Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Унгарскиот премиер Виктор Орбан нема да им недостига на повеќето европски лидери ако ги изгуби изборите на 12 април откако блокираше клучни политики како што е виталната помош за Украина, но не се очекува неговиот ривал целосно да го промени пристапот на Будимпешта кон Европа ако победи. Повеќето анкети на јавното мислење сугерираат дека националистичката партија Фидес на Орбан, која е на власт од 2010 година, би можела да изгуби од Тиса, ...
Познатата пејачка Дуа Липа (30), беше една од гостинките на настанот организиран од Bvlgari, каде што се појавија и Ен Хатавеј и Пријанка Чопра, па затоа немаше недостаток на елеганција и гламур. Како и секогаш, провокативна, Дуа Липа воодушеви со своето модно издание. За посебниот настан во Италија, таа избра елегантен фустан со многу длабоко деколте, под кој се гледаше виолетов градник, а сè комплетираше со спектакуларен смарагден накит. ...
Пред точно 6 години, на денешен ден во 2020 година, Македонија стана 30-та членка на НАТО Алијансата — историски момент, исполнет национален интерес и голем државен успех, објави во статус на Фејсбук, лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Со одговорни и државнички политики, СДСМ ја внесе Македонија во НАТО, преку една од најбрзите пристапни постапки во историјата на Алијансата. Со тоа обезбедивме трајна безбедност, стабилност и сигурност за ...
Италија ја победи Северна Ирска со 2:0 во првиот плејоф натпревар за Светското првенство и ќе игра против Босна и Херцеговина во Зеница на 31 март за место на Светското првенство. Италијанскиот селектор, Џенаро Гатузо, зборуваше за репрезентацијата на Босна и Херцеговина, нагласувајќи дека неговиот тим ја очекува исклучително тешка задача. „Босна и Херцеговина игра во формација 4-4-2. Очекуваме жешка атмосфера на стадионот, тоа е тим со ...
Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците за последниот квартал од 2025 година, вклучително и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да не се промени висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките, односно таа да се задржи на 2% од активата пондерирана според ризиците и во второто тримесечје од 2027 година, ...
Началникот на Генералштабот на израелската армија, генерал-потполковник Ејал Замир, предупреди дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) наскоро би можеле да доживеат внатрешен колапс доколку не се реши сериозниот недостиг на персонал. „Подигам 10 црвени знамиња пред ИДФ да се распадне одвнатре“, рече Замир на состанокот на кабинетот за безбедност во средаta, потврди „Џерусалим пост“. Воени извори велат дека постои голема загриженост за ...
Министерот за здравство, Азир Алиу се обрати на отворањето на четвртата балканска школа на педијатрите – настан кој претставува вистинска платформа за знаење, соработка и професионален развој. -Педијатријата, како една од најхуманите и најодговорни гранки на медицината, има клучна улога во градењето здрави генерации. Грижата за најмладите не е само медицинска обврска, туку и општествена одговорност од највисок приоритет. Токму затоа, ...
Иран ги предупреди операторите на хотели на Блискиот Исток преку новинската агенција „Фарс“ и изјавата на министерот за надворешни работи Абас Арагчи во четвртокот дека објектите каде што престојува американски воен персонал би можеле да станат легитимни одбранбени цели доколку продолжи таквото сместување. Во предупредување до хотелиерите и другите угостителски објекти низ Блискиот Исток, Иран тврди дека хотелите и другите цивилни згради што ...
Почесниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, изјави дека еден од најдобрите играчи на тимот, Мајкл Олисе, не е на продажба, дури ни за рекордна сума пари. Францускиот репрезентативец игра во голема форма од почетокот на сезоната (11 гола/17 асистенции), и поради тоа не е прашање дали, туку кога ќе се појави првата конкретна понуда. За Хенес, сепак, нема сомнение дали момчето од татко Нигериец и мајка Алжирика ќе биде ставено на ...
Сè поскапува, цените на храната растат секој ден, а владата на Христијан Мицкоски не презема ништо, реагираат од СДСМ. „Единствената мерка на Мицкоски – намалување на ДДВ за горивата од 18% на 10% не даде никаков ефеткт. Цените на горивата се покачија и во изминатиот период континуирани се поскапувања на храната. Зејтинот е поскапен и веќе цените седвижат и до 118 денари, кафето од 120–140 денари, меленото месо е поскапено и сега е од 730 ...
