Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година и испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места по јунскиот рок. Електронското пријавување ќе се врши до полноќ, а доставувањето на потребната документација до училиштата е утре. Конечната ранг-листа за секое училиште со резултатите од запишувањето ќе се објави в сабота, најдоцна до пладне. Во јунскиот рок имаше две пријавувања, на 14-ти и на ...
Во овој период, луѓето најчесто чувствуваат пад на мотивацијата, незадоволство од себе или од насоката во која се движи нивниот живот. Постои време во животот кога, без очигледна причина, сè изгледа потешко. Не е младост, но не е ни старост – туку еден вид внатрешна бура. Токму оваа пресвртница, како што покажува едно големо истражување, често се случува околу 49-годишна возраст. Според резултатите од студијата спроведена од економистот и ...
Магнезиумот е еден од клучните минерали за правилно функционирање на организмот, познат по тоа што ја намалува напнатоста во мускулите, го подобрува сонот и ја зајакнува коскената структура. Научните истражувања го поврзуваат со превенција на состојби како висок крвен притисок, дијабетес тип 2, остеопороза, мигрена и несоница. Но, иако е од голема корист, магнезиумот не е секогаш безбеден – особено ако се зема заедно со одредени медикаменти. ...
Според првичните информации, автобусот бил гаѓан со крупни камења од страна на четири лица, за кои се претпоставува дека се малолетници. Полицијата привела две осомничени лица, но бидејќи кај нив не биле пронајдени докази, тие биле пуштени на слобода. Од силниот удар, предното стакло на автобусот целосно се скршило, а страничното стакло целосно напукнало. На снимките објавени во грчките медиуми се гледа како една од камениците, со големина на ...
Во Хрватска синоќа најтешко беше погодена Истра – каде што во Умаг и околината падна град со големина на орев и за кратко време наврна 100 литри дожд на квадратен метар. Поплавени се улици, а метеоролозите предупредуваат на нови обилни врнежи и денес и утре. Слична нестабилност се очекува и во Србија. РХМЗ најавува дека во петок ќе има поројни дождови, грмежи и локална појава на град, а на поедини места и силен или олуен ветар. Најризична ќе ...
Државниот завод за ревизија утврди дека системот за заштита и поддршка на жртвите на семејно и родово базирано насилство е недоволен и нефункционален. Во извештајот се наведува дека од 52 активности предвидени со Акцискиот план, само 22 се реализирани целосно, а останатите се делумно или воопшто не се спроведени. Недонесувањето нова Национална стратегија по 2023 година дополнително ја ослабува борбата против насилството. Ревизорите посочуваат и ...
Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против шест полициски службеници и две други лица. Од обезбедените докази произлезе дека првообвинетиот заедно со уште две лица, за кои истражната постапка е во прекин, сториле кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“. ...
Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, предметен обвинител од ОЈО ГОКК донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело Тероризам. Осомничениот на 16 овој месец во раните утрински часови преку телефонската линија за итни случаи 192 со умисла упатил сериозна закана за подметната бомба во воздухоплов на Меѓународен аеродром Скопје, на летот Скопје – ...
Министерството за здравство најави итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите што излегоа во јавноста дека се правеле операции за профит. „Врз основа на информациите што се споделени во јавноста, Министерството за здравство веќе се координира за проверка на тврдењата, како и спроведување итни и вонредни надзори со цел добивање на целосната слика. Дополнително, министерот Азир Алиу веќе најави дека комплетната дигитализација на ...
Европската радиодифузна унија и австрискиот јавен радиодифузен сервис ОРФ одлучија дека 70. издание на Изборот за песна на Евровизија во 2026 година ќе се одржи во Виена, Австрија. Главниот град на Австрија по третпат ќе биде домаќин на најголемиот европски музички спектакл. Во минатото натпреварот се одржа во 1967 и 2015 година. Со ова Виена се изедначи со Копенхаген, Малме и Стокхолм, кои исто така беа домаќини на Евровизија по три пати. ...
Кралицата на поп-музиката го прослави роденденот така што си го оствари својот долго посакуван сон – да ја гледа коњската трка Палио во Сиена, Италија Мадона го прослави својот 67-ми роденден во Италија! Познатата пејачка била во друштво на своето момче, 28-годишниот поранешен фудбалер Аким Морис, а со неа биле и ќерките Мерси (19) и Лурдес (28). Поп-ѕвездата сподели видео од патувањето на Инстаграм и напиша: „Мојот долгогодишен сон беше да ја ...
