Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Администрацијата на Доналд Трамп се обидува да поттикне промена на режимот на Куба до крајот на годината, охрабрена од недамнешното апсење на венецуеланскиот лидер Николас Мадуро, пишува „Волстрит џурнал“. Белата куќа се надева дека преку пронаоѓање сојузници внатре во кубанската власт може да се постигне договор што брзо би довел до смена на раководството на островот, со кој од 2019 година владее Мигел Дијас-Канел. Американски претставници ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре, на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, ќе учествува на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој ќе се одржи во Истанбул. На состанокот е предвидено учество на министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан. Балканската платформа за мир е иницијатива покрената од министерот Фидан во 2025 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата порака до рускиот лидер Владимир Путин е дека војната во Украина мора да заврши, по, како што рече, „добри“ разговори со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Давос во четвртокот. Американски и украински претставници веќе со недели интензивно водат шатл-дипломатија, додека Киев се соочува со притисок од Трамп да обезбеди мир во речиси четиригодишната војна, и покрај малите ...
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, вчера и денес учествува на редовниот состанок на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од земјите членки на НАТО и партнерите. На состанокот, со кој претседава претседателот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, во текот на вчерашниот ден обраќање имаше генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој на почетокот упати ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска одржа говор на Светски економски форум во Давос, во кој остро ги критикуваше европските лидери поради, како што рече, неодлучност, одолговлекување и потпирање на САД во клучни безбедносни прашања, вклучувајќи ја Украина и Гренланд, пренесе Би-Би-Си. Зеленски го започна говорот со споредба со филмот „Бескраен ден“, во кој главниот лик постојано го проживува истиот ден. „Никој не сака да живее ...
Следниве денови ќе носат променливо време со постепено покачување на температурите, проследено со врнежи кон крајот на неделта. Според прогнозата на Хидрометеоролошката служба, утре на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно со подолги сончеви периоди. Претпладнево се очекува магла во поедин котлини. Ветрот ќе биде слаб и од променлив правец. Минималните температури ќе се движат од -2 до 2 °C, додека максималните ќе ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека мировниот план за завршување на војната со Русија е речиси готов. Во својот говор на Светскиот економски форум во Давос, тој рече дека документите насочени кон завршување на војната се речиси готови, дека тоа е навистина важно. „Украина работи со целосна искреност и решителност и носи резултати. Русија мора да биде подготвена да ја заврши оваа војна, да ја запре оваа агресија“, ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција потенцираше дека неговата работа е искрена, се темели на чесни намери и верува доколку граѓаните дадат доверба на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на некој следен циклус на избори да ја предводи владата, Македонија може да биде европска држава без корупција. „Искрено верувам во ова што го правам. Јас сум човек што работи милиметарски прецизна работа и добро сум пресметал пред ...
Вистинска драма се одвивала денес во градинка во општина Блаце, бидејќи осумнаесетмесечно бебе имало проблеми, односно аспирација. Брзата помош веднаш реагирала, пренесуваат медиумите во соседството. Под ознаката итно, во придружба на педијатар, бебето е префрлено во Општата болница Прокупље, а потоа оттаму во Клиничкиот центар во Ниш. Според првичните информации, најверојатно бабата на детето по грешка сипала медицински бензин во шишето со ...
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Кристоф Зомер. На средбата беше изразено заемно задоволство од досегашната соработка и беше потенцирана подготвеноста за нејзино понатамошно унапредување, особено во областа на реформата на јавната администрација, која претставува еден од клучните приоритети на Владата. Во ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 19 јануари, на наплатната станица Петровец, како сопатник во автомобил со кавадаречки регистарски ознаки, неовластено заради продажба држел околу 10 грама хероин. ...
Силна бура со обилни дождови и ветрови со сила на ураган што го погоди поголемиот дел од Грција одзеде два животи. Регионот Атика беше најтешко погоден, каде што екстремните временски услови предизвикаа големи поплави, прекини во сообраќајот и стотици повици до службите за итни случаи, според „Грик Репортер“. Во Ано Глифада, 56-годишна жена беше однесена од ненадејна поплава, додека 53-годишен службеник на крајбрежната стража настрада на ...
