Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 остро одговори на обвинувањата од опозицијата поврзани со неговите скапи рачни часовници. Тој не негираше дека поседува вредна колекција, но најави дека во наредниот период јавно ќе ги обелодени сите докази за платените даноци, оценувајќи дека дел од критиките доаѓаат од, како што рече, „талогот на општеството“. Мицкоски истакна дека нема намера да се крие или да се ...
Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива непречено, но по наместа коловозите се влажни, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија. Намалена видливост поради магла до 50 метри има на патниот правец Куманово – Крива Паланка, до 100 метри на правците Делчево – Македонска Каменица и Катланово – Велес, додека видливоста од 100 до 150 метри е намалена на патиштата Градско – Неготино и Неготино – Демир Капија. Од АМСМ потсетуваат ...
Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе одржи протест за зголемување на минималната плата на најмалку 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. На протестот, кој ќе започне во 17 часот, ќе биде искажано незадоволство поради неисполнување на барањата за зголемување на платите. Протестот ќе почне пред Работничкиот дом и ќе продолжи пред Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата. Претседателот на ССМ Слободан ...
Иако во Давос присуствуваа 65 шефови на држави и влади, Мицкоски не оствари средба со ниту еден од нив. Не се истакна ни со предлози и иницијативи од државен интерес, туку по вредноста на часовникот на неговата рака. Симболиката е поразителна: луксуз на премиер кој претставува држава на дното на Европа по минимална плата, во која 400.000 лица живеат под прагот на сиромаштијата и преживуваат од месец во месец. Ова не е прашање на вкус, туку на ...
Сè поекстремните временски услови сериозно го загрозуваат одгледувањето какао ширум светот, отворајќи прашања за иднината на чоколадната индустрија. Поради тоа, научниците интензивно бараат алтернативни култури што се поотпорни на климатските промени и би можеле да ја заменат оваа клучна суровина. Околу 60 проценти од светското производство на какао потекнува од Западна Африка, особено од Брегот на Слоновата Коска и Гана, региони со ...
Најновата анализа на платформата Нумбео покажува дека трошоците за живот во светот достигнаа историски максимум. Истражувањето, кое ги користи податоците од над 600.000 корисници, открива дека швајцарските градови се најскапи, додека Скопје останува едно од најевтините места за живеење во Европа. Цирих е прогласен за најскап град во светот, со околу 1.570 евра месечно за основни трошоци по лице, без кирија, додека за четиричлено семејство ...
Изминатиот ден помина со серија тешки сообраќајни незгоди во кои настрадаа пешаци. Според информациите од МВР, три жени се здобиле со тешки телесни повреди откако во нив удриле возила и мотоцикл во три различни градови низ државата. На 26.01.2026 околу 17:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Ѓоргов“ и ул.„Шарски Одреди“ во Скопје, патничко возило „фолксваген фокс“ со скопски регистарски ознаки, управувано од ...
Вчера во 23:07 часот во Кратово, полициски службеници од ОВР Кратово го лишија од слобода С.С.(38) од с.Татомир, кратовско. Претходно, во 22:45 часот на регионалниот пат с.Татомир – Кратово, во с.Туралево, С.С. управувајќи возило излетал од патот, а по извршени проверки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,19 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава ...
Две патнички возила oд марката „ауди“ се опожарени во текот на ноќта во одделни инциденти на различни локации во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Првиот случај бил пријавен на синоќа, околу 02:00 часот по полноќ, кога на паркинг на улицата „Христо Татарчев“ било опожарено возило марка „Ауди“ со скопски регистарски таблички, сопственост на 20-годишниот Г.Ч. од Скопје. Пожарот го изгаснала екипа на Бригадата за ...
Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје, С.С.(36) од с.Сарај, скопско пријави дека околу 12:40 часот во спортската сала од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од А.П.(48) од Скопје, наставник во училиштето. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје, С.С.(36) од с.Сарај, скопско пријави дека околу 12:40 часот во спортската ...
