Скопје
13ᴼ /
13ᴼ
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчеравечер во 22 часот и 5 минути регистрира земјотрес со епицентар на територијата на Република Косово, на околу 45 километри северозападно од Скопје. Според официјалните податоци, земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда од ML4.6. Според досегашните информации со кои располага ...
Врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот Аптамил, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со ...
Тамара Тодевска вели дека никогаш не ја прекинала врската со архитектот Лука Радовиќ, откако по заедничките слики кои ги избриша од нејзиниот инстаграм-профил многу медиуми објавија дека не се веќе заедно. Поп-пејачката објави заедничка слика на нејзиниот инстаграм-профил со која му честита роденден на Лука со порака: „Те бирам тебе. Денес, утре и засекогаш. Среќен роденден љубави“. Тодевска кусо изјави дека таа и нејзиниот партнер никогаш ...
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. На 21.01.2026 пред адвокатска канцеларија во Кичево, тој со ловечка пушка се заканувал на вработена во канцеларијата. По преземени мерки, тој бил пронајден и лишен од слобода. ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Б.(47) од кичевското село Туин ...
Луѓето кои со години редовно консумирале кафе или чај со кофеин имаат значително помал ризик од развој на деменција, покажува анализа на здравствените податоци на повеќе од 130.000 лица, објавена од „Гардијан“. Истражувањето опфатило период до 40 години и укажува на 15 до 20 проценти понизок ризик кај оние кои пиеле две до три шолји кафе или една до две шолји чај дневно. Според научниците, лицата што пиеле кафе со кофеин покажале и побавен ...
Република Северна Македонија и годинава бележи 40 поени на Индексот за перцепција на корупцијата, што значи дека нема суштински напредок во борбата против корупцијата, туку има константа како почетна точка од која работите треба да тргнат на подобро, велат од Транспаренси интернешнл. „Формално сме позиционирани четири места подобро на ранг-листата од минатата година 84 позиција. Ова подобрување покажува дека минатата година во борбата против ...
На 10.02.2026 околу 02:45 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во куќа на подрачје на Бит Пазар во Скопје, откако пристигналa екипа од лекар, медицинска сестра и возач по претходно барање за укажување на лекарска помош на женско лице, а кај кое констатирале смрт, сопругот на почината Е.Б.(40) и братот Б.Н.(39), двајцата од Скопје, им упатиле закани. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни ...
Блокадите и протестите ќе продолжат сѐ додека не се исполнат работничките барања за зголемување на минималната и на сите други плати, со што би се овозможило барем донекаде да имаат пристоен живот, најавија денес присутните пред Собранието. По 21 работник, распоредени на двата приода кон законодавниот дом утрово се обидоа да им го пресечат патот на пратениците кои со возила доаѓаат на работа. Целта им е да им се оневозможи, барем денес, да ...
Фатмир Битиќи од СДСМ, вели дека ПР-от на владата не одговара со реалноста, бидејќи се внесуваат селективни споредби. „Garbage in, garbage out (GIGO) – кога во економската дебата се внесуваат селективни споредби, самопофалби и бројки без контекст, на излез добиваме лажна „четврта економија во Европа“. А во однос на она што граѓаните го чувствуваат, Македонија е 82-ра по квалитет на живот. Ова е разликата меѓу ПР приказната на Владата и ...
Извршниот директор на Тесла, Елон Маск, предупреди за експлозија на јавниот долг на САД, велејќи дека финансискиот колапс на Соединетите Американски Држави е неизбежен ако вештачката интелигенција и роботиката не ја трансформираат економијата и не го ублажат товарот на долгот, објави Форбс. Во долго интервју со подкастерот Дваркеш Пател, во кое учествуваше и ко-основачот и претседател на Страјп, Џон Колисон, Маск беше прашан зошто се залага ...
Додека над 200 илјади работници едвај врзуваат крај со крај со плати под 30.000 денари, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата на Мицкоски планира купување нов авион, велат од СДСМ. За зголемување на минималната плата и за поддршка на приватните компании се потребни околу 200 милиони евра. Пари во буџетот има само владата треба да се откаже од луксузот и парите да ги пренамени за работниците. Со ...
