Белград
5ᴼ /
5ᴼ
Душан Влаховиќ, по долго време доби овации од навивачите на Јувентус. По триумфот над Удинезе (3:1), српскиот репрезентативец им се забчагодари на навивачите и на поранешниот тренер Игор Тудор. Душан Влаховиќ беше еден од најдобрите играчи на Јувентус во синоќешната победа, постојано влегуваше во гол шанси, но погоди само еднаш, од пенал во петтата минута. Привремениот тренер, Масимо Брамбиља го извади од теренот во 89-та минута, очигледно ...
Хороскопот не открива само какви сме во љубовта или пријателството, туку и што нè возбудува во спалната соба. Секој знак има свои специфични желби, стил и начин на изразување блискост. Некои хороскопски знаци бараат страст и возбуда, додека други претпочитаат нежност и поврзаност. Погледнете што точно му одговара на вашиот знак – и можеби ќе откриете некоја нова инспирација. Овен (21 март – 19 април) Огнениот Овен ја сака доминацијата и ...
Со изборот на 50-те најдобри од вкупно пристигнатите 438 пријави, започнува втората фаза на натпреварот „Средношколец Милионер“ со онлајн гласање на платформата milioner.mk. Од вкупно 438 пристигнати бизнис идеи од средношколци низ цела Македонија, избрани се топ 50 најиновативни и најперспективни бизнис идеи кои влегуваат во втората фаза на натпреварот „Средношколец Милионер“, организиран од Бреинстер Некст Колеџот и НУ Академиите за ...
Домашната инфлација е значително намалена во однос на врвот од крајот на 2022 година и е сведена на едноцифрено ниво. Просечната инфлација во 2025 година досега се движи околу 4%, а врз основа на сите расположливи претпоставки и мерките преземени досега од Народната банка, очекуваме дека инфлацијата ќе забавува во следниот период и ќе се приближи кон историскиот просек, изјави вицегувернерката Ана Митреска на Конференцијата во организација на ...
Лидерите на Европската Унија ја повторија својата поддршка за планот за заем од 140 милијарди евра за Украина врз основа на замрзнати руски средства. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека планот за користење на руски средства останува „законски“, додека ЕК изјави дека „целосно ќе го почитува меѓународното право“. Сепак, фон дер Лајен призна дека техничките прашања треба да се решат за да се ублажат белгиските ...
Започна судската битка на Фелипе Маса, тешка 73 милиони евра, поради наводниот заговор што го чинеше титулата светски шампион во Формула 1 во 2008 година. Тоа е титула што Луис Хамилтон ја освои со само еден бод предност пред Маса. Поранешниот возач на Ферари е убеден дека тој е вистинскиот шампион таа сезона, а сето тоа поради контроверзниот судир на Нелсон Пике помладиот на Големата награда на Сингапур, пишува „Дејли Мејл“. Скандалот познат ...
Бред Пит повторно го промени својот имиџ. Славниот актер ја покажа својата најнова трансформација за време на четвртиот натпревар од американската бејзбол лига World Series, кој се одржа на 28 октомври на стадионот Доџерс во Лос Анџелес. Пит се појави со подолга, неуредна руса коса, седи бакенбарди и впечатливи мустаќи, пишува E!Online. На фотографија од натпреварот, облечен во бел дрес на Доџерс, тој беше со басистот на Red Hot Chili Peppers. ...
Кина ќе го испрати најмладиот астронаут во својата историја на вселенската станица како дел од својот следен лет со екипаж, соопштија властите во четврток, додавајќи дека таму ќе бидат и четири лабораториски глувци. Вселенската станица Тјангонг, управувана од тимови со три астронаути кои ротираат на секои шест месеци, е круната на вселенската програма на Кина вредна милијарда долари, додека се обидува да ги стигне САД и Русија. Мисијата ...
„Стевчо Јакимовски, кој постојано зборува за јавниот интерес, треба конечно да објасни како парцели што според деталниот урбанистички план биле означени како зеленило, одеднаш станале градежни парцели. И како се купува хациенда во Грција“, прашува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Јакимовски одамна се обидува да го претстави своето владеење како пример за ‘транспарентност’, но во реалноста би можел да послужи како пример за тоа како личниот интерес ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за време на посетата на Ташкент, изјави дека Узбекистан е „земја на иднината“ и нагласи дека Србија мора да се позиционира за соработка со земјите кои бележат брз економски раст, пренесува РТС. „Најсилниот впечаток врз мене, а верувам и врз сите вас, останува огромниот напредок на Узбекистан – неверојатен напредок. Минатата година стапката на раст беше 6,5 проценти, а оваа година веројатно ќе биде уште ...
