Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Комитетот за светско наследство на УНЕСКО одлучи Охридскиот Регион да не биде впишан на Листата на светско наследство во опасност, со што го задржа статусот на заштитено светско културно и природно наследство. Со одлуката, на државата ѝ е даден дополнителен рок од вкупно пет години за спроведување на препораките за заштита на природното и културното наследство. Македонската делегација, предводена од амбасадорот Игор Николов, ја потврди ...
Светското првенство штотуку го доби својот шампион, а фудбалскиот свет веќе го тресе голем скандал. Меѓународното советодавно тело „Group of Copenhagen“, специјализирано за откривање и спречување местење натпревари, објави извештај во кој наведува дека дури седум ситуации од штотуку завршениот Мундијал биле означени како сомнителни и поврзани со нерегуларности на обложувалниците. Како што пренесува The Athletic, сомнителните обрасци на ...
Необична сцена на почетокот на јули ги вознемирила капачите на плажа во италијанскиот град Фолоника, на брегот на Тиренското Море. Сè започнало кога петгодишно момче, додека нуркало во плиткиот дел покрај брегот, забележало огромна ајкула. Меѓу присутните брзо се проширил страв, но набрзо било утврдено дека животното не е живо. Станувало збор за угинат примерок долг околу 4,5 метри и тежок повеќе од 500 килограми. Обалната стража ја ...
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, ги оцени како неосновани обвинувањата на Вашингтон дека ЕУ недоволно ги спроведува забраните за принудна работа, по воведувањето нови американски царини, пренесе Ројтерс. Калас изјави дека Европската Унија не очекувала да биде опфатена со новите мерки и најави дека Брисел ќе побара појаснување од американската администрација. „Имавме договор со Америка и се ...
Земјотрес со магнитуда од 4,5 степени ноќеска ја погоди Австрија, со епицентар во областа Земеринг, а беше почувствуван и во делови од Словенија. Според австриската геолошка служба, потресот бил на длабочина од четири километри, а граѓаните пријавиле дека се почувствувал во источниот дел на Долна Австрија, Штаерска, како и во Виена. Во земјотресот е причинета помала материјална штета, а пожарникарите интервенирале поради одрони од карпи на ...
СДСМ побара оставки oценувајќи дека случајот со загадената вода во Гостивар не е изолиран инцидент, туку доказ за, како што наведува партијата, системски пропусти во заштитата на јавното здравје. Во соопштението СДСМ тврди дека, покрај Гостивар, небезбедна за пиење е и водата во Валандово и Крушево, како и дека во Болницата за белодробни заболувања во Лешок биле пронајдени колиформни бактерии. Партијата поставува прашања дали биле преземени ...
Ривалството меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал останува едно од најголемите во историјата на тенисот. Двајцата одиграа рекордни 60 меѓусебни натпревари, а српскиот тенисер има 31 победа, наспроти 29 на Шпанецот. Надал изјави дека против Роџер Федерер имал јасен тактички план, но дека против Ѓоковиќ не можел да пронајде очигледна слабост. „Против Новак немам такво чувство“, призна Надал. Тој објасни дека за победа над Ѓоковиќ било неопходно ...
Социјалната мрежа на Илон Маск, X, влегува во жестока конкуренција со платформи фокусирани на видеа како TikTok. X се обидува да ги охрабри своите корисници да објавуваат повеќе оригинални видеа на апликацијата, наместо да објавуваат веќе популарни клипови од други места. За таа цел, платформата додаде видео-едитор во својата iOS апликација. Никита Бир, шеф на производи на X, истакна дека алатката за уредување и снимање вклучува опција за ...
Новиот ден носи динамична енергија, можности за напредок, но и потреба внимателно да се проценат следните чекори. За дел од хороскопските знаци, 24 јули ќе биде особено поволен на професионален план, додека други ќе почувствуваат дека љубовта, семејството и личните односи бараат поголемо внимание. Овните и Јарците би можеле да забележат конкретен напредок во кариерата, Лавовите ќе привлекуваат внимание каде и да се појават, а Близнаците и ...
Со јасна цел, создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе биде вистински сервис на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години презеде конкретни и суштински чекори за реформа на јавната администрација, велат од владејачката партија утрово преку соопштение. „Усвојувањето на Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на ...