Полковникот на МВР Милан Миловиќ, кој веќе 30 години обезбедува високи функционери, зборуваше за случајот со киднапирањето на пејачот Даниел Кајмакоски и нагласи дека верува оти станува збор за непланиран и брзоплет криминален чин. Тоа е буквално ситуациско киднапирање. Тие двајца непотврдени странски државјани знаеле дека тој пее таму, дека настапува, очекувале дека има пари со себе или дека може да се јави некому, дека во рок од половина ...
ИО на СДСМ го поддржа предлогот на Венко Филипче, Андреј Жерновски да стане нов секретар за меѓународна соработка на партијата. Предлогот сега треба да биде потврден и на ЦО на СДСМ. Жерновски доаѓа на позицијата која претходно ја вршеше Бојан Маричиќ, а која остана празна откако Венко Филипче ја презеде партијата. Тој е член на ИО на СДСМ и остана во раководството и по колективната оставка на партиското раководство, која беше поднесена по ...
Поранешната министерка за животна средина, Каја Шукова, е новата претседателка на Форумот на жени на СДСМ. Одлуката беше донесена на денешната седница на Извршниот одбор на партијата. Како што информираат од СДСМ, изборот на Шукова доаѓа по директен предлог на претседателот на партијата, д-р Венко Филипче. „На денешната седница на Извршниот одбор на СДСМ, на предлог на претседателот д-р Венко Филипче, за нова претседателка на Форумот на жени ...
Штипјанецот Стојанче Зарков доби казна доживотен затвор затоа што во август минатата година, во алкохолизирана состојба, ја уби својата 84-годишна мајка. Зарков на судењето тврдеше дека не се сеќава дека ја убил мајка си. Рече дека тој ден ги извршувал секојдневните обврски. Потоа рече дека бил во другата соба кога неговата мајка почнала да вика. Влегол кај неа и видел дека од вратот и тече крв. Повикал брза помош, а потоа дошле полиција и ...
Во Санџак, видео од надзорна камера прикажува инцидент во обложувалница, каде жена физички го нападнала својот сопруг додека тој уплаќал тикет. На снимката се гледа како жената го удира мажот, а други лица интервенираат за да го смируваат. Причините за нападот засега не се потврдени, а надлежните институции не излегоа со официјално соопштение. Снимката предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, со повици за одговорно однесување и ...
Во 1972 година е земен примерок од крв на трудница кој со години бил дилема за научниците. „Анализите направени на жената покажале дека во нејзините црвени крвни зрнца недостасува површински молекул кој во тоа време бил присутен кај сите познати крвни групи. Ваквата необична аномалија останала необјаснета повеќе од половина век, информира порталот Нова. Оваа аномалија, ги поттикнала истражувачите од Велика Британија и Израел да откријат нов ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос“. Пријавениот С.М. во својство на сопственик и управител во правниот субјект, свесно не се придржувал кон одредбите од Законот за засновање на работен однос и во правното лице, уредно не го пријавил и не извршил работничко осигурување на сега ...
По цели 18 години откако излезе песната „Опасно“, испеана од Елвир Мекиќ и Маја Саздановска, конечно доби спот. Музиката е на Јован Јованов, а текстот го напиша Мекиќ. „Идејата за конечно да снимиме спот за песната што ја испеавме пред скоро две децении беше на Иван Јованов-Iwayo, и со Маја веднаш се сложивме. Но, бидејќи сакавме да ги вклучиме и фановите, решивме во спотот да учествуваат и тие и да ни испраќаат свои видеа како ја пеат ...
Ова значи класични студии и филозофија, првите катедри и темелот на кој е изграден УКИМ пред сто и нешто години – со закон ќе се укинат. Како да е пазар, фирмите не носат приход – укини ги (со закон). Универзитет без филозофија и класика и физика и математика (и тие се со по 2-3) не е универзитет. Националниот, државниот универзитет се укинува како традиција и историја. Последниот чекан на ковчегот. Нема национална телевизија туку евтини ...
