Заедничкиот живот започнува со љубов, но многу брзо во секојдневието влегуваат сметките, киријата или станбениот кредит, трошоците за домаќинството, штедењето и секојдневните одлуки за трошење пари. Иако многу парови сметаат дека доволно отворено разговараат за финансиите, токму парите често стануваат причина за недоразбирања и конфликти. Но проблемот најчесто не е само во тоа колку пари има семејството, туку во довербата, различните навики ...

Во пресрет на финалната вечер на 8. издание на „Фолк Фест“, градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денес ги пречека организаторите и претставниците на ансамблите учесници од Мексико, Парагвај, Порторико, Грузија, Литванија, Бугарија, Турција, Романија, Полска, Естонија, Македонија, Косово и Босна и Херцеговина. За време на средбата, делегациите ги претставија традициите и културите на земјите од кои доаѓаат, а беше истакнато и ...

Откако со шпанската репрезентација ја освои титулата светски првак со победата над Аргентина (1:0), фудбалерот Педро Поро (26) имаше уште една важна мисија – да му го предаде златниот медал од стадионот „МетЛајф“ на својот дедо Антонио Сауседа. Поро го нарекува својот дедо „главниот виновник за сето ова“, бидејќи токму тој го носел на секој тренинг. Со оглед на тоа што неговите родители работеле до доцна, Педро бил израснат од дедо му и баба ...

Љубовниот живот на шпанскиот фудбалер Дани Олмо повторно се најде во центарот на вниманието, откако еден детаљ од последната заедничка фотографија со неговата девојка Лаура Абла Шмит предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Станува збор за впечатлив прстен што германската инфлуенсерка и манекенка го носи на раката, а кој многумина го протолкуваа како свршенички. Иако двојката засега официјално не потврдила дека се свршила, ...

Времето утре ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 литри на метар квадратен). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 километри на час). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени. Во Скопје, ...

Летото е во полн ек, а светските ѕвезди деновиве се распоредени од луксузните европски летувалишта до Њујорк и Лос Анџелес. Додека едни уживаат во заслужениот одмор на Медитеранот, други продолжуваат со концерти, снимања, премиери и јавни настапи. Дејвид и Викторија Бекам беа забележани како се одмораат на својата луксузна јахта во Ибица. Славната двојка ужива во летниот одмор на еден од најпознатите шпански острови. Џени „JWoww“ Фарли и ...

Општина Кисела Вода започнува процедура за обесштетување на граѓаните кои претрпеа материјални штети од силното невреме што го погоди подрачјето на Град Скопје на 21 јули 2026 година. По одржаниот координативен состанок со Градот Скопје, во Општина Кисела Вода итно се формираше Комисија за утврдување на фактичката состојба на терен. Со ова започнува процесот за прием на барања, што е предуслов за обесштетување на граѓаните, а ќе се реализира ...

Ева Лонгорија повторно го привлече вниманието на јавноста, овој пат со фотографии од семејното секојдневие во сончевата Марбеља. Ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ била фотографирана на плажа со својот осумгодишен син Сантијаго, додека двајцата уживале во топлиот јулски ден. Лонгорија неодамна наполни 51 година, а на новите фотографии се појавува во едноставно и опуштено летно издание. Наместо костим за капење, актерката избрала ...

ИКАРУС Еlectric Zrt во заедничка понуда со ЕВН достави најниска понуда на електронската аукција за набавка на 150 електрични автобуси и 75 станици за полнење, соопшти Министерството за транспорт. На јавниот повик понуди доставиле четири компании – Xiamen Golden Dragon Bus Co., Ltd., YES-EU DENMARK A/S YUTONG, BMC Otomotiv Sanayi ve Ticaret Anonim Sirketi и IKARUS Electric Zrt во заедничка понуда со ЕВН. По евалуацијата, Комисијата за јавни ...

Демократската унија за интеграција уште еднаш го повика градоначалникот на Град Скопје веднаш да го отстрани незаконскиот билборд за добредојде и да го замени со билборд што, како што велат, целосно ги почитува законските обврски за употреба на албанскиот јазик. „И покрај бројните реакции на граѓаните и јавноста, Град Скопје продолжува да ја игнорира двојазичноста и мултиетничкиот карактер на главниот град. Исклучувањето на албанскиот јазик ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја заврши првата сеопфатна Водородна студија за Македонија, документ кој ги анализира можностите за развој на водородниот сектор и отвора пат кон создавање модерна и одржлива енергетска економија. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, информира дека студијата е изработена со техничка поддршка од Европската Унија преку IPA II програмата, во ...

