Под влијание на циклонска активност која постојано се обновува и е со центар над Џеновскиот залив и истата е многу интензивна односно станува збор за длабок циклонски систем, а во исто време од север ќе се спушта многу поладен воздух кој ќе предизвика нагло заладување на времето во понеделник и во вторник 16/17 февруари, објави мтеорлогот Славчо Попоски. „Во ваква ситуација ќе имаме пообилни врнежи особено во вторник на 17 февруари проследени ...

Тежок пожар избувна во хотел кој се користел како работничко сместување во Будакеши, западно од Будимпешта, при што има загинати лица, а повеќе од 20 се повредени. Пожарот избувнал во раните утрински часови, околу 2:15 часот, во објект на улицата „Зичи Петер“. Пламените јазици за кратко време ја зафатиле кровната конструкција на двокатната зграда, а пожарникарите при пристигнувањето затекнале околу 200 квадратни метри веќе во пламен. Според ...

Цените на становите во Скопје повторно се најдоа во фокусот на јавноста, откако на социјалните мрежи почна да кружи фотографија од оглас за продажба на стан во кулите „Џевахир“ во општина Аеродром, каде цената достигнува дури 4.000 евра за квадратен метар. Фотографијата од огласот брзо се прошири на интернет, отворајќи дебата меѓу граѓаните за тоа дали пазарот на недвижности во главниот град достигнува нов ценовен максимум. Дел од коментарите ...

Додека земјите од регионот сериозно се борат со предизвициите во земјоделството и издвојуваат големи суми за зголемување на производството на храна, нашиот аграр тоне. Се доделуваат субвенции на големите земјоделски стопанства и компании кои не се примарно насочени кон земјоделска дејност, а вистинските земјоделци остануваат без доволна државна поддршка. За споредба Србија годишно издвојува една милијарда евра за поддршка на земјоделскиот ...

Бројот 13 со векови наназад предизвикува нелагодност кај многумина, а верувањето дека носи несреќа се задржало до ден-денес. Неговата „лоша репутација“ често се поврзува со библиската приказна за Тајната вечера, каде што Јуда – ученикот кој го предал Исус Христос – бил 13-тиот гостин на трпезата. Оттогаш, во различни култури се развило суеверие дека присуството на тринаесет лица на иста маса е лош предзнак, објави 4news.mk Верувањето е толку ...

Потребни состојки: (за двајца) 4 киви 1 голема банана Парче ѓумбир 1-2 лажички кафеав шеќер или мед 100 мл свежо исцеден сок од портокал Начин на подготовка: Исчистеното киви и бананата исечете ги на поголеми парчиња и ставете ги во блендер. Излупете го ѓумбирот, исечкајте го и ставете го во блендер, па додајте исцеден сок од портокал. На крај додајте кафеав шеќер или мед, по желба. Изблендирајте и сипете во чаши Потребни состојки: (за ...

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во „Само интервју” на Канал 5 телевизија остро реагираше на, сериозната партизација на судството и обвинителството. „Власта тргна во сериозна партизација на судството, обвинителството и тоа не е нешто што е ново. Тоа е пракса којашто како модел на владеење ја имплементираа во времето на Никола Груевски, од 2006 до 2016 година. Тотална партизација на државата, партиски контролирано судство, судии и ...

Според германскиот Билд, Ерик Шмит и Глорија Софи Буркхард за прв пат биле видени заедно на Светскиот економски форум во Давос, но извор за Њујорк пост тврди дека нивната врска е од пријателска природа. „Ова е само пријателство, а не врска“, вели тој. Сепак, Билд пишува поинаку, наведувајќи дека, сепак, станува збор за потенцијална љубовна врска. View this post on Instagram A post shared by Gloria-Sophie Burkandt (@gloriasophieee) „Која е ...

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи, од кои двајца во Тетово и по еден во кочанско, Куманово, Гостивар, струмичко, Струмица, Неготино и Кавадарци затоа што управувале возило без возачка дозвола. Возачот во Гостивар и малолетничката во Кавадарци претходно учествувале и во сообраќајни незгоди. По еден возач во Струга и Велес управувале возила иако имале мерка забрана за ...

На 12.02.2026 во 03:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во гаража во с.Батинци,скопско, опожарени се три патнички возила – „ауди“ со скопски регистарски ознаки, „фолксваген голф 7“ со скопски регистарски ознаки и патничко возило „фолксваген голф 8“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на две правни лица од Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а при гаснење со повреда се здобил 48-годишен ...

На 11.02.2026 околу 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје, товарно возило „фолксваген кеди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(21) од Скопје, удрило во пешакот З.С.(56) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. На 11.02.2026 околу 14:30 часот во СВР Скопје ...

