Маж (61) од општина Маврово и Ростуше е лишен од слобода по пријава за семејно насилство. Од МВР информираат дека синоќа во 19:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ростуше постапиле по пријава дека М.Б. ја затвори својата 49-годишна сопруга во семејната куќа, по што физички ја нападна и ѝ се заканува. Полициските службеници ја ослободија жената, а М.Б. е приведен и задржан во полициската станица. По целосното документирање ...

Од следниот месец, патниците што патуваат со ферибот помеѓу Ирска и Велика Британија ќе мора да покажат важечки пасош во согласност со барањата на британските погранични власти, јави ДПА. Ферибот компаниите „Стена Лајн“ и „Ајриш Ферис“ денеска ги информираа своите клиенти дека промената се должи на барањата на британските погранични власти за „точност и веродостојност на податоците за патниците пред качување“. „Стена Лајн“ објави дека сите ...

Двајца работници на аеродромот во Франкфурт починаа од маларија откако се заразиле од комарци пренесени со авиони во Германија од региони каде што болеста е ендемска, соопштија операторот на аеродромот Фрапорт и градските здравствени власти, јави ДПА. Првиот работник починал на почетокот на јули, а вториот во август, соопштија здравствените власти на Франкфурт, додавајќи дека причината за болеста е утврдена дури откако пациентите починале. ...

Џани Инфантино нема иднина во ФИФА, изјави претседателот на Европските фудбалски лиги (ЕЛ), Клаудиус Шафер, нагласувајќи ја важноста од реформирање на светското фудбалско тело и одговорност на неговиот претседател. Шафер, во интервју за „Атлетик“ објавено во средата, рече дека Организацијата на европските лиги, која претставува 35 лиги на континентот од Европската фудбалска унија (УЕФА), е длабоко загрижена од начинот на кој Инфантино ...

Најмалку 157 тела се пронајдени во разорните поплави и лизгање на земјиштето што го погодија Непал, потврди локалната полиција додека околу 600 се сметаат за исчезнати. Денешните снимки од различни делови на земјата покажуваат надојдени води како уништуваат и носат цели згради, а се стравува дека бројот на жртви ќе продолжи да расте. Полицијата објави дека најмногу тела, 64 од нив, се пронајдени во округот Читван, 27 жртви се пронајдени во ...

Не можете да се помирите со тоа што Македонија има најниски цени на горивата во регионот – велат од владејачката ВМРО-ДПМНЕ откако од СДСМ побараа Владата да го намали ДДВ за горивата од 18 на 5 отсто, како и акцизите за 50 проценти. „СДС не може да се помири со реалност и состојбите во државата. Во време на една од најголемите светски кризи предизвикани од немирите на Блискиот Исток, Македонија успева да ги задржи цените на нафтените ...

Од Левица велат дека за премиерот Христијан Мицкоски дата- центрите се ,,нова нафта”, а всушност како што велат од партијата, тоа за Македонија е нова шанса да и ги исцицаат водата, струјата и ресурсите. -Мицкоски, „како инженер“, ни соопшти дека дата-центрите биле „новата нафта“ и дека Македонија морала меѓу првите да го јава бранот. Проблемот е што држава не се води со фрази од технолошки конференции. Особено не држава која сè уште нема ...

Изборот на судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур повторно се соочува со одложувања во постапката. Причината, како што објави телевизијата Телма, е што Советодавниот панел на експерти при Советот на Европа го вратил назад предлогот на македонската Комисија за избор на судија адвокатката Ана Дангова-Хуг да биде еден од тројцата канидидати на листата за судија во Стразбур. Таа на листата се најде во мај, ...

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја спомена можноста за уривање на познатата концертна сала Центар „Кенеди“ во Вашингтон, доколку судските власти го блокираат решението на управниот одбор за повторно поставување на името на Трамп на фасадата. Управниот одбор, во кој претседателот постави свои блиски соработници, во декември го додаде неговото име кон она на неговиот демократски претходник, преименувајќи ја салата во ...

Двајца од осомничените уапсени во врска со планираниот напад со палење фабрика за беспилотни летала во источна Словачка се Летонци, а третиот е Украинец, соопштија словачките власти. Канцеларијата на регионалниот обвинител во источниот град Прешов соопшти дека еден од Летонците е уапсен во Германија, додека другиот Летонец и Украинецот се приведени во Словачка. Словачката полиција соопшти вчера дека го осуетила заговорот. Двајца од ...