Модата е секогаш толку интересна само затоа што нуди безброј разиграни експерименти на кои никој не може да им одолее. Меѓу познатите убавици кои поставуваат трендови е и Џенифер Лопез, која повторно ја покажа целата моќ на црната боја, во комбинација со сива боја. Џеј Ло веќе неколку пати „дели“ лекции за мода и секој пат остава без здив. Кога станува збор за црната боја, нема грешка. Најбезбедниот терен кој нуди по нешто за секого, но ако ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорот на Конфедерацијата Швајцарија во Република Северна Македонија, Кристоф Зомер, на која беа разменети мислења за тековната и идната билатерална соработка во областа на животната средина. На средбата, Хоџа изрази благодарност за континуираната и значајна поддршка што Швајцарија ѝ ја дава на државата повеќе од три децении, нагласувајќи дека таа е еден ...
Украина не смее да стави „ни капка мастило“ на документ со кој законски би отстапила нејзина територија на Русија, изјави премиерот Андреј Пленковиќ во Давос, објави Индекс.хр. На Светскиот економски форум (WEF) во швајцарскиот алпски град, премиерот на Хрватска учествуваше на панел за Украина заедно со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, финскиот претседател Александар Стаб, холандскиот премиер Дик Шуф и латвискиот претседател Едгарс ...
Мишел Обама, поранешна прва дама и сопруга на поранешниот американски претседател Барак Обама, неодамна се појави во подкастот на Алекс Купер „Call Her Daddy“. Таа зборуваше за своето минато и нејзината темна страна. Мишел рече дека медиумите секогаш издвојувале неважни детали кога пишувале вести и наслови за нејзините јавни појавувања. „Насловот би бил сè што носев – не моето образование, не мојата професионална кариера, туку мојот изглед“, ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска во просториите на Здружението на пензионери на Општина Центар присуствуваше на одбележувањето на 72 години од постоењето на организацијата. Пензионерите му врачија благодарница на градоначалникот за одличната соработка и партнерскиот однос со Општина Центар. „Чест е да се добие вакво признание токму од првото здружение на пензионери формирано во Македонија. Навистина соработката е ...
Предлогот за гласање недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, не ја доби потребната поддршка на пленарната седница на Европскиот парламент, која се одржува во Стразбур оваа недела. Гласањето беше емитувано во живо на официјалната веб-страница на парламентот. Според официјалните резултати, 165 европратеници гласаа за иницијативата, 390 гласаа против, додека 10 европратеници беа воздржани. Така, убедливото ...
Главна цел на Ливерпул во летниот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Тотенхем, Мики ван де Вен (24). Холанѓанецот има „јак“ договор со Тотенхем до 30 јуни 2029 година, но бројни извори известуваат дека „Црвените“ ќе ги тестираат со богата понуда. Ливерпул во Ван де Вен го гледа вистинскиот наследник на сонародникот, Вирџил ван Дајк. Ван де Вен ја игра својата трета сезона во Тотенхем, каде што пристигна од германски Волфсбург. Ја започна ...
Софија Вергара, која секогаш привлекува погледи со своите модни комбинации, и овој пат успеа да го воодушеви љубопитниот свет. Неодамна се појави на премиерата на документарецот за Парис Хилтон „Infinite Icon: A Visual Memoir“ во Лос Анџелес, а за таа пригода одлучи да облече секси креација. По црвениот тепих прошета во тесна кожна облека која ја следи линијата на нејзиното тело и ги прегрнува нејзините облини. Бордо креацијата ја истакнува ...
За извод од матична книга на родени, починати, венчани или потврда за слободна брачна состојба граѓаните од денес не мораат воопшто да се појават на шалтер на Управата за водење матични книги. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски извести дека постапката за овие документи е целосно дигитализирана. „Што се однесува до услугите од Управата за водење матични книги од денес и тие се целосно мигрирани на националниот портал ...