Во Софија утринава, 12 февруари 2026 година, маж нападнал три лица со нож во општината Подујане, по што едно лице починало, а две се пренесени во болница. Случајот бил пријавен во 05:40 часот, а на терен биле испратени три амбулантни возила. Екипа на итната помош на лице место ја констатирала смртта на 21-годишен маж. Со повеќекратни убодни и сечени рани, 15-годишно девојче било пренесено во Пирогов, а 78-годишна жена со повреди во пределот ...

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска одржа протест пред Стопанската комора, истакнувајќи дека понудата за зголемување на платите сè уште е на маса, но дека следниот пат нема да дојдат со понуда, туку со генерален штрајк кој ќе чини многу повеќе од работничките плати. „Добар ден на сите освен на газдите и на следачите, 21 човек сме затоа што не следат, затоа што ги заокружуваат луѓето и затоа што им се закануваат на луѓето да не ...

Уште еден смртен случај по операција на крајници во болницата во српскиот град Чачак. Овој пат се работи за 38-годишен маж, кој починал по операцијата на трет крајник, соопшти Министерството за здравство на Србија, објавија српските медиуми. Од Министерството додаваат дека пациентот имал и други болести. Пред три дена во истата болница почина четиригодишно девојче по рутинска операција на крајниците. „Пациентот самостојно аплицирал за ...

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, денеска се повлече од својата функција. Информацијата за неговата оставка е веќе потврдена, иако официјални детали за причините за ваквиот ненадеен потег по речиси осум години на чело на комисијата сè уште не се соопштуваат. Оставката доаѓа во исклучително тежок период за Бислимоски, откако пред само две недели Управата за финансиска полиција му поднесе кривична ...

Денеска од Националната земјоделска мрежа реагираа за како што тврдат кратењето на субвенциите на земјоделците. Во целост го пренесуваме нивниот став: КРАТЕЊЕ НА СУБВЕНЦИИТЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ Почитувни земјоделци !!! Сведоци сме на крајно игнорантскиот и не одговорен однос од страна на надлежните кон еден од клучните сектори во државата Со вчерашната одлука на Владата со која се кратат и онака скромните средства за поддршка и развој на ...

Снимката која ја објави пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојаноска, на која се гледа лидерот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов заедно со неговите деца, е професионална и индицира на работа на безбедносните служби, смета поранешниот шеф на военото разузнавање и професор по безбедност Владимир Пивоваров. Тој во изјава за Рацин.мк вели дека снимката дефинитивно не е аматерска, на што според него укажуваат редица знаци: снимено е ...

Околу 15 фирми за производство на медицински канабис во Македонија добиле 4 милиони евра субвенции од Владата, објави „Фокус“ повикувајќи се на информации од „Отворени финансии“ а потврдени и од Владата. Договорите за субвенциите биле склучувани во времето на СДСМ, а исплаќањата биле вршени во времето на владата на ВМРО-ДПМНЕ, објави неделникот. Целта според владата е да се поттикне економскиот раст и развој преку поддршка на инвестициите за ...

Осумнаесетгодишниот возач Саит Саитов, кој минатиот месец ја прегази и ја усмрти 75-годишната Љуба Јаковлеска во скопската населба Капиштец, е уапсен во српскиот град Врање. Информацијата ја соопшти адвокатот Звонко Давидовиќ во подкастот „Претрес“. Според досегашните информации, по сообраќајната несреќа младиот возач избегал од местото на настанот, а потоа ја напуштил и државата, наводно со помош на неговиот татко и други роднини. Адвокатот ...

Лишен од слобода скопјанец поради кражба на бакарни кабли во вредност од 200.000 евра. На 10.02.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека од објект во изградба на подрачјето на Центар, односно каде се изведувале градежни работи за подземен булевар, во период од еден месец се одземени бакарни кабли со должина од два километри и вредност од околу 200.000 евра. По преземени мерки, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично ...

Вчера, пред Граѓанскиот суд во Лос Анџелес започна судењето против интернет гигантите Мета и Гугл, со тврдења дека нивните платформи намерно поттикнувале зависност кај децата и младите со цел зголемување на профитот. Адвокатот на тужителката, Марк Ланиер, во воведното обраќање истакна дека механизмите што ги користат Инстаграм и Јутјуб не се резултат на случајност, туку на свесен дизајн. Според него, зависноста е профитабилна, со обвинение ...

