5 хектари е површината на копнениот дел. Во текот на годините, ЗОО Загреб се модернизира, а преку паметно искористување на ЕУ фондовите, ...
Само 35 отсто од испитаниците во земјава одговориле дека Северна Македонија треба да застане во одбрана на друга држава-членка на НАТО во случај да биде нападната, наспроти 40 проценти кои рекле дека не треба да се приклучи во одбраната на таа земја. Овој наод е дел од опсежното истражување што Алијансата го спровела во пресрет на Вашингтонски самит на кој, меѓу другото, се одбележува и 75-годишнината од формирањето на организацијата. Анкетата, ...
И покрај сите политички пречки, долгото чекање и скапата фактура која ни се испорачува за членството, сепак ЕУ и Европа остануваат најдобрaта од сите oпции и единствената алтернатива во која Северна Македонија треба да продолжи да се движи во меѓународната политика. И покрај сите гледишта и некакви алтернативи кои се појавуваат во јавноста, доколку се размислува рационално и ладнокрвно, не постои друга алтернатива за Северна Македонија. Ова беше ...
Денеска, 11 јули, во Меморијалниот центар Сребреница, во БиХ, се одбележува 29-годишнината од геноцидот во Сребреница. Во Поточари ќе се одржи и погребот на уште 14 жртви од геноцидот. Најстарата жртва што била погребана имала 68 години, а најмладата 17 години. Ова е прва годишнина откако Генералното собрание на Обединетите нации неодамна усвои Резолуција со која 11 јули е прогласен за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. ...
Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневни температури кои наместа надминуваат и 40 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи најавија дека од денеска до средината на следната седмица на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури. Исклучок ќе има в недела, кога, според синоптичарите, во попладневните часови ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Доктор ...
Според граѓаните, праговите за жолт, портокалов и црвен аларм треба да се спуштат за некој степен подолу, а според надлежните од Институтот за јавно здравје, тие во иднина може само да се зголемат, благодарение на климатските промени според кои, ни следува сè потопло и потопло време! На температури кои деновиве се движат од 38-от до 40-от степен, па и повеќе, за сите земји на Балканот на европската веб-страницата meteoalarm.eu е вклучено црвено ...
Идните академски граѓани учат од врвни професори од Кина, нив ги има околу 1.300, како и 200 странски професори од 60-тина земји. Меѓу нив е и младата лекторка од Македонија, Рената Пенчова која е воодушевена од интересот за узучување на македонскиот јазик од страна на младите Кинези. Меѓу 101 странски јазик, вклучувајќи ги рускиот, англискиот, францускиот, германскиот, шпанскиот, полскиот, јапонскиот, арапскиот, камбоџанскиот, лао, шведскиот, ...
Големите флуктуации на платите неизбежно го одразуваат развојот на земјата, а на нив влијаат и фактори како што се условите на пазарот на трудот и трошоците за живот. Разликата во просечните годишни нето-приходи низ Европа е неверојатна, со значителни варијации дури и кога се земаат предвид прилагодувањата, проценува Euronews. Минатата година просечната годишна плата се движеше од 85.582 евра во Швајцарија, што е значително повисока од која било ...
Заради наглото покачување на реката Треска три момчиња останале заробени на специфичен повисок песочно-чакален дел на средина на реката, на своевидно островче и немале можност да преминат на безбеден брег, бидејќи биле опкружени од двете страни со силна и брза вода. Се работи за 16 годишни момчиња кои во тој момент биле под силен притисок на страв и паника. Во 19.12 часот e добиена пријава за итен случај на 112 во ЦУК дека момчињата останале ...
Сончево и многу топло време се прогнозира и за денешниот ден. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во попладневните часови се очекува мала до умерена локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од северен правец. УВ-индексот ќе изнесува 9. Утринската темпертура ќе биде од 12 до 20 Целзиусови степени, а во текот на денот од 30 до 40 степени. И за Скопје за денеска се прогнозира сончево и многу топло време со ...
Од Град Скопје информираат дека Предлог-одлуката за нови еколошки автобуси во јавниот превоз, по којзнае кој пат е доставена до советниците од ВМРО-ДПМНЕ за седницата на Советот која треба да се одржи идната недела. Во соопштението на Град Скопје се наведува дека советниците од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кои се мнозинство во Советот, повеќе од две години не гласаат за набавка на нови автобуси за јавниот превоз. – За Седницата на Совет ...
Промоција и унапредувањето на правата на жените треба да биде приоритет за целото општество, е главната порака од денешниот состанок на Лидерската група за родова еднаквост кој се одржа во Скопје, во организација на ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација во соработка со партнерите од повеќе сектори во македонското општество. Членовите на Лидерската група истакнаа дека е потребно зголемено политичко учество на жените, учество во јавната ...
Раководството на ЈСП е виновно за инцидентот на автобусот кај „Мавровка“ бидејќи не ги сервисира автобусите и на тој начин ги доведува во опасност вработените рече Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) Марјан Ристески. -Инцидентот вчера се се случи бидејќи не бил исправен воланот, се закочил и благодарение на присебноста и искуството на возачот не дојде до поголема несреќа. За овој автобус како и за ...
Две жени и двајца мажи минале 378 во „Mars Dune Alpha“, изолирана структура од 160 метри квадратни во Вселенскиот центар Џонсон во Хјустон, која ги имитира условите на Црвената планета. Првата од неколку мисии на НАСА, чија цел била симулирање на престојот на Марс завршила во Хјустон во Тексас откако четворицата волонтери го напуштиле симулираното престојувалиште на НАСА на Марс по повеќе од една година. Двете жени и двајцата мажи минале 378 ...