Силна бура, проследена со налети на ветер што дуваат со брзина од над 100 километри на час, синоќа погоди голем дел од Словенија, соборувајќи дрвја, оштетувајќи покриви и оставајќи илјадници домаќинства без електрична енергија, додека надлежните служби апелираа до граѓаните да не ги напуштаат своите домови. Како што објави Радио-телевизија на Словенија (RTV SLO), Приморскиот и Горењскиот регион беа најтешко погодени, а поради исклучително ...
Фудбалските репрезентации на Боливија и Јамајка се квалификуваа за финалето на Интерконтиненталниот бараж за пласман на Светското првенство. Боливија стигна до победа над Суринам во Монтереј по пресврт. Суринам имаше предност во 48-та минута и голот на Ван Гелдерен, но Боливија спречи изненадување во вториот дел. Прво, Панијагва израмни во 72-та минута, а Мигелито донесе голема радост на јужноамериканската репрезентација од пенал во 78-та ...
Доналд Трамп избегна да одговори на прашање за хуманитарната ситуација во разорениот од војна Иран за време на гостувањето на Фокс њуз, наместо тоа и даде комплимент на новинарката. Американскиот претседател се јави во емисијата „The Five“ во четврток попладне, каде што водителката Дана Перино го праша за судбината на иранските дисиденти и дали цивилите добиваат пристап до основни потреби. Во четвртата недела од војната меѓу САД и Израел ...
Ирански извори велат дека Техеран не побарал пауза во нападите врз неговите енергетски постројки и сè уште не дал конечен одговор на американскиот предлог насочен кон прекин на конфликтот, објави Анадолија. Претседателот на САД, Доналд Трамп, претходно изјави дека нападите врз енергетскиот сектор на Иран ќе бидат паузирани 10 дена, до 6 април, тврдејќи дека продолжувањето е на барање на Иран, објави Wall Street Journal. Сепак, изворите велат ...
Владата на Виктор Орбан во Унгарија е обвинета за масовно заплашување на гласачи во филм објавен пред парламентарните избори на 12 април, а во време кога владејачката партија заостанува во анкетите на јавното мислење. Документарецот „Цената на гласот“, кој се прикажа во кино во Будимпешта и на YouTube вчера вечер, ги претставува резултатите од шестмесечна истрага спроведена од независни филмски работници и новинари, објави Би-Би-Си. Во ...
Мексиканската морнарица започна операција за пребарување и спасување во Карибите за да лоцира две едрилици што носат хуманитарна помош за Куба, откако бродовите не пристигнаа во Хавана како што беше закажано. Двете едрилици тргнаа од Исла Мухерес, во мексиканската држава Кинтана Ро, минатата недела кон Хавана со девет членови на екипажот од различни националности. Се очекуваше бродовите да пристигнат помеѓу 24 и 25 март, но немаше никаква ...
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 7 до ...
Фудбалската репрезентација на Македонија доживеа тежок пораз во полуфиналниот бараж, за пласман на Светското првенство. Вечрва, на „Паркен“ стадионот во Копенхаген, Данска ја победи Македонија со 4:0. Македонија се бранеше во Копенхаген и таквата игра даде резултат во првиот дел, кој заврши без голови. Данска константно притискаше, но и покрај 13-те удари кон голот на Димитиревски, не створи ниту една конкретна шанса за гол. Во првиот дел ...
Програмерот Стивен Ирби создаде веб-апликација наречена Channel Surfer која целосно го менува начинот на кој гледате содржини на платформата YouTube. Наместо бесконечно скролување и препораки за алгоритми на YouTube, апликацијата работи како класична кабелска телевизија. Корисниците можат да „менуваат канали“ и да се приклучат на видео кое веќе е во тек, исто како што правеа порано на телевизија. На самиот почеток, има околу 40 тематски ...
Босна и Херцеговина и Чешка ги добија пенал рулетите против Велс, односно Република Ирска и се дојдоа на чекор до пласман на Светското првенство. Драматичните пенал серии во Кардиф, односно Прага заврши со 4:3, откако Велс и БиХ по 120 минути одиграа 1:1, а Чешка и Република Ирска 2:2. Апсолутни херои се голманите Ковар (Чешка) и Васиљ (БиХ). БиХ, во финалето ќе ја пречека Италија во Зеница, додека Чешка за прптивник ја има Данска. ...