Нова студија од Австралија сугерира дека користењето вентилатори во текот на жешките летни денови може да направи повеќе штета отколку корист, со зголемување на ризикот од срцев удар. Научниците од Универзитетот во Сиднеј регрутирале 20 лица за да тестираат како вентилаторите влијаат на телесната температура, отчукувањата на срцето, потењето и удобноста кога се користат во топли и влажни средини. Тие исто така сакале да откријат дали нивоата на ...
СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.С.(35) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“. На 05.08.2025 во Скопје во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, по претходно недоразбирање, пријавениот, осуденик, физички го нападнал И.Т.(62), исто така, осуденик, и со стаклен предмет му нанел повреди, по што починал во Комплексот клиники „Мајка ...
По истекот на законскиот рок за плаќање на месечните аконтации за данок на добивка и исплатата на јулските плати со придонеси, утврдени се значителен број на неплатени обврски, соопшти Управата за јавни приходи. Од 2.129 даночни обврзници не е извршено плаќањето на месечната аконтација за данок на добивка за јули 2025 година, а кај 11.555 обврзници не е евидентирана исплата на бруто плати и социјални придонеси за истиот месец. Дел од неплатените ...
Скопје го очекува продолжен период на високи температури, со вистински топлотен бран кон крајот на август. Според прогнозата, до 23 август температурите ќе се движат меѓу 30 и 37 степени, а од 24 август започнува нов пораст. До крајот на месецот живата во термометарот ќе достигне и до 39 степени. На 31 август и 1 септември се најавуваат максимални 37–38 степени, што ќе биде еден од најжешките периоди ова лето. Сепак, веднаш потоа следува нагла ...
Системот „MoMo“ (Мониторинг на смртноста) на Институтот секојдневно го анализира бројот на смртни случаи во Шпанија и го пресметува отстапувањето од очекуваната стапка на смртност врз основа на евидентираните податоци од претходните години. Системот вклучува надворешни фактори што можат да го објаснат отстапувањето, особено температурите објавени од Националната метеоролошка агенција (Aemet). Системот не може да ја утврди апсолутната каузалност ...
Сите сондажи коишто ги имаме ние, меѓутоа и други независни центри се забележува разочараност кај граѓаните од власта, особено за несправување со економските проблеми, истакна потпретседателката на СДСМ Кристина Костова во емисијата „Вести плус“ на Канал 5 телевизија. -Шестоцифрен е падот на поддршката на ВМРО-ДПМНЕ Најголемо разочарување граѓаните гледаат во немањето волја на Мицкоски и ДПМНЕ за справување со економските предизвици и ...
Во пресрет на локалните избори закажани за 19 октомври, во сабота на 23 август почнува јавниот увид во Избирачкиот список кој трае 20 дена односно до 11 септември на полноќ. ДИК го потпишува заклучениот Избирачки список, односно изводите од Избирачкиот список на кои се гласа, најдоцна на 3 октомври. Граѓаните, барањето за запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список што е ставен на јавен увид ги поднесуваат ...
Тетовецот А.С. (41), вработен во Основниот суд во Тетово, ненадејно почина вчера на плажата Шкемби во Каваја, кај Драч, каде што бил на одмор со своето семејство. Сведоци за албанските медиуми изјавиле дека присутните двапати успеале да го оживеат, но поради доцнењето на Брзата помош, која пристигнала дури по повеќе од еден час, неговиот живот не можел да се спаси. Смртта на А.С. предизвикала голем шок кај неговите најблиски и колегите, бидејќи ...
Силувачот на малолетничка од Македонија во Пеќ е во притвор каде што чека одлука на обвинителството Засега неименуваниот силувач е уапсен за време на викендот откако станал осомничен за силување малолетничка од Македонија во косовскиот град Пеќ. Лицето било уапсено на 14 август откако силуваното девојчето, државјанка на Македонија, дало изјава за локалната полиција. Пријавено е дека осомничениот косовски маж е уапсен, бидејќи постои сомневање ...
Проектот „Македонијо, во срце те носиме“ доби ново продолжение кое овојпат носи исклучителна емотивна тежина. Наум Петрески, еден од најмоќните вокали на македонската музика, ја изведе песната „Ако умрам ил загинам“ во чест на својот трагично починат пријател Андреј од дуото ДНК, кој го загуби животот во пожарот во дискотеката во Кочани. Сценариото на видеото, создадено од Скендеровски Продукција, ја надминува класичната патриотска порака и се ...
