Актерот Бен Афлек, во придружба на шампионот од квизот „Ризик“ („Џепарди“), Џејми Динг, освои милион долари на квизот „Кој сака да биде милионер“, по што добивката ја донираше на хуманитарната организација „Истерн Конго инишатив“ (Eastern Congo Initiative). Организацијата, основана во 2010 година од Афлек, има за цел да им пружи помош на локалните заедници во Демократска Република Конго. Победата на Афлек доаѓа една година по триумфот на ...

Според проценките на шпанското Министерство за внатрешни работи, во последните 24 часа во Сеута по копнен и морски пат од Мароко влегле меѓу 40.000 и 49.000 мигранти, што претставува најголем миграциски бран кон енклавата од мај 2021 година, кога пристигнаа околу 10.000 лица. Со оглед на тоа што Сеута има околу 83.000 жители, бројот на новопристигнатите лица одговара на повеќе од половина од нејзиното вкупно население. Иако помали групи ...

Културниот едукативен центар „Лабораториум“, во рамките на летната фестивалска програма „Скопје вибрира“, на 31 јули и 1 август организира две филмски вечери под отворено небо, посветени на современата француска кинематографија. На 31 јули, со почеток во 21:00 часот, ќе биде прикажан филмот „En Corps / Повторно раѓање“, во режија на Седрик Клапиш – инспиративна приказна за млада балерина која, по сериозна повреда, повторно го пронаоѓа својот ...

Агенцијата за национална безбедност купи шест автомобили марка „шкода“ за 159 илјади евра со ДДВ, а во цената е вклучен и редовен сервис. Податоците од Бирото за јавни набавки покажуваат дека на јавниот оглас се јавил еден понудувач, „Јосифов ДООЕЛ увоз-извоз Битола“. Четири од купените возила за потребите на АНБ се од моделот „шкода октавиа“ 1.5 TSI MT6 со мануелен шестстепен менувач, а две возила се со автоматски менувач од моделот „шкода ...

Летото е време за одмор, патување и – за увид во градежните работи. Само во изминатиот месец, високи владини претставници посетија повеќе од десет локални градилишта за, како што се тврдеше во соопштенијата од нивните институции, да извршат увид во работите. Најактивни беа премиерот Христијан Мицкоски и неговиот заменик и министер за транспорт, Александар Николоски. Тука не станува збор за настани како удирање камен-темелник за нов објект ...

Полскиот државјанин Бартломјеј Влодзимјеж Краковјак денеска пред Судот на Босна и Херцеговина призна дека ги осквернавил статуите на Богородица и го запалил надворешниот олтар на црквата „Свети Јаков“ во Меѓугорје. По неговото признание, Обвинителството побара да му биде одреден притвор. Според неговата адвокатка Даниса Гачанин, Краковјак како мотив навел дека верува оти наводните укажувања на Богородица во Меѓугорје и тврдењата на видениците ...

Непознати сторители оштетиле повеќе надгробни споменици на селските гробишта во струшкото село Боровец, објави „Шило Магазин“ на социјалните мрежи. По информацијата се бара итна реакција од Министерството за внатрешни работи, со цел откривање на сторителите и нивно соодветно санкционирање. Од таму посочуваат дека ваквиот вандалски чин и сквернавењето на гробиштата се недозволиви и мора да бидат најостро осудени, а надлежните институции да ...

Уште еден случај на затруено дете во Куманово евидентира кумановската полиција. Вчера во 14:00 часот во СВР Куманово, од општа болница Куманово било пријавено дека кај нив било донесено двегодишно дете од Куманово кое било затруено со средство за разредување на боја. По укажана лекарска помош, детето било пренесено во комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.Лани ...

„Филипче и СДС со години ги криеле анализите за загадена вода, граѓаните не знаеле дека пијат небезбедна вода. Со години граѓаните биле изложени на ризик, додека Венко Филипче како министер за здравство и СДС располагале со информации за стотици случаи на неисправна вода за пиење, а јавноста не била информирана“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат „Приближно 400 испитувања на вода за пиење во кои биле утврдени различни ...

Хамас потврди дека е постигнат договор за втората фаза од примирјето со Израел, за разоружување на движењето и на другите милитантни групи во Појасот Газа. Членот на преговарачкиот тим на Хамас, Гази Хамад изјави дека се направени „отстапки за доброто на нашиот народ во Појасот Газа, за да го спасиме од смрт и раселување“. Тој додаде дека разоружувањето на Хамас е поврзано со повлекувањето на израелските сили од Појасот Газа. – Нема да ...