Отворена е сметка на Фондот на солидарноста на Црвениот крст за собирање средства за помош на Гостивар. „Црвениот крст е на терен и активно спроведува активности за поддршка на погоденото население, а и во наредниот период ќе продолжи со своите хуманитарни активности со цел да обезбеди помош таму каде што е најпотребна. Секоја донација, без разлика на нејзината висина, претставува значајна поддршка за погодените семејства и ќе помогне во ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Австрија, Мартин Памер. На средбата се разговараше за унапредување на билатералните односи во земјоделството и руралниот развој, фитосанитарната политика и безбедноста на храната. „Австрија е значаен партнер од кој можеме да добиеме вредни искуства во развојот на модерно, одржливо и конкурентно земјоделство. Целта ни ...

Реал Мадрид одлучи сериозно да се обиде да го доведе Родри од Манчестер Сити. Според Goal.com, кој се повикува на „Л’Екип“, челниците на шпанскиот гигант го промениле својот став по Светското првенство и заклучиле дека 30-годишниот играч од средниот ред е играчот што им е потребен за да ја преземат контролата врз средниот ред. Клубот го гледа како идеален наследник на Тони Крос, чие заминување не успеале целосно да го компензираат. Sky ...

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 23.07.2026 заврши со пад на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.328,32 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се намали за 95,11 поени, односно за 1,01%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,68 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари работна средба со Баграт Тунјан, координатор за Република Македонија од СИГМА – заедничката иницијатива на ОЕЦД и Европската Унија. На средбата беше разговарано за тековните активности поврзани со реформата на јавната администрација, како и за подготовките за претстојната оценска мисија на СИГМА, која ќе се фокусира на следењето и оценувањето на напредокот во спроведувањето на ...

Легендата на Реал Мадрид, Луис Фиго, смета дека Килијан Мбапе и понатаму е еден од главните кандидати за „Златната топка“ во 2026 година, благодарение на неговиот блескав настап на Светското првенство. Фиго истакна дека францускиот напаѓач со 10 постигнати голови го освои „Златниот копач“ и стана најдобар стрелец во историјата на мундијалите со вкупно 22 погодоци. „Мбапе и неговиот голем настап на Светското првенство сигурно ќе го задржат ...

Легендарниот Шекил О’Нил е едно од најпрепознатливите имиња во светот на кошарката, но и покрај огромната популарност, поранешната НБА-ѕвезда вели дека не сака да биде сместуван во категоријата „славни личности“. Во интервју за Page Six, 54-годишниот О’Нил објасни дека себеси се смета за „обичен човек“, а притоа без многу воздржување го кажа своето мислење за однесувањето на дел од познатите. „Извинете ми за изразот, но славните личности се ...

По иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар е предложена дополнителна точка со која ќе се утврдат начинот и условите за доделување еднократна парична помош за граѓаните и правните лица чии објекти беа оштетени во силното невреме што го зафати градот на 21 јули. „Уште од првиот ден сме на терен со сите наши служби за да им помогнеме на граѓаните. Паралелно со расчистувањето на ...

Томас Милер повторно предизвика дебата за тоа дали присуството на Лионел Меси влијае на судиските одлуки. Германскиот фудбалер се потсети на ситуација со аргентинскиот капитен од која, според него, произлегува дека судиите го фаворизираат Меси. Неговата изјава се прошири на социјалните мрежи во видео и беше поврзана со контроверзиите од Светското првенство во 2026 година, пишува Goal.com. Thomas Müller speaks about referees favoring Messi: ...

Полицијата поднесе кривична пријава за локал во Охрид затоа што на 14-годишно дете му бил послужен алкохол. Според информациите на МВР, по послужувањето на алкохолот, на малолетникот му се слошило и паднал во несвест. СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект – угостителски објект од Охрид и против сопственикот и управителот Е.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на ...

