Општина Карпош ги опреми десетте основни училишта на своја територија, со фотоволтаични централи кои произведуваат електрична енергија за свои потреби, соопштија од таму. „Локалната самоуправа ја реализираше оваа иницијатива, откако претходно ја реновираше и кровната конструкција на сите училишни установи. Во случајов, училиштата и детските градинки во Карпош се енергетски ефикасни објекти, со оглед на тоа што истите имаат поставено термичка ...

Барселона ги финализира плановите за пријателски натпревар во Перу во декември за да ја надомести финансиската загуба поради откажувањето на натпреварот во Мајами против Виљареал. „Барселона се надева дека ќе заработи седум до осум милиони евра од потенцијален пријателски натпревар во Перу, што би било значајно за клубот бидејќи се бори да ги стабилизира приходите“, пишува „Мундо Депортиво“. Каталонскиот клуб имаше намера да игра натпревар од ...

Магазинот „Гламур“ ги прогласи своите победнички за Жена на годината за 2025 година. Меѓу овогодишните добитници на наградата се големи имиња од светот на забавата, спортот и претприемништвото, вклучувајќи ја актерката Деми Мур, пејачката Тајла, јутјуберката г-ѓа Рејчел, актерката Рејчел Зеглер, шминкерката Пет Мекграт и играчи на WNBA лигата. Овогодинешната тема е „Сестринство“, славејќи ги „врските меѓу жените, како во рамките на ...

Американските власти започнаа истрага откако лабораториски мајмуни заразени со вируси на хепатитис Ц и Ковид-19 избегаа од местото на сообраќајна несреќа, објави британскиот весник „Гардијан“. Според првичните информации, инцидентот се случил за време на транспортот на животните до истражувачкиот центар, кога возилото што ги превезувало било вклучено во сообраќајна несреќа. Во таа прилика, неколку примати успеале да избегаат во околината, што ...

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“- Скопје, денеска успешно реализираше поставување на нови информативни табли со современ дизајн и вграден QR-код кој овозможува едноставно и брзо плаќање на паркинг услугата со платежна картичка. Во рамки на напорите за дигитализација и модернизација, претпријатието денес започнува со замена на сите информативни табли со нов, модерен дизајн, како и поставување дополнителни ...

Пет натпревари се одиграа во НБА лигата во текот на ноќта. Ова се резултатите. Голден Стејт Вориорс во Сан Франциско забележаа победа над ЛА Клиперс, во меч со малку поени. Вориорс славеа со 98:79. Вориорс поведоа во првата четвртина, но пресвртот на Клиперс следеше во втората четвртина, ја добија со 24:13 и заминаа на полувреме (46:49). Сепак, од средината на третата четвртина, Вориорс прво направија серија од 10:0, а потоа и 15:2 во самиот ...

Големиот настан наречен Vogue World: Hollywood собра бројни светски ѕвезди од различни сфери на уметноста. Актери, модели, костимографи, филмски режисери и одлични модни магови беа дел од еден голем спектакл кој на уникатен начин ја истакна врската помеѓу филмската индустрија и светот на модата. Актерката Никол Кидман имаше чест да ја отвори програмата со изведба на песната „Put the Blame on Mame“, а потоа познатата манекенка Кендал Џенер ги ...

Израелската војска соопшти дека повторно ќе го почитува примирјето во Појасот Газа, откако во текот на ноќта извршила воздушни напади како одговор на напад врз нејзини војници. Според соопштението, израелската армија бомбардирала десетици цели, при што биле убиени повеќе од 30 вооружени лица што имале командни позиции во палестинските вооружени групи. Палестински медицински извори пренесуваат дека во нападите загинале најмалку 104 лица, јави ...

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, денеска најави дека покрај обезбедувањето на нови канти за смет, се воведува и новина, 200 специјални канти за отпад од домашни миленици на територија на Центар. „Покрај новите канти за смет, воведуваме и новина, специјални канти за отпад од домашни миленици, слични на овој модел што како прототип го изработивме во општината. Во нив ќе има и бесплатни кесички ...

Реал Мадрид нема да го казни Винисиус Жуниор за неговото однесување на натпреварот против Барселона. Бразилскиот репрезентативец му изнакажа секакви работи на тренерот Чаби Алонсо откако го замени 20 минути пред крајот на натпреварот. Тој продолжи да ја изразува својата фрустрација по натпреварот кога вербално се пресмета со некои играчи на Барселона, поради што доби жолт картон. Според информациите од Шпанија, односот меѓу Алонсо и Винисиус е ...