Марјан Здравковски, геоинформатичар во ИГЕА и магистер по технички науки од областа на геодезијата, во рамки на курсот „Python for AI“ креира детална аналитичка мрежа која го визуализира нивото на ризик од пожари на целата територија на државата за месеците јули, август и септември 2026. Неговиот професионален интерес е насочен кон изучување на современите технологии, како што се вештачката интелигенција и машинското учење, и нивната примена ...

Најмалку 18 лица загинаа во мигрантската криза на границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута, каде илјадници мигранти и натаму се обидуваат по морски пат да преминат на шпанска територија и покрај засилениот надзор на мароканските безбедносни сили. ; INSANE FOOTAGE: Thousands of migrants continue crossing from Morocco into Spain’s Ceuta enclave, as local officials reportedly urge Madrid to declare a national emergency. ...

Пожарите во Франција и Шпанија изложија милиони луѓе на штетен квалитет на воздухот во текот на изминатите неколку дена, изјавија научниците во вторник. Чадот од шумските пожари содржи мешавина од загадувачи што го намалуваат квалитетот на воздухот дури и на стотици километри оддалеченост. Научниците рекоа дека се особено загрижени за емисиите на честички PM2.5, кои се поврзани со кардиоваскуларни заболувања, рак на белите дробови и ...

Физичката кондиција на децата и адолесцентите во Европа е на најниско ниво во последните 60 години, а тоа ќе има сериозни последици по нивното здравје. Ново истражување, спроведено од научници од Универзитетот во Сарагоса, покажува дека младите луѓе не го достигнуваат потребното ниво на кондиција во однос на силата, флексибилноста и составот на телото, објави Јуроњуз. Резултатите се објавени во списанието Sports Medicine – Open и детално ги ...

Паметните очила од американската технолошка компанија Мета би можеле да бидат забранети во Германија бидејќи овозможуваат речиси незабележливо снимање на луѓе на јавно место, предупреди комесарот за заштита на податоци на Хамбург, Томас Фукс. Неговата канцеларија заклучи по тестирањето на уредот дека тајното снимање со такви очила ги крши правилата за заштита на лични податоци. Паметните очила на Мета изгледаат речиси неразлични од обичните ...

Финансискиот притисок им отежнува на Европејците да одат на еднонеделен одмор, при што речиси тројца од 10, или 27,5% од населението на ЕУ признаваат дека не можат да си го дозволат тоа, според најновите податоци објавени од Евростат. Во Грција, 46,6% изјавиле дека не се во можност да платат за еднонеделен одмор. Грција е на претпоследната позиција меѓу земјите од ЕУ и само над Романија, каде што 61,4% изјавиле дека не можат да си дозволат ...

Пожарите трет ден се уште се активни во неколку области во Грција, а пожарот во јужниот дел на Ретимно на Крит им предизвикува најголеми проблеми на пожарникарите. Екипите на терен се обидуваат да го локализираат главниот пожарен фронт во областа Агија Параскеви, додека нов пожар е регистриран во Аркадија. Пожарот на Парос повторно се активирал.Според информациите од Координативниот центар, гаснењето на пожарот во Ретимно е отежнато од ...

Царински службеници на влез на граничниот премин „Табановце“ спречија обид за нелегален пренос на готовина во износ од 64.250 евра, пронајдени при контрола на автомобил со германски регистарски таблички со кој патувал грчки државјанин. Девизите се запленети, а против лицето е поведена прекршочна постапка пред надлежен суд. Во конкретниот случај, на прашање на царинските службеници дали има нешто да пријави, лицето пријавило 60 илјади евра со ...

„Клековски најави дека до крајот на неделава се очекува водата во Гостивар да биде безбедна за пиење. Еве го крајот на неделата дојде. Сосема спротивно од неговите најави, Христијан Мицкоски изјави дека има „нови бактерии“ во водата. Секој си тера своја приказна а граѓаните се збунети и не знаат што да прават. Над 4.000 луѓе се отруени во Гостивар, а владата на Мицкоски никако да објави документ за водата во Гостивар“ соопштија денеска од ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека е постигнат договор за целосно разоружување на Хамас и другите милитантни групи во Појасот Газа. Договорот е дел од мировниот план во 20 точки што беше претставен минатата година. – Овој договор е клучен чекор кон тоа Газа конечно да биде управувана од нова палестинска влада, која ќе соработува со Мировниот комитет за да му помогне на палестинскиот народ, објави Трамп на сопствената социјална ...

Италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, изјави дека се залага за суспензија на Шпанија од шенгенскиот простор, по вчерашниот инцидент кога стотици мигранти илегално пристигнаа во шпанската енклава Сеута во Северна Африка. „Поддржувам затворање на шенгенскиот простор кон Шпанија“, напиша Тајани на платформата „Икс“ осудувајќи ја, како што наведе, „нерегуларната и неконтролирана миграција“. Мигранти вчера ја преплавија ...

Маж од Германија завршил со тешки повреди откако акумулаторот што го носел во ранецот ненадејно експлодирал додека возел велосипед, објави „Билд“. Во несреќата тешко бил повреден 45-годишниот маж, додека 9-годишно момче се здобило со полесни повреди. Двајцата возеле велосипеди по улица во градот Јуксен, во германската покраина Тирингија, кога акумулаторот без предупредување експлодирал во ранецот на мажот. По експлозијата, облеката на ...

Почина фудбалската легенда на Италија и Милан, Франко Барези (66 години) веста за смртта ја потврди и неговиот клуб Милан. Барези повеќе од една година имаше здравствени проблеми. Барези беше заштитен знак на Милан, откако целата кариера ја мина клубот за кој дебитираше во 1978 година и одигра 20 сезони. Мина и низ тешкиот период во клубот кога се наоѓаше во Серија Б. Но, беше и дел од големиот Милан од крајот 80-тите и почетокот на 90-тите ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, во своето гостување на МРТ се осврна на динамиката и процедуралните опструкции за време на седницата за пратенички прашања, како и на прашањата поврзани со употребата на албанскиот јазик во законодавниот дом. Гаши истакна дека координациите и честите паузи за време на седница за пратенички прашања не се вообичаена практика, посочувајќи дека процедуралните обраќања сè почесто се користи за политички ...

] Шпанија ќе распореди армиски сили за да воспостави ред на границата со Мароко во Сеута, откако илјадници мигранти влегоа во малата шпанска територија во северна Африка. Локалните власти во Сеута побараа од централната влада во Мадрид засилување за справување со граничната криза што се создаваше пред да ескалира денеска, кога толпи луѓе ја пробија граничната ограда. Шпанската влада вечерва објави дека ќе испрати вооружени сили за да ѝ ...

📣За ДПМНЕ, очигледно, негативен ревизорски извештај не е причина за политичка одговорност, туку препорака за унапредување. Додека Државниот завод за ревизија констатира сериозни финансиски и системски пропусти во работењето на Фондот за здравствено осигурување, поранешниот директор на Фондот, Сашо Клековски, денес е награден со раководење на едно од најважните институции, Министерството за здравство. ❗️Ревизијата покажува дека Фондот не ...

Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи денеска ги предупреди Кипар и Бугарија да не им дозволуваат на САД користење на нивните воени бази за евентуални напади врз Иран. Во телефонски разговор со кипарскиот министер за надворешни работи Константинос Комбос, шефот на иранската дипломатија нагласи дека треба да се спречат „непријателските сили“ да ги користат странските воени бази на Кипар за операции против Иран. Арагчи предупреди ...

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагираше за начинот на кој Судскиот совет, на денешната седница определи вршители на должноста претседател на Апелациониот суд Скопје и на Основниот суд Струга. Во реакцијата се наведува оти Советот директно ги прекршил одредбите од членот 89 од Законот за судовите, кои наложуваат дека за в.д. претседател мора да се избере судијата кој е оценет со највисока позитивна оцена и има добиено најголем број ...

Фудбалската федерација на Македонија го поддржува ставот на УЕФА околу котроверзниот план на ФИФА за продажба на дел од комерцијалните права за Светското првенство. – Едногласно и недвосмислено го отфрламе предлогот на ФИФА за пренесување на сопственички удели во Светското првенство и другите натпреварувања на ФИФА на приватни инвеститори. Светското првенство е наследство, а не инвестициски производ. Светското првенство не смее да се третира ...

weather icon

Скопје

34ᴼ / 34ᴼ
5.12
20%
1010
weather icon

Белград

37ᴼ / 36ᴼ
2.68
36%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
1.19
23%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.01
27%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
3.68
22%
1012
weather icon

Љубљана

38ᴼ / 37ᴼ
0.89
25%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
6.71
36%
1010
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.35
25%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.74
33%
1012
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 35ᴼ
4.92
30%
1013
weather icon

Будимпешта

40ᴼ / 39ᴼ
0.45
19%
1013
weather icon

Истанбул

31ᴼ / 29ᴼ
5.44
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Калај

56.46

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Бакар

13.51

Злато

136962.18

Родиум

274085.11

Цинк

0.00

Паладиум

43499.96

Платина

56135.20

Сребро

1994.05

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.25