Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Тендер во Психијатриската болница „Бардовци“ вреден до 2,59 милиони денари, односно околу 42 илјади евра годишно, отвори прашања за можен судир на интереси, откако договорот бил доделен на компанија чиј сопственик е братучед на директорот на установата, обвинува ДУИ преку соопштение. Според информациите што ги објавува партијата, сопственик на компанијата „Индиго Инц“ ДООЕЛ Скопје е Бесим Авдулаи, кој е роднински поврзан со директорот на ...
Шпанската влада им се извини на жителите на Сеута за мигрантската криза што го зафаќа градот со недели и откри планови за реформа на законите за имиграција во земјата. „Сакам да им се извинам на сите оние кои можеби се чувствувале, или сè уште се чувствуваат, напуштени или недоволно опслужени. Јас ја видов од прва рака вашата вознемиреност, вашето чувство на напуштеност и несигурност“, изјави министерката за одбрана Маргарита Роблес пред ...
Владина делегација предводена од првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали денеска ќе положи цвеќе пред спомен-плочата на местото на родната куќа на Мајка Тереза, во центарот на Скопје, по повод роденденот на светицата. По оддавањето почит пред спомен-плочата првиот заменик-претседател на Владата ќе даде изјава за медиумите. Централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза ќе се одржи во Музејот на современата ...
Најмалку 306 случаи на инфекција со салмонела се регистрирани во Белгија, чиј извор биле контаминирани јајца. Ова се официјалните бројки од Белгиската федерална агенција за безбедност на синџирот на исхрана (FASFC). Инфекцијата е поврзана со јајца од компанијата Laerco во Гел на северот од земјата. Присуството на бактериите во објектите на компанијата беше потврдено кон крајот на април, па затоа во мај беше започнато големо повлекување на ...
Денко Малески Ова не е веќе светот од пред 4 години кога, во февруари 2022 Русија иврши агресија врз Украина. Во меѓувреме Америка и Израел извршија агресија врз Иран; Израел, поддржан од Америка, изврши геноцид врз Палестинците во Газа; во Венецуела американските сили го киднапираа нивниот претседател Мадуро и воспоставија контрола врз нафтата,; Кина ја предупреди Америка да не падне во „стапицата на Тукидид“ и да се обиде со економски и ...
Македонија ризикува да остане на маргините на глобалната трка по критични минерали, предупредуваат експерти, во период кога овие суровини стануваат сè поважни за светската индустрија и економија. Во земјава во моментов функционираат четири рудници за метални суровини, но само еден од нив произведува критичен и стратешки минерал – „Бучим-Боров дол“, каде се експлоатира бакарна руда. Состојбата е слична и кај новите инвестиции. Во моментов ...
Доли Партон, една од најголемите ѕвезди на кантри музиката, почина на 80-годишна возраст. По веста за нејзината смрт, која одекна низ целиот свет, американскиот претседател Доналд Трамп нареди знамињата низ целата земја да се спуштат на половина копје. Пораки со сочувство пристигнуваат од целиот свет. Претседателот Доналд Трамп нареди сите американски знамиња да се спуштат на половина копје оваа недела. „Со голема тага објавувам дека Доли ...
Најмалку 15 новороденчиња загинаа во пожар во акушерско одделение во главниот град на Пакистан, Исламабад, соопштија локалните спасувачки служби за ДПА. Пожарот веројатно бил предизвикан од дефект на уред за климатизација во раните утрински часови, соопштија официјални лица. Само едно од новороденчињата во одделението било спасено, наведуваат тие. Пожарот во меѓувреме е ставен под контрола. Акушерското одделение е дел од Гинеколошкиот оддел ...
Албанија бележи зголемување на бројот на посетители, кој за седум месеци забележал раст од 6,5 отсто, споредено со истиот период минатата година. Според податоците на државниот Институт за статистика (ИНСТАТ) во периодот јануари – јули, во Албанија влегле 7.014.168 странски државјани, или 6,5% повеќе отколку во истиот период минатата година. Најголем број странски посетители влегле во јули или 1.955.099 што е зголемување од 7,1% во споредба ...