Во вторник, 10 февруари 2026, Собрание на Република Северна Македонија треба да биде првата станица на синдикалната ескалација: Сојузот на синдикати на Македонија најави протест со блокада пред законодавниот дом во Скопје, со почеток во 9 часот, како притисок за прифаќање на барањата за повисок минималец и линеарно зголемување на останатите плати. Во срцето на спорот стои конкретна математика што различно ја читаат синдикатите, работодавачите ...
Авионот на авиокомпанијата Wizz Air кој вчера утрово полета од Скопје кон Париз (аеродром Бове) прогласил вонредна состојба и итно слета на аеродромот Шарлоа во близина на Брисел, откако на еден од патниците му се слошило за време на летот. Како што раскажуваат патници. Патникот се пожалил на проблеми со срцето додека авионот се наоѓал во воздушниот простор над Луксембург, на околу половина час пред предвиденото слетување. Пилотите побарале ...
Независниот синдикат на професионални војници, реагира поради појавата на шуга кај новопримените професионални војници во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, обвинувајќи за катастрофални услови за живот и работа во касарните низ државата. Оттука посочија дека случајот во Велес е само еден од ретките кои добиле медиумска покриеност, иако слични инциденти се случувале и порано, но останувале тајни. „Професионалните војници имаат ...
Јавната дебата за минимална плата од 600 евра, според директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клекоски, оди со погрешни споредби, особено кога се споредуваат нето и бруто износи, како и кога се игнорира паритетот на куповна моќ (ПКМ). Тој посочува дека Еуростат користи бруто плати, а не нето, токму за да се елиминираат разликите во националните даночни и социјални системи. Како пример ја наведува Црна Гора, која во нето износ ...
Во текот на вчерашниот ден на булеварот Октомвриска Револуција во Куманово, автомобил „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки удрил во седумгодишно девојче од Куманово. Како што соопшти МВР, возилото го управувала 23-годишната С.В. од Куманово. Во несреќата девојчето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Во текот на вчерашниот ден на булеварот Октомвриска ...
Кривична пријава за злоупотреба на службена положба поради примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание – за пари овозможувале граѓаните побрзо да извадат пасош, лична карта и возачка дозвола. Како што информираат од МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција– Специјализирано одделение за ...
Од ТППЕ Охрид информираа дека денеска интервенирале по разорна експлозија во куќа во охридското село Велгошти. Велат дека експлозијата била предизвиката од зголемена концентрација на плин. „Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови ( плин ) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е и 1 жена која е ...
Само неколку дена откако српската пејачка Милица Тодоровиќ се породи и на свет го донесе синот Богдан, јавноста ја вознемири исповед на жена која тврди дека е законска сопруга на таткото на нејзиното дете. Тодоровиќ досега не сакаше јавно да открие кој е таткото на бебето, а мистеријата дополнително се продлабочи откако во медиумите се појавија снимки од прославата по повод раѓањето. Според наводите што кружат во јавноста, станува збор за маж ...
Малигните заболувања продолжуваат да претставуваат сериозна јавноздравствена загриженост во Македонија, останувајќи втора најчеста причина за смрт, веднаш по болестите на циркулаторниот систем. Ова го покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје и Државниот завод за статистика, објавени на 4 февруари по повод Светскиот ден на борба против рак. Во 2024 година, стапката на смртност од малигни неоплазми достигнала 217 случаи на ...
Актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ, една од главните ѕвезди на филмот „Свадба“, откри во видео објавено на Инстаграм дека тој и некои од неговите колеги од Србија кои глумат во споменатиот филм се на „црната листа“ во нивната земја. Поради ова, како што изјави, тие не можеле да работат во Србија во последните неколку години, па затоа го снимиле филмот што „целиот регион ќе го обожава“ во Хрватска. „Знаете каков беше предизвикот? Фактот дека ...