Google го претстави најголемото надградување на навигацијата на својата апликација Google Maps во последната деценија, благодарение на длабоката интеграција на вештачката интелигенција Gemini. Новата функција, наречена Immersive Navigation, воведува сосема поинаков начин за користење на навигацијата, објавува Cult of Mac. Клучната иновација е интерактивен 3D преглед на рутата што ја заменува класичната мапа. Системот, со помош на Gemini, ...
Франција го победи Бразил со 2:1 во пријателски натпревар одигран во Фоксборо, во близина на Бостон. Натпреварот започна со мајсторијата на Килијан Мбапе, кој избега од одбраната на „кариоките“, а потоа ја „боцна“ топката преку Едерсон. Работите се искомплицираа за „триколорите“ во 55-та минута, кога Дајо Упамекано доби директен црвен картон, поради груб старт врз Весли Франко, како последен играч. Тоа не ги спречи Французите да го удвојат ...
Tinder се обидува да ги врати корисниците во играта со нови функции што поттикнуваат состанување вон телефонот. Компанијата воведе голем број нови функции, вклучувајќи „настани во живо за самци“ и „виртуелен брз дејтинг“. Најголемата нова функција е делот „Events“ што им овозможува на корисниците да пронајдат и посетат настани за самци организирани од Tinder. Функцијата моментално се тестира во Лос Анџелес, каде што корисниците можат да ...
Италија, Полска, Шведска и Косово изборија пласман во финалните мечеви, во рамките на бража мечевите за пласман на Светското првенство. Екипата на Џенар Гатузо, успеа да го скрши отпорот на жилавите Северноирци со головите на Сандро Тонали и Мојсе Кен во второто полувреме, со што го обезбеди натпреварот за пласман на најголемата фудбалска изложба во светот. Италија ги пропушти последните две Светски првенства во Русија и Катар. Косово ...
Суд во Русија го забрани документарецот „Господин Никој против Путин“ од режисерот Павел Таланкин, кој го освои Оскарот за најдобар документарец овој месец. По административна жалба, суд во родниот регион на Таланкин донесе одлука за негова забрана, објавија локалните новински извештаи од судницата во четврток. Судот наводно пресуди дека филмот содржи елементи на „екстремистичка симболика“ и „терористичка пропаганда“. Исто така, се вели ...
Поранешниот светски шампион во шах и истакнат критичар на Кремљ, Гари Каспаров, изјави дека историјата се повторува додека сме сведоци на нови војни што ги водат диктаторите и автократите. Каспаров, кој се спротивставува на автократските системи повеќе од 40 години, во интервју за ХРТ коментираше за ескалацијата на конфликтите на Блискиот Исток, војната во Украина и политичката ситуација во Соединетите Американски Држави, пренесува ...
Нема голови по првото полувреме во натпреварот меѓу Данска и Македонија. На „Паркен“ стадионот во Копенхаген, Данска доминира, засега Македонија успеава да се справи со притисокот. Данците и покрај доминацијата не створија чиста шанса за гол, меѓутоа статистиката е апсолутно на нивна страна. Две третин од времето топката е кај Данците, тие изведоа седум корнери, наспрам два колку што изведе Македонија, а односот на ударите кон голот е 13-0. ...
Владата на Република Хрватска, на денешната затворена седница, одлучи да даде одобрение за влез на американски нуклеарен воен брод во внатрешните води на Република Хрватска и негов престој во хрватско пристаниште, објави Индекс.хр. Детали за тоа за кој брод станува збор, како и датумот на пристигнување и времетраењето на престојот, сè уште не се објавени. Сепак, со оглед на тоа што Владата објави дека станува збор за брод на нуклеарен погон, ...
Повеќе од 300 интервенции на пожарникари, прекини на електрична енергија и сообраќајни незгоди беа регистрирани денес низ цела Словенија поради силниот ветер, известува агенцијата СТА. Илјадници домаќинства беа привремено без струја поради оштетени далноводи, неколку патишта беа затворени поради дрвја што паднаа на коловозот, а неколку автомобили, камиони и работни машини беа оштетени. Многу жители на северниот дел на Словенија добија ...
Утре времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²), а ќе има и услови за појава на ретки грмежи, информира УХМР. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до ...