Реал Мадрид објави дека ќе бара „значајна отштета“ од Европската фудбалска унија (УЕФА) откако на оваа организација и пропадна жалбата против пропаднатата Европска суперлига. Во средата, Окружниот суд во Мадрид ја потврди пресудата од мај 2024 година, во која се утврдува дека УЕФА, Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) и Ла Лига применувале антиконкурентски практики и злоупотребиле доминантна позиција со тоа што им забраниле на клубовите да ...
Патрик Џ. Адамс, ѕвездата од популарната серија „Suits“, ѝ го честиташе на својата сопруга, актерката Тројан Белисарио роденденот на многу посебен начин. Тој сподели нејзина гола фотографија покрај базенот на својот Инстаграм, на која таа е во друштво на нивното куче Бинс. „Не знам како го правиш сето тоа или како јас имав среќа да го правам ова со тебе, но ќе ја земам секоја проклета капка што можам да ја добијам“, напиша покрај фотографијата ...
Повеќето украински региони останаа без електрична енергија по уште еден масовен руски напад со ракети и дронови врз цивилна и енергетска инфраструктура, објавува „Киев Индепендент“. „Ако моментално имате електрична енергија, ве молиме користете ја штедливо“, соопшти државната компанија за комунални услуги Укренерга. Воздушни напади беа извршени низ целата земја во текот на ноќта, додека украинските воздухопловни сили следеа дронови „Шахед“, ...
Во 10-то коло од француското првенство, против аутсајдерот Лориен, ПСЖ остана без очекуваната победа (1:1), но и без клучен играч. Дезире Дуе (20), крилниот напаѓач на францускиот и европскиот шампион, во 63-та минута и остана да лежи плачејќи од болка. Дуе го напушти теренот на носилки, а подоцна го напушти стадионот со помош на патерици. Се чини дека го повредил бутниот мускул на десната нога, но повеќе детали ќе бидат познати во наредните ...
В сабота (1. ноември) ќе се одржи промоцијата на романот „Годините“ (2025, Илика) од француската нобеловка Ани Ерно во бифето на Младинскиот културен центар со почеток од 19:00 часот. Книгата ќе ја промовираат и за неа ќе разговараат Андријана Папиќ Манчева, преведувачката на романот, Ведран Диздаревиќ, уредникот на изданието, и Катерина Шекутковска, главната и одговорна уредничка на издавачката куќа „Илика“. Покривајќи го периодот од крајот на ...
Уште пет лица се уапсени во рамки на истрагата за спектакуларниот грабеж во музејот Лувр во Париз што се случи на 19 октомври, потврди за RTL париската обвинителка Лаура Бекуо, според француските медиуми. Еден од петте уапсени мажи беше главната цел на истражителите. Бекуо објасни дека постои „ДНК што, според наше мислење, го поврзува со извршената кражба“. Се очекува преостанатите четворица да можат да обезбедат клучни информации за текот на ...
Денвер Нагетс ги декласираа Њу Орлеанс Пеликанс во „Бол арена“. Резултатот беше 122:88, но во преден план е израмнувањето на рекордот на Никола Јокиќ. Јокиќ го забележа 168-от трипл-дабл во кариерата, имаше 21 поен, со 12 скока и 10 асистенции Ова е неговиот четврти во исто толку натпревари од почетокот на сезоната. Јокиќ го израмни почетокот на сезоната на Оскар Робертсон во 1961 година и неговиот неодамнешен соиграч Расел Вестбрук во 2020 ...
Во Културно информативниот центар во Скопје утре, 31.10., во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Мал формат-Миниартура“ на Друштво на ликовни уметници на Македонија. Ќе бидат претставени дела во дводимензионален и тродимензионален формат – цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники од членовите на уметничката асоцијација. Малиот формат и минијатурата се чести модели на запишување на фази од процесот на ...
Технолошките гиганти Meta, Alphabet и Microsoft вложуваат огромни суми пари во вештачката интелигенција, во трка за доминација на процутувачкиот пазар кој ги доведе нивните акции до рекордни максимуми, објавува BBC. Финансиските извештаи објавени во среда покажуваат дека компаниите издвојуваат колосални суми за сè, од центри за податоци до најновите чипови – и покрај прашањата за тоа кога и како инвестициите ќе се исплатат. Meta, сопственикот на ...