САД соопштија дека прекинале кинеска хакерска операција одговорна за упади во системите на Министерството за правда, НАСА, Федералните резерви, Сенатот и други владини агенции. Министерството за правда објави дека домените што ги користат две хакерски платформи, наречени „QScan“ и „QTRouter“, се запленети. Тие платформи, како што е наведено, биле дел од поширока кампања. Се наведува дека меѓу жртвите на нападот биле Министерството за ...

Голем пожар од попладнево беснее во албанскиот приморски град Саранда, во област, во близина на хотелот „Туризам“, кој го зафати зелениот појас над градот, поточно во областа засадена со борови дрвја во близина на познатиот манастир „40 маченици“. Според извештаите, пламенот и чадот предизвикале тревога во областа, како и меѓу туристите, додека сè уште нема официјални информации за причината за пожарот. Во меѓувреме, се известува дека ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска изјави дека економијата на земјата повторно расте по три години рецесија и стагнација, и покрај војните во Заливот и Украина, како и глобалните трговски спорови. Тој нагласи дека основните економски показатели го поддржуваат овој оптимизам, а рецесијата ќе биде целосно надмината до крајот на годината благодарение на добрите стапки на раст во третиот квартал. Говорејќи на прес-конференција по ...

На територија на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а 11 се изгаснати. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот се шири од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон кракот за село Палиград, како и над село Вражале во Општина Зелениково, каде гори мешана шума. ...

Иранските вооружени сили прогласија неколку медиуми на персиски јазик во странство како потенцијални цели, јави ДПА, повикувајќи се на медиуми во Иран. Портпаролот на војската, Аболфазл Шекарчи, ги наведе програмата на персиски јазик на Би-Би-Си, Иран Интернешнл и Радио Фарда меѓу можните цели на напад, објави денеска иранската новинска агенција Тасним. Генералот ги обвини тие медиуми за врски со израелските и американските разузнавачки ...

– Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не смета оти врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хаменеи, е мртов, туку дека е многу тешко ранет. Говорејќи во емисијата на конзервативниот политички коментатор Глен Бек, Трамп истакна дека според неговите информации иранскиот лидер не е починат, туку претрпел сериозни повреди. Моџтаба Хаменеи, син и наследник на иранскиот врховен лидер Али Хаменеи, ја презеде функцијата по смртта на ...

Прв случај на западнонилска треска оваа година е регистриран денеска во Бугарија, објави Националниот центар за борба со заразни болести. Првиот случај на инфекција со вирусот Западен Нил оваа сезона е регистриран кај пациент од Пловдив на возраст од 63 години, кој развил невролошки компликации по летниот одмор на Црното Море. Според здравствените власти, инфекцијата е официјално регистрирана помеѓу 17 и 23 август. Мажот побарал медицинска ...

Повеќе од 20 пожари на отворен простор се регистрирани во текот на денешниот ден, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов. Најголеми напори во моментов се вложуваат во гаснењето на пожарот на планината Китка, каде огнот е распространет на голема територија и има неколку активни краци. Во акцијата се вклучени и „ер тракторите“, кои дејствуваат од воздух врз критичните делови од пожарот. -Даваме сè од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „можеби ќе произлезе нешто“ од посетата на директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, на Русија. Трамп ова го истакна во интервју за емисијата „Глен Бек програм“ на телевизијата „Блејз“, по информациите во американските медиуми дека Ретклиф вчера пристигнал во Москва на разговор со руски претставници за војните во Украина и Иран. Си-Би-Ес претходно објави дека првиот човек на ЦИА престојувал во тајна ...

Русија издаде потерница по Михаел Мартенс, новинар на германскиот дневен весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ поради „поттикнување омраза и непријателство“, јави ДПА. Новинарот кој известува од Балканот, беше ставен минатата недела на листата од страна на руското МВР, јави ДПА. Дописникот на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ за Балканот не беше вклучен во базата на податоци на Интерпол, според меѓународната организација за криминална ...

Сите вооружени системи што беа оштетени за време на војната се целосно обновени, а дополнително се набавени и нови системи, соопшти денеска иранската армија. Портпаролот на армијата, Мохамад Акраминија, за државната телевизија изјави дека презеле значајни мерки за обновување и повторно распоредување на оштетената опрема, што дополнително ги зајакнало нивните борбени способности. Тој појасни дека дел од новите системи се обезбедени преку ...