Билијардските спортови доживуваат невидена експанзија, како на светско, така и на локално ниво, па новата генерација млади македонски играчи со спортски жар и огромна желба за бранење на државните бои настапи на Европското првенство кое се одржа во Подчетртек, Словенија. За прв пат младинците имаа можност да настапат во екипна конкуренција, бидејќи пропозициите налагаат земјата да учествува со тројца играчи. Бидејќи едниот од нив веќе имаше ...

Во Битола денеска во салата на Советот, се одржа регионална работилница за Пелагонискиот плански регион со која Министерството за култура и туризам го продолжува процесот на изработка на Стратегија за развој на туризмот на Македонија за период 2027 – 2032 година. На работилницата учество зедоа претставници на Општините од овој регион, како и претставници од јавниот, невладиниот и приватниот сектор. Поздравно обраќање имаше градоначалникот на ...

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), во вторникот, во Гостиварско спроведоа 70 вонредни надзори со кои беа опфатени промет, кафе барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување на овошје и зеленчук и др оператори со храна. Акцент при контролите беше ставен на утврдување дали операторите од овој регион ја почитуваат донесената забрана на АХВ за употреба на водата од ...

Иван Бартон, салвадорскиот судија кој го судеше полуфиналето на Светското првенство помеѓу Франција и Шпанија, му одговори на Дидие Дешамп. По поразот од 2-0, тогашниот француски селектор јавно го доведе во прашање квалитетот и подготвеноста на Бартон за натпревар од толку големо значење. Бартон зборуваше за зборовите на Дешамп во емисијата „Хорхе Рамос и су Банда“. Тој рече дека критиките не го погодиле бидејќи тој и неговиот судиски тим ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија и Марко Вујачиќ од Канцеларијата на UNOPS на која беа разгледани приоритетите во реформата на правосудството и следните чекори за модернизација и унапредување на системот. Посебно внимание беше посветено на експертската поддршка што Обединетите нации ја обезбедуваат во реформските процеси, ...

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека немаше наместени натпревари за време на Светското првенство во 2026 година, објави „SBC News“. Експертите на ФИФА изјавија дека не утврдиле постоење на наместени натпревари на Светското првенство. Претставници на организацијата ја следеа состојбата на пазарите за обложување во реално време, како и настаните на терен. Формирана е посебна работна група за контрола на интегритетот на ...

Додека Гостивар се соочува со масовно заболување предизвикано во услови на контаминиран водоснабдителен систем, Владата на ДПМНЕ се обидува својата законска, здравствена и морална обврска да ја спакува во пластично шише, велат од Левица и истакнуваат дека флашираната вода во ограничени количества не може да ги покрие поттребите Партијата бара итна целосна мобилизација на државните капацитети – цистерни и домашна достава на исправна вода, ...

Норвешката фудбалска федерација (NFF) ќе поднесе жалба до ФИФА поради мешањето на американскиот претседател Доналд Трамп во одлуката за поништување на црвениот картон на Фоларин Балогун. Претседателката на асоцијацијата, Лизе Клавенес, го објави потегот во интервју за The Times. Откако беше поништена суспензијата, Балогун можеше да игра во осминафиналето на Светското првенство против Белгија, натпревар во кој САД загубија со 4:1. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп во американската држава Џорџија изјави дека „Иран не е подготвен да склучи договор, но дека ќе биде многу наскоро“. Трамп им рече на своите поддржувачи во градот Мариета дека војната со Иран е „измама“ и дека Иран всушност сака да склучи договор иако постојано има нови барања, објавува „CBS News“. „Но, јас велам дека тие не се подготвени да склучат договор. Бидејќи секој пат кога ќе склучат договор, тие ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.87
46%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 26ᴼ
0.45
58%
1012
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
2.44
68%
1016
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
1.2
44%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
2.82
61%
1011
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 21ᴼ
0.57
84%
1016
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
0.89
50%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.41
51%
1011
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
3.72
49%
1012
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
4.92
57%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
1.79
70%
1016
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 25ᴼ
3.39
100%
1009
Currency

61.525

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Алуминиум

3.27

Злато

137126.15

Иридиум

252383.36

Паладиум

43435.66

Цинк

0.00

Сребро

2005.37

Бакар

13.54

Родиум

278103.96

Калај

56.77

Платина

55652.94

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50