Објавени се деталите за смртта на Доли Партон. Легендарната музичарка, која почина на 80-годишна возраст, се бореше со рак, според Page Six. Нејзините претставници ја потврдија веста во соопштение во вторник. „По кратка борба со болеста, Доли почина во Центарот за рак Вандербилт-Инграм, опкружена со нејзините најблиски“, се вели во соопштението, во кое не се наведува видот на рак. „Нашата сакана Доли Партон го помина својот живот и кариера ...
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ратклиф, вчера оствари ненадејна и строго тајна посета на Москва, потврдија американските претставници. Тоа е неговото прво јавно познато патување во руската престолнина, а се случи во време кога САД се обидуваат да ги прекинат војните во Украина и Иран, а Вашингтон собира разузнавачки информации за руските подготовки за нова мобилизација и ја тестира решителноста на НАТО, ...
Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ...
Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека земјава ќе продолжи да се развива во дигиталната сфера и оти ќе има нови инвестиции во високи технологии. Неговата најава доаѓа откако денеска Советот на Општина Пехчево, едногласно, со девет гласа „за”, меѓу кои пет од советници на ВМРО-ДПМНЕ, ја тргна од дневен ред точката за изградба на дата-центар во ова населено место. Андоновски, во објава на својот фејсбук-профил, ги ...
Пожари и денеска се активни во пет општини во Црна Гора – Херцег Нови, Даниловград, Колашин, Цетиње и Никшиќ, соопшти црногорското Министерство за внатрешни работи, а пренесе весникот „Вијести“. Службите за заштита и спасување во Никшиќ и Херцег Нови побараа помош од воздухоплови за гаснење на пожарите во Јасеново Поле и во Ѓеновиќи. Пожарот во Ѓеновиќи, во југозападниот дел на земјата, и натаму гори, а во општина Никшиќ огнот е активен и во ...
Сите мини во меѓународните води на Ормуска Теснина се активирани или отстранети и на Иран му е соопштено дека секој брод или чамец што ќе поставува нови мини ќе биде уништен, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп. Во објава на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social), Трамп напиша дека САД преку Вселенските сили го набљудуваат секој сантиметар од Ормуска Теснина. „Ќе има политика на нулта толеранција кон ...
Украина се чини дека полека ја губи војната против Русија и има уште неколку месеци да донесе клучни одлуки за да го сврти текот на конфликтот во своја корист – изјави за Ројтерс разрешениот украински министер за одбрана Михаило Федоров, пренесуваат западни медиуми. – Мислам дека сега сме на пресвртница што ќе ја одреди нашата иднина, но изгледа дека постепено, полека губиме – изјави Федоров, значително отстапувајќи од официјалната реторика ...
Земјоделците од Струмичкиот Регион денеска одржаа протест и ја блокираа подрачната единица на Министерството за земјоделство во Струмица, изразувајќи го своето незадоволство од драстичниот пад на откупните цени на црвената пиперка ајварка. Тие обвинуваат дека откупувачите не го почитуваат договорот постигнат на 12 овој месец, кога со посредство на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски беше договорено ...
Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон почина на 80-годишна возраст, соопшти нејзиното семејство. Веста беше објавена денеска на социјалните мрежи, а ја потврдија повеќе американски и британски медиуми, како и Ројтерс. Засега не е објавена официјална причина за смртта. Партон во последниот период имаше здравствени проблеми поради кои откажа и одложи повеќе јавни настапи. Само неколку дена пред смртта таа зборуваше за својата ...
Жител на тетовското село Волковија пријавил во полиција дека некој пукал во неговиот бик со воздушна пушка и го повредил животното. Случајот бил пријавен на 24 август во 12:45 часот во СВР Тетово. Пријавата ја поднел 59-годишниот Б.П. од Волковија, кој информирал дека на неговото домашно животно му биле нанесени повреди од истрели од воздушна пушка. Полицајци излегла на местото и извршиле увид и собрале информации за утврдување на фактите. ...
Бројот на потврдени случаи на западнонилска треска во земјава се зголеми на 50, откако во текот на еден ден се регистрирани уште шест нови случаи. Пет од новозаболените се од Скопскиот Регион. Тројца се жители на Гази Баба, сите на возраст над 70 години; еден пациент е од Зелениково и има 26 години, додека еден е од Аеродром и има 59 години. Нов случај е регистриран и во Куманово, каде што станува збор за 65-годишен маж од приградска населба. ...