На денешната прес-конференција претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, побара кривичен прогон за лицата кои ги следеле неговите деца, како и одземање на пратеничкиот имунитет на Дафина Стојановска, која го објави видеото од децата на претседателот на ССМ. Трендафилов нагласи дека во нормална држава Владата паѓа за ваков случај, дополнително побара од Јавното обвинителство да се покаже дека правдата важи за сите. Претседателот на ССМ го ...

На 10.02.2026 околу 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Његошева“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(46) удрило во 69-годишната В.Д., по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со телесни повреди се здобила В.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. По преземени мерки, возачот е пронајден, со него бил извршен службен разговор и известен ...

Македонија, заедно со остатокот од европските земји, кон крајот на наредниот месец преминува од зимско кон летно сметање на времето. Промената ќе се случи во последната недела од март, кога стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред. Официјалното преминување на летното време е на 29 март. „Стрелките на часовниците ќе се поместат за еден час нанапред, на 29 март во 02:00 часот, а потоа ги поместуваме часовниците за еден час ...

На Балканот вклучувајќи ја и Македонија од 15 февруари се поизвесно е нагло и големо заладување на времето и продор на многу поладен воздух од север кој ќе услови нагло заладување на времето и врнежи од снег на повеќе места, објави метеорологот Славчо Попоски. „Барем од она што можам во моментов да го кажам наглото заладување на времето кај нас во Македонија ќе пристигне ноќта 15 кон 16 февруари и на 16 февруари кога на повеќе места врнежите ...

Француското правосудство обелодени уште еден случај на педофилија и бара сведоци по обвинението против 79-годишен маж кој силувал повеќе од 89 малолетници. Обвинетиот е приведен во 2024 и е осомничен дека извршил силувања и агресија врз малолетни лица во периодот од 1967 до 2022 година. Случајот го истражува Обвинителството во Гренобл. Наводните злосторства се извршени во Германија, Швајцарија, Мароко, Нигерија, Алжир, Филипините, Индија, ...

„Спин е она што го говори ВМРО-ДПМНЕ дека виделе има мнозинството 61 на седницата па влегле за Кривичниот законик. Во салата нашето мнозинство имало регистрирано, сосе мене, бидејќи на таа седница и претходеле и други точки, ние нормално сме се регистрирале, на таа седница имало околу 54 луѓе. Како стигна до 61? И не ми беше суштината да ние се доведеме во ситуација каде што ќе коментираме кој го направил кворумот, но мислам дека со кворумот ...

МВР објави детали за тешка сообраќајна незгода што се случи доцна синоќа на влезот во Скопје, кај Хиподром, кога се судрија патничко возило и камион. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на 10 февруари 2026 година во 23:00 часот на автопатот Скопје-Куманово, пред клучката за обиколница на главниот град. Судирот се случил помеѓу патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.В. (25) од село Бујковци, ...

Десет лица, вклучувајќи го и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по пукотница во град во североисточната канадска покраина Британска Колумбија, соопшти канадската полиција. 25 лица се повредени. Шест лица се пронајдени мртви во средно училиште во Тамблер Риџ, уште две лица се пронајдени мртви во куќа за која се верува дека е поврзана со инцидентот, а едно лице починало на пат кон болница, соопшти полицијата. Осомничениот напаѓач бил ...

Граѓаните секој ден гледаат дека во Македонија цвета корупцијата поради криминалот на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ. 161 тендер за една фирма, 51 тендер за омилената фирма на ВМРО преку општините, 9 милиони евра за фирма само со двајца вработени., 1,2 милиони евра за фирма блиска до ЗНАМ преку Пошта….5 тони дрога преку граница, се случи најголемиот нарко -скандал во регионот со дрога од Макеоднија која била шверцувана во Србија.Наместо реформи ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
55%
1015
weather icon

Белград

19ᴼ / 17ᴼ
4.12
49%
1011
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
72%
1011
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
5.14
55%
1017
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.0
69%
1013
weather icon

Љубљана

13ᴼ / 12ᴼ
1.03
90%
1012
weather icon

Атина

19ᴼ / 15ᴼ
2.06
59%
1017
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
82%
1017
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.51
72%
1017
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
3.13
50%
1015
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 16ᴼ
1.79
77%
1010
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
3.09
71%
1017
Currency

61.635

Currency

52.4626

Currency

71.3764

Currency

37.8674

Currency

38.7062

Currency

67.4505

Currency

7.71675

Currency

0.69812

Currency

0.3343

Currency

0.52622

Currency

1.16515

Currency

0.55412

Цинк

3.35

Сребро

2840.84

Бакар

12.06

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Злато

166450.52

Паладиум

48883.97

Алуминиум

3.57

Иридиум

253540.09

Калај

50.03

Родиум

319899.93

Платина

64172.89