Фестивалот „Есенски музички свечености“ продолжува на 31.10.2025г. (петок) со концерт на Георги Шарески – соло гитара со авторска музика, кој ќе се одржи со почеток во 20:00 часот во Салон 19:19. Георги Шарески е гитарист, композитор и аранжер кој се истакнува со својот препознатлив стил, спојувајќи балкански ритми со џез, фјужн и современа класична музика. Неговата музика се карактеризира со длабока емоционалност, комплексна хармонија и ...

Денес екипи на ЈП „Улици и патишта“ – Скопје започнаа со градежните активности од првата фаза за поставување на светлосна сигнализација на крстосницата од улиците „Васко Карангелевски“ и „Ангел Димовски“ во населбата Аеродром. „Работните активности се изведуваат по налог на Град Скопје, односно согласно основен сообраќаен проект за воведување на светлосни сигнали на оваа крстосница донесен од Град Скопје и според долгоочекуваната согласност од ...

Во сообраќајна несреќа во која учествувале автобус со 50 студенти и автомобил што преминал во спротивната лента, едно лице загинало, а 15 се повредени утрово во италијанската покраина Тревизо, објавува RAI денес. Несреќата се случила во 7:45 часот наутро, а по судирот, двете возила завршиле во канал покрај патот. Поради силата на ударот, возачот на автомобилот починал на лице место, а патниците во автобусот се здобиле со полесни повреди. ...

Кошаркарскиот клуб Патизан поврди дека нов играч на тимот предводен од Жељко Обрадовиќ е Ник Калатес. Трансферот на Калатес од Монако во Партизан, беше најавен пред два дена, а претпладнево е официјализиран. 36-годишниот ветеран, во минатото работеше со тренееот Обрадовиќ, кога двајцата беа во Панатинаикос, пред полни 14 години. Таа сезона ја освои Евролигата. Калатес има 36 години, тој е ветеран во Евролигата кој ја започна својата кариера во ...

Од страсна Шкорпија до прагматична Девица, дознајте што хороскопските знаци бараат кај партнерот. Овен Овните се полни со енергија и секогаш се подготвени за авантура, па затоа бараат партнер кој може да го следи нивното темпо. Ги привлекува самодовербата и решителноста. Идеалниот партнер за Овен е некој кој е независен, страствен и подготвен за спонтани авантури. Бик Биковите ја ценат безбедноста и удобноста. Тие бараат стабилен и сигурен ...

В.Д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, поднесе оставка од функцијата поради морални причини, соопшти неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ. Адвокатот изјави дека оставката не е поврзана со признание на вина, туку со желба да не влијае на истрагата. „Тоа е чин што ќе овозможи непречено водење на постапката. Ќе докажеме дека Рустеми нема никаква поврзаност со делото“, рече адвокатот. Според него, постојат докази дека ...

Шестокатница се урна во Коџаели, недалеку од Истанбул, а според турските медиуми, седум лица се заробени под урнатините. Полициски, противпожарни и медицински екипи се на местото на настанот и во тек е спасувачка акција. Постојат информации дека во зградата живееле две седумчлени семејства, засега не е познато дали сите биле внатре во моментот на уривањето, изјави градоначалникот на Гебзе, Зинур Бујукгоз. Причината за уривањето сè уште не е ...

Фудбалскиот клуб Наполи размислува, во зимскиот преоден рок да донесе замена за Кевин Де Брујне, кој се повреди викендов во победата над Интер (3:1). Сигурно е дека Белгиецот ќе отсуствува до крајот на годината. „Скај Спортс“, откри дека Антонио Конте сака да го зсили ередот за врска, во зимскиот преоден рок, бидејќи е јасно дека телото на Белгиецот повеќе не може да го издржи ова темпо. Токму затоа Манчестер Сити одлучи да не му го продолжи ...

Популарната актерка Дакота Џонсон блесна на настанот Vogue World 2025: Hollywood, кога се појави во спектакуларен фустан од модната куќа Валентино и покажа зошто е една од најзаводливите холивудски ѕвезди. Интересно е што таа не ги носела креациите на оваа престижна италијанска модна куќа на црвениот тепих веќе шест години, но соработката е обновена и сигурно ќе уживаме во нејзините спектакуларни изданија и во наредниот период. ...

Дигитализацијата на архивата на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија беше една од темите за кои стана збор при средбата на директорот на Фондот, Никола Мемов со Мисијата на Светска банка предводена од Зоран Анушиќ и Мануела Софија Станкулеску, а е дел од СИАП проектот и пензиската политика. Беше речено дека во наредниот период ќе се интензивираат активностите за да може дигитализацијата на архивата да се ...

Американскиот претседател Доналд Трамп беше пречекан во Јужна Кореја, каде што доби највисока државна награда – „Големиот ред Мугунгхве“, што му беше доделена како признание за неговата улога на „мировник“ на Корејскиот Полуостров, јави Хина, пренесе Индекс. Трамп пристигна во Јужна Кореја на крајот од азиската турнеја, а беше пречекан со изведба на неговата омилена песна „YMCA“ од воениот оркестар. BREAKING South Korea just surprised Donald ...

