8.08. 2024 Реномираните македонски уметници, виолинистот Климент Тодоровски и пијанистката Марија Вршкова вечерва ќе имаат концерт во рамки на музичката програма на „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. Климент Тодороски е роден 1984 година во Охрид. Музичкото образование го започнува во Охрид и Битола, а го продолжува на националниот музички конзерваториум во ...

Општината Македонски Брод и Сојузот за младинска работа, во среда напладне, на 14 август 2024 година, свечено ќе го отворат Младинскиот Центар во Македонски Брод, кое ќе биде културно собиралиште на младите од овој крај. -Со ова заедно со младите да го одбележиме Светскиот ден на младите, кој се слави на 12-ти август, се вели во поканата која ја упатуваат за свеченото отворање. Во рамките на свеченото отворање ќе се одржи и работилница со млади. ...

На 10 август 2024 година (сабота), во градината на кафулето „P_inn“ во Старата скопска чаршија, со почеток во 21 часот ќе се реализира промотивен музички настан по повод пет години активно делување на лејблот за електронска музика ПМГ Танц Дигитал (PMG Tanz Digital). „PMG Tanz Digital“ се јавува како одговор на потребите за регистрирање, издавање и промоција на новиот автентичен и квалитетен израз на македонските електронски музички автори. ...

8.08. 2024 Реномираните македонски уметници, виолинистот Климент Тодоровски и пијанистката Марија Вршкова вечерва ќе имаат концерт во рамки на музичката програма на „Охридско лето“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. Климент Тодороски е роден 1984 година во Охрид. Музичкото образование го започнува во Охрид и Битола, а го продолжува на националниот музички конзерваториум во ...

Повик за мир во Светот на 6 август 2024 година упати Цветиновиот комитет за мир, во Скопје, каде беше промовирана Декларацијата за мир и против сите војни и употреба на нуклеарно оружје. На самиот настан, одржан пред спомен куќата на Мајка Тереза, со Цветинова награда за мир беше наградена големата поетска дива од Скопје, која твори и интерпретира на повеќе јазици, Лидија Лучко Јеремиќ. Наградата е едногласно предложена и усвоена од страна на ...

Следниот значаен музички проект кој оваа лето во рамките на БИТ ФЕСТ 2024 со поддршка на Општина Битола, ќе се случува на платото пред Офицерскиот дом, а во организација на КИЦ Битола. „BALKAN NUEVO“со Горан Бојчевски и Матија Дедич. во придружба со Јака Крушич на контрабас и Грегор Хроват на тапани. Петок на 09.08.2024, со почеток во 21 часот Љубителите на класичната музика, ќе имаат ретка можност да бидат дел од настапот на врвниот светски ...

7.08.2024 “Љубовта живее во мир”, е новата поетска творба на поетесата и интерпретаторка Анита Бошкова, која денес беше промовирана во рамките на нејзиното потпишување на Цветиновата декларацијата за мир. Пред спомен собата Мајка Тереза беше прочитана оваа мирољубива поема, која е и додаток на Декларацијата (усвоена вчера од страна на Цветиновиот комитет за мир, на кој е Бошкова е и членка). Воедно, од страна на иницијаторот на Декларацијата и ...

Традиционалната Романска вечер на фестивалот „Охридско лето“ вечерва 1.08.2024 година од 21 часот во црквата „Света Софија“ ќе донесе концерт „Од Букурешт до Мадрид“ со виолинистката Ирина Мурезану и пијанистот Даниел дел Пино. Романската виолинистка Ирина Мурезану и шпанскиот пијанист Даниел Дел Пино го претставуваат возбудливото музичко патување „Од Букурешт до Мадрид“инспирирано од нивното лично културно наследство. Како што кажува насловoт, ...

Утре, напладне, 8.08.2024 година, во НУ Библиотека „Григор Прличев“ ќе биде промовирано најновото поетско дело на Оливера Јовановска „Секојдневниот ореол“. Промотор ќе биде проф. д-р Виолета Ачкоска. Стихови ќе читаат Софија Милеска и Христијан Јовановски. Оливера Јовановска е родена на 21 јули 1970 година во Битола, Македонија. Таа е македонска и австралиска поетеса која во далечната 1986 година се пресели да живее во Австралија. Таму се ...

6.08.2024 “Декларацијата за мир во Светот, против војните и употребата на нуклеарно оружје” денес, 6 август 2024 година, пред спомен куќата на Нобеловата за мир Мајка Тереза, беше објавена од страна на големиот македонски уметник и хуманист, повеќекратен и годинешен македонски кандидат за Нобеловата награда за мир, Живко Поповски Цветин, и Цветиновиот комитет за мир. По повод потсетувањето на 79 годишнината од употребата на нуклеарно оружје во ...