Утрово најстудено е на Попова Шапка каде измерени се -3 степени. Следуваат 0 степени во Лазарополе, 1 во Kрушево, Маврови Анови, Ѓуриште, 2 во Пожаране, 3 во Крива Паланка, Претор, Берово, Тополчани, 4 во Охрид, Битола, Прилеп, Виница, 5 во Штип, Тетово, Куманово, 6 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица, Велес, Кавардарци, Демир Капија, 8 Гевгелија. Најмногу дожд имало во Крива Паланка каде се измерени 39 л/м2, а тука се и 26 л/м2 ...
Синоќа кај Свети Николе беше спроведена спектакуларна полициска акција во која е пресечен голем меѓународен синџир за трговија со дрога. Припадници на САЕ „Тигар“ и Одделот за организиран криминал при МВР успеаја да запленат околу 200 килограми марихуана, објави порталот МКД.мк. Шемата на криминалната група била добро осмислена: дрогата била сокриена во автомобил со швајцарски ознаки, кој бил качен на шлеп-служба со македонски таблички за да ...
Секторот за внатрешни работи Охрид, денеска, во рамки на проектот „Безбеден град” ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на поставените уреди (камери) за сообраќаен надзор на подрачјето на Охрид, поточно на автопатската делница Охрид-Кичево, помеѓу селата Горенци и Требеништа и помеѓу Ботун и Ново Село, општина Дебрца. Предвидените активностите ќе се реализираат со почеток во 12 часот при што, на секоја локација со ...
Сојузот на синдикати на Македонија денеска ги повика сите оние кои не се задоволни од платата да се приклучат на утрешниот протест организиран против незголемувањето на минималната плата на 600 евра и на сите останати плати за 100 евра. Аргументи има многу, изговори нема, 200 илјади луѓе живеат со плата под 30.000 денари, изјави денеска претседателот на ССМ Слободан Трендафилов. „Не треба на никој да му се плашите, затоа што не му должите на ...
Француското национално собрание гласаше за забрана на користењето на социјалните медиуми за деца под 15 години, јави ДПА. Пратениците во Париз доцна синоќа го усвоија нацрт-законот. Законот предвидува дека пристапот до онлајн услуга за социјално вмрежување обезбедена од онлајн платформа ќе биде забранет за малолетници под 15 години. Текстот сè уште треба да биде одобрен од Сенатот, Горниот дом на францускиот Парламент, пренесе германската ...
Вчера во 16:32 часот во СВР Скопје било пријавено дека дошло до сообраќајна незгода помеѓу автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Н.Џ. од селото Крушопек, и малолетен пешак од селото Ново Село, скопско. Повредениот пешак со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во ГОБ „8 Септември“, каде му биле констатирани телесни повреди, по што бил пуштен на домашно лекување. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно ...
Согласно со Законот за празниците на РМ Свети Сава е неработен ден за граѓаните припадници на српската заедница во Република Северна Македонија. Свети Сава е син на српскиот жупан Стефан Немања, се роди во 1169 година. Како млад жеднееше за духовен живот, заради што побегна на Света Гора, каде што се замонаши и со ретка ревност го мина сиот подвижнички раст.Немања тргна по примерот на синот, па и самиот дојде на Света Гора, се замонаши и умре ...
Платите во Македонија лани не се зголемија, додека инфлацијата остана меѓу највисоките во регионот, поради што аргументот дека растот на минималната плата ќе предизвика нов инфлаторен бран е неоснован. Вака оцени претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, коментирајќи го барањето минималната плата да се зголеми на 600 евра. Во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ 1, Трендафилов истакна дека ...
Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во рамки на проектот „Безбеден град“ континуирано се евидентираат и санкционираат сообраќајни прекршоци со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите. Од Министерство за внатрешни работи појаснуваат дека системот автоматски регистрира пречекорување на дозволената брзина, минување на црвено светло, неправилно запирање и паркирање, како и учество во ...
Во континуитет паѓа цената на суровото млеко за најмалку еден денар по литар. Известувањето од дел од откупувачите е дека цената дополнително ќе се намали од 1 февруари, а дел од млекарниците тоа го направија и претходно. Ваквата вест ги разгневи сточарите кои поради нередовните субвенции мака мачат да ги одржат фармите, пишува Независен. Сточари веќе ги даваат кравите на распродажба на огласи. Субвенциите не се исплатени по грло добиток за ...
