Скопје, 14.3.2023 Медиумите имаат релативно низок капацитет да го препознаат фемицидот, како најтешка форма на родово-базирано насилство, односно дека тоа е убиство на жена само затоа тоа што е жена и каде што постои намера да се изврши убиството. Ова го покажува анализата на родово- базирани содржини „ Фемицидот во македонските медиуми“, што ја изработи Институтот за комуникациски студии. Анализата покажува како медиумското известување за ...

14 март 2023, Скопје Триатлон клубот „Триоги Рејсинг“ го најавува третиот триатлон натпревар Stopanska Triogy Triathlon 2023 што ќе се одржи на 14 мај 2023 година во Скопје, во техничка организација на Триатлон федерацијата на Северна Македонија. Главниот град повторно ќе биде место каде што ќе се слави триатлонот – спорт кој е брзорастечки во светот, а и кај нас добива сè поголемо внимание. Оваа година очекуваме преку 250 натпреварувачи, а ...

Акцелераторот УКИМ на 13 март 2023 година во просториите на Центарот за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ, ги претстави резултатите од работењето во изминативе четири години и ги презентира новите три инвестиции во стартап компании пред повеќе од 100 гости од академската заедница, приватниот сектор и инвеститори. Акцелераторот УКИМ е основан во 2018 година од страна на Универзитетот Св. Кирил и Методиј– Скопје, и уште три содружници со ...

Долгометражниот документарен филм со работен наслов “Железен човек”(Ironman), во продукција на ОПИУМ ФИЛМ од режисерите Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов успешно беше претставен на пичинг форумот, дел од 25.Интернационален Фестивал за документарни филмови во Солун (25.Thessaloniki International Documentary Film Festival), којшто се одржа од 2-12.03.2023 година. По интензивната програма на која беа претставени 14 проекти од 21 земја од целиот ...

Познатиот музичар, композитор, аранжер и хармоникаш, маестро Кирил Аслимовски, пријатно ја изненади својата публика со нешто најново и оригинално од неговиот композиторски опус. Имено, тој промовираше ново македонско музичко иструментално дело, заедно со видеоспот, насловено како “Свети Наумско оро”. Музиката и аранжманот се негови, снимање, миксање и мастеринг е направено во неговото професионално “ACCORDION+ Studio” во кое од неодамна работи. ...

Најновата балетска продукција од Националната опера и балет, современиот балет во 3 слики „Пепелашка“ од Сергеј Прокофјев, современа бајка за сите возрасти на сцената на Националната опера и балет ќе се изведе на 18 март 2023 (сабота) со почеток во 12 часот. Приказната за „Пепелашка“ во модерна верзија, преточена во прекрасната музика на големиот руски композитор Сергеј Прокофјев, а во кореографија на гостинот од Србија, Александар Илиќ ...

Улична уметност е уметноста која се создава на јавно место- на улици, во трговски центри, и претставува уметнички изблик, по сопствено слободно сценарио или програма. Во современите земји е многу ценета, а тоа е матрица која веќе сосема успешно се пресликува кај нас, благодарение на младите креативци кои ја изведуваат со дигнитет. Тие, во од, нѝ држат доста лекции. Една од тие е музиката изведена на улица, која привлекува внимание. Ќе се ...

Општина Центар и Францускиот институт во Скопје организираат омаж на великанот Ацо Шопов по повод стогодишнината од неговот раѓање. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и Амбасадорот на Република Франција во Република Северна Македонија, Н.Е. Сирил Бомгартнер, свечено ќе ја отворат манифестацијата „100 години Ацо Шопов” на која свое обраќање ќе имаат истакнати македонски поети, професори и членови на семејството на Ацо Шопов. ...

Под мотото „11 март 1943– Никогаш повеќе“ синоќа во Националната опера и балет се одржи комеморативен концерт на кој се обратија премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката на Израел, Симона Франкел, претседателот на Еврејската заедница во земјава Пепо Леви и претседавачот на Американскиот Еврејски Конгрес, рабин Ендру Бејкер. Со ова беше одбележана 80-годишнината од Холокаустот на македонските Евреи, што под покровителство на Владата, а ...

“Роденденски подарок од 31 македонски уметници за Венеција. Групна изложба организирана на приватна основа за првпат во последниве 20 години, од Љупка Делева, со цел да ја промовира соработката меѓу Македонија и Италија”, оваа информација ја објави македонската новинарка Оливера Јовановска, која повеќе години живее во Италија. Идејата ќе се реализира со поддршка од Генералниот конзулат од Македонија, Амбасадата на Македонија во Рим и општината ...