Технолошките гиганти „Мета“, „Алфабет“ и „Мајкрософт“ вложуваат огромни суми пари во вештачката интелигенција, во трка за доминација на процутувачкиот пазар кој ги доведе нивните акции до рекордни максимуми, објавува Би-би-си. Финансиските извештаи објавени во среда покажуваат дека компаниите издвојуваат колосални суми за сè, од центри за податоци до најновите чипови – и покрај прашањата за тоа кога и како инвестициите ќе се исплатат. „Мета“, ...
Американската војска вчера уби четворица мажи за време на напад врз сомнителен брод за превоз на дрога во источниот Пацифик, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, според Ројтерс. „Овој брод, како и сите други, според нашите разузнавачки информации, бил вклучен во нелегална трговија со дрога. Патувал по позната рута за трговија со дрога и носел наркотици“, рече Хегсет во објава на Икс. Earlier today, at the direction of President ...
Претседателката на ЛДП Моника Зајкова, денеска даде поддршка за втор градоначалнички мандат на Горан Герасимовски, којшто воедно е и актуелен градоначалник на Општина Центар. Таа, потенцира дека сега е моментот да се изберат резултати, одговорност и отчетност, а не празни ветувања, токму затоа ја дава поддршката на Горан Герасимовски, кој, според Зајкова, ја препознава граѓанската визија, има искуство и е подготвен да работи посветено за доброто ...
„Парамаунт“ отпушта околу илјада вработени, а меѓу најпогодените е редакцијата на „Си-би-ес Њуз“, каде што речиси стотина луѓе ги загубија своите работни места. Овие потези се дел од долгорочен план за намалување на трошоците што следеше по спојувањето на „Парамаунт“ со „Скајденс Медиа“, објавува „Гардијан“. Вработените во „Си-би-ес Њуз“ со месеци се мачат од најавениот бран отпуштања како дел од планот за намалување на трошоците вреден 2 ...
Утрото постудено со услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степен. Во Скопје, утрото постудено, во делови од котлината магливо. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб југоисточен ...
Пред средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Министерството за одбрана на САД веднаш да продолжи со тестирањето на нуклеарно оружје на рамноправна основа со другите нуклеарни сили. „Поради програмите за тестирање на други земји, му наредив на Министерството за одбрана да започне со тестирање на нашето нуклеарно оружје на рамноправна основа. Тој процес ќе започне веднаш“, напиша Трамп на ...
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата Демирхисарска бр 13 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демирхисарска, од 17:30 часот до завршување на дефектот, општина Шуто Оризари. Од ЈП Водовод и Канализација исто така известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Софиска 7, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следниве улици: Софиска, ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави започнување на антивоена кампања, која ќе биде придружена со мировни собири низ цела Унгарија. „Опасноста од ширење на војната е поголема од кога било. Европејците сакаат да започнат војна. И ние сме Европејци, но не сакаме да се бориме“, рече Орбан во видео порака емитувана од телевизискиот канал М1. „Почнуваме антивоена кампања“, рече тој, додавајќи дека заедно со поддржувачите на мирот ќе одржи „серија ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 08.00 до 11.00 часот корисниците од дел од улицата Бајрам Шабани и дел од улицата Чаирска, општина Чаир; · во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од објектите околу Фитофарм-Визбегово, општина Бутел; · во периодот од 09.00 до 12.00 часот корисниците позади бензинската ОКТА во Шуто Оризари, општина Шуто Оризари. Текстот Без струја денеска ...
Најмалку тројца мажи, од кои двајца биле маскирани како градежни работници, извршиле грабеж во Њујорк и избегале со сеф и накит во вредност од повеќе од 3 милиони долари. Филмскиот грабеж се случил сред бел ден, на 16 октомври, во населбата Јамајка Хилс во Квинс, а полицијата објави детали и снимки од надзорните камери овој вторник, пишува nbcnews.com. Според соопштението на Полициската управа на Њујорк (NYPD), крадците насилно ја отвориле ...
Се очекува договорот за TikTok да биде финализиран во четврток. Министерот за финансии на САД, Скот Бесант, изјави дека договорот за TikTok, објавен минатиот месец, ќе биде финализиран во четврток кога американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со кинескиот претседател Кси Џинпинг. „Постигнавме конечен договор за TikTok. Го постигнавме во Мадрид и верувам дека од денес сите детали се договорени, а на двајцата лидери е да ја затворат таа ...