6.08.2024 “Декларацијата за мир во Светот, против војните и употребата на нуклеарно оружје” денес, 6 август 2024 година, пред спомен куќата на Нобеловата за мир Мајка Тереза, беше објавена од страна на големиот македонски уметник и хуманист, повеќекратен и годинешен македонски кандидат за Нобеловата награда за мир, Живко Поповски Цветин, и Цветиновиот комитет за мир. По повод потсетувањето на 79 годишнината од употребата на нуклеарно оружје во ...

Групата “Фолтин” тргнува на мини- турнеја низ земјава. Концертот во Струга ќе се одржи на 8 август, во рамките на осмото издание на Дрим Шорт, Фестивал на краток филм. (Дом на култура, Летна сцена. Влезници во Kingston bar). Во Битола најавен е концерт на 16 август. Настанот ќе го отворат младите битолски бендови “Tzar von time” “Siotto jazz” и “Corrosion” а Специјални гости ќе бидат Суперхикс (Ракометно игралиште. Влезници во Aries Travel, ...

„Охридско лето“ на 4 август 2024 година одбележа 64 години со концерт на салса оркестарот „Меркадонегро“. По повод роденденскиот концерт, директорката на оваа национална установа, Наташа Поповиќ истакна дека „Охридско лето“ е уникатен македонски подиум на кој се вкрстуваат уметничките креации од целиот свет, а на фестивалската сцена, како што потсети, секоја година сеобединуваат различните култури оставајќи неизбришлива трага за идните ...

Стихозбирките “Малечката Ана” и “Две сонца” од поетесата Благица Велковска ќе бидат промовирани утре, 6 август, со почеток во 18,00 часот, во НУ Центар за култура Крива Паланка. Промоторки на стихозбирките ќе бидат Оливера Станковска и Марица Митева Станковска. Поетесата Велковска досега има објавено 7 стихозбирки и уште неколку се во подготовка. “Малечката Ана” и “Две сонца” , пак, се посветени на внуката и на ќерките на Велковска. Промоцијата ...

29.07.2024 Музичката програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва продолжува со концертот на „Квинето Адриатико“ што ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. Ансамблот „Квинтето Адриатико“ е нов проект на италијанскиот пијанист Федерико Ловато, хрватската виолончелистка Латица Аниќ и Хрватско- македонскиот контрабасист и долгогодишен соработник на фестивалот „Охридско лето“, Илин -Диме Димовски. ...

30 јули 2024 Камерниот оркестар на Музичката Младина на Македонија „Саша Николовски- Ѓумар“ вечерва ќе одржи целовечерен концерт во рамките на репертоарот на класична музика на 64. „Охридско лето“. Диригентската палка му е доверена на Иван Еминовиќ, а солисти на вечерта ќе бидат виолинистот Симеон Гошев и виолончелистот Енис Аји. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. Камерниот оркестар на ...

2.08.2024 Празничната вечер на фестивалот „Охридско лето“ ќе донесе авторски концерт посветен на 65 години од раѓањето на македонскиот композитор Гоце Коларовски со наслов „ Вечерен ѕвон“. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во стандардниот фестивалски термин од 21 часот. Викторија Коларовска- Гмирја, музиколог, пијанистките Марија Вршкова и Марија Ѓошевска, виолинистот Владимир Костов, флејтистот Страшо Темков, сопранот Гонца ...

2.08.2024 Возбудливо музичко патување во светот на класичната музика приреди вчеравечер фестивалот „Охридско лето“ преку концертот на една од најбараните светски виолинистки Ирина Мурезану од Романија која настапи заедно со шпанскиот пијанист Даниел Дел Пино. Нејзината возбудлива, искрена и елегантна изведба на класичниот репертоар, вчеравечер ја воодушеви фестивалската публика на подиумот во црквата „Света Софија“. Двајцата исклучително добри ...

На 5 Август на платото пред Офицерскиот дом- КИЦ Битола, 21.00 часот. Оливер Јосифовски и Исмаил Лумановски , ги покануваат нивните долгогодишни пријатели и музички соработници, во еден несекојдневен музички проект насловен како „Colors of Macedonia“. Музика создадена специјално за оваа музичка приказна, која што ќе одѕвони на 5 Август во Битола, пред платото на Офицерскиот дом. Музичарите како Алек Секуловски, иноватор, професор и специјалист ...

Од 8 до 11 август во Струга ќе се одржи осмото издание на фестивалот на краток филм „Drim Short“. Фестивалската програма и оваа година ќе биде распределена во четири фестивалски денови, со филмови во натпреварувачки категории и тоа регионална, меѓународна, студентска и специјална програма „Соочување со минатото“. Покрај натпреварувачките програми фестивалот ќе содржи VR и специјални филмски програми. Неизбежен дел од целиот фестивал повторно ќе ...

Од 03.08.2024 до 07.08.2024 година во Битола ќе се одржи 13. издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“. Оваа година под мотото „Раскажи ми приказна без зборови“ фестивалот ќе се одржи на сцените на НУ. Центар за култура Битола, а дел од настанате надвор од натпреварувачката конкуренција, ќе се одржат на сцената на НУ. Народен театар Битола. ИДТФ Битолино е во организација на „Бабец театар“, а оваа година фестивалот ...