13.03.2023 Членовите на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија, службеникот за млади од Општина Гевгелија, како и претставник од РЦОР- Гевгелија, на покана од Агенцијата за млади и спорт, учествуваа на регионалната средба во Струмица, давајќи предлози и забелешки по Нацрт- верзијата на новата Национална стратегија за млади 2023- 2027 година. Средбите се организираа во сите плански региони во државата, а во рамки на втората фаза за ...

13.03.2023 Во врска со објавениот повик на Општина Гевгелија и УНДП за финансирање на предлог-проекти во рамки на ReLOaD2- Програмата на Западен Балкан, познати се граѓанските организации кои ќе реализираат проекти до крајот на февруари, 2024 година, а од значење за граѓаните на општина Гевгелија. Имено, по евалуацијата на поднесените 9 проекти од граѓански организации, Комисијата донесе одлука финансиски да бидат поддржани 4 граѓански ...

13.03.2023 Во тек е уредувањето на тротоарите долж улицата „Железничка“ во Гевгелија. Изведбените работи покрај уредувањето со павер- елементи, опфаќаат и проширување на тротоарите. Имено, реконструкцијата се реализира по добиената дозвола за проширување на старите пешачки патеки од безбедносни причини- повеќе место за движење и рекреација на граѓаните. Исто така, на неколку места, тротоарите се уредуваат и хортикултурно, со нови дрвја долж ...

Иво Погорелиќ, музичарот од светски глас, ќе настапи во Македонска Филхармонија на 22 април 2023 година. Поради големиот интерес, организаторот информира и повикуваме публиката навремено да си набави влезници. Преостанатите влезници се достапни во Југотон ГТЦ, продажната мрежа на КупиКартиЗаСе, во сите „Литература.мк“ книжарници низ Македонија како и онлајн на: https://www.kupikartizase.com/Events/ivo_pogorelic_2023 ЗА ПРВПАТ ВО СКОПЈЕ ИВО ...

12.03.2023, Скопје – Со цел подигнување на свеста за насилството врз лекарите и здравствените работници и поттикнување на преземање на мерки за негово намалување Лекарската комора се придружува кон одбележување на 12 Март, Европски ден против насилството врз здравствените работници, кој годинава се одбележува во четврти пат. Светската здравствена организација известува дека до 38% од здравствените работници трпат физичко насилство во одреден ...

По повод големото отворање на меѓународната изложба „Првите кралеви на Европа“ на 31 март во Чикаго, Соединети Американски Држави, утре (11.3.2023 година) во Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Битола, со почеток во 12 часот, ќе се одржи прес-конференција. За турнејата на најголемата изложба на балканската предисторија во светот, која истовремено претставува најзначаен археолошки настан во САД посветен на овој регион, во ...

Со свечена церемонија, на 9.03.2923 година, во објектот Национална галерија- Чифте амам, беше отворена изложбата “Париски рефлексии 2” во соработка со Францускиот институт. На нејзиното отворање говореа директорката на установата Дита Старова Ќерими, амбасадорот на Франција во Република Македонија Сирил Бомгартнер и претседателот на државата Стево Пендаровски. Ќерими нагласи дека станува збор за селекција од 39 дела на автори кои се родени до ...

На 9 Март, во 12 часот 2023, во Чифте амам. Националната галерија во соработка со Францускиот институт во Скопје, во рамките на одбележување на Меѓународниот ден на Франкофонијата, со особено задоволство го најавува второто продолжение на изложбата под наслов „Париски рефлексии“. Изложбата која го носи предзнакот 2, ги претставува делата на втората генерација македонски уметници кои реализирале студиски престој, изложби или на извесен начин во ...

Општина Крушево ќе биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2023 година, одлучи комисијата по распишаниот конкурс на Министерството за култура. На конкурсот беа пријавени и општините Струга и Маврово- Ростуше. По извршената евалуација на пријавите, а во согласност со приоритетите, критериумите и мерилата наведени во конкурсот, стручната комисија составена од вработени во Министерството за култура оцени дека Општина Крушево ...

Во рамки на активностите опфатени во Програмата за работа на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија за 2023 година, деновиве беше одржана работилница за учениците во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија на тема: „Правата на жените низ историјата и денес“ по повод 8 Март. На работилницата, Памела Петровска, член на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија и Ангела Шаренкова, претседател на Локалното собрание на млади на Општина ...

Од далечната 1993 година, па сѐ до денеска, поетско- музичката манифестација „За тебе љубов моја“ го доживеа 21. роденден, чествувајќи ја жената пред 8 Март. Пред многубројната публика во салата на хотел-казиното „Аполонија“, во чест на жената беа рецитирани љубовни стихови и изведени музички нумери од неколку гевгеличани, кои со своето учество ја продолжија долгогодишната традиција за одржување на „За тебе љубов моја“, благодарение на ...