Младиот австралиски репрезентативец Кристијан Волпато се најде во центарот на голем скандал во Сиднеј, откако наводно бил позитивен на кокаин при рутинска сообраќајна контрола, пренесуваат локалните медиуми. Според информациите, 22-годишниот фудбалер бил запрен во своето купе „БМВ“ околу еден часот по полноќ на познатиот мост Анзак. Причина за запирањето било пречекорување на дозволената брзина – Волпато возел 109 километри на час во зона ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ги доведе во прашање снимките и фотографиите поврзани со воздушниот напад врз училиште за девојчиња во јужен Иран, во кој, според извештаите, загинаа 120 деца и десетици наставници и родители. Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп изјави дека е можно снимките на кои се гледаат остатоци од американски ракети „Томахавк“ да се генерирани со вештачка интелигенција. Trump is now calling evidence of US bombing of ...
СДСМ ја обвини Владата и ВМРО-ДПМНЕ дека поради, како што наведува, институционални пропусти во случајот со загадената вода во Гостивар, последиците сега ги трпат и приватните бизниси. Партијата посочува дека, според податоците на Агенцијата за храна и ветеринарство, досега се изречени 30 казни и 12 забрани за работа, при што засилените инспекциски контроли продолжуваат. „Ниту еден од овие луѓе не е виновен. Тие се жртви на туѓа грешка“, ...
Системот SynthID на Google беше искористен за разоткривање на лажна слика генерирана од AI, која привлече широко внимание од јавноста, што е ретка, но значајна победа за системот. Неодамна, фотографија на која наводно се прикажува сенаторот од Кентаки, Мич Меконел, во болнички кревет, покриен со цевки и во состојба на екстремен стрес, кружеше на интернет. Сликата беше широко споделена на Reddit и X, но угледната страница за проверка на факти ...
Њујоршката полиција истражува напад со нож во кој вчера на Менхетен беа повредени двајца мажи – еден со азиско, а другиот со еврејско потекло – откако сведоци и жртвите изјавиле дека напаѓачот за време на нападот извикувал „Алаху акбар“. Полицијата го уапси 51-годишниот Раул Моралес, а мотивот за нападот сѐ уште се истражува. Според првичните информации, можно е психичката состојба на осомничениот да имала значајна улога во инцидентот. ...
Дел од корисниците во Општина Центар денеска привремено ќе останат без електрична енергија. Според известувањето од ЕВН Македонија АД, прекинот е предвиден во периодот од 9:00 до 11:30 часот и ќе ги опфати корисниците од улицата „Белградска“. Текстот Дел од Центар денес без струја е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Дел од корисниците во Општина Центар денеска привремено ќе останат без електрична енергија. Според ...
Логистички центри на најголемата руска онлајн продавница Wildberries, позната како „рускиот Амазон“, во Санкт Петербург, Твер и на окупираниот Крим биле погодени во напад со украински беспилотни летала, објави Kyiv Independent, повикувајќи се на руски извори. Гувернерот на Санкт Петербург, Александар Беглов, потврди напад со дронови врз објекти на цивилната инфраструктура, додека гувернерот на Ленинградската област соопшти дека во нападот врз ...
Заменик-претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска престојуваше во Гостивар, каде одржа состанок во Општината посветен на актуелната состојба со водоснабдувањето и мерките кои се преземаат за надминување на проблемот. Меџити истакна дека водата за пиење е основно човеково право и дека обезбедувањето безбедна вода за граѓаните претставува една од најважните обврски на институциите. „Како заменик-претседател на ...
Околу 20.000 луѓе се евакуирани од југозападна Франција, каде што голем шумски пожар продолжува да се шири низ регионот Жиронд, јавува BBC. Огнената стихија досега уништила околу 3.400 хектари земјиште во близина на заливот Аркашон. Во гаснењето на пожарот се вклучени околу 700 пожарникари, а најголем дел од евакуираните се туристи сместени во кампови на полуостровот Леж-Кап-Фере. Властите соопштија дека евакуацијата се одвива без повредени, ...
Градоначалникот на мексиканскиот град Темоак, Валентин Лавин Ромеро, е убиен во вооружен напад во зградата на градската управа, пренесува „Гардијан“. Според властите, напаѓачите среде бел ден влегле во општинската зграда, го застрелале градоначалникот и побегнале со мотоцикл. Засега не се познати мотивот и сторителите, а обвинителството најави темелна истрага. Лавин Ромеро во јануари годинава преживеал претходен обид за атентат, кога бил ...