Зијадин Села од Алијанса за Албанците денеска поднесе иницијатива до Уставниот суд за оценка на уставноста на Законот за прекршоци, кој беше усвоен за имплементација на системот „Безбеден град“. Села истакнува дека законот, кој директно го засега целото население, требало да биде предложен од Владата и разгледан во широка јавна расправа, наместо да помине преку пратеничка иницијатива и по скратена постапка. „Со овој закон се удира врз целото ...
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ поскапува за 1,00, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 0,50 денари по литар. Цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менуваат, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цела на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 67,50 денари, а на Екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 66,50 денари за литар. За 0,112 денари поскапува и Мазутот М-1 НС, и еден килограм ќе се продава за 33,099 денари. ...
На 25.01.2026 во 20:30 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар на автобус паркиран во дворно место на ОУ „Крсте Петков Мисирков” во Радовиш. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. По преземени мерки, полициските службеници утврдиле дека пожарот бил предизвикан од двајца малолетници од Радовиш. Со нив се извршени службени разговори во присуство на ...
Момче починало во кавадаречко Возарци, телото било дадено на обдукција, со цел утврдување на точната причина за смртта, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. – Синоќа во 22:30 часот во ОВР – Кавадарци е пријавено дека во домот во село Возарци, кавадаречко, починал С.П., на возраст од 24 години од село Возарци. Лекар од Итна медицинска помош – Кавадарци констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на ...
Антикорупцискиот тим на СДСМ го разоткрил, како што наведуваат, „медиумскиот октопод“ поврзан со ВМРО-ДПМНЕ, кој, според нив, функционира како политичка алатка за ширење на влијанието на унгарскиот премиер Виктор Орбан во Северна Македонија. На прес-конференција, членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, изјави дека унгарски компании и поранешни високи функционери од унгарскиот јавен сервис систематски купувале контролни удели во ...
Модната дизајнерка Викторија Бекам (51) со години го плени светот со својата витка фигура, но зад нејзиниот изглед лежи „железна дисциплина“. И додека таа тврди дека е флексибилна, нејзиниот сопруг Дејвид Бекам ја откри суровата вистина: За жал, сум во брак со некој што го јаде истото веќе 25 години. Откако ја запознав, таа јаде исклучиво риба на скара и зеленчук на пареа – призна поранешниот фудбалер. Викторија не го крие фактот дека е ...
Водителот на Пинк ТВ, Огнен Амиџиќ, доби трето дете. Неговата сопруга, Мина Наумовиќ, се породи на 24-ти јануари и роди здраво девојче, а добрата вест ги израдува семејството и пријателите на водителската двојка. Гордите родители одлучија да ја крстат својата наследничка Лола, име кое носи силна симболика и посебно значење. Огнен стана татко на уште една ќерка, што, како што претходно нагласи јавно, беше и негова голема желба. Породувањето ...
Недоразбирање околу паркинг простор било повод за физичка пресметка на гробиштата во Горче Петров. Според пријавата на СВР Скопје, конфликтот се случил околу 12:00 часот вчера и во него учествувале Ј.Ф.С. (38) и Д.С. (33), двајцата од Скопје. За време на инцидентот, Ј.Ф.С. употребила дрвен предмет, додека Д.С. физички ја нападнал мајката на Ј.Ф.С., С.Ф. (60). Полицијата го документира случајот, а по завршувањето на истрагата ќе следува ...
На 24.01.2026 во 18:40 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Д.С.(73) од Крива Паланка. Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи на подрачјето на Гази Баба во Скопје. Увид извршиле полициски службеници од СВР Скопје и за настанот бил известен трудов инспектор. На 24.01.2026 во 18:40 часот во СВР Скопје, од Комплекс ...
„Премиерот Христијан Мицкоски се најде на врвот на листата на политичари од земји членки на НАТО со најскапи часовници“, велат од СДСМ. „Тоа што се најде на листата на државници со НАТО членки е благодарение на сериозната државничка политика на СДСМ, која се грижеше за интересите на Македонија, а не за лични интереси и купување скапи часовници. Да се прашуваше Мицко тогаш, денес ќе бевме руска провинција или кинеска колонија а не НАТО членка. ...