Авион за кој се претпоставува дека го превезува директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ретклиф, денеска полета од Москва, покажуваат податоците на веб-страницата за следење летови „Флајтрадар24“ (Flightradar24). Американските и руските власти засега не ја коментираа информацијата за летот и не потврдија дали Ретклиф бил во авионот. Претходно, медиумите „Си-Би-Ес њуз“ и „Аксиос“ известија за посетата на Ретклиф ...
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност и европскиот столб на НАТО бидејќи светскиот поредок се менува – изјави денеска претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, на конференцијата на хрватските амбасадори, конзули и воени аташеа, предупредувајќи дека соседна Србија набавува офанзивно оружје. – Србија се вооружува не само со одбранбено, туку и со офанзивно оружје, а тоа треба да им биде посочено на нашите западни ...
Турската Дирекција за комуникации утврди обид за активирање „однадвор организирана и насочена стратегија на психолошка операција, насочена против општеството, братството и мирот во земјата“, соопшти Центарот за борба против дезинформации при претседателството, а пренесе опозицискиот весник „Биргјун“. Во соопштението на центарот се наведува дека против изворите што произведуваат дезинформации и провокации со неосновани тврдења веќе се ...
Поранешниот ерменски претседател Роберт Кочарјан, остар ривал на премиерот Никол Пашинјан, денеска е уапсен под обвинение за корупција и злоупотреба на јавни средства, соопшти Обвинителството. Седумдесет и едногодишниот Кочарјан, кој беше претседател на Ерменија од 1998 до 2008 година, заедно со други негови соработници е обвинет за злоупотреба на власта со цел присвојување јавни средства, перење пари, како и стекнување имот чија цена била ...
Венко Филипче и Зоран Заев преку нивни испостави сакаат да дојдат до маркици за дата центри, како што тоа го правеа со лиценците за марихуана. Драги Ѓорѓиев, пратеник на СДС од 2002 до 2006 година е човекот кој стои зад Иницијативата за дата центар во Пехчево, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. Драги Ѓорѓиев е испостава на Зоран Заев и Венко Филипче. Додека Венко Филипче ја замајува јавноста со кампања ...
– Секторот Инспекторат од Општина Карпош во соработка со колективниот постапувач Green road, денеска спроведе редовна акција за подигнување на отпадните (хаварисани) возила од јавните површини на територија на локалната самоуправа. Акцијата, како што информираат од општината, се одвиваше во реонот на урбаната заедница „Владо Тасевски“ каде беа отстранети неколку отпадни возила со регистарски таблички, за кои претходно се водеше инспекциска ...
Канада од 8 септември ќе воведе царини од 15 до 50 отсто за повеќе од 700 американски производи, во обид да ги изедначи своите царини со американските – соопштија денеска канадските претставници. Канада особено ќе ги зголеми царините за американскиот челик и алуминиум од 25 на 50 отсто, изедначувајќи ги со царините од 50 отсто што САД веќе ги воведоа за канадскиот челик и алуминиум пред најновиот круг американски царини. Канадските власти ја ...
До 18:00 часот вечерва регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои осум се активни, еден е под контрола, а 14 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи. Активни пожари: Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума; Општина Гостивар – с. Трново, со ширење кон с. Битово и с. Заград, ниска ...
Србија планира да се приклучи кон Шенгенскиот простор до крајот на 2027 година, но во моментов не размислува за воведување визи за руските граѓани – изјави за српската редакција на Радио Слободна Европа, Велко Одаловиќ, раководител на новоформираното Координативно тело за влез на Србија во Шенген. За една земја да стане дел од Шенген, меѓу другото, потребно е целосно да ја усогласи својата визна политика со Европската Унија, што за Србија би ...
Владата на денешната седница донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор за најмалку 10 отсто кај трговците на големо и 15 отсто кај трговците на мало. Одлуката стапува во сила денеска и ќе трае заклучно до 30 септември – изјави на денешната прес-конференција владината портпаролка Марија Митева. Во мерката се опфатени производите кои се неопходни за стартот на учебната година – ранци и ташни, тетратки, блокови, колажи, моливи и ...