Се потврдува скандалот во МВР каде на крајно сомнителен и коруптивен начин се додели милионски тендер за возачки испити на фирма зад којашто стои советнк на ВМРО-ДПМНE, реагираат од СДСМ. МВР, под раководство на Панче Тошковски, пред само три месеци додели лиценца за организирање на возачки испити во Пелагонискиот регион на новооснованата фирма „Супер возач”. Зад оваа фирма стои функционер на ВМРО-ДПМНЕ и советник во советот на Општина Кичево, ...
Астролошките прогнози откриваат дека годинашниот септември година ќе биде месец во кој судбината изненадно ќе го смени правецот за четири хороскопски знаци. За нив ова ќе биде период на важни одлуки и настани што можат целосно да ја променат секојдневницата, од деловните и љубовните односи до местото на живеење Одлуките донесени во овој месец ќе имаат долгорочен ефект, па затоа е клучно да се слуша внатрешниот глас и да се дејствува со јасна ...
На 18.08.2025 во 17:10 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, после влез за с.Ботун, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од В.Д.Д.Ф.(50) од Холандија, товарно возило „ман“ со приклучно возило „кроне“ со скопски регистарски ознаки, управувано од О.Р.(25) од с.Студеничани, скопско, патничко возило „мицубиши“ со скопски регистарски ...
Безживотно тело е пронајдено денес околу 11 часот наутро во зградата на финскиот парламент, а според релевантните локални медиуми, станува збор за тело на пратеник кој извршил самоубиство, но се уште не го објавуваат неговиот идентитет. Полицијата не ги потврди наводите дека станува збор за пратеник, но објави дека засега нема сомнение за кривично дело. Повикот до полицијата пристигна во 11:06 часот наутро. Шефот на обезбедувањето на ...
Италијанската Влада воведе нови мерки против несовесните возачи – со нова регулатива и казни наменети за секој кој фрла ѓубре надвор од одредените области. Лицата кои ќе ги прекршат одредбите од новата регулатива се соочуваат со високи казни, но и со затворска казна. Во таа смисла, казната за фрлање отпушок од цигара или марамче низ прозорец од возило може да достигне до 1.188 евра. А пак, фрлањето ќеса со ѓубре, стаклени шишиња или лименки од ...
Актерот Леонардо Ди Каприо (50) објасни зошто се забавува само со многу помлади девојки. Тој му призна на режисерот Пол Томас Андерсон што долго време криел од сите – дека се чувствува речиси две децении помлад отколку што е всушност. Андерсон го отвори разговорот за возраста на Ди Kаприо, поттикнувајќи го да одговори „што е можно побрзо“: „Ако не знаевте колку години навистина имате, колку години мислите дека имате?“ Кога Ди Kаприо одговори ...
Изминатиов викенд и дефинитивно стана јасно дека, во мугрите на одржувањето на локалните избори, предвремени парламентарни избори во нашата земја стануваат неопходност. Владејачкото мнозинсто е светлосни години далеку од потребното бадентеровото мнозинство, што само по себе е индикатор за постоење на политича криза и доказ дека големиот број на пратеници кои ги освои ВМРО-ДПМНЕ не значи ништо ако не се поседува квалитет за менаџирање на ...
На 18.08.2025 во 13:09 часот случена е сообраќајна незгода на патот АЗ Битола- Ресен кај м.в.Слечиште помеѓу патничко возило „мерцедес“ со странски ознаки управувано од 52 годишен битолчанец со место на живеење во Германија, кој починал на лице место и возило „опел“ со охридски ознаки во кое биле две лица на возраст од 20 години, двајцата од Охрид. Едно од двете лица од возилото „опел“ починало во Клиничка Болница Битола, информира портпаролката ...
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска и утре се спроведува првото пријавувње за упис во прва година додипломски студии за академската 2025/2026 година. Според Конкурсот на УКИМ, на 23-те факултети во негов состав слободни се вкупно 9719 места. Од нив, 4683 за редовни студенти во државната квота, 4081 места за редовни со кофинансирање на студиите и 955 за вонредни студенти. Како и во минатите години, најмногу слободни места има за ...