Изложбата „Пејзаж на вознемиреност (култура и уметност за идното коегзистирање со еколошките кризи и климатски промени)“ се однесува на климатските состојби и еколошки предизвици и ќе се отвори на 9 март, во 20 часот во Музејот на современата уметност – Скопје. Пејзажот на вознемиреност се однесува на промените во животната средина, кои генерираат ургентни состојби преку екстремните временски услови, губење на биодиверзитетот, девастираната ...

Промоција на „Џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов“, сликовница-боенка на Александар Илиевски и Мерсиха Исмајлоска. Со почеток во 11 часот, понеделник 13 март, во Кафе и бар „Шила“, ќе се одржи промоција на сликовницата- боенка „Џуџето Јоханухан Папатакапов Смирнов“ на Александар Илиевски и Мерсиха Исмајлоска. Сликовницата- боенка е издание на Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“, и е ...

Во Општина Штип, денеска се одржа комеморација во чест на 80 годишнината од холокаустот кога штипските Евреи биле однесени до скопскиот Монопол, и во логорите на смртта. На комеморацијата за злосторството кое никогаш не смее да се заборави, говореа, градоначалникот на Штип, Иван Јорданов, претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Настанот е организиран од Еврејската заедница во ...

Скопје 10 март: Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“ распишува конкурс за авторски илустрации на тема „Свет со љубов“. Сите заинтересирани илустратори може да се пријават со не помалку од 2, а не повеќе од 5 авторски дела – илустрации за деца. Конкурсот е отворен до 30 април. Од пристигнатите дела ќе бидат избрани петмина илустратори. Тие заедно со повеќе реномирани илустратори од регионот ќе учествуваат на ...

Концертниот живот во Македонија зеде еден прекрасен постпандемски процвет, и во рамките на сите тие фантастични концерти кои изминатиов период се одржаа во Скопје, високо место сигурно ќе земе и синоќешниот концерт (9.03.2023) со изведба на музика од музичкиот гениј Бетовен. Насловен беше „Бедем“ и на него како солистка настапи една од најперспективните виолинистки на светската музичка сцена – Леиа Зу (Кина/Англија). Диригентка е Ребека Тонг ...

На 7 март (вторник) 2023 во КИЦ на РСМ во Софија, со почеток од 18:00 часот, ќе се одржи отворањето на ликовната изложба „Реминисценции“, составена од сликарски дела на Марјан Ѕингаров, повеќегодишен соработник и пријател на КИЦ на РСМ во Софија. На изложбата авторот го претставува својот последен циклус од сликарски дела. Сликите се изработени на платно со комбинирана техника и употреба акрилни бои. Марјан Ѕингаров е роден 1976 г. во Струмица. ...

Оперската дива од Бугарија, сопранот Александрина Пендачанска, на 8 март 2023, одржа гала концерт во Националната опера и балет, заедно со свои гости -други оперски пејачи. Таа на публиката во салата и се заблагодари за топлиот прием и рече дека за неа беше голема чест што настапи во Скопје, од каде, рече, има потекло. Дивата заедно со гости- солисти, исполни оперски арии од големите мајстори на класиката- Бах, Моцарт, Бизе, Верди, Росини, ...

Битола се сеќава на жртвите на 80 годишнината од холокаустот на битолските Евреи Во Офицерскиот дом во Битола, денеска се одржа комеморација по повод одбележувањето на 80-годишнината од холокаустот на македонските Евреи. Во сеќавање на денот на депортацијата на Битола се сеќава на жртвите на 80 годишнината од холокаустот на битолските Евреи Во Офицерскиот дом во Битола, денеска се одржа комеморација по повод одбележувањето на 80-годишнината од ...

„Македоника литера“ неодамна ја публикуваше книгата „Клучните концепти во кинескиот традиционален спорт“ од авторите Ченг Хон, Сие Веи и Ванг Чен, која претставува запознавање на традиционалната кинеска физичка култура од аспект на филозофската и животната мудрост и култура на живеење. Оваа книга содржи 95 клучни концепти поделени во четири категории: филозофија на спортовите, здравјето и спортовите, забавата и спортовите, и натпреварувачките ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
6.69
70%
1015
weather icon

Загреб

8ᴼ / 6ᴼ
0.51
91%
1014
weather icon

Софија

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
71%
1015
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
3.86
90%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
90%
1015
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
2.68
66%
1006
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
67%
1007
weather icon

Подгорица

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
67%
1009
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
9.77
86%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
78%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
5.14
45%
1008
weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
76%
1011
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58842

Калај

40.48

Бакар

10.95

Никел

473339.37

Сребро

1878.05

Паладиум

46425.68

Алуминиум

2.91

Рутениум

29192.88

Злато

135056.24

Цинк

3.23

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42

Иридиум

145787.60