Словачката влада одобри нацрт-закон со кој би се забранило користење социјални мрежи од деца под 16 години, нагласувајќи дека тоа ќе го спречи развојот на зависност и ќе го намали социјалниот притисок и радикализација. Доколку биде усвоен од парламентот, законот ќе им забрани на децата да креираат сметки на социјалните мрежи и ќе бара од корисниците да ја докажат својата возраст, покажуваат документите објавени на веб-страницата на ...

Од ЈП „Лајка“ велат дека се запознаени со проблемот со кучињата на улицата „Македонска војска“ во Ѓорче Петров и дека нивните екипи досега трипати постапувале на истата локација. По последниот случај, во кој жител се здобил со сериозна повреда додека се обидувал да се одбрани од кучиња, повторно се испратени екипи на терен. Директорот на ЈП „Лајка“, Војислав Димитровски, вели дека на пријавите се реагира веднаш, но дека проблем претставува ...

Пожар предизвикан од експлозија на клима-уред усмрти 14 новороденчиња во одделението за интензивна нега во Пакистанскиот институт за медицински науки во Исламабад, соопштија властите. Од вкупно 15 бебиња кои се наоѓале на одделението во оваа најголема државна болница во пакистанскиот главен град, спасено е само едно бебе, кое го извлекол лекар. Пожарот бил ограничен само на одделението за новороденчиња на третиот кат и подоцна е изгаснат, при ...

Катастрофални поплави го погодија Непал, оставајќи зад себе огромно уништување, десетици жртви и стотици исчезнати лица. Спасувачките екипи водат трка со времето во потрага по преживеани, додека меѓу исчезнатите има голем број странски туристи. 🌏 NEPAL 🇳🇵 | CHINA 🇨🇳 | 🚨 URGENTE – MILES DE PERSONAS ENTERRADAS VIVAS, PUEBLOS BORRADOS DEL MAPA: LOS HUMANOS SOMOS NADA ANTE LA NATURALEZA. 🛘 En segundos el alud se llevó todo, hizo ...

Европската комисија ги објави официјалните датуми за почеток и крај на летното сметање на времето до 2031 година. Според важечките правила на Европска Унија, летното сметање на времето започнува последната недела од март и завршува последната недела од октомври секоја година. Оваа година, зимското сметање на времето ќе почне на 25 октомври, додека летното сметање на времето во 2027 година ќе започне на 28 март и ќе заврши на 31 октомври. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја засили реториката кон Канада, нарекувајќи го северниот сосед една од „најлошите земји во светот за соработка и преговори“. Во разговор со политичкиот коментатор Глен Бек, Трамп ја обвини Отава дека со децении ги искористува САД, воведува „неверојатни“ царини и посочи дека годишниот трговски дефицит од 60 милијарди долари е јасен знак дека треба да ѝ се покаже на Канада оти повеќе не може така ...

Семејство од Битола трага по Злате Дургутовски, кој е пријавен за исчезнат откако на 21 август излегол од домот и оттогаш не се вратил. Неговата сопруга Јована Ралевска апелира до сите кои можеби го виделе во Штип или на друга локација да помогнат во неговото пронаоѓање. Според нејзиното сведоштво, Злате на 21 август околу 19:05 часот излегол од домот без телефон и без пари. Два дена подоцна, на 24 август, тој контактирал со сопругата преку ...

Новата веб-страница на Министерството за здравство посветена на состојбата со западнонилската треска покажува каде во државата се регистрирани случаи на заболувањето, но и каде се наоѓаат потенцијални и детектирани легла на комарци. Според податоците објавени на сајтот, годинава во земјава се регистрирани 53 случаи на западнонилска треска, од кои 21 пациент се хоспитализирани, а пет лица починале, објави 4news.mk Стапката на заразеност ...

Судскиот случај околу британско-американските јавно влијателни личности Ендрју и Тристан Тејт, кои многумина ги оценуваат како инфлуенсери-мизогинисти, разоткри дека нивните блескави прикажувања на раскош и богатство, вклучувајќи и суперјахта од 50 милиони долари и паркот луксузни возила од 14 милиони долари – биле измислени за влијание на социјалните мрежи. Адвокатите на озлогласените браќа кои се во федерален притвор во Мајами и се борат ...

weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 0ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
1.03
73%
1029
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
89%
1029
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.68
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
3.09
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1027
weather icon

Тирана

12ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
3.6
60%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
0.544
74%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75