Браќа земљаци и мили комшии! Ние, вашите вечни комшии, пријатели и познајници от хубавото Крушево и от неговите китни села, без разлика на вера, народност, пол и убежденија, неможејќи веќе да трпиме тиранијата на жедните за крф и гладните за чоечко месо муртати шчо гледаат и нас и вас да дотерат до нош, и нас и вас да дотераат до питачки стап и нашата мила и богата земја Македонија да заприлегат на пуста пустиња, денеска дигнафне глава и решифне ...

Посетата на македонскиот клуб во Малме КСД Македонија, за нас беше убава можност да се сретнеме со пријатни и искрени родољуби и да дознаеме нешто повеќе за начинот на кој функционира овој истакнат и грижлив национален клуб. Во текот на своето долгодецениско успешно постоење, последниве години ги забележува и залагањата и успесите на актуелниот претседател Злате Кршоски, кој нѐ пречека љубезно, и ни раскажа во кратки црти како овој клуб ја брани ...

Посетата на македонскиот клуб во Малме КСД Македонија, за нас беше убава можност да се сретнеме со пријатни и искрени родољуби и да дознаеме нешто повеќе за начинот на кој функционира овој истакнат и грижлив национален клуб. Во текот на своето долгодецениско успешно постоење, последниве години ги забележува и залагањата и успесите на актуелниот претседател Злате Кршоски, кој нѐ пречека љубезно, и ни раскажа во кратки црти како овој клуб ја брани ...

2.08.2024 Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, вчеравечер се обрати на отворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, во херојскиот град кој е израз на македонскиот непокор и ризница на македонската култура и традиција. Пред големиот аудиториум, во духот на идејата за слобода на својата држава на хероите од Илинденското востание и од Народноослободителната борба, министерот Љутков рече: „ Денеска, во пресрет на ...

Со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски – Ѓумар” свечено се затвори јубилејното 45. „Скопско лето”, кое почна на 21 јуни со концерт на Звјездан Ружиќ во Куршумли ан. Диригент: Иван Еминовиќ Солисти: Симеон Гошев- виолина Енис Аљи- виолончело Во Сули ан со концерт на Камерниот оркестар на Музичка младина на Македонија „Саша Николовски- Ѓумар“ под диригентската палка на Иван Еминовиќ синоќа, 31 јули 2024 ...

1.08.2024 На третата фестивалска вечер од мултимедијалниот фестивал “Гига Фест 2024”,која се одржа на платото пред Градскиот музеј во Крива Паланка, беше проектиран долгометражниот музички документарен филм “The Hip- Brainstorm” во режија на Јане Алтипармаков. Станува збор за документаристичко ремек-дело, задолжителна филмска лектира за љубителите на музиката и филмот. Автор на оригиналната идеја на „The Hip- Brainstorm“ е Љубиша Петрушевски, ...

Јули, 2024 година Комисијата на Здружението на ликовните критичари АИКА Македонија во состав д-р Мелентие Пандиловски (историчар на уметноста и куратор), Маја Чанкуловска (историчарка на уметноста и кураторка), и м-р Јованка Попова (историчарка на уметноста и кураторка), по разгледувањето на доставени предлози донесе одлука наградата да му ја додели на м-р Илија Прокопиев за неговиот предлог истражувачки проект „Раскинување со уметноста (каква ...

Во уметничката галерија на Градскиот музеј од Крива Паланка, на 27 јули, сабота, со почеток во 20,00 часот, ќе се одржи мултимедијлниот настан „Уметност и музика“, кој ги обединува различните изрази на ликовната уметност и музиката. Настанот опфаќа изложба на дела од млади уметници создадени на уметничките работилници за графика, сликарство и скулптура, реализирани под менторство на академските автори и творци Нела Јанковска, Анета Стојчевска, ...

Јубилејното 15-то издание на „МакеДокс“ ќе се одржи од 15 до 22 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје. „МакеДокс“ на главната прес-конференција, ќе ја објави комплетната програма и сите фестивалски активности на јубилејното 15-то издание на „МакеДокс“, која ќе се одржи на 8 август (четврток) 2024 година. На прес-конференцијата ќе се обратат: – Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот – Петрула ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
6.69
54%
1020

Белград

9ᴼ/8ᴼ
4.63
78%
1021

Софија

9ᴼ/8ᴼ
7.72
65%
1019

Сараево

13ᴼ/13ᴼ
7.77
42%
1016

Љубљана

7ᴼ/6ᴼ
1.03
93%
1022

Атина

21ᴼ/18ᴼ
2.57
55%
1014

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
1.54
82%
1018

Подгорица

12ᴼ/8ᴼ
3.09
67%
1019
Currency

61.5331

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.8111

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.5846

Currency

0.38724

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $