Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Граѓани со СУП-даски во Охридското Езеро кај Лагадин, вчера направија блокада и пренасочуваа бродови, глисери и скутери, барајќи да се почитуваат правилата за пловидба и безбедноста на крајбрежјето, објави 24инфо. Акцијата ја организираше здружението „Стар Лагадин“, со поддршка од „Зелена народна стража“, а организаторите велат дека на ваков чекор се одлучиле поради, како што тврдат, недоволната реакција на надлежните институции. На протестот ...
Македонија цели 35 години страда во ерата на лагите, заблудите и катастрофалните порази што прераснаа во победи, кои помпезно се слават како голем јубилеј под геслото силно светнал ден во темнината Ерол Ризаов Една старогрчка поговорка гласи: продон псудос, преведено „таткото на големата лага“. Толкувањето означува кога ќе кажете јавно голема лага морате за тоа постојано да лажете. Тоа раѓа илјадници нови лаги кои дури и кога ќе се ...
Познатата македонска естрадна новинарка Билјана Крнческа од Прилеп објавува преписка со Роберт Саздов директор на фестивалот Макфест во Штип во врска со објава на пејачот Зоран Ванев кој остро го критикуваше Саздов за начинот на водење на музичкиоѕ настан. Крнческа тврди дека Саздов и се заканувал само затоа што ја објавила реакцијата од Ванев. ,,Роберт Саздов еднаш засекогаш потврди дека е далеку од професионален уметнички директор на ...
Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува пропишаните стандарди, покажуваат најновите лабораториски анализи на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Во периодот од 17 до 21 август, Секторот за санитарна контрола зел вкупно 206 примероци за физичко-хемиска и исто толку примероци за микробиолошка анализа. Примероците биле земени од 47 мерни места на територијата на градот Скопје. Според добиените резултати од испитувањата, сите ...
Демократската унија за интеграција преку соопштение бара одговори за случајот во МЕПСО, откако, како што велат од партијата, поминале речиси четири месеци од нивните први јавни обвинувања и барањето за одговорност од директорот Бурим Латифи. Од ДУИ посочуваат дека јавноста сè уште не добила целосни информации за одлуките поврзани со спорот што, според нив, може да има повеќемилионски финансиски последици за државното претпријатие. Според ...
Македонските превозници најавуваат протест поради проблемот со ограничувањето на престојот на професионалните возачи во Шенген-зоната на 90 дена во рамките на 180 дена. Од „Макам-транс“ информираат дека на состанокот одржан на 21 август е потврдена организацијата на двочасовен протест на 31 август. Протестот во Скопје ќе се одржи пред седиштето на Делегацијата на Европската Унија, во периодот од 12 до 14 часот, со учество на најмалку 20 ...
По седум дена непрекината борба и огромни напори на сите екипи ангажирани на терен, пожарот во Мариово е целосно изгаснат, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски. Проданоски упати благодарност до сите институции, пожарникари, војници, полицајци, доброволци, мештани и граѓани кои во изминатите денови беа директно вклучени во справувањето со огнената стихија. „Ова беше тешка и долга битка, во која на терен беа ангажирани ...
Конзервативната Влада на Нов Зеланд денеска ќе поднесе во Парламентот предлог-закон со кој се предвидува забрана за користење социјални мрежи за лица помлади од 16 години. Предлогот ќе ги обврзе платформите на социјалните мрежи да преземат разумни мерки за проверка на возраста на корисниците. Меѓу можните алатки се користење на веќе достапни податоци за корисничките сметки, технологија за препознавање лица и документи за дигитален ...
Најмалку 30 лица ноќеска загинаа во одрон на депонија во главниот град на Гвинеја, Конакри, кога како последица на обилните врнежи голема количина отпад се одронала и затрупала шатори и импровизирани објекти. Несреќата се случила околу 2 часот по полноќ во општината Гбесија. Во одронот шест лица се тешко повредени, а уште 16 се здобиле со полесни повреди. Спасувачките екипи со багери и друга опрема го расчистуваат теренот. Според очевидци, ...
Во изминатото деноноќие во земјава се регистрирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, 4 се под контрола, а 25 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општините Студеничани и Зелениково – кај селата Моране, Вртекица и Рамни Габер со кракот кон селата Палиград и Вражале во Општина Зелениково, во Општина Македонски Брод – кај месноста Видуш и селата Драгов Дол и Локвица, во ...
Вратата на фрижидерот често служи како најпрактично место за складирање на разни намирници. Сепак, температурата во тој дел од апаратот не е толку стабилна како на внатрешните полици, поради што некои намирници можат да ја изгубат својата свежина или да се расипат побрзо таму. Температурата во фрижидерот не е баш иста на сите места. Просторот до вратата е повеќе изложен на потопол воздух секој пат кога ќе ја отвориме, поради што ...
На филозофката, авторка и професорка Леа Ипи, која живее и работи во Велика Британија, вечерва, во 19 часот, ќе и биде врачена наградата „BookStar“ за 2026 година, за најактуелна книга во контекст на годинашното издание на овој меѓународен книжевен фестивал. Нејзиното гостување ќе го означи првиот официјален преднастан на годинашното издание на „BookStar“, посветен на темата „FREE AT LeAST?“ или „Чуму слобода?“. Ипи доаѓа во Скопје како ...
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска треба да почне предметот против поранешниот вицепремиер Артан Груби и седум други лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Основното јавно обвинителство Скопје, на 13 август годинава поднесе обвинителен предлог против Артан Груби и седум други лица, кои во текот на 2023 и 2024 заеднички презеле дејствија со кои ги пречекориле границите на своите посебни овластувања и должности, со намера да му ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ...
Сипаниците кај овците предизвикуваат големи материјални штети и ја загрозуваат егзистенцијата на десетици сточари во земјава. Од Здружението на сточари алармираат дека состојбата на терен е критична, додека реакцијата на надлежните институции ја оценуваат како задоцнета. Според претседателот на Здружението на сточари, Насер Џемаили, штетите веќе го зафатиле источниот дел од земјата, каде што повеќе од 100 сточари ги изгубиле своите цели ...
Голем шумски пожар попладнево избувнал во борова шума во атарот на селото Црник, Општина Пехчево, во близина на границата со Бугарија. Пожарот зафатил голема површина, а во гаснењето биле ангажирани локални пожарникари, вработени во шумските претпријатија и доброволци. Градоначалникот на Пехчево, Александар Китански, информира дека во моментот кога била добиена информацијата за пожарот, дел од расположливите сили од Пехчево и Берово веќе биле ...
Руските сили денеска нападнале воз што сообраќал кон украинскиот град Одеса со речиси 600 патници, меѓу кои и 15 деца, објави началникот на регионалната воена администрација на Одеса, Олег Кипер, на својот Телеграм канал. – Непријателот намерно нападна патнички воз. По првиот удар, кога спасувачките екипи почнаа да ги евакуираат патниците, имаше втор напад. За среќа, никој не беше повреден, рече Кипер, посочувајќи дека имало 593 патници. ...
„Ова е еден од најтешките денови оваа сезона на пожари на отворен простор. Имаме повеќе од 15 активни пожари во овој момент, околу 17 часот попладне. Два од нив загрозуваат и населени места, изјави попладнево директорот на ДЗС Стојанче Ангелов кој апелираше на поголема внимателност на гражаните, бидејќи, како што рече, доволна е искра за вистинска катастрофа. -Пожарот којшто изби во непосредна близина на село Баница и Водоча, односно веднаш ...
Додека пожарите и натаму беснеат на десетина локации низ Македонија и стотици пожарникари, припадници на Армијата, Дирекцијата за заштита и спасување и доброволци се борат со огнената стихија, сосема поинаква слика денеска, 23 август 2026 година, доаѓа од Преспанскиот регион. Наместо чад и пламен, Преспа попладнево ја зафати силно невреме проследено со пороен дожд, грмежи, силен ветер, а на одделни места и со појава на град. Во моментите ...
Македонскиот борач Фати Вејсели се пласира во финалето на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Тој обезбеди најмалку сребро откако попладнево во слободен стил категоријата до 74 килограми го победи Јасин Јесил од Турција со 5:3 во полуфиналната борба. Во финалето Вејсели ќе се соочи со Ислам Дудаев од Албанија. Борбата за златото е закажана за утре во 18:40 часот. Македонскиот борач Фати Вејсели се пласира во финалето на Медитеранските ...
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска изјави дека спроведувањето на меморандумот за разбирање постигнат со САД е најдобриот начин за излез од војната. – Меморандумот за разбирање е најдобар начин да се надмине ситуацијата „ниту војна, ниту мир“. Во него нема ниту една одредба што претставува капитулација, вели Пезешкијан во пишаната изјава што ја пренесе државната новинска агенција ИРНА. Сепак, нагласува иранскиот претседател, ...
Септемвриските пензии во Македонија се очекува да бидат повисоки за околу 3 отсто, според пресметките направени врз основа на најновите податоци на Државниот завод за статистика. Со објавувањето на просечната плата за јуни се познати двата параметри што се користат при законското усогласување – растот на просечната плата и растот на трошоците на живот. – – Просечната нето-плата во јуни достигнала 48.381 денар, што е раст од 6,4 отсто во ...
Русија го повлече амбасадорот во Велика Британија и ја обвини британската влада за влошувањето на билатералните односи, за кои тврди дека паднале на историски најниско ниво. Британскиот весник „Сандеј тајмс“ денеска објави дека Русија го отповикала својот амбасадор во Велика Британија, Андреј Келин, на 21 јули. Според весникот, руската дипломатска мисија оттогаш ја предводи вршител на должноста, а нов амбасадор сè уште не е назначен. ...
Уште еден земјотрес со магнитуда од 5,9 степени денеска ја потресе Јапонија. Епицентарот бил во морето покрај северниот јапонски остров Хокаидо, на длабочина од 46 километри, објави јапонската новинска агенција Кјодо. Засега нема информации за повредени и не е издадено предупредување за цунами. Рано изутрината утрово по јапонско време земјотрес со магнитуда од 5,9 степени го потресе источниот дел на Јапонија, вклучувајќи ја и областа на ...
До 18:00 часот попладнево регистрирани се вкупно 22 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, еден е под контрола, а 10 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Делчево – м.в. Бигла, борова шума; Општина Пехчево – с. Црвник, борова шума; Општина Куманово – с. Винце, ниска вегетација, при што се зафатени и куќи; Општина Струга – с. Делгожда кон с. Долно Татеши; Општина Прилеп – с. Бонче, ...
Украина и Финска потпишаа договор за производство на дронови и сoработка во одбранбената индустрија. Договорот е потпишан денеска во Киев на состанок на работната група за соработка, на кој присуствуваа украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговиот фински колега Александар Стаб, а во пресрет на утрешната прослава на Денот на независноста на Украина. – Нашите компании потпишаа документи во врска со развојот и производството на дронови ...
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, ја оцени заканата на САД со нови санкции како знак на очај, нагласувајќи дека очекуваните нови мерки нема да можат да го скршат Иран. Опишувајќи ги заканите како „повторувачки сценарија“, шефот на иранската дипломатија во видео објавено на апликацијата Телеграм рече: „Фактот дека тие (американските лидери) преминаа од воени операции на повлекување стари планови, покажува дека се очајни“. ...
Шпанската полиција заплени околу 1,5 тони кокаин во градот А Побра до Карамињал, на брегот на северната провинција Галиција, а меѓу тројцата уапсени има и еден хрватски државјанин, објави денеска локалниот весник „Ла Воз де Галисија“. Кокаинот бил пронајден во објект на имот недалеку од морето, каде што, според досегашните резултати од истрагата, бил привремено складиран. Галицискиот брег, познат по своите карпести заливи, е едно од важните ...
Руската војска нападна објекти на енергетската и транспортната инфраструктура на украинските вооружени сили, како и радарска станица за воздушна одбрана и места за складирање на беспилотни летала и нивни компоненти, објави денеска руското Министерство за одбрана на Телеграм. Министерството соопшти дека војската, исто така, нападнала „привремени точки на распоредување на украинските вооружени сили и странски платеници во 159 области“, без да ...
Двајца жители на скопско Идризово се приведени поради агресивно однесување кон продавачка во маркет, а потоа и физички напад врз соселанец кој се обидел да ја заштити. Според МВР, на 22 август во 22:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Х.(25) и А.Х.(20). – Тие, според пријавата, најпрво се однесувале агресивно кон вработената во маркет во Идризово. Потоа физички го нападнале и И.О.(41) од истото село, при што ...