Светската здравствена организација жали за повлекувањето на Соединетите Американски Држави од Организацијата, изјави денес генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус. Според договорот меѓу САД и СЗО, повлекувањето стапува на сила денес, по истекот на задолжителниот едногодишен рок за известување. Тедрос напиша на платформата „Икс“ дека СЗО има клучна улога во заштитата на здравјето и безбедноста на луѓето ширум светот, вклучително ...
Постојат нијанси кои се покажаа како особено ласкави, омекнувајќи ги цртите на лицето и враќајќи им топлина, што ги прави идеални за жени над педесет години. На која било возраст, бојата и стилот на косата се лична одлука – и навистина, сè е дозволено. Најважно е да го пронајдете она со што се чувствувате најдобро, без разлика дали ќе одлучите да ја прифатите вашата седа коса или да си играте со топли бакарни, нежни руси или темно кафени ...
„Реплек“ по петти пат ја потврдува својата усогласеност со највисоките европски стандарди за квалитет, безбедност и добра производна пракса. Најновото сертифицирање со EU GMP сертификатот е доказ за континуираната посветеност на компанијата кон унапредување на производствените процеси, што ја потенцира нејзината доверливост и професионалност во секоја фаза од производството. Новиот, петти по ред, EU GMP сертификат вклучува проширување на ...
Министерството за дигитална трансформација и Фондот за здравствено осигурување објавија воведување нови електронски услуги од областа на здравственото осигурување и техничко поврзување на ФЗОМ со Централниот регистар на население (ЦРН), со што се поедноставуваат постапките и се намалува административниот товар за граѓаните и бизнисите. На денешната прес-конференција, министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека ...
Бела Хадид неодамна беше фотографирана во Њујорк во малку необичен моден изглед, а фотографиите дури и се појавија на интернет. Таа носеше ретро зимска комбинација – кафеав преголем капут што го комбинираше со црвена спортска јакна. Таа исто така избра бела маичка и тесни панталони за да го заокружи овој лежерен стил. Сепак, ѕвездата на нејзиниот изглед беа неочекуваните додатоци што ја подигнаа оваа комбинација на следно ниво. Станува збор ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес изјави дека рамковниот договор за Гренланд што го договорил со американскиот претседател Доналд Трамп имплицира дека сојузниците на НАТО ќе мора да ја зајакнат безбедноста во арктичкиот регион. Руте на маргините на Светскиот економски форум во швајцарскиот град Давос изјави дека првите резултати од зголемената безбедност на Арктикот ќе бидат видливи оваа година, пренесува Ројтерс. „Ќе се собереме ...
Групацијата за производство на цигари, која е дел од Здружението на производители на тутун и производи од тутун во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, ја поздрави иницијативата на Министерството за здравство за модернизација на постојниот Закон за заштита од пушење гледајќи го како нормален чекор кон адаптирање на домашната пазарна реалност, но смета дека вака предложениот нацрт-закон ќе создаде правна неусогласеност (или ...
Пораншениот фудбалер на Реал Мадрид, Гарет Бејл, кој освои пет титули во Лигата на шампионите со „кралскиот клуб“, се осврна на неодамнешното заминување на тренерот Чаби Алонсо. Велшанецот коментираше за причините, зошто мандатот на шпанскиот стручњак на не ги исполни очекувањата, пишува „Марка“. Во разговор за „Ти-Ен-Ти Спортс“, Бејл прво го пофали Алонсо, истакнувајќи ги неговите успеси. „Алонсо е неверојатен тренер. Тој освои што освои ...
Пејачката Меган Трејнор и нејзиниот сопруг Дарил Сабара го пречекаа своето трето дете, ќерка родена преку сурогат мајка. 32-годишната музичарка објави на Инстаграм дека нивната ќерка, Мајки Мун, е родена на 18 јануари и ѝ се заблагодари на „неверојатната супержена“. „Засекогаш сме благодарни на сите лекари, медицински сестри и тимови кои го овозможија овој сон“, напиша Трејнор во објавата. Таа рече дека имале „безброј разговори со лекари“ и ...