Едно момче загина, додека неколку други се повредени во страшна несреќа што се случи во раните утрински часови на автопатот во близина на Нови Сад. Kако што беше објавија српските медиуми, станува збор за млади џудисти на Партизан, кои се враќале од меѓународен натпревар во Азербејџан. Во раните утрински часови, комбе излетало од автопатот, при што загинало едно момче. Според овие извори, две момчиња и возачот имаат тешки повреди и тие се ...

Моделот Кендал Џенер се потруди да ги шармира сите што ја следат, па на отворањето на „Vogue World 2025“ блесна во иконскиот костим на Никол Кидман од филмот „Мулен Руж“. Во 2001 година, токму овој костим ја направи славната русокоса позната, а Кендал сега го оживеа. Не е тајна дека таа, како и нејзината сестра Ким, обожава да копира други познати ѕвезди. Ким Кардашијан често беше мета на негативни коментари поради ова, но сега сите имаа само ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на сесијата „Дигитализација на енергетските системи – Забрзување на дејствијата преку координација и иновации“ во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој, што се одржува во Скопје. Во своето обраќање, министерот ја истакна потребата од заедничко делување и координирани напори во процесот на дигитална и енергетска трансформација. „Сите ние постигнуваме ...

Израелската армија уби најмалку 91 Палестинец, вклучувајќи најмалку 35 деца, во нападите врз Појасот Газа од синоќа, и покрај договорот за прекин на огнот, соопштија медицински извори, објави Анадолија. Израелската армија уби 31 лице на север, 42 во централните области и 18 на југ од Појасот Газа. Десетици цивили беа ранети во нападите, објави државната новинска агенција Вафа, повикувајќи се на извори во болниците во Газа. Израелските напади ...

Реал Мадрид донесе уште едно засилување од НБА на центрарската позиција. Украинецот Алекс Лен, некогаш петти пик на драфтот во 2013 година, пристигна во главниот град на Шпанија. Висок 213 сантиметри за време на својата НБА кариера, 32-годишниот Лен ги носеше дресовите на Финикс, Атланта, Сакраменто, Торонто, Вашингтон, а во Реал пристигна од Лос Анџелес Лејкерс. Во текот на 12 години во најсилната кошаркарска лига во светот, тој имаше просек ...

На сцената на Националната опера и балет на 7 ноември со почеток во 20.00 часот, ќе биде изведена драматичната опера „Палјачи“ од италијанскиот композитор Руџеро Леонкавало – едно од највеличествените дела на оперскиот веризам, кое со децении ја освојува публиката ширум светот. Приказната за љубовта, страста и одмаздата, преточени во операта „Палјачи“ на нашата сцена ќе се изведе под диригентската палка на гостинот од Унгарија, Кочар Балаж, во ...

Екстремно моќниот ураган Мелиса стигна до копното на Куба откако вчера ја опустоши Јамајка. Тоа е најмоќната бура со која островската нација некогаш се соочила. Нема потврдени смртни случаи, но голем дел од Јамајка е без струја и интернет, а со оглед на силата на бурата и обемот на штетата, се очекува да биде така. Агенциите за помош велат дека „се подготвуваат за најлошото“. View this post on Instagram A post shared by Romeich entertainment ...

Лучано Спалети ќе биде новиот тренер на Јувентус, потврдија денес бројни извори од Апенините. Спалети ќе потпише договорот до крајот на тековната сезона, а тој автоматски ќе биде продолжен до летото 2027 година доколку Јувентус обезбеди место во Лигата на шампионите. Исто така е познато дека Спалети ќе заработува 2.800.000 евра годишно, и веднаш ќе го преземе тимот. Спалети е без работа откако ја напушти клупата на италијанската репрезентација ...

Даските за сечење можат да помогнат во спречувањето на вкрстена контаминација помеѓу храната, поради што професионалците користат даски во различни бои за различни видови храна. Сепак, дури и тогаш, тие треба правилно да се дезинфицираат за да се избегне оштетување. И не мора секогаш да се потпирате на хемиски и комерцијални средства за чистење. Еден потенцијален проблем со користењето дрвени даски за сечење е тоа што тие обезбедуваат место за ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
86%
1017
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
78%
1018
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
73%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.0
89%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.14
83%
1011
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
72%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1013
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
88%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
11.32
100%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
76%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Цинк

3.22

Платина

52864.82

Сребро

1876.20

Алуминиум

2.91

Калај

40.49

Никел

473258.99

Бакар

10.96

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Злато

134976.58

Рутениум

29192.88

Кобалт

58.42