Британската влада соопшти дека вооружените сили се подготвени да ја заштитат земјата од каков било напад, откако Иранската револуционерна гарда го предупреди Лондон поради дозволата американски бомбардери да користат британски воени бази. „Обединетото Кралство е подготвено 24 часа на ден, седум дена во неделата да се брани“, изјави портпарол на британската влада. Тој нагласи дека одбраната се темели на повеќеслоен систем за противвоздушна и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави за „Аксиос“ дека сериозно размислува повторно да започне големи воени операции против Иран, вклучително и напади што би биле поголеми од оние изведени во операцијата „Епски бес“. Во краток разговор за американскиот медиум, Трамп призна дека таквата одлука би имала сериозни последици, но нагласи дека сѐ уште не донел конечна одлука. Тој не прецизираше кога би можел да одлучи дали ќе нареди нова ...
Хрватскиот фудбалски репрезентативец, Лука Модриќ, потпиша нов едногодишен договор со Милан, соопшти италијанскиот клуб. Со новиот договор, Модриќ ќе остане на „Сан Сиро“ до летото следната година. Еден од најдобрите играчи за врска на 21. век во Милан пристигна минатото лето како слободен играч, откако ја заврши својата долга и успешна кариера во Реал Мадрид. Неговиот договор истече на крајот од минатата сезона, по што размислуваше дали да ...
Јајцата се меѓу најчесто користените намирници, но многумина автоматски ги фрлаат веднаш штом ќе помине датумот наведен на пакувањето. Сепак, доколку правилно се чувале во фрижидер и немаат знаци на расипување, во одредени случаи можат да останат употребливи и по означениот датум. Најважно е да се знае што точно означува датумот на амбалажата и како да се препознаат свежината и евентуалните знаци на расипување. Датумот на пакувањето не ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја координира акцијата за снабдување на граѓаните на Гостивар со вода за пиење и техничка вода поради епидемијата што го зафати градот. Во моментов на терен се распоредени четири цистерни со вода на повеќе локации во градот, а во текот на денот се очекува да пристигнат уште девет цистерни и еден камион со резервоар за вода од повеќе општини и од Армијата. Според ЦУК, денес на располагање на граѓаните се ...
Во амбиентот на Старата скопска чаршија денеска официјално започна првото издание на Интернационалниот фестивал на музика „Чаршија“, нова културна иницијатива на Општина Чаир, која има амбиција да прерасне во традиционална годишна манифестација и да заземе значајно место на културната мапа на Скопје. Фестивалот има цел преку музиката и уметноста да го поврзе богатото историско и културно наследство на Старата чаршија со современото творештво, ...
Во организација на Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, со поддршка од СЗО, денеска, во Владата се одржа работилница посветена на унапредување на управувањето со боледувањата во Македонија. Во рамки на работилницата беа презентирани податоци за состојбата во земјава, предизвиците со кои се соочува системот, европските политики и искуства за подобрување на управувањето со боледувањата. -Целта на работилницата е ...
Европската комисија му изрече две казни на американскиот технолошки гигант Гугл, во вкупна вредност од 890 милиони евра, поради прекршување на европските правила за конкуренција. Случајот се однесува на фаворизирање на сопствените услуги во резултатите од пребарувањето и на ограничувањата што компанијата им ги наметнувала на развивачите на Андроид апликации. Од Гугл ја оценија одлуката како „неправедна“, додека Европската комисија нагласува ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија ќе го засили притисокот врз поморскиот коридор за извоз на украинско жито и ќе направи сѐ за да го блокира. „Тоа го сфативме уште пред неколку месеци. Ќе направат сѐ за да го блокираат житниот коридор. Вчера ниту еден брод не успеа да влезе во пристаништето бидејќи ги напаѓаа сите пловила. Притисокот само ќе се зголемува“, изјави Зеленски, пренесува „Украинска правда“. Поради ...
Унгарија го истражува заемот што претходната влада ѝ го одобри на Македонија преку државната „Ексимбанк“ под многу поволни услови, изјави денеска премиерот Петер Маѓар. Заемот, одобрен со каматна стапка од 3,25 проценти, при што целосниот ризик бил покриен со 100-процентна државна гаранција, е една од неколкуте трансакции на Ексимбанк што сега се предмет на проверка, изјави Маѓар на брифинг, пренесе „Индекс“ откако веста ја споделија повеќе ...